1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам како да постапам со него

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од angelka8, 9 јануари 2011.

  1. angelka8

    angelka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    е па вака ми се бендисува едно машко и тој ми пишува на фб ама работата е што мојата најдобра другарка го бендисува и се ок јас му казав дека таа го бендисува а не јас и тој ми рече дека таа не е негов тип. Но иако таа го бендисува таа ми рече дека нема шанси да се шеми со него но ми рече дека не сака јас да имам ништо со него сега не знам што да правам ве молам помогнете ми затоа што таа нејки да има ништо со него ХЕЛЛЛЛЛЛЛЛПППП
     
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    што да правам?

    Што ти е поважно девојче?
    Аман!
     
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    што да правам?

    Убаво ти кажала другарка ти!!!
     
  4. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    Најпрво мислам дека треба сериозно да си збориш со другарка ти.Ако нејзе и се свига а не сака да има таа ништо со него тогаш не знам што е поентата. Ако се работи за твоја најдобра другарка тогаш мислам дека треба да се повлечеш на страна.
    Меѓутоа јас да сум на твое место и ако детето толку многу ми се свиѓа тогаш би направила нешто со него, зошто сигурна сум истот да и го речеш на другарка ти , таа да е на твое место, нема да те послуша!
    денес вистинско другарство нема. самото тоа што ти паднало на памет да побараш помош тука од нас, веке од старт ја изневеруваш другарка ти.
    поздрав
     
  5. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Мислам дека на твои 15години не вреди да изгубиш пријателство за дечко. Бидејќи колку може да биде сериозно и да трае врската???? На крај ќе останеш и без дечко и без другарка. Ај чувај си го другарството.
     
  6. angelka8

    angelka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    работата е што не сакам да ми биди дечко сакам само да се смувам со него и толку иначе тој ме праша дали сакам да се смувам со него јас му реков да размислам и ке ти се јавам па незнам што да му кажам ве молам за совет
     
  7. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    107
    смувај се де ! :x
     
  8. maja.kostovska

    maja.kostovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    192
    Доколку само ти се допаѓа машкото невреди да си го упропастеш пријателството со твојата другарка, сепак имај на ум дека таа секогаш ќе биде покрај тебе, а тоа машко може дамо да те смува и за 1 ден да го видеш со некоја сосем трета девојка. :)
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ангелка8, да ти кажам дека од мое досегашно искуство сватив дека другарството е нешто НЕЗАМЕНЛИВО а момчињата се денес еден, утре друг, задутре трет-МИНЛИВА ФАЗА

    затоа ти препорачувам да размислиш што ке направиш, и немој да избрзуваш со одлуката
     
  10. angelka8

    angelka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    стварно не знам што да правам се ми е измешано оваа недела не знам што им е на машките тројца ми понудија шема и не знам со кој да се шемам и не можам вејке да размислувам ве молам кажете ми како да се ослободам малце од овие лјубовни проблеми плс помош :(
     
  11. Betty.n

    Betty.n Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    Ако веќе твојата најдобра другарка го сака него,ти тука нема потреба да се мешаш и да губиш другарство со неа за некое момче. Кога тогаш со него ке прекинеш,и што потоа?! Како ке ја гледаш твојата најдобра другарка со помислата дека си била со некој кој она го сакала.. Иако тој несака со неа,тоа не треба да го земеш како да мораш да ја искористиш шансата.. Биди по разумна,поради тоа што во ваквите години се прават многу големи грешки за кои ке се каеш понатаму. Јас мислам да збориш со другарка ти,да и кажеш се,но и покрај се да не направиш со него ништо. Он е еден,вие сте две.. Не вреди поради него да го загубите она што сте го граделе до сега. Тоа е мое мислење.. Среќно. :)
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    126
    Ангелка, ај уште на 15години не се замарај толку со кој да се шемаш :D . Уживај си со другарки.

    И нема потреба да се муваш со симпатијата на другарка ти. За машко другарките не се оставаат на 15години!
     
  13. angelka8

    angelka8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    0
    фала на помошта мислам дека ми олесни малце :)