Здраво, имам еден проблем, но најпрво да ви опишам. Имам дечко 2 години, заедно сме цело време, интересно ни е, убаво, го сакам многу и тој мене исто, врската значи ни е прекрасна во секој поглед. Но во последно време (не знам дали е само период) немам желба за секс да имам, се ми е одбивно, се нервирам за ситници, и поради мене како да се оддалечуваме. Го сакам, не сакам да се скараме, ниту да раскинеме, преубаво ми е вака со него бидејќи е секогаш тука за мене. Не знам зошто така се чувствувам како да ми е одбивно сѐ и немам никаква желба за ништо. Дали некој се соочил со сличен проблем и како го решил?
Дали ти се случува нешто надвор од врската, шо ти предизвикува стрес? Колку и да не дозволи чоек, сепак одредени ситуации навистина можи да "му го паднат моралот" и тоа да се одрази на ваков или таков начин.
Па да ми се случија некои работи, здравствени проблеми имам, близок човек од семејството е во болница, тука е и факултетот и испитите, не знам дали влијае, но сепак, првпат ми се случува ова, убаво ми е со него, а се оддалечивме.. Порано ми пишуваше наутро и навечер добро утро/добра ноќ љубов, срце и слично, сега се сведовме на кратки реченици што правиш, како си и едно обично добра ноќ.. чудно ми е..
Приметува дека немам желба, не се лути секако, знае дека ми е лош периодов. Тој не се оддалечува, туку јас сум таа што бега, се оттргнува, но не знам зошто така се чувствувам.
Да, меѓутоа велиш дека порано ти пишувал добро утро/добра ноќ и слатки називи, а периодов не; за потоа да речиш дека ти си таа која се оддалечува а тој не. Плс објасни ми го ова
Да, затоа што јас сум таа што прва се повлече и престана да комуницира и нормално и тој не се обидува (тука е грешката и во двајцата), но мислам дека најдобро е да разговарам со него, да размислам што да кажам и можеби така ќе решиме најубаво
Мене ваквото оддалечување ми личи на несигурност во своите чувства кон него . Чим сте имале прекрасна врска ти треба да разговараш со него за своите проблеми, не верувам дека не би те сватил. Јас повеќе ова го сваќам како да сакаш да одмориш од врската
Можи и то да е во прашање, а можи и навистина стресот да го направил своето. Сепак, различно се одразува кај различни луѓе. Само таа си знае длабоко во себе дали е едното или другото во прашање
Би сакала да слушнам мислење. Станува збор за следново, со дечково сме заедно околу 4 месеца и до сега се е супер, и ми е убаво со него.Околу 30 години сме и двајцата.Вчера после еве 4 месеца ми кажува дека сестра му е со посебни потреби, со умерена ретардираност. Сакал да ми каже пред некое време, ама не му било сеедно и веќе не можел да ми ќути. Не знам сеа шо да правам, како да постапам. Дали вам ви би било сеедно да сте во моја позиција. Фала.
Зошто ? Ти утре ако родиш ќе имаш гаранција дека ќе родиш здраво и право дете ? Ти си стоиш убаво со дечкоти? Немате некои проблеми ?
Не разбирам кој е проблемот? Се плашиш за потенцијално дете или едноставно не ти е лагодно за неговата ситуација? Или можеби ти смета дека "касно" ти кажал (иако искрено, прерано ти кажал за нешто шо е реално табу на просторов и интимно)?
Бидејќи се имам најдено во иста ситуација како девојката, тврдам дека не му кажал прерано. Ваква работа не треба да се преќути. Или ја прифаќаш, или не, и то е то. Колку и да е табу или интимно, не е фер да се скрие од другата страна едноставно. И да, фактот дека е преќутено можи да влијај на одлуката. Јас сум чоек кој сака да "игра со отворени карти" и ако таквата ситуација беше сокриена од мене, исто би се двоумела како девојката. Секако, секој си има право на мислење, ова е моето, и не би ја продолжувала дискусијата понатаму. @angelina1 кога јас се најдов во оваа ситуација, мене ми беше кажано од старт, и тоа многу го ценам. Не би ти сугерирала ништо. Го разбирам и него, но сепак како личност која се нашла во истата ситуација, и особено бидејќи не ти кажал досега, повеќе сум на твоја страна. Одлучи како шо мислиш дека е правилно. Многу е лесно вака од страна да се кажи, но најубо можи да те разбери само некој шо поминал низ истото.
Ама то не значи дека некој е спремен да збора за нешто интимно за себе со некој шо го знај 2 месеци, ете на 4 месеци кажал и мислам дека 4-6 месеци гледаме врска кон кој правец оди шо ја прај ситуацијата фер. Доверба и емпатија, како и љубов, кон некој се гради. Не е нешто шо ти следува оти фигурирате како пар некоја недела па да должи информации кои му се резервирани за најблиските. Фактот дека сакал да кажи порано, не знаел како, размислувал и се измачувал - кажува дека не било лесно да кажи, ама сепак ѝ верува и веројатно ја сака шо сепак ѝ кажал. Нагласок на то дека не му било лесно. Оти лесно е да речам дека сакав да знам порано, без да увидам како е на другата страна, а темата е страшно опиплива (и воедно то да не го земам во предвид). Зато и се наредните прашања. Зошто сега членката се чувствува како шо се чувствува? Кој е делот шо ѝ смета?
Временската рамка кога нештото е кажано не е најголемиот проблем. Сега почувствувал доверба, сега кажал. И навистина нема потреба да се отвараш за семејни проблеми и случувања на луѓе кои во моментот не ти значат доволно. Целиот ,,проблем" би следел понатака. Да имаш лице во семејството со посебни потреби не е наивна работа. Што ќе се случи кога тоа лице ќе остане во грижа на братот? Ќе си бара нега, постојано внимание, грижа. Дали, доколку членката која бара помош за проблемот, би можела да се справи со такви предизвици, дали сака. Не е мала работа. Во иднина ќе сакаат потомство да имаат, не е лесно да се грижиш за дете и лице со посебни потреби истовремено. Сега нема што да ти пречи, има кој да се грижи. Не е тоа нешто што го бираш во животот, туку се случува. Но, има многу поголема и ненаивна тежина во целиот текст. Мој совет, погледни подалеку во иднината и ќе сфатиш што сакаш и што можеш да оствариш.
За период од 4 месеци доста се зближивме, и стана како доста сериозно, ги запознав неговите на кратко, тој мајка ми.Зборуваше и за заедничко живеење на моменти,и планови за толку краток период. Кога стануваше збор за сестра му, одговараше отсечно и го чуствував дека не сака да збори многу за неа. Сега пред неколку дена кога го притиснав да се запознаам со неа, ми кажа, не можел повеќе да крие. Јас сега после овие месеци интензивно гледање,не знам како да постапам, мислам дека требаше да ми каже вториот месец,не барав да ми каже на првите состаноци нормално. Врската ни беше доста сериозна за се друго, а ваква сериозна работа мислам дека треба да се каже порано, колку и да е тешко. Знам дека ќе ме сфатат најубаво тие шо го доживеале ова на своја кожа, пошто не ми е воошто лесно. Фала на сите на советите.
Дечкото таман ти кажал. 4 месеци реално се малку време за да стекнеш во некого доверба и да му се довериш. Уште не ми е јасно како си успеала за 4 месеци толку да се приврзиш за некого па и да зборите за заедничко живеење, а не ни го знаеш убаво типот. Али нема врска тоа, мислам дека таман на време ти кажал, зарем треба на првото видување се да каже за себе на некој шо не го познава? Ете, сега си знаеш, и можеш да си одлучиш шо понатака, уште ви е рано, уште пеперутки ви летат во стомакот, ама тоа една ден ќе помине па затоа размисли си дали би сакала да живееш со него и да се грижиш и за сестра му, и плус деца ако имате ( па не дај боже и со нив да биде нешто такво).
Мојата пријателка без никој во фамилија со посебни потреби има 2 деца со аутизам. Направиле генетско испитување двајцата го носат генот но не им е активен. Така да нема правило. Затоа опушти се.