Здраво феминки .. Имам еден проблем и би сакала да го споделам со вас.Се измував два пати со едно момче.Се беше океј во тие два пати,ми се однесуваше прекрасно,просто да не ти се верува ! Но два пати по ред ми има договорено да се видиме а на крај откажано,можам да речам со оправдани причини.но вториот пат се изнервирав зашо стварно го чекав да заврши на работа до касно а он ми пише порака дека ке останел на работа уште саат време и ќе се видиме утре вечерта,ја се пренервирав и му пишав дека немат да можам утревечерта да се видиме по шо имам работа!и океј..следниот ден демек ми заврши "работата" му пишав дали е слободен да се видиме за саат-два.и он повторно ми откажа ми пиша дека ке заминел на фудбал.Синоќа му титнав он ми пиша порака што правам ова она и го прашав до кое време е на раб па за да се видиме,кажа дека исто така до касно е ,но ако случајно затвораат порано ќе ми пише.Но не пиша...И денеска ништо еве......Не го разбирам неговото однесување.Ве молам дајте ми некој совет,неможам да зборувам со моите другарки зашо една ми кажува едно а друга друго..ве молам..ви благодарам однапред..
драга Барбиче17 се зависи од неговата работа, мислам мораш и ти да разбереш дека тој ако има работа не може да ја остави за да дојде да те види, сепак се работи за неговата финансиска страна (ако вистина има работа, доколку не лаже). А за фудбалот еее тек сега ќе видиш дека фудбалот и другарите се пред се . Сепак мислам да го оставиш некое време, ден, два, ајде нека биде и недела дена да видиш тој дали ќе те побара или ќе си останете на тоа што се смувавте два пати. Остави времето ќе покаже се!
Си го направил меракот и отишол во неповрат .... Ништо ново , ништо чудно ... Терај понатаму и не му кревај цена
Zaljubena111 ти благодарам за советот,знам дека работата е најважна и да има работа сум била порано таму веќе 3-4 години работи таму..можеби избрзав со тоа што му пишав таа вечер дека нема да можам можеби ми е љут..ќе видиме следниве дена..ти благодарам многу ! vendii..ххаха ебати меракот,извини што се изразив вака ама..сите знаеме каков мерак имаат машките..а да му бев за вечер или две ќе си дозволеше се..се да стори..!! мислам се разбираме а он беше мирен како бубаче...но не велам не..можда и тоа е..
секако немаше да му дозволам јас,доколку се обидеше нешто повеќе.Не е дека се замарам али сепак комшија ми е и кога ќе го видам..уфф....многу ми се свиѓа и како да не се замарам ?!
Така убаво, не се замарј...си му се јавила, сте си направиле муабет и толку. Колку што разбрав не сте договориле средба. Тоа е, сега кај него е топката, не досаѓај и не биди напорна со титкања, ѕврцкања...не го замарај. Ако сака нешто повеќе со тебе, ќе најде начин да ти стави до знаење. Сега за сега само ти останува да си ги полниш очите кога ќе го видиш, пошто нели комшија ти е. Од кај знаеш... може не сака ништо повеќе од мување баш поради комшиската ситуација...може му е непријатно.
Ти доволно си го барала,си го направила своето.Остави го,ако сака ќе те побара,ти нема ништо да постигнеш со тоа што постојано ќе го бараш.Напротив можеш да создадеш спротивен ефект-да му станеш нападна и одбивна. Покачиси ги малку акциите,ќе видиш како ќе трча како некое кутре