Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам дали го сакам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од izgubena:), 4 декември 2021.

  1. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Истото ќе го пишев вчера ама се предомислив, да не се налути ептен членката. :D
     
    На sunshinebabe, Ajronmen и @ceci11 им се допаѓа ова.
  2. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    3.304
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека менталитетот има главна улога во овој случај. Fear of commitment може да е фактор или што и да е треба реално да си разговарате и да разјасните на што сте. Еве јас сум во брак со еден од овие "ладниве" луѓе, па затоа сметам дека секој случај секако си е индивидуален. Признавам дека има разлика меѓу нас како балканци со германци, австријци. Но кога некој е навистина заинтересиран за некого треба да е искрен. Playing games is for children. Имате над 20 години, не сте средно школо така да ок е да го имате тој разговор макар и еден месец да сте во врска. Мојот сопруг, тогашен дечко, уште на почетокот на нашето запознавање ми нагласи дека сака врска со мене и дека е подготвен да се пресели во Македонија доколку сме на иста бранова должина. Како што впрочем и се случи. Неговите намери, зборови и дела секогаш биле транспарентни и покрај тој нивен т.н ладен менталитет. Но сепак треба и сама да расчистиш со себе, дали ти сакаш сериозна врска пред да го започнете тој разговор. Доколку знаеш и чувствуваш дека сакаш да бидеш со него фер е да знаеш што тој чувствува за тебе и каков е вашиот статус.
     
    На magic.girl, andrejko82 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  3. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.871
    Допаѓања:
    25.338
    Пол:
    Женски
    @izgubena:)

    Има многу причини за таков однос ( тоа што велиш " ладен менталитет " ) , но ќе се сложам со останатите . Три месеци се премногу краток период , за да знаеш дали некој е добар или не , во карактер .

    Замисли , јас една година бев во врска со некој што подоцна се обиде да ме силува . Ниту едно red flag немаше , додека бевме во врска ( или мене така ми останало во сеќавање , можеби сум ги игнорирала потсвесно ) .

    Со некој ќе бидеш цел живот , па не си сигурен дали го познаваш доволно добро , се зависи од таа личност . Има луѓе што дозволуваат да ги запознаеш од најсветлиот до најмрачниот дел од себе си , а ги имаш и оние другите , што се секогаш океј , но еднаш кога ќе им се " спојат жичките " можат да те парчосаат .

    Сеуште е многу рано за било што , олабави малку , можеби му треба време за да си го покаже вистинското лице ( во позитивен и негативен контекст ) , можеби е карактер како мене ( не знам да искажувам емоции со зборови , во 8 години брак , ако имам 5 пати кажано " те сакам " на маж ми (facepalm) , но затоа , многу добро ги покажувам емоциите физички :drunk: ) .

    Тоа што не вози автомобил .. можеби сака да вози велосипед , или нешто друго што не е автомобил ( автомобилот е сепак голема обврска , а и плус многу стрес создава на возачот , мораш на се да внимаваш , мало невнимание може да направи голем проблем ) .. Има многу причини зошто одлучил да не вози автомобил .

    Околу друштвото - можеби го чека вистинскиот момент . Можеби сака да е посигурен во своите чувства , па да те запознае со друштвото .

    Според мене , најголем проблем е што не ти дава јасно до знаење што всушност сте вие .

    Се останато е само предпоставка , а и периодот од 3 месеци , е прекраток за било каков заклучок .
     
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Ау каква ароганција. Што дојде тогаш тука ако не сакаш совети? Го жалам типот,подобро друга да си најде отколку со тебе да биде.
    Раскину му, направи му услуга.
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MissAlena

    MissAlena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Пошо сите се фативте за “колата“ еве и јас ќе си дадам мое мислење.
    Како што кажа дечкото бил во “добра финансиска состојба“, па ме чуди како нема кола а е во таква добра финансиска состојба. Посебно во Германија каде е многу подруг животот, работата и се останато.
    Како прво кола е потреба а не луксуз
     
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.839
    Пол:
    Женски
    Може парите сака да ги инвестира во друго.
    Може нема желба за возење кола. Негови пари, како сака ќе ги троши.
     
    На WildMk и Mikha4 им се допаѓа ова.
  7. MissAlena

    MissAlena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Да, да 1000%
     
  8. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.742
    Допаѓања:
    3.560
    Пол:
    Женски
    Каде да ги инвестира ако не во жена?
    Како се осмелува воопшто да е со девојкава кога нема кола?
    Ти се молам, еве го отварам китапо и китапо вели маж без кола не можи.

    Барате европски мажи да одговараат на балкански женчиња. Епа луѓе мои и да ја сакаме Европа, таа со вакви размислувања не не сака нас.
     
    На honey.11, asdas, Bella ••• и 10 други им се допаѓа ова.
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Еве и јас имам потреба од кола, имам пари да ја купам, но не можам да земам возачка од здравствени причини. И сеа шу праиме?
    Да барам дечко со кола да ми изиграва таксист или некој со кола да прашува по форуми дали сум достојна за него пошо немам/ не возам кола?
     
    На honey.11, buba4e89, asdas и 4 други им се допаѓа ова.
  10. Dekoo

    Dekoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Машки

    Па баш за во Германија не му треба кола - пошто имаат предобра железница.. А и крај краева, не гледам зашто колата да е пресудна за врска.. скроз на друго ме влече ова..
     
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.267
    Затоа што кај нас вредностите се изместени.
    Ако си во добра финансиска состојба, мора да имаш и кола. Глупо од многу аспекти, ќе спомнам неколку.

    Ова да ти било како валидација некаква, да покажат пред другите дека сте доволно имотни за кола. Перцепција што во Германија воопшто никому не му е битна. Финансиски се добро ситуирани, но уште поважно се културно издигнати, еколошки далеку посвесни и мноогу попрактични од нас. Колата таму не е потреба, туку е повеќе обврска, посебно со јавен превоз како нивниот и таква патна инфраструктура.
     
    На СуперДевојка, sunshinebabe, deskarada и 5 други им се допаѓа ова.
  12. asdas

    asdas Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.033
    Допаѓања:
    1.953
    Како е тоа потреба за буквално секого? Можеш да аргументираш?
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.