Форумџика на годината

Не знам дали го сакам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од izgubena:), 4 декември 2021.

  1. izgubena:)

    izgubena:) Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Драги мои,
    студентка сум во Германија, живеам тука веќе 5 години. Пред три месеци запознав еден човек преку dating- апликација, зошто поинаку тука не можеш некого да запознаеш. Он е премногу добар, многу често минеме време заедно, има свој стан и одам кај него многу често и спијам кај него. Се е супер од таа страна али не знам зошто мислам дека не е вистинскиот за мене. На пример ме нервира што финансиски стои многу добро, а нема кола. Лајкнува на некои жени ( не правам сцени) ама му имам речено дека ми смета и кога ќе му речам секоја една му е другарка. Два- три пати пробав да му речам дека ќе ставам крај ако продолжи со тоа а он упорно продолжува, излегува многу често ајде не ми смета со друштвото( коешто не го познавам). Никогаш не реагира за ништо не се кара мртва природа… ама не е дека не ми искажува љубов. Го прашувам два три пати што сме јас и одбегнува да одговори ја менува темата. Само лошо е што мислам дека нема да можете да го разберете овој ладен менталитет …
     
  2. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    893
    Допаѓања:
    1.343
    Пол:
    Женски
    Неколку red flags ама овие според мене се нај
    Да, имаат ладен менталитет но мислам дека се имаш убедено себеси дека треба да се навикнеш на тој менталитет и дека такви се сите! Значи биди искрена со себе, ако не ти одговара емотивно, душевно не се навинувај и не се терај со сила! Да тешко е да се најде некој со поинаков менталитет АМА тука има други две важни работи што немаат врска со неговиот менталитет- зошто те нема запознае со друштвото негово и зошто избегнува да каже што сте? Ова веќе е карактер и лични негови одлуки! Незз колку време сте заедно и кој е твојот стандард за партнер и што сакаш од животот... Биди си искрена и реална со себе...
     
    На DoubleK, raww, Konfetka и 3 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Како си сигурна дека е премногу добар за 3 месеци?

    Премногу брзаш…
     
    На @меции, Ljubova, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.467
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    Он е супер, проблемот е во тебе, мислиш дека можеш да му го контролираш животот и дека он е должен тебе да ти кажува со кого се дружи, каде оди, со кого си пишува и на кого лајкнува.. Раскини му и спаси го, па после пред да фатиш нов дечко добро преиспитај се каде грешиш, а тоа за колата, има соодветна тема...
     
    На sunshinebabe, Аничкаa, ArtemisSs и 4 други им се допаѓа ова.
  5. ku4ence

    ku4ence Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2013
    Пораки:
    883
    Допаѓања:
    1.754
    Пол:
    Женски
    Ако се прашуваш себе си дали воопшто сакаш некого или нешто, одговорот секогаш е не. Твојата потсвест сама ти дала правец по кој треба да движиш, но ти сепак одлучуваш да го игнорираш сето тоа.
     
    На sunshinebabe, Среќа, Ivan4e04 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.767
    Допаѓања:
    33.590
    Пол:
    Женски
    Три месеци се состанувате , а ти се одесуваш како да си му жена:o.
    Да се опуштеш малку:?:.
     
    На Среќа, Tinkerbell11, Ivan4e04 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    9.096
    Пол:
    Женски
    3 месеци се реално многу кратко време за да запознаеш некого, плус фактот што они имаат друг менталитет, ама и не е толку менталитетот тука главен проблем колку што си ти самата.
    Нормално е да не сакаш некого после само 3 месеци познавање, не знам што очекуваш да слушнеш на тоа кога го прашуваш 'што сме јас и ти', ама ако очекуваш да ти каже дека те сака тогаш ќе треба да те излаже, јас не знам кој е тој што после толку кратко време се заљубил, секогаш почнува постепено така си одговарате и убаво ви е заедно, па се раѓаат чувства.

    Остави ги работите нека течат полека, прво запознајте се убаво, нека се родат чувства, па после тоа следи се ова што си набројала.
     
  8. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    16.241
    Пол:
    Женски
    Штом се прашуваш дали го сакаш, 100% не го сакаш.
     
    На sunshinebabe, ladydy13, Среќа и 5 други им се допаѓа ова.
  9. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Дали си озбилна со ова?
     
    На prashinka, sunshinebabe, Среќа и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.031
    Допаѓања:
    55.326
    Пол:
    Женски
    Мислам дека 3 месеци не се многу кратко време да знаеш дали сакаш да си со некој.
    А ме буни и ова: Ти искажува љубов, ама не ти одговара кога го прашуваш што сте? Малку ми е контрадикторно.
    Ете можеби дечкото едноставно таков е, ама ако не ти одговара, ако не сака барем малку да се обиде поинаку да се однесува (за делот со искажување емоции), тогаш тоа е тоа. Плус ако се прашуваш дали го сакаш најверојатно е дека не го сакаш.
    Ама и кај тебе има црвени знаменца, со тоа што сакаш да му го контролираш секој чекор а уште сте на почеток да врска.
    Ако не си одговарате едноставно раскинете.
     
    На Snowflake97, ku4ence и Mantub им се допаѓа ова.
  11. Ljubova

    Ljubova Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2021
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    3.265
    Со нешто се согласувам, со нешто не.:?:

    Мислам дека премногу навлегуваш и размислуваш. На 3 месеци треба да сте спонтани, да размислувате на општи теми, да излегувате, да се учите еден на друг. Од друга страна, да јас и на 3 дена врска сум кажувала кога сум излегувала и сум сакала да знам каде излегува он. Така ја градиш довербата и блискоста.
    Но, прво е друг менталитет, тоа што нема кола не секој сака да вози и да има кола, второ 3 месеци се многу малку за сериозни емоции и драма. И доколку почнеш уште сега со љубомора која е оваа која е таа ќе звучиш залетано и несериозно. Остави малце воздух.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.624
    Допаѓања:
    18.892
    Пол:
    Машки
    А шо треба за тие три месеци да ја поеби ментално и емоционално, арно си прај, само не знае како да се постави и како да праша. А и овде очигледно е дека комуникацијата му е на лоѓшо ниво и не му верува.
     
    На sunshinebabe, Ivan4e04, ku4ence и 10 други им се допаѓа ова.
  13. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Кратко и јасно два различни света сте.
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Озбилни сте? Да, за три месеци може да и каже на што се, нормално никој не очекува изјавување којзнае каква љубов, ама ако е несигурен тип и ја смета за нешто пролазно нормално дека вака ќе го избегнува муабетот.Колку треба да го чека за да се одлучи?
    И како тоа не е должен да и кажува каде оди и со кого се допишува?Да де, не треба да и полага детални сметки ама ако нешто и смета и он упорно го прави тоа, е проблем.Освен ако не се гледаат само за секс( а очигледно не е таков случајот како што е опишан), не е прифатливо да си со некого и да треба да се осеќаш виновно што сакаш да му го знаеш друштвото? Тоа е основна работа.Тоа на што алудирате е дека непочит е ок и прифатливо.
     
    На sunshinebabe, kim.k, boo3 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.043
    Не знам кој што алудира, Германец е човекот:D. Тоа е дефиниција сама по себе:emo:.
    Во германскиот не постои термин за девојка, терминот е пријателка, и не знам што очекува да добие за дефиниција:?:. Freundin.
    Тешко да се договорат.
    Јас го разбирам менталитетот, таа за себе сама си знае.

    И што е ова темава уствари? Не знам дали го сакам или не знам дали ме сака :?:. И јас за 3 месеци не би знаела дали некој некого сака, сакањето со време иде.
     
    На sunshinebabe, buba4e89, tambelina и 6 други им се допаѓа ова.
  16. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Хахаха :rofl:
     
  17. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Три месеци се ништо, премалку време.

    А ти имаш кола и зошто не?

    Ти сакаш да го контролираш него.
    Типот можи си е таков поладен, тоа не можи да го смениш.
    Ако не ти одговара прекини.
     
    На Snowflake97, Waverly Raven, elimkd и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Значи според него не сте во врска..?
     
    На deskarada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Верувај дека многу добро знае што го прашуваш, уште од првото прашање. Кај мажите не постои синдромот „не знам дали ја сакам“, па да речеш не е сигурен, му треба време да размисли и сл. Така што јасно е дека не сака сериозна врска, туку сака fuck body.
     
  20. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Нема кола тоа те нервирало :clap:
    До тука е доволно, не вреди понатаму да се дочита.
    Пусто балканче со ваков менталитет. А замисли тек да најдеше холанѓанец, уште повеќе ќе те нервираше ради точакот
     
    На sunshinebabe, Feminka22, Ecka1999 и 18 други им се допаѓа ова.