1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Нередовна менструација

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од rakceeeee, 3 мај 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sweetone

    sweetone Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    znachi imam 17 i posleden pat dobiv na 20ti sptemvri kaj da e dekemvri kje dojdi a jas ushte nemam. Normalno li e toa ?!
     
  2. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.407
    Допаѓања:
    105.681
    Пол:
    Женски


    Секако дека не е нормално.Најубаво е да си отидеш на гинеколог зашто и не си мала незнам дали си посетила до сега , а ако вака често ти касни по многу да си направиш испитувања зашто можно е да имаш некое хормонско пореметување ( мислам на полицистични јајници) друго нема што да е.
     
  3. emocija

    emocija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    53
    вака значи мене менструацијата ако овој месец ми дошла на 11,наредниот сигурно некаде кај 1-2.мислам дека ова се вика нередовна,бидејки ми доага секои 3 недели скоро...крварењето ми бесе нормално а сега е многу обилно.бев на гинеколог ми рече дека не е ништо страшно,само се некои ситни цисти.пијам сега оргаметрил па ке видме дали ке се стабилизира.
     
  4. Greeen

    Greeen Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    568
    Јас никогаш не сум имала редовна менструација.Не знам колку е тоа сериозно,ама макар по 2 дена ми касни од претходниот месец.Некогаш се случува и еден месец да не добијам.
    Инаку најчесто се случува ако на пример сум добила на 1ви ми завршува на 5ти,а наредниот месец ми почнува на 5ти до 10ти.Не знам ни ја што е работава.
     
  5. Sara000

    Sara000 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Menstruacija!! ve molam PROCITAJTE I ODGOVORETE MI

    zdravo, imam 14 godini...pred 2 godini prvpat dobiv i se do ovoj mesec menstruacijata mi bese redovna...sekoj den mislam na toa, seuste ne sum imala odnosi so mazh. neznam zosto mi docni :sweat: kako sto rekov, sekoj den mislam i se nerviram ne znam sto da pravam,imam nekoi simptomi na PMS pr. nervozna sum, postojano jadam i poduen mi e stomakot a inace sekogas pred da dobijam me boli grbot i sega e taka ama neznamm sto se slucuva :( ...mislam deka nema sansi sama da zacnam iako zvuci smesno...ve molam odgovorete mi
     
  6. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Menstruacija!! ve molam PROCITAJTE I ODGOVORETE MI

    Се дешава бе чупенце млада си
    На сите ни касни на сите ни подранува не се штрекај толку!
     
  7. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Menstruacija!! ve molam PROCITAJTE I ODGOVORETE MI

    Неможеш да забремениш ако си немала односи!
    Имаш 14 години и нормално е сеуште да не и редовна менструацијата.
    Еве ќе ти дадам еден пример за утеха- Имав другарка, тогаш бевме на твои години, си имаше менструација редовно како тебе и одеднаш и престана, а тоа траеше дури три месеци. И она се исплаши како тебе ама спека не беше ништо.
    Се е во ред нема потреба од грижи, само можам предлог да ти дадам да разговараш со мајка ти и ке видиш дека и она ке ти го каже истото! :)
     
  8. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Menstruacija!! ve molam PROCITAJTE I ODGOVORETE MI

    Сара не се плаши толку. Можеби си под некој стрес и затоа ти доцни. Нема потреба од толку паника. Сигурна сум дека за некој ден ќе имаш. :) На секоја и се случило да и задоцни по некој ден, па дури повеќе и од недела. Зависи, може да влијаат повеќе фактори.
     
  9. ilipili

    ilipili Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    1.310
    Допаѓања:
    4.992
    Menstruacija!! ve molam PROCITAJTE I ODGOVORETE MI

    Сара како што ти кажаа и другите девојки,овде нема место за паника.Ти имаш само 14 години и нема никаква причина да мислиш дека си бремена бидејќи не си имала односи до сега.Да ти доцни е нормално,има период кога менструацијата менува,односно место на 15-ти може да ти дојде на 30-ти.Тоа е најнормално и е вообичаено за тебе и твојата возраст.Ако си под стрес некој,промена на клима исто се едни од факторите поради кои може да доцни.Ти смири се и не си прави дополнителни нервози и се ќе биде во ред ;) .
     
    На Sara000 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sara000

    Sara000 Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Menstruacija!! ve molam PROCITAJTE I ODGOVORETE MI

    no..gi citav nesto za simptomi na bremenost na net, i imam nekoi od niv i zatoa mi bese strav i bev nervozna no kako i da e ne sum imala odnosi do sega taka da na nekoj nacin mi olesni :)
     
  11. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.350
    Пол:
    Женски
    ВЕ МОЛАМ ОДГОВОРЕТЕ

    Секогаш првите неколку години е така додека се регулира хормоналниот статус. И НЕ ,НЕМОЖЕШ да забремениш без сексуални односи без разлика на симптомите што ги имаш.Те боли половината и јајниците бидејки најверојтано деновиве ке ти дојде.
     
    На Sara000 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    ВЕ МОЛАМ ОДГОВОРЕТЕ

    Нема потреба да се нервираш и потресуваш! Самата си одговори дека од воздух не се забременува ;)
    Климатски промени,или пак чисто само од себе некогаш се случува да закасни циклусот.Ништо страшно,ќе дојде не се секирај :)
     
    На Sara000 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LadyIvvy

    LadyIvvy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    574
    Допаѓања:
    773
    планирам да одам на гинеколог иако искрено ми е страв од тоа што ќе го чујам... некогаш ми доаѓа секој месец а некогаш ја нема 2 месеци па кога ке не треба ке ме изненади :) a ако не е некоја циста тогаш..што би можело дА БИДЕ?
     
  14. Melek05

    Melek05 Активен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Најпрво да кажам дека за жал и јас спаѓам во оваа категорија односно имам нередовна менструација. Уште од првото добивање па се до ден денес мене ми доцни, и тоа не е некое нормално доцнење туку доцнење од типот еден месец имам па два немам, имам па дури и 5 месеци немам. Сега имам 22 години, сексуално активна сум 3,5 години. Посетив гинеколог пред 2 години ми утврди дека имам полицистични јајници и дека поради тоа и нередовна менструација. Ми препиша Примолут Нор и откако ги испив по неколку дена добив. Требаше да направам хормонско тестирање меѓутоа бидејќи сето се случуваше летно време на клиника ми кажаа од септември, но потоа јас не отидов. Како и да е, беше што беше еве сега повторно ми се случи истото. Ми доцни 5 месеци и последниве два дена имам кафеав исцедок, Јас помислив бремена сум, меѓутоа откако појдов денес на гинеколог ми кажа дека имам полицистични јајници и дека исцедокот е всушност талог од матката. Матката инаку ми е супер, јајникот лев ми бил преголем, ми препиша повторно Примолут Нор а и ми рече откако ќе ми заврши менструацијата да појдам да ми земе брис и да ми препише терапија со Диане.

    Според мене најдобро е сите што имате нередовна менструација да си појдете на гинеколог за да се утврди која е причината што истата ви доцни.

    Прашањето што сакам да го поставам е следново, дали постои можност да не пијам хормонски таблети и циклусот да ми се регулира на природна база, со некои чаеви, капки? Прочитав и некој лек со бело вино и рен, велат дека помагал.
    Ве молам споделете искоство доколку некој го пробал лекот и кажете ми дали тие хормонски табелти Диане се штетни?
    Ви благодарам однапред, Поздрав :*
     
    На busavobebe му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheIdealMe

    TheIdealMe Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    88
    Немој!!! Од искутво ти кажувам јас диането го пиев 2 години под терапија имав хормонски дисбаланс и пак не ми се оправи една година по терапијата беше се во ред редовно ми доагаше но потоа си продолжи по старо и пак пиев 6 месеца со пропратната пауза ... но сега имам тумор на градата и се претпоставува дека е од тоа имам 26 и треба да се оперирам сеуште не се знае дали може да се префрли но расте :(
    Немој да ја правиш истата грешка како и јас, на докторите не треба секогаш да им се верува некогаш знаат поголем проблем да направат наместо да го решат. Поздрав и се најдобро :*
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.407
    Допаѓања:
    105.681
    Пол:
    Женски


    Мој совет е да го слушаш докторот што ке ти каже/препише за да пиеш. Има во тие продавници каде што се продаваат апчиња на природна база , јас бев во една продавница Свансон (ми се чини само во Скопје ја има) , и купив едни апчиња кои чинеа 2000 и ги пиев 1 месец. Но немаше никаков резултат. А пред да отидам во продавницава бев на специјалист и таа ми рече да пијам Диане 35. И кога веке не бидна со тие апчиња а исто имам пиено и чаеви од Билната аптека во Кисела Вода што се наоѓа ги прашав аптекарките да ми дадат некој чај за хормонално поремтување , но и тоа не помогна. А да напоменам дека од 11 години до 20 годишна ворзрас мака мачев со поткожни акни , од нив дупки ми останаа на лицето , мензисот не ми доцнеше многу значи може 2 недели ми доцнеше , но сепак ми беше страв да не не забременам кога ке сакам. И почнав да ги пијам Диането , ги пев 6 месеца на почетокотможе да се појави и мало крварење во урината (но и немора) а ке имаш и болки во градите додека ги пиеш. Но мене ете ми помогнаа , веке немам ни а од акна , лицето ми се исчисти скроз , мензисот некогаш ми касни некогаш не , но не е претерано каснењето. И исто така и лесно останав трудна , дали и за ова помогнаа апчињава незнам :) Најубаво е да ги слушаш докторите бидејки 5 месеца е стварно многу да ти касни.
     
  17. Novaa

    Novaa Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво форумџики.
    Јас решив Вас да ви се отворам и да ви ја кажам мојата мака.Ќе ми биде од голема помош секој Ваш одговор.
    Имам 24 години во мај полнам 25.Не мажена сум.Првата менструација ја добив на 2004 година т.е пред 9 години на мои 15 години.Уште од самиот почеток имав нередовна менструација,ми каснеше по 3-4 месеци.Прв пат посетив гиниколог на 17 години а причината за посетата беше мојата нередовна менструација,гиникологот не ме ни прегледа,само ми кажа дека е најнормално моето каснење на меструација...до ден денес не сум била на гиниколок зашто се плашам од можам да добијам лош одговор,редовно читам по интернет статии на доктори во кои пишува дека исто како што некој може да живее само со висок притисок така и може да се живее со нередовна меструација,и така си се тешам...некогаш менструацијата ми е редовна и тоа трае 3 месеци и после пак ја нема...сега ми нема дојдено од Ноември 2012,3 месеца ми касни....Сум сексуално активна веќе 4-5 години.Ве молам некој со исто искуство или слично,споделете го со мене.
    Ви Благодарам
     
  18. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Здраво феминки...Сакам да ве прашам за еден мој проблем...Менструацијата ми идеше секој месец но со закаснување од 1-2 недели,секогаш така...Но еве скоро 5 месеци ми нема дојдено незнам што е работава.Првин не појдов на лекар мислев ке ми дојде,но по 2 месеци бев на гинеколог и докторката ме гледаше на ехо и ми рече дека матката и јајниците ми биле во одлична форма и големина и дека сум немала ни една циста се било чисто во ред,и ми рече дека нема ништо.Еве од тогас има уште 2 месеци,мене уште ми нема дојдено и се загрижувам.Сега еве една недела ме болат градиве ама незнам дали ке ми дојди се плашам.Ако не се полицистични јајници како шо ми рече таа тогаш што можи да е? Ве молам за совет од искуство.Ви благодарам однапред
     
  19. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.774
    Допаѓања:
    99.976
    Пол:
    Женски
    5 месеци да немаш добиено а имаш 31 година според мене мора да има некој проблем.За почеток смени го гинекологот.Според мене е некое хормонско нарушување,а секое нарушување треба да се лечи.Со среќа.
     
  20. ladybug1

    ladybug1 Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2012
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    2
    Не, имам 19 години ама сепак проблем е мислам не се толку битни годините незнам што да правам се плашам,дали е можно повеке да не дојди :worried: ??
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.