Не знам дали вреди да чекам одговор

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од stiklica, 12 јуни 2010.

  1. stiklica

    stiklica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    ми се свиѓа еден дечко и му пратив порака на тел дека сакам да се запознаеме.тоа се случи пред 3 дена.се допишувавме на мсн вечерта кога му ја пратив порака и на крај ми каза дека пак ке се допишуваме.следниот ден пак му пратив порака
    да го прашам што прави и цел ден чекав да ми пишува и никако да ми пише.вечерва пак му пишав да го прашам зошто не ми одговара на пораките и се уште чекам да ми врати.сакам да ве прашам дали вреди да чекам или не.или се уште е рано за заклучоци.позз
     
  2. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    90
    Знаеш, јас имам навика (може и не е баш правилна, ама..) после првата порака на која не добивам одговор, или после првиот повик на кој не добивам одговор - да не враќам со уште една порака или повик (кој ќе се однесува на тоа зошто те нема, зошто не ми пишуваш) .. Така мама ме научи. До сега се покажало дека е во ред.
    Не оставај простор тој да мисли дека си нападна или премногу into him, барем додека е се свежо и ново. Можеби го ставаш во мисла: "Ако сега е волку загрижена кај сум и зошто не и враќам на порака, тогаш што понатаму"

    Секое добро, ти посакувам убава врска или што и да е.. Се најубаво. Немој да ми се лутиш, ова најискрено ти го кажувам, како на пријателка. Добра ноќ. :) :hai:
     
    На princess11ska и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  3. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Се согласувам со Mandarinna88. Бидејќи уште е ново, не дозволувај уште сега да мисли дека си премногу затрескана по него и нападна. Машките се такви, доколку забележат дека некој е многу затрескан по нив си ги “дигаат акциите“. Затоа почекај малце, стрпи се, не му давај на знаење дека одвај чекаш да си пишете. Ние женските треба малце во некои случаеви да покажеме заинтересираност, па потоа да не снема некое време за да тој почне прв да те бара и да му фалиш. А секако, ако не ти враќа на пораките, ни не продолжувај да му пишуваш. Со среќа! :)
     
  4. stiklica

    stiklica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    ajde zenski pisuvajte ....... :)
    mi treba sovet
     
  5. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Јас никогаш немам пишано на машко прва за да се запознаеме или прва да го поканам да излеземе. Може е старомодно тоа сфаќање ама такво е моето искуство. Јас ти советувам да се однесуваш малку поладно, па тој да трчи по тебе, а не ти по него. Штом не ти враќа, не му досадувај пак со нови пораки. Колку повеќе му покажуваш дека си многу заинтересира за него, толку повеќе тој ќе го губи интересот за тебе затоа што знае дека лесно може да те добие. Дистанцирај се малку и остави го тој сам да се заинтересира за тебе.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.898
    Ако трчаш по него - не си му интересна . Такви се машките . Сега држи една дистанца , биди онака , се врти кругот ;) Ќе те побара ако пишанката е да се случи нешто меѓу вас . А кога ќе се сврти , не попуштај . Имај цврст карактер уште од почеток зашто сепак прв впечаток си е прв впечаток , нели ? И кажи ни кога ќе се случи нешто ново :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  7. newring86

    newring86 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    643
    Допаѓања:
    809
    se soglasuvam so devojkive pred mene. NEMOJ vise da mu pisuvas, ako ti pise prv bilo na msn bilo poraka....pocekaj malku pa togas odgovori, da ne si misli deka cel den si so telefonot vo raka i pred komjter i go cekas, ma kolku i da e toa vistina ;)
    Fakt-mu imas dadeno na znaenje deka si zainteresirana, prva si pocnala so poraki- sega STOPIRAJ. igraj malku takticki. ako e zainteresiran za tebe ke te pobara, ako ne e nemoj samo da napravis da si polni usta so toa kolku si bila zatreskana po nego ;)
    Pozzzz :hai:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Не е проблем stiklica, баш ми е мило ако сум ти помогнала. Позз :)
     
  9. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    29
    ne vredi da cekas zosto nema da docekas! :tmi:
     
  10. stiklica

    stiklica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    i vistina ne docekav.... se slusnavme posl dolgo vreme i mi kaza deka podolgo vreme ima vrska ama bila ne stabilna.pa da bideme prijateli ponataka ne znaeme sto nosi vremeto...
    [mod-kirilica:2irkwh8u][/mod-kirilica:2irkwh8u]
     
  11. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.222
    Допаѓања:
    1.273
    А демек ќе чекал братот да се скара со девојката за сигурно ,па за да може да биде со тебе?

    Барај друго типче ,мило ,не вреди да си го губиш времето со овој. :*
     
  12. draganaforever

    draganaforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    здраво и јас имам сличен проблем.бев на кафе со една другарка во еден маалски кафич.таму оддамна имам забележано еден дечко ама не ми текнало да спомнам нешто се до еден ден кога тој спома за мене.пишувавме на нет како за почеток а сега се слушаме по тел.има еден проблем тој предложува на пр да пиеме кафе утре ,а наредниот ден се јавува и вели дека е зафатен и тоа се повторува неколку пати до сега.денес треба да се видиме јас ке чекам да се јави ама сепак знам дека пак ке смисли изговор.се прашувам дали треба да се откажам и која е причината сто го одложува тоа кафе за кое што самиот е иницијатор.благодарам однапред :)
     
  13. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.746
    Или се срами(што е малку веројатно) или лаже. Мене ми стои како да има нешто да крие и не сака да бидете видени во јавност. Можеби грешам, ама вреди да се распрашаш на околу. Во никој случај нема што да изгубиш
     
  14. draganaforever

    draganaforever Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    6
    jaс мислев дека има девојка се распрашав но испадна дека нема.една другарка ми вика ако се срами или не сака некој да го види нема да те вика да идете на денско кафе плус седиме со него и неговите другари кај мене во маало каде секој може да го види и сите знаат дека треба да излеземе и ме прашуваат до каде сме.кој треба да биде мојот чекор?слушнав за една девојка на која истите муабети и ги има кажувано и на крај таа го откачила кога конечно се согласил да идат на кафе.што треба јас да направам а се плашам дека многу ми се допаѓа
     
  15. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.746
    Да ти речам и да излезеш нема што да изгубиш, вистина е до негде. Ама не би можела да замислам кои му се причините. А како што велиш истото го има направено претходо, па пука филм више. Ако сака ок, ако не што ти губи време. Не е ни прв ни последен на земјава. Мој најискрен совет е да си најдеш друга занимација, а ако веќе толку си затрескана, што не го прашаш зошто ти праи така?
    Сепак ти сама најдобро си знаеш
     
  16. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    117
    Немора да чекаш,ако прати прати,ништо не губиш само можеш да добиеш........




    Важи за сите девојки во ваква ситуација,знам дека ти си опраи ситуацијата....
     
  17. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    196
    ако типот ти знаЧи пробај да разговараш со него зошто го прави тоа. ако не остај го.. мислам од негова страна не е фер да те залаЖува 100 пати да одиме па го нема, зарем сте деца па нати го дај ми го ке играме ццц :fubar: