Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не го разбирам !

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Nicki_N, 30 ноември 2016.

  1. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.434
    Пол:
    Женски
    Се слагам со сите претходни коментари. Мислам дека доколку сакал да излезе со тебе, веќе ќе го направел тоа. Најпрво прашај го дали сакате да се видите на само на кафе. И ако се сложи, одма договои место и време, не оставај на оноа: Ќе биде, ќе се договориме... Затоа што тоа ќе биде никогаш не биднува. Исто така прашај го директно дали има девојка или пак има нешто слично на страна. Доколку сака да се видите на некое дискрено место со разлог дека сака да бидете опуштени, не прифаќај. Мислам дека тоа е причина плус да се сомневаш во неговата „искреност“, бидејќи може и да те излаже дека нема девојка ако не мисли да има ништо сериозно со неа, па сака да те чува како златна резерва.
    Не дозволувај никому никогаш да бидеш втора виолина.
    Ако пак те одбие у случај, тури му пепелот. Млада си, сигурно си убава и згодна, паметна и среќата побарај си ја на друго место, а не кај некој што не знае да го цени она што му се пружа.
    Задржи си го достоинството. Искрен пријателски совет. :)
     
    На Mini90 и Nicki_N им се допаѓа ова.
  2. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.979
    Незгодно му е од другарката ти срамежлив е веројатно. Покани го на само, ако те одбие несериозен е и си игра со тебе колку да му помине времето.
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Абе кое поканување на кафе ти.Он е машко и единствената негова работа е тој да пристапи прв ако и тоа него му е тешко тогаш батали.Два пати си го викнала некаде и не дошол,малку ли е?
    Дечкото е или зафатен,или нема расчистено со некоја девојка сеуште и се плаши да биде виден во јавност со тебе и вака му е нај безбедно преку соц.мрежи зошто нели секогаш разговорот може да се избрише или да се стаи да биде таен.
    Батали го не ти треба.
     
    На Nicki_N и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Не зборувам за конкретниот случај од темава, туку општо прашувам: Зошто ако е машко тој треба прв да ти пише или да те покани на кафе?
    Женското ако покани прва, круната ќе и падне?
    Не се ок овие размсилувања дека машкото треба секогаш да го прави првиот чекор.
    Не е ништо ни страшно, ни срамни ако женско го направи првиот чекор.
     
    На Згодно Момче, Purelove92, Summerlover и 3 други им се допаѓа ова.
  5. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    125
    Пол:
    Женски
    Нема круна да падне сигурно и нема ништо лошо да,но јас сум повеќе за стариот начин а тоа е дека тие треба да пристапат први. Не велам дека е погрешно или срамно но лично јас сум таква.
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Samomarija.056

    Samomarija.056 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Остај го тој малце да се лепи по тебе како што прочитав погоре ти си го канела да се видите нека те покане и он тој еднаш . А иначе доколку одбива да се видите можи има женска па не сака да те одбие разговарајте отворено .(по телефон ) како што прочитав погоре сте замениле телефонски броеви . Незнам колку можам да ти помогнам али сепак <3333
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.
  7. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.068
    Допаѓања:
    1.094
    Да сакал, ќе се видевте до сега. 2 месеци пишување и слушање не се малку, а и на 25 години не е дете. Или тој ќе те поканеше или ќе прифатеше една од твоите покани, во два наврати. И да му било незгодно, сигурно не боли да рече: незгодно ми е од другарката, ајде утре/задутре/сабота да излезме сами?
    Не знам која е причината, може има некоја, може тепа досада едноставно, ама не изгледа како да сака да излезе со тебе. Во случај да се накани и да бара тоа да е "дискретно и касно и богзнаекаде", не оди. :)
     
    На Nicki_N, Summerlover и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  8. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    И шо бидна ???:D(y)(n) ?
     
    На V.odolija му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Nicki_N

    Nicki_N Активен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2016
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Во саботата ме изненади, ми дојде на работа :D инаку работам во еден клуб.. Ми се јави, ми кажа дека ке дојде да го почекам..Дојде сам, ама малку лоша ситуација, премногу гужва и малку напнато беше па за брзо време си отидовме.. Не се случи ништо посебно, ме изнагушка :D И сега не спомнал ништо во врска со гледање, излегување, ама многу ми се допаѓа, не се откажувам додека не се осигурам убаво што е и како е.. :inlove:
     
    Последна измена: 5 декември 2016
    На Independiente му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    (fingers)(fingers)(fingers)(fingers)(fingers)(fingers)(fingers)
     
    На Nicki_N му/ѝ се допаѓа ова.