Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам дали го сакам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од izgubena:), 4 декември 2021.

  1. ArtemisSs

    ArtemisSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Доста често одам за Австрија,и доста време имам поминувано време таму така што многу добро знам каков им е менталитетот. Едноставно тргни од тоа шо се учени да живеат сами од рана возраст,да ладни се, не е ко кај нас одма знаеш кај е со кого е шо прави...така да има луѓе балканци шо можат да се прилагодат на тој менталитет а тебе очигледно тешко ти оди...Или ќе се навикнеш,или не си троши времето и не се напнувај затоа шо испаѓа како да сакаш да му наметнеш твој менталитет...остави на времето. И башка они со родителите не се толку блиски и не кажуваат кај одат и шо праат не па со други...Јас вака размислувам па сега...И добро е малце да олабавиш затоа шо сепак ти е нова средина и дај си малце време и ти да се привикнеш.
     
    На tambelina, Biljarkata, Snowflake97 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. izgubena:)

    izgubena:) Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Da me nervira znaes zosto? Probaj ti tuka da zivees bez kola pa ke pravime muabet . Sekoj pat koga moram kaj nego se vozam 1 saat i 30 minuti, so kola 40 minuti pa posle ke pravime muabet. Ne mi zboruvaj za balkanski mentalitet ti zenska ti ja ostavas ili go ostavas decko ti niednas da te nema zemeno od doma? Se nadevam ne inace komentarot ne ti odgovara tuka moze nekoj da si priusti i kola sto kosta 1000€ a toa za covekot se nisto… jas pa od koj baram sovet
     
  3. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.934
    Допаѓања:
    31.289
    Па тогаш купи си ти кола или нека иди тој кај тебе, ако не ти одговара да патуваш сат и пол.
    ЈАс не знам како си давате за право да наметнувате на некој нешто. И ништо да е за него можи типот не сака да има кола и ?
    За ова со него ќе си разговараш.
    И јас како шо сфатив не ти е дечко.

    Јас ова со колите освен на форум тука, не сум го сретнала никаде.
     
    На simoncelicius, sunshinebabe, Ambrosia и 18 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    И сама знаеш дека не е човек за тебе. Без разлика дали сметаме дека причините се плитки или не, тоа е твое мислење и твој живот. Ти најдобро знаеш што ти одговара, а што ти смета.
    When you know, you know.
    Реално, млада си, продолжи понатаму и барај човек што ќе ти одговара
    Остај коментариве, на 3 месеци нормално било да не знаеш на што си, доволно е да знаеш. Нема потреба година дена да си му fuck buddy па да реши човечето на што сте и во кој правец да терате.
     
    На sunshinebabe, glosipgirl, Ljubova и 4 други им се допаѓа ова.
  5. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    Барај спонзор штом така.

    Ем немаат кола ем да ги возеле. Што се умислувате еве не знам. :yawn:
     
    На simoncelicius, sunshinebabe, Ambrosia и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ти имаш кола?
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Pea

    Pea Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2019
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    666
    Како што изгледа нема:smirk:
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Директно ќе го прашаш што мисли он за во иднина со тебе, ако избегнува да одговори, тогаш знаеш дека нејќе ништо со тебе. Доколку не сте во врска, не можеш да му забрануваш да лајкнува слики на други (дури и во врска да сте, не треба да кажуваш дали смее да става лајкови на други, оти е црвено знаменце во врската и е токсично од твоја страна).

    И не треба воопшто да те нервира ако нема кола. Ти имаш? Предуслов за врска, ти е некој да има кола?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  9. cutieee123

    cutieee123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2021
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    224
    Пол:
    Женски
    Не е токсично да и смета да лајкнува слики нити па да знае каде е искочен.Доколку се во врска или подоцна брак.Секако не сега детално да го гуши ама не гледам што е проблем ако и каже излагам со тој и тој таму и таму ,се слушаме кога ќе се вратам.А што се однесува до лајкнувањето ако и пречи,тој од почит треба да престане.Што ќе му смени него дали стиснал или не стиснал лајк, ако него не му менува а нејзе и менува зошто да не го направи тоа?Она не му брани да има другарки, него очигледно секоја што ќе се појави му е другарка ,а притоа не му го знае друштвото.Доколку се во врска а подоцна и во брак има право да знае и кои му се точно другарки и другари и со кого се гледа и доколку и пречи да летаат лајкови на сите страни он треба да го почитува тоа.Еден ден у брак ќе се и него ќе го нема до 5 сабајле искочен и токсично е она да се интересира што правел додека она дома дете чувала?Уште па да се повторува ова секоја втора вечер..Мора да си се постават некои "правила'' за понатаму да нема драми...А дали биле во врска 3 месеци 3 години или 13 ...Почит треба да има подеднакво.Ако ти си одлучил да се поврзеш со некој веќе не можеш толку самостојно да се однесуваш како да си сингл.
    Бидејќи никој не е должен да се привикнува на потребите на партнерот и да се менува, треба да си наоѓаме некој што дели исти ставови за тоа каква треба да е врската.Па така јас не би можела да бидам со некој што секој ден ќе глави негде без да знам со кого е.И затоа не би ни гледала и барала таков зошто не сакам некому да му наметнувам мој стил на живеење и ќе си барам некој кој СВОЕВОЛНО ќе ми каже излагам со тој и тој ќе седнеме на кафе негде.Дечково од приказнава очигледно највеќе му одговара исто некоја што не се искажува ,што нема проблем со лајкови и така натака.
    Што се однесува до колата, негово е дали ќе има кола, ако ти е проблем немање кола, тогаш обезбеди ја ти.
    Како и да е овде најголем проблем е тоа што он не ги кажува своите намери и ти не знаеш на што си.Доколку не сте во врска немаш право за ништо да се лутиш.Доколку сте во врска веќе се менуваат работите како што кажав.Ама уште пред да влезеш во врска се проценува каков е човекот ете и од тие неколку месеци гледање, па така можеш да процениш како би ти било и во врска и дали ти одговара.
    Според мене тој нема да смени ништо и вие не си одговарате.Тој сака повеќе слобода ти сакаш попосветена и одговорна врска.
    Само ќе се мачите и во иднина.
     
    На Madrugada, Ljubova, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.110
    Пол:
    Женски
    Океј, еве ти добар совет
    купи си ти кола и вози да не мораш со саати да патуваш, за него не е чудно што патуваш саат и пол, за нив тоа е нормално
     
    На Traveler91, Waverly Raven и asdas им се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.888
    Допаѓања:
    179.044
    Барај следниот пат преку апликацијата дечко со кола.

    Еве, маж ми вози, јас не возам. Треба секој ден да ме развозува?
    Брат ми живее во голем град, патува до работа саат и нешто, нема кола. И дете разнесува низ градот, без кола замисли. Секој си има свои причини, ако е камен на сопнување, примени го советот од погоре.
    Инаку да, не живеам во Македонија, и фала богу едно чудо луѓе ги гледам функционираат без кола. Јавниот превоз е функционален беспрекорно, секаде се стигнува, и на планина, и на излетничко место, кола не е неопходност. Па сега, со Зелениот договор, уште помалку коли ќе има, навикни се дури е време:D.
    Мада друго е проблемот ама ај.
     
    На sunshinebabe, Ljubova, Waverly Raven и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Жени од петни жили низ цел свет се борат да се осамостојат, да докажат дека мажите не се ништо повеќе од нас, се борат да нарушат стереотипи, и обавезно се јавува една балканка што чека да ја собере дечкото од дома.
    :headbang:
     
    На simoncelicius, sunshinebabe, andrejko82 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. ArtemisSs

    ArtemisSs Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2021
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    252
    Пол:
    Женски
    Искрено на денешницава све и свашта вози,баш затоа шо колите ги направија толку ефтини. Избегав од темава можда али колата е потреба,за дечкото изгледа не е. Ако сметаш дека за тебе е потреба ако можеш да со дозволиш тогаш купи си, нема да зависиш од никого и да се лутиш по форумов од погоре наведените коментари. :)
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  14. izgubena:)

    izgubena:) Активен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2021
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Имам кола и возам како и да е. Можеби поставив погрешно прашање уствари бев погрешно сфатена.
     
    На andrejko82, Nikolina35 и ArtemisSs им се допаѓа ова.
  15. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    А, оти тогаш не се возиш со колата до кај него, туку сакаш тој да те земе?
     
    На sunshinebabe, Anie93, Traveler91 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Па ако иде она цело време, глупо е. Може и он да мрдне со гзот хахахахха
     
    На Ljubova му/ѝ се допаѓа ова.
  17. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Оти очигледно бара добро ситуиран Германец да ѝ го реши животот само налетала на Германец кој нема таква намера да изиграва спонзор на балканска студентка и сеа ни се нервира девојчето овде, па и ние со коментариве ја нервираме, бог да чува кого најде да прашува?!?!?!
     
    На Annath, simoncelicius, sunshinebabe и 11 други им се допаѓа ова.
  18. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    3.823
    Пол:
    Женски
    Насловот ти е " не знам дали го сакам" а тебе вусшност друго ти е прашањето.
    Дали си расчисти дали го сакаш, или ти е мисла дали он те сака?
    Колата ти е нај мал проблем.
     
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ич не ми е јасно ова: Не знам дали сме во врска.
    И не е само со австриецов, туку и македонците се вака.
    Читам по темиве...

    'Во мое време', ако се залапавте, во врска сте.
    Толку.

    И јас би сакала да знам на што сум, ако сум со некого.
    По 4 месеци, сигурно ќе прашам.
    Без веза е ко... терате, а ти не знаеш шо да планираш.
    Ако сме во врска кул, ако не сме, да знам да не ги посветувам сето време и енергија на него.
    Ќе си дејтам и други.
     
    На sunshinebabe, andrejko82, MarijaMi90 и 7 други им се допаѓа ова.
  20. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.871
    Пол:
    Машки
    Хихихи
    Ако тебе ти е 1:30 до кај него, а нему со кола би му било 40 минути, значи дур да дојде 40 па дур те земе кај него 40 значи и он ќе треба да изгуби 1:20 минути. Плус после уште 1:20 минути да вози за да те врати...
    Можда дечкото си има израчунато, и баш затоа неќе кола да купи :lol:
     
    На sunshinebabe, kolovoz, Tan4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.