1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам како треба да постапам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Vaga07, 26 мај 2011.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    11.662
    Пол:
    Женски
    @angelina1 возрасни сте и чим ти спомнал за заедничко живеење не гледам што е тука брзо. Па на тие години си способна да си процениш дали ти е пријатно со него. Тој и на почеток да ти рекол, не е така едноставно за вакви теми. И човекот не си криел туку пак бил искрен за доста краток период, не гледам зошто е тој виновен? Ти можеш културно да го дискутираш ова, ама те молам не му губи време на некој што има конкретни намери со тебе, зашто сепак нема да е фер од твоја страна.
     
    На crimson, theowndemon, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. SanMichel

    SanMichel Активен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2024
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    485
    Што е тоа што треба да те сфатиме?
    Ти нема да формираш семејство со сестра му туку со дечко ти твој.
    Најубаво кога имаш вакви предрасуди спрема луѓето и ти е многу важно да му направиш услуга да си најде некоја што му одговара и нема да му суди. Никој не е совршен девојко,порасни.
     
    На crimson, Srckata28 и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    54.745
    Пол:
    Женски
    @angelina1 според мене навреме е кажано. Зрели личности во зрели години не чекаат месеци и години за да кажат ваква работа. И партнерот со кој планираш иднина и те како спаѓа во блиски личности. Уште и дека ти спомнал заедничко живеење човекот е сериозен, а и двајцата сте доволно возрасни.
    Треба да одлучиш што понатаму, иако лично јас не гледам ваква работа да ми е deal breaker.
     
    На Srckata28, eliesaab и Billy Idol им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.055
    Допаѓања:
    39.321
    Пол:
    Машки
    @angelina1 , јас ќе ти го кажам примерот на баба ми. Кога умираше, се каеше зошто така одлучила на времето.

    Кога била млада одбила да се омажи за еден човек со кој многу се сакале баш поради тоа што сестра му била со посебни потреби и требало да ја чува цел живот.

    После се омажила за дедо ми. Се убаво било, ама починал рано и потоа цел живот го помина сама, до смрт, и поради сплет на околности во иста куќа со неговата сестра која исто не се омажи. Цел живот се не се поднесуваа.

    Многу и беше криво што на крај судбината пак ја донесе во слична ситуација, да живее со сестра му (золва, јатрва, не знам што иде), па згора на тоа и без маж.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.556
    Допаѓања:
    38.576
    Пол:
    Женски
    А ти му даде ли повод да мисли дека си личност што има нормални ставови?
    Зашто не дека на Балканот се утепавме од прифаќање на сите различни потреби па да луѓето толку лесно и отворено без стегање зборуваат.
     
    На crimson и theowndemon им се допаѓа ова.
  6. Nane2356

    Nane2356 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.565
    Пол:
    Женски
    Ако проблемот ти е во врска со времето кога ти кажал мислам дека е сосем во ред, не е поминато ни пола или па година дена. Можеби едноставно не се осеќал комотно да ти каже, зошто денес тоа не од секого е нормално прифатено. Сега осетил дека е моментот и сега ти кажал. Доколку проблемот ти е тоа дека е со посебни потреби тогаш твое е да одлучиш ама треба убаво да си размислиш за иднината што и како сакаш.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.015
    Допаѓања:
    86.878
    Пол:
    Женски
    Добро е што кажал иако штом не му било сеедно да каже претпоставувам се работи за потешка болест.
    Информирај се и за каква болест се работи, особено доколку се работи за болест која ја наследуваат идни поколенија.
    Има семејства во кои 3 генерации се појавува иста болест.
    Не е сеедно.
     
    На BlackNight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Во исто друштво бевме заедно излегувавме и на крај типот почна као да ме свиѓа да дава знаци. Сам си заклучи дека ништо нема од тоа го снема некој пола месец никаков контакт.Потоа повторно се врати како ништо да не е и пак пробуваше као да ми се пушта едно друго допишувње ама он сака, а не пробува. Пак го снема на едно 5-6 месеци да речам кога повторно ми пристапи. Почна со пишување, па повици и трае тоа некои 4 месеци.
    Почна да се менува тотално. Она мислам односот кон мене трпелив за се, го батали старото друштво така вели иако со некои од нив сепак е во контакт сеуште. Дури ми пиша те сакам, ти си мое срце, сонце едно др се најмило што може.
    Се трудам за тебе како за никој досега, ќе те чекам колку треба толку и сите тие работи. Не ни искача више многу ретко и постојано ми кажува каде е,што како прави.
    Меѓутоа и покрај се тоа јас не сум сигурна воопшто.
    Ни во неговата љубов, посебно што многу грешки има направено.
    Јас мислам дека продолжувам бидејќи ми се допаѓа вниманието само,.станав и зависна што се вели од таа блискост, но дека не е љубов.
    И неговото тври дека е љубов но мислам дека е опсесија.
    И да ми предложи да бидеме заедно мислам дека би одбила имам некое чувтсво да не се "предадам" како да кажам, дека би згрешила.
    Не знам што да правам.Хелп плис!
    Како да ставам до знаење дека не сакам да бидеме заедно кога мислам дека сме веќе во дип шит навлезени.
    Понекогаш го жалам што го наведувам но понекогаш коха ќе ми текне кои глупости ги направик и исчезнал на неколку месеци без проблем и не ми е.
    А да и сака се да знае каде сум, со кој, се и веднаш се лути ако не кажам. Се однесува како да сме заедно да ме поседува.
    Кажи ако ти пишал некој друг демек јас да средам работа као низ шала ама знам дека не е. Као брате она олабави никогаш ништо не сме имале.
    Мислења?
     
    Последна измена: 11 март 2024
    На Taylorr му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.465
    Допаѓања:
    18.151
    Пол:
    Машки
    Лесно е, преиспитај се шо сакаш. Што очекуваш од типов, што ти се допаѓа, а што не... напиши си на ливче и процени сама.

    Вака колку и да е за нигде тој, па ти ко шо викаш ти годи, ти билда его? Шо фајде?
     
  10. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Не е лесно.Не очекувам ништо искрено навистина, немам никакви очекувања.Може и треба да си напишам чисто да си потврдам некои работи.

    Ми годи константното вниманието, и фактот што знам дека ќе биде тука ако ми затреба.Што да нагладам јас не сум го злоупотребила, не сум го ни побарала, ни искористила тоа внимание.

    Толку е упорен и толку се труди што не знам мене тоа до одреден степен ми е за респект ама од друга страна ме одбива тотално. Како да се труди премногу додека не ме добие ќе ме "освои" после толку бркање и ќе му помине желбата. И не можам да се опуштам и да попуштам на тоа и да дадам шанса. Постојано нешто ме кочи.И он тоа го приметува.

    Стварно сум збунета оти знам ако сега го одбијам што ќе направи и ќе почне со старата шема пишување на која стигне и искачање со курвички мали како претходно.

    Многу работи знам што ме кочат од тоа да речам да, ајде да пробаме.
     
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.465
    Допаѓања:
    18.151
    Пол:
    Машки

    Тргнувам од себе (машко сум), не е фер некоја да си губиме време, а да ми годи да ми билда его, а да немам никакви чувства и слично. Јас одма би пресекол. :)


    Колку што те сфатив тебе само ти годи тоа што трча по тебе и ништо повеќе, до кога? Утре други ден не мислиш дека треба да основаш нешто посериозно со некој друг лик и што би било со сето ова?
     
    На Космонаут му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Не е дека немам некои чувства, имам он додека не бевме во контакт тие месеци јас си знам колку ми беше тешко. Ама ми преовладува се претходно што има направено и стравот дека на прв посериозен проблем ќе избега како претходно и ќе го снема и ќе го видам со друго девојче у кола или некаде за некој си инат да тера.

    Он и сам е свесен дека до сега ќе бевме заедно и ќе дадев шанса да не ја заебеше работата во неколку наврати од којшто најблискиот беше пред месец дена. (Дебело лажење за кое знаев и прашав неколку пати со надеж дека нема да ме излаже и он сам си кажа свесно у фаца ме излажал од "страв за мојата реакција").
    И дека се кочам поради тоа и многу други причини.

    И самиот си кажа јас не правам се што сакам се ограничувам/воздржувам поради тебе и ако правам како што сакам нема ни да ме погледнеш.

    Значи што треба мал проблем и он да попушти и да се врати на старо?
    Јас да го држам цело време под контрола и како "куче на ланец".
    Не сакам така и таква врска.

    А секако дека сакам сериозно ако е со сериозен човек и сум сигурна во него и во нас.А јас не сум.
     
  13. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.122
    Допаѓања:
    11.878
    Пол:
    Женски
    @Devil's Mistress епа штом си свесна на сите овие работи што си губиш време? Убаво ти рече Старк.

    Ем го знаеш каков е, ем сакаш да си со него.

    Си се затрескала добро ти у него ама нејќеш да си признаеш.

    Штом сигурна си дека не е во ред нешто со него и дека не е за тебе, би требало да пресечеш. Зашто не се менува човек, тој си е.
     
    На Mumoftwo30 и Devil's Mistress им се допаѓа ова.
  14. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Верувај му на внатрешното чувство. Ако нешто ти кажува дека со него не е тоа тоа, тогаш не е. Несериозност, лаги, се ограничувал ко демек заради тебе оти инаку немало да го погледнеш? :o Машко што вистински знае да сака и те сака, такво нешто нема да каже. Нема ни воопшто да го снемаува и да си игра топло - ладно, овој сака само провод.
     
    На Martka и Devil's Mistress им се допаѓа ова.
  15. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Внатрешно веќе имам раскрстено со него или така мислам, само немам храброст тоа да му го кажам.

    Тоа е точно не се менува.
     
  16. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.122
    Допаѓања:
    11.878
    Пол:
    Женски
    Според ова што пишуваш немаш баш раскрстено ко што си мислиш.

    Мораш да собереш храброст, нема друго што да се прави, ќе си пресечеш и готово.

    Не делува на озбилен типов ама ич.
    Џабе ти ветува вака ќе праел онака ќе праел.
    При прва прилика би напраил глупост пак.
    Едноставно он таков си е.
     
    На Devil's Mistress му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Воопшто не поверував на муабетот дека му било страв од мојата реакција. Ако ме сакаш ќе кажеш па макар и да е тоа крајот.

    И јас мислам дека не ме лаже чувтсвото и дека крајот е вистинската одлука. Не ми е убаво бидејќи и покрај се каков и да е човек не сакам да бидам причина за нечија болка ама вака само полошо е.
    А се тешам дека ќе му помине брзо.
     
  18. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    Офф... тоа е тоа, цел ден го мислам тоа и смислувам како да биде сето тоа (завршувањето) и вашево мислење ми е само потврда.

    Јас ќе кажам што имам и тоа е тоа.
     
    На Mrs. right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.465
    Допаѓања:
    18.151
    Пол:
    Машки

    Ти overthink-уваш на нешто што не е ни почнато? Што си губиш време, а притоа и него? :D
     
  20. Devil's Mistress

    Devil's Mistress Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    171
    Пол:
    Женски
    When you put it like that мислам на фактот што не е ни почнато, а ја влагам у некои филмови...хахахах смешно е дури.