Здраво и на тебе Симона . Според мене,не е виновен дечко ти што негов другар те вреѓал,но секако,не треба ни да го дозволи тоа. Ако ви е толку тешко со друштвата,пробајте да бидете во тајна врска,да си знаете само вие без мешање од трети лица . Ако многу го сакаш ,и тој тебе,мислам дека е фер да си дадете шанса ,зошто и ти си му погрешила и тој тебе те замарал со ситници. Обиди се,ако не ви оди,тогаш ќе знаеш дека не вредело.
Znachi vaka..So deckoto koj se svigjame i u skoro vreme kje bideme zaedno ,slusnav nekoi muabeti.Ovaj vikend beshe pijan i na edna moja drugarka i zboruval kao neshto koa ke si ides za sk kje ti se javam da se vidime ama za ovaa nikoj nema da znae..A istata vecher nie se vidovme,a drugarkami ne uspeela da me vidi i da mi kazhe,sega doznav...Mnogu sum razocarana ,nz kako da reagiram,shto da mu kazham..? help.. [mod-kirilica:1z2a3b36][/mod-kirilica:1z2a3b36]
Јас прво би му направила тест -> би пратила некоја Х девојка,па макар и да е лажен фб профил и би пробувала да договорам средба или пак мојата другарка би ја терала да му се јави пред мене и да го видам неговото однесување,така ќе заклучам што да правам.Ако е тежок флертувач ондак нема да се замарам воопшто да почнувам врска со него а ако лаже другарката (што е можно,ако и се допаѓа) тогаш нема ни таа очи да ми види.
Најверојатно,дечкото е мангуп,ластовичке,па сака и со тебе и со другарка ти да биде .Некако ќе го оправдав само да и речел ај да се видиме,но и тајно посакал да ја види,е тука е матна работата.Испитај ги и двајцата,фати ги на дело кој лаже,кој е прав
Со дечко ми идам 2 и пол месеци...се осеќам како да идам 2 години... на почеток преубаво ми беше и бев сигурна дека се сакаме...премногу бевме блиски....имаше огромна хемија меѓу нас....и моите дознаа за нашата врска што претходно не знаеја за никој... Ептен ми беше убаво едвај чекав да искочам со него...имаме сега и односи и се...мислев дека само сексот фали за се да биде комплетно и уште по совршено од што беше...значи рај ми беше со него.. откако му дадов ( ме скина ) и све тоа..некако како да избледе нашата врска... пред да го запознаам него ми се свиѓаше еден тип ама само онака од видување...живеам во град во кој што секој со секого се знае... дечко ми е 22 год..а типот 18.. во последно време арогантното понашање со дечко ми и караниците ми прават се почесто да мислам на овој...дури и секоја втора ноќ го сонувам...верувајте дека не сакам ама у психа ми е влезен...згора на тоа се знае со дечко ми ..и еднаш идеме така шетаме и овој застана се позз со него...а со типот од како првпат се погледнавме па се до ден денес буквално се загледуваме така како да сака да ми каже здраво поминува ме гледа и јас него и он мене...едноставно собирам сама во себе ке препукнам веќе некое време.. Не дека не го сакам дечко ми ..го сакам ама некако се губи сето тоа што го имаше на почетокот дали дека од претходно не сум сакала да имам врски и не сум навикната на врски..па сите така ги откачував за 2-3 недели..незнам стварно..може и ке го оставев да не ме скинеше ама вака малце е потешко...барем година дена да идам па и да имам лице да кажам долга врска сум имала нормално е секс...а сега... незнам што да правам..до кога да го собирам ова во мене..а колку и да се трудам се оди на полошо со дечко ми ништо не е исто како некогаш...
^ Душо, ако изедеш цела чоколадна торта наеднаш, ќе ти се стужи, ќе ти остане одбивна. Ако ја јадеш пополека, парче по парче, ќе оставиш и за нареден пат, убава ќе ти е, ќе сакаш сеуште да си каснуваш од истата. Така е и со љубовта, се' наеднаш сте исконзумирале од сите убавини на една врска, што сега веќе и нема што да си дадете, нема изненадувања, во 2 месеца сте поминале врска како за 2год. После 2 години некој веќе станал интимен со некого, ја соголел и душата, се зацврстила љубовта, па си продолжува. Вие, вие не се знаете доволно за да опстанете заедно. Сте вкусиле од се, ви поминал меракот, тоа е тоа. Дека е љубов, баш и не сум сигурна, повеќе би рекла голема привлечност и страст, го знам тоа чувство. Ама истото и брзо бледее. Прашање на време е кога ќе ставите крај на врската, тебе веќе ти се допаѓа и друго дете. Не е погрешно, со сила убавина не бидува, а љубов па ич, само совет за нареден пат, полека иди има време за се', нема да ви избега среќата.
Вака Незнам дали мојов проблем е правилно сместен во соодветна тема Но сакав да ми даде некој совет Имам дечко веќе 9 месеци сме заедно, многу го засакав, несакам да го изгубам, а знам дека и тој ме сака. Поминавме 5 месеци од врската, потоа ме однесе дома, ме запозна со неговите, ми вика постојано ,, јас те сакам, сакам секогаш да сме заедно, имам озбилни намери кон тебе, спремен сум да се земеме само кога ти ќе посакаш,, Ама јас сум 2 година на факултет и незнам што да направам, ако го оставам факултетов знам дека ќе ги повредам моите затоа што се мачат да ми овозможат да студирам, несакам да се откажам од факултетов а ниту пак од него затоа што премногу го сакам, секогаш ми вика ,,ќе те чекам се ќе биде многу тре сакам, сакам бебенце со тебе, нешто наше ама нескам да направам ништо без твоја дозвола, сакам да се договориме кога ти си спремна,,. Сака да имаме дете премногу сака мали дечиња а исто така и јас, незнам што да правам
Цел живот е пред тебе, а ти на 20 години си запнала по бебе?!? Па и 9 месеци не се кој знае колкав период за да се откажеш од се за таков чекор. А и размисли што ќе можеш да му овозможиш утре на детето без факултет. Имаш време, не си играј со животот. Колку години има тој?
хммм, знам тој има 23 години јас 21, млади сме и двајцата свесни сме и двајцата за тоа, затоа се и договараме за се што сакаме да направиме нескам да избрзам и да се каам подоцна. Ама несакам да го изгубам, да не помисли сепак дека не го сакам како минува времето, дека не ми е битен . 9 месеци и не е многу време но сепак можеш да почувствуваш дали некој те сака.
За избор на брачен партнер не брзај.Се уште си млада за да ги согледаш сите аспекти што ги носи брачната заедница.Ако факултетот е твој избор,посвети се на својата едукација.Заврши ги студиите,па потоа поинаку ќе размислуваш.Без високо образование тешко би можела да имаш добра животна сатисфакција.Брачниот живот носи повеќе обврски,одговорност,одлуки,па и проблеми кои не се секогаш така лесни за решавање.Кога ќе бидеш финансиски независна и подготвена за брак само ќе го процениш моментот.
Те разбирам како ти е. Но ни тие 9 месеци не гарантираат ништо... Не си го уништувај животот, млади сте, живејте како секој ден да е последен. Уживајте во животот. А кога ќе дојде време за деца, сама ќе почувствуваш и совети од нас нема да ти се потребни
Всушност ти девојче и немаш проблем Еве ти кажал дека ќе те чека.Заврши си прво факултетот,концентрирај се на него,па после кроете сериозни планови. А и којзнае,додека да завршиш можеби ќе се предомислиш во врска со него,од аспект дека тој не е вистинскиот за тебе
Во врска е со мене но лајкнува нови слики од бившата како треба да реагирам на ова? Го прашав што се случува и он вика ми се свиѓаа сликете...
Изгледа не ја преболел сеуште .Како може да реагираш,ако му дозволиш он зад грб може се да направи,јасно и гласно кажи му дека ти пречи !
Колку време сте во врска? Ако е почеток немој да се покоруаш и да си ќутиш на секој негов потег што тебе ти пречи зошто ако сакаш сериозна врска ова понашање ке има сериозни последици.Јас се имам лутено на дечкоци што лајкуваа кај рандом девојки па камоли кај бивши...ако е со тебе едноставно со тебе е нема ни потреба да гледа слики од други.
Почеток на врска сме,денес трет ден.Му кажав дека ми пречи и искрен да биде со мене дали е со мене да ја заборави или да ја направи љубоморна.Ми одговори ни едното ни другото дека мене ме свиѓа и дека она (бившата) веќе има друг некој во својот живот. И на моја најдобра другарка и има кажано дека има и заплакано за неа.Значи премногу му значела... Дури и кога размислувам за тоа ми се пара срцето.Одамна сум го знаела и засакала.Конечно кога сме заедно ваква глупост се случи..
Не напнувај со такви прашања од трет ден. Почекај времето само ќе покаже дали има место за сомнеж. па прашај не пак ако има
Раскинавме. Не ми пишуваше 2 цели дена.Не сакал тој да пише прв затоа што секогаш тој бил првиот.Како да не Бившата демек другарка му била. Го праша една другарка моја што се дружи со него и он и одговорил не знаел дали сака да биде со мене не можел да чувствува ништо повеќе од тоа што ме свиѓа. :roll: Охх до кога со вакви. Најкратка врска хаха.Не требаше пријателството да го расипуваме.Ама тоа е.
Поарно да спречиш ,отколку да лечиш.Сепак не е убаво да си вртите грб ,ама баш добри пријатели сега тепко дека ќе можете да бидете.Дистанцирај се извесно време,и ќе го заборавиш.