Прво беше вака, летово се запознавме во друштво ништо не знаев за него а во меѓувреме раскинав со дечкото со кој одев 2 години , и почна да ми се допаѓа друго дете. јас се гледав со детето но со неговите испади некако почна да ми поминува меракот кон него, а тој сето тоа го пратеше и упорно ме бараше ми се додворуваше на секој можен начин ми докажуваше дека ме сака. сите во друштвото го увидоа тоа, а јас упорно не сакав ме нервираше, сакав да се гледам со другото дете. но кон крајот на летото неговата упорност се исплати... започна да ми се допаѓа што сега многуу го сакам и сме во врска два месеца. но тој не е овде во мојот роден крај студира и работи на друго место уште оваа година. но многу е сменет, порано ми велеше почесто дека ме сака, сега не толку често ми вели зар не гледаш дека те сакам зар не ти докажувам, порано воопшто не се враќав дома, а сега заради тебе на секои две или три недели се враќам. но кога и да се врати дома постојано работи дома постојано е зафатен и за мене има само 2-3 часа. не знам како да го сфатам зошто би одел со мене кога и во тоа место каде што е може да фати друга женска, а од друга страна можеби ме лаже? не знам како да размислувам, го нема како порано да ми прати порака убава, сега ќе се слушнеме на телефон и се изморен е се во гужва е, секогаш има работа и затоа го сфаќам ако му раскинам немам никаква корист од тоа затоа што и без тоа се гледаме само на двете недели. некако се чувствувам како да не ме сака како првиот месец. од како увиде дека го сакам сменет е откако му ги искажав моите чувства, дали е до работата многу е напнат, како да се однесувам спрема него за да ми ги искажува чувствата почесто не многу често но понекогаш. имам разговарано на таа тема но тој секогаш ми вели не гледаш главата не знам кај ми е,сфати ме... гледам за сите да има време и за тебе и за работа и дома. но некако како да не се замара со мене, ептен е „лајт“ ..дали е рано и што да правам...многу сум збунета..како да се однесувам..ви благодарам
На нас девојчињата никогаш не ни е доволно внимание.И јас понекогаш се чувствувам така,па кога убаво ќе размислам си сфаќам дека претерувам.И мојот дечко не е до мене и некои денови е супер ми кажува цело време дека ме сака,некои денови не е така,но тоа не значи дека престанал да те сака така да не се сеќирај толку,неможат цело време само тоа да го прават имаат и други обврски.Е сега ако ептен гледаш дека се ладат работите тогаш разговарај,меѓутоа секој си има нервози и други работи на ум не е секогаш само тоа те сакам да се каже.И ние си претеруваме малку,мислиме ако денес не ни кажал те сакам,готово не не сака или не изневерува.Не се замарај толку.позз
Катија, почекај нека помине малку време, остави го да дише малку, да се среди, научи му го подобро карактерот, па потоа може отворен муабет со него да си направиш.
Без навреда ти си веќе освоена територија, па затоа дечко ти се однесува така! Тоа не е лошо, туку сега треба да ја негуваш љубовта! Значи разговор, грижа, покажи му разбирање и љубов! Maшките се такви, ловци, дур не го добијат тоа на што целат не се смируваат, а од кога ќе го добијат, после настапува период на мирување, стабилизирање на чувствата!
Јас па не знам што не ти е јасно....Колку и да си му изигрувала недостижна успеал да те фати и си го намирил пред се егото.Далеку од тоа дека не му се допаѓаш,но сепак намали малку.Па вие сте во врска два месеца,остави работите спонтано да течат ,кога сте заедно гледај да ви биде најубаво ,не го притискај за ништо,па кој го сака тоа?...Придобивај ја постепено неговата љубов,а не очекувај за толку краток период да ти го постила на земја ѕвезденото небо,биди реална.Дај си време и начин да проживувате работи,да ја создавате љубовта,да создавате ваши заеднички моменти... Некој убаво си кажал дека брзата кучка ,слепи кутриња раѓа затоа не дозволувај да бидеш кучката у прикаската ако ме разбираш што сакам да кажам.
ви благодарам за советите...и јас да сум од другата страна и јас би советувала така, но понекогаш срцето е побрзо од разумот, се трудам да не бидам нападна, доколку ми звони еднаш во денот да не се лутам, да не пребацувам зошто не ми се јавил...иако ми пречи тоа но го кријам во себе, но тоа не може да биде постојано така, ќе пробам да бидам поладна малку , не знам како да реагирам, како да се однесувам, навистина ми е чудно ова не сум јас не знам како да ссе однесувам, понекогаш си викам па не ми прв пат сум имала и други врски, но овој пат ми е почудно бидејќи е постар од мене едно 6-7 години, и не знам исплашена сум и навистина знам дека звучам смешно, но овие разговори ми одговараат бидејќи навистина немам со кого да споделам на кого и да речам никој не ме сваќа и ми велат многу ја тупиш, а таков совет не ми треба во два збора. многу ви благодарам искрено ме поткрепивте....
Нели трчал по тебе кога си била недостижна ?Сега веќе те добил и мисли дека не мора да се труди околу тебе . Немој пак така недостижна да му се правиш , сепак дечко ти е , него малку така остаи го да се издува за да посака сам да те побара . Држи некоја дистанца
Нема зошто да се нервираш! И јас бев таква! Сакав многу внимание,и да ми ѕвони и се, сакав да се оеќам како царица! Ама, ако правиш така, верувај ќе изгубиш! Сега значи јас таа каква што бев, фино си кажав на мојот, хеј немој да ми трубиш на моб по цел ден! Еднаш е доволно (а моите другарки раговараат на моб со дечковците по 3 сати, 4-3 пати на ден )! Дали само знаеш каква испаднав јас во очите на дечко ми??? ЦАРИЦА ! Самостојна и полна со доверба! До ден денес ми се диви, како можеш така???!!! Е сега јас тоа во себе што си имам бубачки е друга работа, ама не покажувам пред него! БИТНО Е КАКО ЌЕ СЕ ПОСТАВИШ! Ако тој гледа дека лесно се приврзуваш, дека си очајна, ќе се тргне од тебе! Затоа делувај спротивно, но се во граница - сега да не испадне и дека му даваш преголема слобода! Веруј, мажите ја сакаат својата слобода, личен простор најмногу на свет! Поздрав се надевам дека ќе си ги средеш работите! Пиши што ќе испадне!
да така е , не знам дали е доцна тоа да го применам? дали два месеца се доцна за поставување? но секако дека има време за се, ќе се среди и после неколку месеци ќе напишам што и како излегло. исто така и моите другаркои висат на телефон и се постојано заедно.... но никоја врска не се споредува, секој си знае како му е многу ви благодарам и ќе ве известам што и како, веќе се чувствувам поубаво, и не се замарам многу благодарение на вас прекрасни сте
Морав да идам офф топик...ама дефинитивно Скарлет не си ви во право...па те читам цело време како се жалиш на форумов што се видуваш со дечко ти само еднаш у недела и како сакаш да се смени тоа а уствари тука контадикторно на тоа ти си таа што така се поставила...значи зашто се жалиш ако ти така сакаш...без навреда ама морав да ти одговорам....тоа ти е исто сакам да се е*ам, ама нејќам да ми влегува! Иначе Катија не е доволно еднаш слушање....не е ни нормално 100 пати на ден...ама опушти се. уште си на почеток...само биди си своја...прави како се чуствуваш во тој момент не ги потиснувај чуствата за да излезеш демек ти си недостижна или царица хаххаа.....машките го сакаат тоа ама се до граница....во врска си биди своја и природна и остави на времето да покаже...
Јас и кажав на девојката дека треба да се грижи за дечкото, и треба да покаже љубов, ама со одредена граница, за делот на ѕвонењето е крајно непотребно да се збори по 100 сати, неколку пати на ден, и јас и кажав мојот пример како јас направив, за да не испаднам во очите на дечко ми дека сум очајна, туку дека имам самодоверба, а од друга страна дека ми е стало за него! Значи јас ја советувам да приоѓа на работите умерено, ни да покаже многу, ни малку! Е ај кажи ми јавување и гледање исто е? Што е тука контрадикторно? Едно е јас што сум се поставила така, да не сакам ѕвонење на секое, а друго е, што се гледавме 1 неделно!! Никоја врска не совршена , па така ни мојата! Таквото видување ми одговараше, ради еден тон обврски и работа од моја и негова страна! Сакав и сакам да се гледаме почесто, и се трудиме да го оствариме тоа, ете сега се гледаме 2-3 неделно! Дечко ми е таков карKтер и смета дека гледањето секој ден, би предизвикало монотонија во врската, а тоа мила не значи дека не ме сака! А јас што се жалам на форумот, е момент на нервоза и тогај ми треба совет, не гледам лошо тука! И јас се поставувам баш така како што пишав и не сум контрадикторна, а бубачките си ги чувам за себе, зошто се бубачки, и тие не милувам да му ги кажам на дечко ми, туку останувам силна пред него, а после се дувам на форумов! И ајт, си кажав јас совет како што мислам, ако не ти се допаѓа, не се замарам мн мн!
Прво Скарлет не кажав дека дечко ти не те сака, 100 људи 100 чуди. Ги вадиш моите зборови од контекст и не е дека не ми се допаѓа твојот совет ( не ни мора да ми се допаѓа ) мое и твое мислење е различно, само кажав дека не се сложувам со тоа да се прави недопирлива и царица зашто се добива лош утисок кај дечкото...Извини ако те навредив не ми беше тоа намера...прокоментирав зашто е форум и затоа сме тука...да беше добра твојата тактика немаше да се жалиш.... Извинете за офф...
уфф леле навистина се трудам да не се замарам но ете сега повторно ме изнервира и барам совет, денес цел ден го нема да се јави и кога ми се јави ми вели ете сега станав, синоќа излегов и се прибравме друштво во 10 сабајле...и јас му велам е зошто не ми се јави да ми речеш дека ќе излезеш и тој ми вели е што има врска па нели сега ти велам дека излегов што има врска кога сум ти рекол, и мене тоа страшно ме нервира и му го реков тоа дека така сум научена од дома, дека кога некој некаде ќе оди се кажува само, не му бранам да излегува но само да ми рече, и му го реков тоа и тој ок. некако е поладен со мене, многу ми е тешко, дали премногу ја мислам и тупам не знам.