1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не доаѓа повеќе да ме види...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Emmie, 17 јуни 2011.

  1. Emmie

    Emmie Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2010
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    6
    Вака, пред се сакам да ви објаснам, а потоа да ви кажам што сакам да ми помогнете.
    Во врска сум скоро 1 месец. Детето МНОГУ ме сака, а и јас него. До душа јас него го сакам повише од се. Но сега кога заврши школото се гледавме повеќе, но пред 1-2 недели не се гледаме. Јас живеам во Карпош 3, а он во Ѓорче Петров. И бидејќи он доаѓа со автобус до Карпош 3 и Карпош 4 (таму излагаме), јас го прашав зашто го нема подолго време и он ми рече дека неможел да доѓа секој ден, и завчера зборував на ФБ со него и ми рече дека ќе дошол вчера но не дојде. И сега јас онака целата натажена незнам што да правам. Денот ми беше ТАПА, но на никој не кажав дека ми е поради тоа. Сите ме прашуваа зашто и јас општо им зборував за вакви причини но не им кажав се во детаљи за да сватат. Несакав никој да замарам со ова. Но бев ЕПТЕН тажна, неможев да се смирам од плачење, бидејќи стварно ми недостигаше и сакав да го видам. Сега малце поретко се уклучува на ФБ и неможам да го начекам (ретко кога-како) уклучен за да го прашам. Го прашав дали ми е љут, но не ми е воопшто (го прашав денот пред да дојде). Детето правеше се за мене, направи толку работи за да ми докаже дека МНОГУ, МНОГУ ме сака. Но сега проблемот е што јас неможам да ја смирам нервозата се додека не го видам. Немам кредит за да му се јавам или да му пишам порака. Неможам да ставам пошто потрошив 600 денари од одма и сега треба да истрпам уште пола месец за да ми истече тоа за кредит за да ставам нов. :( Може да ми помогнете околу ова ? Не е нешто навистина голем проблем, но сепак од тага и нервоза неможам да мислам што да правам. И ми треба некој кој ќе ме советува добро. :) Ви благодарам однапред. :*
     
  2. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Тажна сум . :/

    Што треба да ти истече за да ставиш пак кредит :^) .
    А и како тоа идете а не се слушате и само од фб ли ви зависи врската?
    Ако е веќе работата до тоа дека не може да дојде, тогаш оди во Ѓорче и види го.
     
  3. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Господе...барем тоа е лесно..ти оди и види го...ако сакаш толку да го видиш
     
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    ло што ви е, 16 години има девојчево и малце е улетана. На сите им се десило некогаш..А претпоставува ТОА што треба да помине е време, пример ако од дома и даваат 600 денари.
    А ти девојче, не се улетувај толку, туку биди и ти ладна и ќе видиш дека пак ќе се улета он по тебе. Ако не, му поминала загреаноста и најди си нов некој со кој ќе ти биде интересно.
    Не се заљубувај на 16 :D Мислам..Забављај се.
    Опушти се. И да сте и да не сте у врска, после него ќе има уште многу други.
    Дечко е секогаш последна грижа. И верувај колку помалку се замараш ти - повеќе ќе се замара и тој.
    На твоја возраст ова е вистинскиот став. ;)
    Уживај.
     
    На Emmie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    5.388
    Допаѓања:
    171.341
    Немам кредит за да му се јавам или да му пишам порака. Неможам да ставам пошто потрошив 600 денари од одма и сега треба да истрпам уште пола месец за да ми истече тоа за кредит за да ставам нов. :(Па добро бе злато,можеби и он е во иста финансиска ситуација како и ти ,нели,само му е срам да ти признае?

    Можеби му се слаби оценките,па си има проблеми дома поради тоа?

    Како и да е,убаво те советуваа другите ,оди ти до кај него и мислам дека ќе знаеш на што си.Друго е кога разговараш-се допишуваш,а друго е разговор во 4 очи.
     
  6. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Па стави за 100 ден кредит ако немаш за повеќе и јави му се...Можеш и ти да одиш до Ѓорче и да се видите, на крај краева Карпош и Ѓорче не се одддалечени многу...Има начин за све, само ако сакаш и тој ако сака, се разбира...Ова воопшто не би го нарекла дека е некој проблем, за кој треба да плачеш и да се замараш 24 часа...
     
  7. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Како бе 16 години ја иам 17 и коа го читав постот мислев 12 имаш. Врскава е лом, а можеби немал пари за автобус ? Немал пари ни за да излезете а одите само 1 месец и како да ти го каже тоа срам му е? .. не знам како може вакво размислување на 16 години, дали дека јас имам сериозна врска или што.

    Едит: ја не би запнала, не сум ни запнувала вака дури и кога сум се нервирала најмногу секогаш сум чекала на него, но ако не можеш да се смириш зошто не отидеш во Ѓорче и најди кредит за 1 порака, де. Пиши му од негде мајка ти, татко ти да се најдете во Ѓорче, јас одам од Карпош 4 до Ѓорче пешки ми е релаксација со моето брзо одење за 20 мин. стигам, со поспоро пола саат. Прошетај се де :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Ако ти треба порака да му пишеш имаш бесплатни пораки . Ако сакаш да го видиш дојди во Ѓорче . Помалку од пола саат ќе ти треба . Ама не трчај за машко , никако .
     
  9. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако толку сакаш да го видиш оди и види го. Незнам што е толку тешко.
    Можеш и да му пишеш од некаде, на пример од нет, или да најдеш мобилен со кредит од некој другар или другарка.
    Не разбирам што е тука проблемот.
     
  10. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.061
    Допаѓања:
    72.333
    Пол:
    Женски
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  11. goddess.Of.chaos

    goddess.Of.chaos Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    1.059
    Допаѓања:
    1.029
    Блазе си ви ако ви се ова проблемите у животов.

    Луѓе планини поместуваат за љубов, та од Карпош до Ѓорче ЈСП ќе заврши работа.
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Кога ја видов темава, помислив тој е во Америка на печалба и добил одмор, ама не дошол во Македонија да си ја види љубената, и си велам јадна таа...
    Арно ама па ми текна да не се од Македонија, ама од различни градови...и на крај си реков ај доста изигравам Сабрина дај да видам што го мачи девојчево...

    Девојче слатко убаво, слушај ваму утре 100 во џеб, правец на автобуска и чекај си автобус, качи се и симни се во Ѓорче, потоа најди се со љубениот твој излапајте се, и пак после во автобус право дома.

    А за кредит, па дрпни и телефонот на мајка ти, татко ти, сестра ти, брат ти, другарка ти ... вечерва и пиши му порака дека утре доаѓаш во Ѓорче и прашај го каде ќе се чекате... и после се е јасно, сабајле ќе станеш ќе се истушираш, измиеш заби, исчешлаш и за понатака пишав веќе...

    Како мене вакви проблеми не ме мачат??? САКАМ И ЈАС ДА ИМАМ ПАК 16 ГОДИНИ !!! :!:
     
    На LilBaby и TeddyGrey им се допаѓа ова.