Драги мои, студентка сум во Германија, живеам тука веќе 5 години. Пред три месеци запознав еден човек преку dating- апликација, зошто поинаку тука не можеш некого да запознаеш. Он е премногу добар, многу често минеме време заедно, има свој стан и одам кај него многу често и спијам кај него. Се е супер од таа страна али не знам зошто мислам дека не е вистинскиот за мене. На пример ме нервира што финансиски стои многу добро, а нема кола. Лајкнува на некои жени ( не правам сцени) ама му имам речено дека ми смета и кога ќе му речам секоја една му е другарка. Два- три пати пробав да му речам дека ќе ставам крај ако продолжи со тоа а он упорно продолжува, излегува многу често ајде не ми смета со друштвото( коешто не го познавам). Никогаш не реагира за ништо не се кара мртва природа… ама не е дека не ми искажува љубов. Го прашувам два три пати што сме јас и одбегнува да одговори ја менува темата. Само лошо е што мислам дека нема да можете да го разберете овој ладен менталитет …
Неколку red flags ама овие според мене се нај Да, имаат ладен менталитет но мислам дека се имаш убедено себеси дека треба да се навикнеш на тој менталитет и дека такви се сите! Значи биди искрена со себе, ако не ти одговара емотивно, душевно не се навинувај и не се терај со сила! Да тешко е да се најде некој со поинаков менталитет АМА тука има други две важни работи што немаат врска со неговиот менталитет- зошто те нема запознае со друштвото негово и зошто избегнува да каже што сте? Ова веќе е карактер и лични негови одлуки! Незз колку време сте заедно и кој е твојот стандард за партнер и што сакаш од животот... Биди си искрена и реална со себе...
Он е супер, проблемот е во тебе, мислиш дека можеш да му го контролираш животот и дека он е должен тебе да ти кажува со кого се дружи, каде оди, со кого си пишува и на кого лајкнува.. Раскини му и спаси го, па после пред да фатиш нов дечко добро преиспитај се каде грешиш, а тоа за колата, има соодветна тема...
Ако се прашуваш себе си дали воопшто сакаш некого или нешто, одговорот секогаш е не. Твојата потсвест сама ти дала правец по кој треба да движиш, но ти сепак одлучуваш да го игнорираш сето тоа.
3 месеци се реално многу кратко време за да запознаеш некого, плус фактот што они имаат друг менталитет, ама и не е толку менталитетот тука главен проблем колку што си ти самата. Нормално е да не сакаш некого после само 3 месеци познавање, не знам што очекуваш да слушнеш на тоа кога го прашуваш 'што сме јас и ти', ама ако очекуваш да ти каже дека те сака тогаш ќе треба да те излаже, јас не знам кој е тој што после толку кратко време се заљубил, секогаш почнува постепено така си одговарате и убаво ви е заедно, па се раѓаат чувства. Остави ги работите нека течат полека, прво запознајте се убаво, нека се родат чувства, па после тоа следи се ова што си набројала.
Мислам дека 3 месеци не се многу кратко време да знаеш дали сакаш да си со некој. А ме буни и ова: Ти искажува љубов, ама не ти одговара кога го прашуваш што сте? Малку ми е контрадикторно. Ете можеби дечкото едноставно таков е, ама ако не ти одговара, ако не сака барем малку да се обиде поинаку да се однесува (за делот со искажување емоции), тогаш тоа е тоа. Плус ако се прашуваш дали го сакаш најверојатно е дека не го сакаш. Ама и кај тебе има црвени знаменца, со тоа што сакаш да му го контролираш секој чекор а уште сте на почеток да врска. Ако не си одговарате едноставно раскинете.
Со нешто се согласувам, со нешто не. Мислам дека премногу навлегуваш и размислуваш. На 3 месеци треба да сте спонтани, да размислувате на општи теми, да излегувате, да се учите еден на друг. Од друга страна, да јас и на 3 дена врска сум кажувала кога сум излегувала и сум сакала да знам каде излегува он. Така ја градиш довербата и блискоста. Но, прво е друг менталитет, тоа што нема кола не секој сака да вози и да има кола, второ 3 месеци се многу малку за сериозни емоции и драма. И доколку почнеш уште сега со љубомора која е оваа која е таа ќе звучиш залетано и несериозно. Остави малце воздух.
А шо треба за тие три месеци да ја поеби ментално и емоционално, арно си прај, само не знае како да се постави и како да праша. А и овде очигледно е дека комуникацијата му е на лоѓшо ниво и не му верува.
Озбилни сте? Да, за три месеци може да и каже на што се, нормално никој не очекува изјавување којзнае каква љубов, ама ако е несигурен тип и ја смета за нешто пролазно нормално дека вака ќе го избегнува муабетот.Колку треба да го чека за да се одлучи? И како тоа не е должен да и кажува каде оди и со кого се допишува?Да де, не треба да и полага детални сметки ама ако нешто и смета и он упорно го прави тоа, е проблем.Освен ако не се гледаат само за секс( а очигледно не е таков случајот како што е опишан), не е прифатливо да си со некого и да треба да се осеќаш виновно што сакаш да му го знаеш друштвото? Тоа е основна работа.Тоа на што алудирате е дека непочит е ок и прифатливо.
Не знам кој што алудира, Германец е човекот. Тоа е дефиниција сама по себе. Во германскиот не постои термин за девојка, терминот е пријателка, и не знам што очекува да добие за дефиниција. Freundin. Тешко да се договорат. Јас го разбирам менталитетот, таа за себе сама си знае. И што е ова темава уствари? Не знам дали го сакам или не знам дали ме сака . И јас за 3 месеци не би знаела дали некој некого сака, сакањето со време иде.
Три месеци се ништо, премалку време. А ти имаш кола и зошто не? Ти сакаш да го контролираш него. Типот можи си е таков поладен, тоа не можи да го смениш. Ако не ти одговара прекини.
Верувај дека многу добро знае што го прашуваш, уште од првото прашање. Кај мажите не постои синдромот „не знам дали ја сакам“, па да речеш не е сигурен, му треба време да размисли и сл. Така што јасно е дека не сака сериозна врска, туку сака fuck body.
Нема кола тоа те нервирало До тука е доволно, не вреди понатаму да се дочита. Пусто балканче со ваков менталитет. А замисли тек да најдеше холанѓанец, уште повеќе ќе те нервираше ради точакот