ААААА да и јас имав таков период на твои години. Не баш за брак дури и сега си велам дека сум млада за брак, но за децаааааааа. Многу сакав и сеуште сакам деца и на сите комшии им ги гледав децата, па тоа влијаеше да сакам да имам и мои и постојано мислев на тоа и цело време на сите им велев дека сакам дете и си го дуев стомакот и се преправав дека сум бремена. ПУСТА ЖЕЛБА и само желба остана хахахаха. Сега си велам да си најдам работа па после деца, уффф ако чекам работа ќе дочекам. Немој да те лажи паметот на 17 години да се мажиш, поживеј малку - рано ти е за деца, а уште порано за брак. Замисли си какви обврски носи и мислам дека ќе се предомислиш. Поздравче и не се секирај нормално е да имаш желби, мечти и соништа, но се во свое време.
Знам дека е убаво да се има сонови... мечти, ама јас бев опседната со тоа дури му се "качував на глава" на дечко ми со тие муабети за брак Сега не толку, се во свое време... ако е тој вистинскиот и за 3-4 години ќе си имаме семејство деца и се друго
за брак не толку, али има моменти коа све некои деца ми се вртат низ памет.. си имам мало внуче и секоаш коа сум со него си сакам и јас едно такво да си имам. тоа со бракот ме плаши и не би да се зацрнам на 20, мајка ми што вика тенџерето не ми бега, да се поуживам уште малку без обврски
Јас го имам истиот проблем само сто јас имам 32 години ,а тој 30 години заедно сме девет месеци ,уште од поцеток мецтаевме за брак ,мецтаев јас а тој ми ја потхрануваше фантазијата ,со тоа како ке го декорираме насиот стан,колку деца ке имаме како ке се викаат и сл. Се надевав на октомври за мојот роденден па во ноември и сл.. Повеќе не можам да издржам многу сум нестрплива несигурна љубоморна хистерицна го угушив веќе.Проблемот е во тоа што јас заработувам поке од него ,а тој сега вели малку економски да се подобрел,има време мисли тој на се и.т.н,многу сакам да имам дециња и многу ми е страв дека веќе ја претерав со чекање,нон стоп сме заедно,имаме услови.јас имам стан се е спремно само тој да се реши ,леле ке полудам од размислување и само филмови си правам ,помагајте
хихи вдиши длабоко мое мислење е дека те сака немој да го гушиш затоа сака да ти покаже дека е достоен за тебе со тоа жто мисли дека може повеке
Па бајаги големка си била ти ! Имаш 32, кога ќе се мажиш, а кога деца - на 40 ли? Разговарај со партнерот, ако треба ти земи го за маж , мислам побарај го за маж! Времето е драгоцено, мила...
дада Скарлет баги големка и јас некогаш имав 20 години и имав долга врска од осум години и вака лесно како тебе од ракав давав совети без стравови за времето,но пропадна тоа во тоа време беше пожелно машкото да ти предложи брак,и јас истото се прашувам а кога деца,фала на добронамерниот совет.
Скарлет тоа што го кажа не ти е на место, срце. Никој не може да биде сигурен кога ќе дојде неговиот момент...а како што иде времето се повеќе има самци на 30 и нешто год.Не е важно кога некоја ќе се омажи, важно е дали ќе ја послужи среќата да има убав и хармоничен живот со партнерот.Секој со своја судбина!
Хихи остај ја млада е и лета паметот,дај Боже да има среќа во животот и да се омажи на колку она сака и како сака (а тоа не е секогаш можно)...Е па мило ми е што си повторно во врска и заљубена,се надевам среќно. Знаеш што немој да напнуваш,не биди несигурна со тоа ништо добро не правиш.Туку може само обратно да излезе.Опушти се, остави спонтано да си течат работите.Зашто обично кога многу посакуваш и кога си нетрпелива тогаш ко за инат може се наопаку да тргне...додека кога ќе се опуштиш и оставаш само по себе се да оди тогаш и најубаво ќе испадне.Плус машко не сака никаков притисок,па и впрочем кој сака притисок? Ајде штом имате планови верувам ќе биде се како што треба.Како треба да биде ќе биде.
Ти благодарам многу ЈУЛИ77, ти ја знаеш ситуацијата од почеток ,и јас исто размислувам како тебе ама таа пуста несигурност и тој страв од повторна загуба на несто сто многу го сакам и посакувам си го прави своето ,да срекна сум ти блгодрам и ти ја посакувам многу срека и љубов и тебе,најголемиот проблем ми е сто фрустрациите од претходната врска си ги лечам на погрешен човек,но ке се обидам да успеам и ке дам се од себе за да си ја зацувам љубовта па нели голема сум ,големо поздравче