Се караме буквално за ситници, за глупости, за работи за кои тој пробува да ме корегира а јас сум грешела. И така е секогаш, ама па не може секогаш една личност да е во право, што сум толку крива секогаш нешто да ме корегира тој. Последна "караница" беше за слика. Сум отворила слика на негов другар од клас и ме обвинува дека ми се свиѓа тој, да сум одела на кафе, ми вика да сум користела додека тој е на одмор. А да му објаснеш нешто нема поента, не сфаќа, си стои на своето, мислам и јас сум инает ама ова бре луѓе... си стои на своето, ми поставува прашања, му одговарам и оди против тоа, јас лажам, јас се инаетам, јас грешам.. Стварно ми е преку глава од карање секој втор ден, а што е најлошо ќе излеземе, ќе зборуваме, ќе се смириме нели демек и после два дена нова караница, и пак спомнување на старата. Признавам некогаш и јас сум згрешила, ама па секогаш, за се да замерува.. навистина мислам дека не е океј. А покажува дека ме сака, и јас го сакам, многу но ми се чини вака како да не оди, цело време со караници, трескај глава дома и се знае понатаму иста приказна. А колку пати имаме кажано нема повеќе караници и за џабе.. Не знам дали да раскинам или дали вреди да се бори човек и да се труди "да го смени" иако не ни знам како би го променила.
Дечко ти е љубоморен. Кога зборувам љубоморен кажувам општо љубоморен, може и ти ќе згрешиш некаде ама грешката е во него. Неможе тој да биде секогаш правиот а ти виновната. И неможе да се прави паметен и да те корегира, а да дојде јас да го изкорегирам него, мислам? Уште ко ти го прочитав постот веднаш сватив за каков дечко се работи. А ти да го смениш него неможеш тој веќе си има таков карактер. Ако го сакаш прифати го таков каков што е, ако неможеш да поднесеш раскини. Ако останеш со него гледај да не му даваш повод за љубомора и внимавај што правиш а ако си продолжи со истото па раксини му. Никој не е должен да трпи нечии испади. Сум видела ист пример и најверојатно се работи за некој 17 годишник, претпоставувам.
Не дека ми е сеедно што останав без него цел месец.Но изгледа за се треба да имаш трпени,да бидеш оптимист и да не се одкажуваш.Јас не се одкажав од љубовта спрема него,а и тој не се одкажа од мене.Всушност сега ќе го имам засекогаш.Што ме радува,но и ме плаши по малку.Зошто велат дека кога станува поозбилно тогаш пристигнуваат поголеми проблеми.Сеедно,јас верувам дека се што ќе се случи натаму заедно ќе го поминеме.
Женски, ми треба помош. Поточно не мене, туку на многу блиска личност. Ако се регистрира овде може и ќе се препознае, но како и да е, критична е ситуацијава. Другарка ми е во врска во врска веќе две и пол години, вели дека го сака многу својот дечко и дека не би можела животот да си го замисли без него, но не може да го заборави ни бившиот. Добро, не може да се рече дека и е бивши затоа што со него се гледаше без обврски, но верувајте, сведок сум самата колку само се сакаа. Таа во еден период му беше лута за буквално ситница и тогаш ја почна врската со сегашниот дечко, за која, од страна гледано, сите зборуваат наоколу дека е како бајка. Ама јас и таа знаеме дека воопшто не е така. Го сака уште премногу, да го наречеме бившиот, стапуваат во контакт одвреме навреме, случајно ми откри дека пред месец време се има видено со него на кратко за 10 минути, вели го прегрнав само и му реков да оди, бидејќи требало тој да се види со неговата сегашна девојка со која бил во врска повеќе од година, незнам точно. Сега, виде слика на фејсбук на неговиот профил, онака во стравствена поза со девојка му додека биле на одмор (инаку не и е пријател бившиот на фејсбук) и мислам дека ќе се разболи. Излегува, но воопшто не се смее бре луѓе, дечко и прави напори да ја насмее, не знае што и е, само јас знам и неможам ваква да ја гледам. Еве денес ми покажа дека лицето и е осипано си гнојаници, инаку таа има бебешко нежно лиценце. Многу сум тажна, незнам како да и помогнам, премногу се соживувам во нејзината болка. Пред еден час зборувавме на телефон и ми вели МАЧЕ, НЕМОЖАМ, МИСЛАМ ДЕКА ЌЕ СЕ СРУШАМ НЕКАДЕ. Бившиот за кој зборував погоре и има речено дека многу ја сака и ако реши да прекине со сегашната врска тој е тука за неа, дека е подготвен на се да е со неа. Јас имам прочитано порака која и ја пишал после видувањето пред еден месец, дека не отишол кај девојка му после средбата со неа, неможел да ја допре со рацете со кои ја прегрнал неа. Мислам дека се сакаат луѓе, ама како да и помогнам, вели дека го сака сегашниот дечко, дека ако нему му раскине нема да може да биде среќна со никој. И, ајде разбери ја. Ќе се разболи, страв ми е.
Δ Ќе и помине не и се толку плаши. На тие години кога не јадете како што треба, нормално и да ви се стресат нозете кога ви паѓа шеќерот, и најнормално е да ви осипа лицето кога телото ви врие од хормони. А ти можеш само да ја подучиш да престане да се опседнува со бившиот, кој и пред тоа бил за врска без обврски, и ау да, (читај сега со иронија) обавезно не можел да си ја прегрне неговата девојка од цела година време откако другарка ти ја прегрнал Ако тој има намери некои со неа, тоа е да ја легне, без обврски така,како и порано.
Еднаш мислиш дека се сакаат, а мислиш и ти дека може само сака да ја легне. Подобро остави ја сама нека си гледа за себе, нејзини одлуки. Инаку, неможам се пишува не можам, незнам како не знам.
Нели така рече? Прво се сакаат, после и ти мислиш дека само сака да ја искористи. Факт не е ароганција. За граматичката грешка што те поправив, и тоа не е ароганција, па зарем не сакаш да те поправи некој сега кога грешиш? Утре апликации за работа ќе спремаш, ќе ти треба.
Девојки да ве прашам нешто ...Спиев кај дечко ми еден ден од викенд пошто имаше желба да спијам кај него ...и спиевме до покасно ...Кај 12 ипол часот мајка му на дечко ми му ѕвонеше и се подразбудивме,а таа беше во друга соба или во дневна не сум сигурна..и на моб мислам го праша дали спиеме уште не сум сигурна..но му ѕвонеше пак потоа па не му крена...и по трет пат ѕвонење накај 1 часот се јави пак дечко ми...и му кажа дечко ми дека лежиме и таа на тоа кажа до кога сме планирале да лежиме и тој се потргна на страна и и рече неш као сто ти е ..ова она...и јас се нанервирав и го прашав прво сто ти рече и ми вика као за ручек дали ке сме оделе ...Не реков не ти рече тоа и после ми каза дека му рекла до кога сме планирале да лезиме ...дали цел ден ке сме лезеле во тој стил ...Јас се нанервирав и набрзина се облековме и излеговме да одиме на кафе ..а тој отиде кај неа пред да излеземе и таа му рекла демек за ручек сакала да праша далике сме оделе посо им било годиснина од брак на неговите па заедно на ручек да сме биле ...господ да чува ...и јас бев нервозна многу и му кажав некои работи на дечко ми бев искрена...и не планирам да спијам таму уште еднаш!бидејќи лошо се чувствував многу...што мора нејзе да и смета колку ке лежиме и сл...и 3 пати да го бара а мене моите еднаш не ме побрааа додека бев кај него имаат култура. Секогаш го замара на мобилен кај и да е да збори со неа...само ѕвони ...мене ми смета тоа многу некогаш .Јас разбирам мајка му е и тој им е единец па мозеби и затоа така реагира бидејки едно дете има нема сто....па сака и да се слушаат и гледааат и се но претерува многу со замарање некогаш и сл ,или ке одам кај нив и сега на пример ке застане некогаш тука и се убаво вика демек имам јас еден син и едно девојче и си викам добра е ....Но кога дечко ми ке и рече мамо ај оди некогаш и таа као аа ке ме бараш ти демек на заебанција...не велам дека има лоши намери жената мозеби има можеби не само кажувам што се случуваше и што ми смета..Барам и ваше мислење...Поздрав
Девојки да ве прашам нешто ...Спиев кај дечко ми еден ден од викенд пошто имаше желба да спијам кај него ...и спиевме до покасно ...Кај 12 ипол часот мајка му на дечко ми му ѕвонеше и се подразбудивме,а таа беше во друга соба или во дневна не сум сигурна..и на моб мислам го праша дали спиеме уште не сум сигурна..но му ѕвонеше пак потоа па не му крена...и по трет пат ѕвонење накај 1 часот се јави пак дечко ми...и му кажа дечко ми дека лежиме и таа на тоа кажа до кога сме планирале да лежиме и тој се потргна на страна и и рече неш као сто ти е ..ова она...и јас се нанервирав и го прашав прво сто ти рече и ми вика као за ручек дали ке сме оделе ...Не реков не ти рече тоа и после ми каза дека му рекла до кога сме планирале да лезиме ...дали цел ден ке сме лезеле во тој стил ...Јас се нанервирав и набрзина се облековме и излеговме да одиме на кафе ..а тој отиде кај неа пред да излеземе и таа му рекла демек за ручек сакала да праша далике сме оделе посо им било годиснина од брак на неговите па заедно на ручек да сме биле ...господ да чува ...и јас бев нервозна многу и му кажав некои работи на дечко ми бев искрена...и не планирам да спијам таму уште еднаш!бидејќи лошо се чувствував многу...што мора нејзе да и смета колку ке лежиме и сл...и 3 пати да го бара а мене моите еднаш не ме побрааа додека бев кај него имаат култура. Секогаш го замара на мобилен кај и да е да збори со неа...само ѕвони ...мене ми смета тоа многу некогаш .Јас разбирам мајка му е и тој им е единец па мозеби и затоа така реагира бидејки едно дете има нема сто....па сака и да се слушаат и гледааат и се но претерува многу со замарање некогаш и сл ,или ке одам кај нив и сега на пример ке застане некогаш тука и се убаво вика демек имам јас еден син и едно девојче и си викам добра е ....Но кога дечко ми ке и рече мамо ај оди некогаш и таа као аа ке ме бараш ти демек на заебанција...не велам дека има лоши намери жената мозеби има можеби не само кажувам што се случуваше и што ми смета..Барам и ваше мислење...Поздрав
Е многу си себична. Мајката мислела можеби дека правите нешто,можеби имате односи па затоа така постапила. И ти многу претеруваш, таа му е мајка се грижи и има право колку сака да го бара. Тоа твоите ако не те бараат си е нивен начин на култура. И јас сум единка па мајками и кога сум била кај дечко ми ме барала и 100 пати ако треба. Мислам дека не ги разбираш некои работи.
Мене ако ме прашаш мајка му е може малце љубоморна, но не верувам дека има лоша намера, таа можеби не може против тоа, одвнатре ѝ доаѓа. Со Бубаче не се согласувам, па што и ако мислела дека имале односи? Па и нема што да мисли секако дека имале штом преспала, а ако мислела дека имале во моментот е уште поглупаво 100 пати да ѕвони. Девојката не е себична, едноставно нормално е да ѝ смета затоа што утре и во брак да се може така ќе прави. Ваквото однесување во секој случај не е на арно. Нема што она на возрасен маж да му ѕрнка сто пати на телефон, уште па додека е со девојка му. Тоа е крајно без осет, не покажува грижа туку некултура. И да било за на ручек нека праша еднаш а не сто пати. Себично е ако ѝ смета еднаш да му се јави мајка му, тоа е нормално сосема или пак ако заборави нешто многу важно да се прејави. Ама јавување три пати додека знае дека лежиме во кревет и тоа за безвезе нешто, ите како би се осетила глупаво и како да пробува да ни го наруши мирот. Не можам да разберам такви себични мајки, нека се сетат само дека еден ден (колку оддамна и да било) и тие биле во врска со сопругот и сигурно би им пречело мајка му стално да му ѕрнка. Кој сака мамини синчиња? Јас женско сум па ако претераат им ставам до знаење. А пак од друга страна, не викам дека е во ред да си лежат во кревет со саати (до пладне што би се рекло) додека има некој дома, мислам ептен ми е мене без осет и не би го направила, јас немам ни преспано кај него кога биле неговите дома за неколкугодишна и сериозна врска во која се делиме и си седам кај него и ме сакаат неговите, ама се знае се додека не преминеме на следно ниво, секој си спие во својот кревет и би ми било срам од неговите да преспијам. Ама тоа е веќе друга тема. Ако ѝ пречи да преспиваш нека му каже директно на дечко ти, а не да прави такви детски испади, се ежам од такви работи поготово од возрасен човек. И нека биде секогаш искрен со тебе, што и да рекла мајка му на телефон, јас би сакала да ми каже. Јас би му кажала колку и да звучело лошо затоа што се знае дека тој ми е поблизок од било кој друг на планетава. Мој совет, не преспивај веќе, ако е сериозна работава утре ќе влезеш како снаа во тоа семејство, не сакаш сигурно предвреме да ѝ дадеш повод на свекрвава да те збори, ако веќе има таков јазик и мал повод ѝ е доволен.
А наместо да се замараш со неговите несовремени родители, да учиш малку нешто ори твоите ептен се современи, од современост можеш да спиеш каде сакаш и со кого сакаш.
^ Леле Далерон, зашто пак ја нападна сега вака место да ја советуваш? Мислам дека немаше потреба за тоа. Ниту знаеш колку долго се во врска, ниту пак каква им е врската. Јас не верувам дека има родители што би ја пуштиле ќерката да спие кај кого било, како што штотуку рече.
Лавли има да, родители што ја пуштаат ќерката да спие било каде и да не водат грижа за неа што и каде спие и со кој. Има такви. Но може не си видела такви случаеви, па затоа не веруваш. Јас имам другарки каде родителите не им водеа контроли, кај одат, пијат и спијат така да не ми е чудно тоа. Се согласувам со Далерон, современа мода.
Весна, имаш 17 или 18 години, а твоите родители немаат проблем со тоа да спиеш кај некој дома, и уште не смеат да ти се јават?! И јас би постапила како мајката ма дечко ти, не можеш ти да и забраниш да се јави на сопствениот син и да го разбуди во сопствената куќа. Плус, ве поканила на ручек, не на котек. Јас сериозно би се запрашала за ставот на твоите родители околу спиењето по туѓи куќи, ама ај може сум стара, па не сфаќам. Денеска младиве изгледа немаат проблем со спиење кај дечко и неразбудување до 12 саат.
Ова го напишав не од лично искуств туку од искуство на родители кои пошто зашто сакаат да се ослобдат од еден трошок повеќе. Директна сум премногу, ако некому не му одговара нека не чита.