@Grey rock Да, идиотиски би било ако планираш да бараш нова додека сè уште си со сегашната. Раскини, па секој по својот пат, а не така. Не е толку тешко штом веќе не ви оди.
Не треба да бидете непристрасни во судењето кога се работи за машко .И тебе фала за советот и што толку ме разбираш
@Grey rock И да беше членка, истото ќе и го речевме Идиотско е, без разлика на пол, ако планираш да бараш нов партнер додека си во врска. Ако веќе не оди врската, раскинуваш и си бараш друг/друга. Ништо спорно, туку најнормално.
А одговорими дали е идиотски на партнерот да му се сака ти да си свириш на тамбурчето м ???И сто пати да ти повторува да се промениш а тебе мува не те лази .
Различен тип на луѓе сте. Претпоставувам и оти сте млади. Подобро раскинете. Само да знаеш дека во врска/брак во подоцни години, сексот е најмал проблем. Ако мислиш за сексот. А ако мислеше и за се друго, на пр патувања, дружба итн итн.... тогаш стварно не сте еден за друг.
Па, кога една врска може да се нарече врска тогаш треба да функционира на секое поле. Но, треба да се научиш дека и секоја врска има подеми и падови. Можеби треба да поработиш на тоа поле. Да се видоизмени во тој правец. Не треба на секоја препрека да се откажуваш. За љубов се потребни двајца.
Се надевам женската не те држи со сила во врска, чим си пишал дека сакаш да се спасиш. Не знам што совет бараш. Штом сте правеле муабет многу пати и немало ефект, освен да раскинеш, друго решение нема.
Ало, девојка ти не ти е секс играчка! Ако не сака, нема да има секс. Крај на приказната. Ако ти сакаш повеќе односи најди друга.
Од машки член освен за ПРОБЛЕМ со секс, на друго тешко да налеташ на форумот. Да побараат совет за друго нешто. Боже, сачувај. Се жените треба да се променат вакви се такви се, себични (читај не му дава кога него ќе му текне). Само јас, јас, јас. Само за своите потреби мислат. Како тој што го читавме во брачни совети
Дечкото не гледам дека рекол дека женска му ја гледа како секс играчка, самото тоа што сака интимност не е нешто нереално, не е фер да очекува и он да не сака. Не е и само секс во питање, ако сексот и покрај се друго не оди, очигледно дека партнерите не се еден за друг. Нежност и интимност се основа скоро на секоја врска, ако некој не го сака тоа треба да си бара партнер кој има исто гледиште. Нема што да се мачите, прекинете ја врската додека не сте изгубиле уште повеќе години од животот. Различно либидо е многу валидна основа за раскинување.
Дечкото се изразува буквално вака, да најдам друга, да се спасам. Никој не го присилува да биде во врска. Но, барање на партнер или имање некакви намери со друг, а да си во врска е крајно идиотски. Ова дека е валидна причина за раскинување, секако дека е.
А може и девојката не постои, туку "проблемов" е за да си најде тоа што си бара. А ако постои реален проблем, а притоа е разговарано и решение нема, едноставно прекинуваш, а не тупиш како да се спасам небаре партнерот со пиштол те држи на сила да бидеш со него.
Јас проблемот го пишав површно затоа неможе да се разбере фалави на сите и барајте друга жртва за совер ФАЛА
Сега те читам, и те оправдувам, ама има едно НО, колку ти ја дразниш неа за таа да те посакува и да сака секс пози со тебе? Еве јас на пример неможам тук така да имам секс, мора да има предигра да посакувам со некој да го споделам уживањето, секако друго е глупаво и изгледа као заедничка биолошка потреба.
Па вака ако се изразуваш со неа, не знам што очекуваш, гаќите сами дека ќе и паднат? Ај препрочитај се како се изразуваш за ТВОЈА девојка, па после дојди тука и барај совет. Сам преиспитај си се прво за понашањето твое.
Лесно е и да се изразувате за партнерите со бар малку почит, ама еве како што гледаме ни тоа не можете. Па после оти не сакаат секс со вас. Еве и јас не знам оти.