Ти благодарам многу. Мислев дека не е правилно да преќутувам, но сепак за разни ситници понекој пат треба очигледно. За секое едно нешто што ми смета, морам да кажам и да го напнувам да се реше тоа. Не постапувам правилно.
Кога и двајцата сте возрасни, тешко дека во карактерите нешто може да се измени... Едноставно ќе бидете многу посреќни доколку преќутиш нешто (пак ќе кажам, нешто несериозно),ти брзо ќе ја заборавиш таа ситница, но за време на караница можеби и ненамерно можат да ти бидат упатени потешки зборови кои потешко се забораваат Не се замарај премногу со глупости, ти кажувам од искуство
За тоа со зборовите ептен си во право И јас секој пат ги сфаќам како да навистина ги мисли и што е најтрагично не ги заборавам. Добрите зборови можам да ги заборавам, но оние кажани за време накавга никако. И од време на време ќе ми поминат низ главата и прават да се чувтствувам толку неубаво...
@LadyR очигледно не сте доволно созреани за да научите да живеете на оддалеченост. Треба да седнете и да ги отворите картите на маса, да пресечете некои банални однесувања, да придонесете за квалитетот на вашата врска кажано со еден збор. Сепак велам дека карактер и каратет, но компромис и добар разговор се мора во секоја врска. Ти грешиш таму каде што почнуваш а тој греши таму каде што продолжува и завршува, согледајте си ја грешката и потрудете се во следната кавга со време да престанете со разговор за да ги смирите страстите и да се лишите од невкусни коментари. За една врска е потребен компромис, за да продолжете сакале не сакале морате да зе разберете.
@LadyR Истото и на нас ни се случува кога сме разделени со дечко ми,се караме буквално за глупости а знаеме дека не можеме еден без друг И некогаш стигнуваме до многу лоша ситуација и многу ни е жал после тоа ама попуштаме и двајцата и на крај како да ништо не се случило. Не дозволувајте вакви работи да ве вадат од такт попуштај те си
@LadyR Да ти кажам и јас сум иста кога ќе ми каже нешто лошо во нервоза додека се караме многу мие тешко го мислам со денови и не заборава. Откако ке се смиреме му кажувам дека ми смета па еве сега пробуваме бидејќи ми вети и се кае покасно да го смени па ќе видиме засега е добар. Сакам да ти кажам разговарај со него кажиму што ти смета, кажиму дека те повредува и заедно потрудете се да смените некои работи.
Карактерот не се менува девојки, карактер е карактер, тешко се стекнува уште потешко менува. Пробајте да не си ставате "се" при срце, за да за вас биде полесно, ако веќе сметате дека "тешките зборови" не се доволна причина за разделба. Човек во лутина може се да изнакаже што не мисли, важно е да се биде самиот свесен за направените грешки и да се проба да се промени барем малку во соодност со врската во која што е. Љубовта доживува и тешки моменти, никогаш не може ништо да биде постелено со рози, кавгата е дел од љубовта, зборовите се дел од љубовта иако кажани без никаков смисол, она што вреди е самиот однос, самиот разговор и самата искреност.
HELP! Сакам да му раскинам на сегашниот дечко но незнам како да постапам. Пробав еднаш кога моите дознаа за врската, му реков готово крај е, секако моите најдобро ми мислат, неможам да и го погазам зборот, не ми дозволуваат а и имаат право за тоа. Кога му реков дека е готово, тој почна да плаче да ме моли јас му објаснив зошто. Вечерта тој си беше заминал од дома и ми се јави на полноќ дека неговиот живот зависи од мене и од моите дали ќе ми дозволат да сум со него. Му ја објаснив ситуацијата и ништо ајде си дошол дома, а предходно ми се закануваше дека се ќе им каже на моите и за односи и разговори и се. Тој не беше ваков, сега неможам да го препознаам. Имам и нешто пишувано и во другите теми. Со него сум бидејќи многу сум исплашена, не излегувам повеќе од дома. Неможам да кажам на моите малку се построги, страв ми е незнам како ќе изреагираат, па затоа тука побарав помош. Инаку имам 19 години а тој 20.
Моја познаничка беше во таква врска па дури и физички беше малтретирана, сите можни начини ги испроба и не успеваа па на крај го изневери. Јас те советувам да зборуваш со твоите тие нема да те осудуваат само ке те заштитат а исто така односите со дечкото можеш да ги оладиш така што ќе го игнорираш или убаво да зборувате и да му кажеш дека сакаш друг зошто како што гледам тој нема да се откаже од заканите..
Па не си мала, кажи на мајкати ако си поблиска со неа. Кажи дека не сакаш веќе со него, но ти се заканува со се и сешто. Ако ти веруваат твоите ќе ти веруваат и дека не си имала односи, мислам не е логично да лажеш ама довери и се на мајкати.
Точно, не сум мала. Овие денови не излегувам, не му се ни јавувам на моболен, тој постојано ми пишува пораки. Првите се како "срце, маче мое те сакам најмногу, почнав да планирам иднина со тебе многу ми значиш", а потоа кога види дека не му одговарам, "само ти вака продолжи, ќе видиш ти убаво кога јас ќе им кажам на твоите" и останати глупости. Неможам повеќе да ја поднесам оваа тортура, неможам да се сконцентрирам на учењето. Кога ќе испаднам со другарќи тој ме следи, не е нормален. А со мајка ми и баш не сум толку многу блиска, но ако самата неуспеам да го одалечам од мене веке и почнав да го игнорирам, ќе се обидам да и кажам на моите, сигурно тие ќе превземат нешто во врска со тоа. Јас несакам никаква иднина со таков психопат. Си мислам каде гледав кога излегував со него,ама ете сум била помала сум била заљубена. Повеќе ништо не чувствувам спрема него.
Само продолжи така и што има да и каже на твоите секако дека ке ти веруваат тебе не на некој психопат
Никој не се родил учен и свесен за последиците од нашите непромислени постапки, секој човек греши и учи од своите грешки, искуствата не прават секогаш посозреани и посвесни за одредени животни фунционалности. Не се обвинувај себе си, едноставно прифати дека со секоја твоја лекција ти учиш се повеќе низ животот. Кажи му на дечкото дека ако продолжи да те малтретира ќе го пријавиш во полиција заедно со родителите, заплаши го. Тој моментално изграва некој несозреан фраер, и се билда со егото негово, нема ништо да направи верувај, сака само да те заплаши такви му се годините и паметот, ако реагираш кревко и сентиментално тој и ќе продолжи да плаши невини луѓе и да се изживљава врз тебе. Стисни заби и заплаши го, ако теба кажи им на родителите дека постои човек што те малтретира, верувај дека ќе те разберат и ќе ти помогнат. Не ја оставај вака ситуацијата, реагирај, не можеш да знаеш никогаш што животот ќе ти донесе и со какви предизвици ќе се соочувај, ако секогаш плачеш, се криеш и се плашиш никогаш нема да знаеш да се справиш со ништо. Ова нека ти биде само уште една лекција и памет за подобро утре.
Многу ти благодарам за убавиот совет, многу ми беше потребен. А тој веке нека прави што сака. Си мислев дека никогаш нема да можам да продолжам без него. Но сега видов колку патишта ми се отворија и колку можам да бидам успешна на многу други полиња. Сепак навистина ти благодарам.
Прво кажи им на твоите се. Нека бидат спремни за тоа што предстои. Потоа раскини му и очекувај да им каже на твоите. Исто така кажи им дека те малтретира, не сака да се тргне од тебе и тн. Твоите, сигурен сум дека ќе те сфатат и ќе застанат на твоја страна и ќе ти помогнат. Ако си уплашена и страв ти е да им кажеш, фати ги некоја вечер во супер расположение и кажи им го ова. Обиди се прво да разговараш со твоите. Испразни си ја душата, тргни го тоа што ти виси на врат. И после нека си прави тој што сака. Неговиот живот само од него зависи. Тие причи многу пати сум ги слушал, демек животот од тебе ми зависи, без тебе ќе се самоубијам и тн. Тоа се само фори.
Со дечко ми сме заедно 10 месеци,во последниве 2 недели он се однесува ладно,незаинтересирано,ќе се јави еднаш во денот и после го нема по 5 саати,за разлика од пред тие две недели се беше различно се гледавме и почесто,се слушавме,пишувавме.За време на овие две недели се случи да дознаам дека бившата негова ни лајкнала наша слика,го прашав што е работа рече ме адна,ја прифатив,ја лајкна сликата и ја избришав после.Исто вика и дека учи периодов има испити,а и оди на работа.Меѓутоа колку и да се имаат обврски ако се сака се наоѓа време според мене.Е сега во случајов трпев доста време јас вака да ми се однесува и му имав пишано на фб гледам не враќа два саати на тоа,и ми пукна филмот му звонам му викам кај си те нема не пишуваш и ми се развика како сум можела така да кревам паники,кога можел он ќе ми врател,не морало у секундата,и јас му викам значи не е само од ова уназад две недели се однесуваш незаинтересирано,он на ова ми се развика остај ме да учам,што сакаш прај нешто у тој стил и ми спушти.Откако се случи тоа следните два дена пишува по два збора у ден толку.Не знам што да правам и како да постапам сепак имам право да се искажам што ми смета и да ме сослуша,ама многу некако ме казнува,не заслужувам за волку.Башка и тешка енигма ми е,понекогаш неможам да му ги разберам постапките,тежок ми е за сфаќање,Не знам како да постапам со него,како е најпаметно,ве молам совет
Почекај да му поминат испитите прво. Можеби стварно е под стрес. Дај му простор, на машките им треба тоа. Ако и после испитите се однесува така, тогаш има некој проблем и пробај да зборуваш со него. Ако и тоа не е решение, биди и ти ладна со него. АКо го интересираш, ќе се замисли и ќе посака да се репат работите. А ако не, тогаш самата размисли дали сте еден за друг.
Пукнала тиквата. Испитите се изговор. Човек колку и да е зафатен ќе најде време за тој што го сака и ќе му биде мило да ти го слуша гласот наместо да ти вика. Не мислам дека е никаков стрес или притисок, мислам дека љубовта почнала да се губи.
И 500 испити да има, не треба така да се однесува во една врска. Матна е водата. А и згора на тоа ја прифатил бившата, а сигурно и си пишале некои љубовни романи. Му имаш здосадено или па му шета г'зот.
@megle, а што очекуваш ти точно од дечко ти? Да дреме на фб за да ти реплицира во истата секунда кога ти ќе му пишеш? Да батали книгите и работата за да гуга со тебе на телефон со саати? Значи, самиот ти кажал дека учи и за секој студент тоа е приоритет а ти ако навистина го сакаш, нема периодов да му правиш драми за глупости. Пишуваш дека ако се сака, за се се има време ама јас не го гледам проблемот кај дечко ти- ти се јавува, ти враќа на постовите. Јас додека студирав имаше луѓе што комплетно изчезнуваа од лицето на земјата додека спремаа истити така да ова однесување од страна на момакот мене ми е тотално во ред. пс Ти студираш нешто? Работиш? Зошто ако одговорот е „не“, јасно ми е зошто така наивно гледаш на ситуацијата и го кривиш него за незаинтересираност.