значи јас сум заљубена.но проблемот е тоа што неможам да најдам начин како да му станам интересна. се смувавме но кога се смувавме јас не го ни свиѓав, потоа се заљубив во него! од тоагаш цело време сме во контакт но тој никако да ме викне да излеземе . и бидејќи неможев да издржам му се јавив јас еден викенд и излеговме и повторно се смувавме! и сега проблемот е тоа што цело време е ОК али зошто не ме вика за излегување? неможам да сфатам што бара тој од мене? ако не го интересирам зашто контактира со мене? сакам многу мислења ваши...HELPPP!!!!!!! однапред благодарам
Можеби се срами да те побара, чека ти да го направиш првиот чекор а можеби и не си му интересна па кога ти ќе сакаш ајде зошто да не. Пробај некое време да не кумуницирате, па ќе видиш дали ќе те побара или не. Или пак отворено разговарај со него, ако те е срам можеш на фб да му пишеш и прашај го дали ќе продолжите да излегувате, дали ова помеѓу вас го сваќа озбилно или не. На шала го потпрашувај по нешто, и ќе извечеш многу. Ако не е заинтересиран за тебе, не трчај по него, најди си друг!! По дечко и по автобус никогаш не се трча, секогаш доаѓа нареден!!!
па да можеби се страми, но сепак јас мислам доколку јас го направам првиот чекор дека е глупаво! сепак и он треба да направи нешто...а инаку не се страмам можам да го прашам можеби така ке знам на што сум благодарам на совет но би сакала да чујам и други мислења!
Можеби му е срам а можеби и се плаши од тоа дека ке го одбиеш .. а можеби е и дека не си му интересна . но сепак ти направи го првито чекор. Повеикај го надвор и отворена разговарај со него пробај да сватиш што сака тој од тебе и дали навистина сака да биде со тебе. А ако не успе ни тоа ств незнам што да ти кажам но сепак јас мислм дека ти трба да го направиш првиот чекор можеби се срами да го напорави он или сака да биде сигурен дека го сакаш и чека ти да го направиш првиот чекор поздравче
Можеби се срами, ама мене не ми изгледа така. Колку години има? Можеби едноставно не сака девојка, или веќе има, или сака да си врти неколку истовремено. Можеме и да се прашуваме и да негодуваме до утре сабајле вака и пак да не знаеме, бидејќи никој од нас не чита мисли, за жал. Ако ти е вистински до него, побарај го, излезете без делот мување и разговарајте. Така ќе процениш барем дел од неговите намери. Ако си му досадна, па се забележува зарем, не? Ако зјапа во часовникот, зева, си лута со погледот и е незаинтересиран за било каков разговор, со сила убавина не бидува. Ако почувствуваш позитивни вибрации, биди храбра и едноставно прашај го. Барем ќе си бидеш на чисто и ќе си знаеш. А од многу прашања без одговор, глава боли.
па и давјцата си имаме 18 години! мислам дека најдобро е да разговарам. бидеќи вака нишо непраам само се замарам што како ке биде
Се согласувам со тоа дека треба да разговараш со него и еднаш за секогаш да расчистиш дали тој е заинтересиран за тебе или пак само онака од чиста досада излегува кога ќе го повикаш...мој совет разговарај отворено, кажи му се како што е и да се стави крај на дилемата...позз и ти посакувам среќа
а што доколку одкако разговараме повеке не комуницираме? бидејќи одкако ке разговараме ке сфати дека го сакам а во многу случаеви така момчињата се одалечуваат што и да се случи јас сакам и понатаму да комуницирам со него бидејќи сме школски...
Можеби сака само мување, а не и врска. Не се плаши од тоа. Ако после разговорот ти каже дека не сака ништо повеќе, барем ќе знаеш на што си. Подобро уште на почеток да дознаеш кои се неговите намери, отколку да се залажуваш за џабе. А не гледам зошто да прекинете да комуницирате? па не е крај на светот ако не сака да се фати со тебе.
Не се плаши од тоа. Ако после разговорот ти каже дека не сака ништо повеќе, барем ќе знаеш на што си. Подобро уште на почеток да дознаеш кои се неговите намери, отколку да се залажуваш за џабе. А не гледам зошто да прекинете да комуницирате? па не е крај на светот ако не сака да се фати со тебе.[ незнам сеуште собирам храброст како да му го напраам муабетот
Стефи можеби момчето е премногу страмежливо, можеби другарите му наредуваат така, сепак и мој совет е дека треба да седнете и да разговарате , сепак внимавај како ќе го одвиваш разговорот ние девојките сме многу понапредни од машкиот пол и тој многу покасно ќе созрее.Немој веднаш да му се нафрлеш со тоа зошто не се гледате почесто, зошто не те вика за излегување, туку опуштено запрашај го како му е кога е со тебе, како се чувствува и ке дознаеш што навистина потоа- а зошто да не го викнеш на кафе некаде во град. Поздравче и ти пуштам среќа
Srcka mislam deka treba malku ti da go ostavis nego da mu svrtis grbot.... Pa toj ke trca po tebe ostavi toj da ti se javi prv toj da tpi pise a ne go trckaj ti... Kolku poveke trcas po nego toj tolku poveke bega, zavrti mu go grbot ke trca po tebe