1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам како треба да постапам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Vaga07, 26 мај 2011.

  1. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.389
    Пол:
    Женски
    Проблем број 1. е што мислиш дека проблемот е во тоа што не е опуштена и треба да ја опуштиш.
    Не е во тоа проблемот, проблемот е што е мажена, сексот е само мало делче од целиов проблем.
    Не треба и не можеш да ја опушташ затоа што прво, не смееш да притискаш никого за секс.
    Ако не сака - не сака.
    Ако тебе не ти одговара таква врска, најубаво да си најдеш некоја што ќе сака.
    Второ, грижата на совест што ја осеќа е нормално чувство кога правиме нешто што сметаме дека е погрешно.
    Таа не само што е сопруга туку е и мајка на две деца, воопшто не ми е изненадувачки што има грижа на совест.
    Грижата на совест некогаш е убава кочница која не спречува да правиме грешки во животот.
    И наместо да пробувате да ја тргните таа кочница за да уживате во сексот, баш треба да се потсетите зошто се појавува и да не ја продлабочувате врската понатаму.
    Прво треба да се разведе, после да почнува врски со други, и за неа и за бракот е подобро така, и за децата да не се повредени, а и за тебе зошто нема потреба и ти да си во врска која уствари не е врска.
    Ама тоа е под услов да сака да се разведе.
    Не дека нема жени и мажи што се развеле од сопружниците па продолжиле со тој што им бил швалер.
    Ама поретко.
    Знаеш зошто?
    Таа е со сопругот во брак пред роднини и пријатели, со него има деца можеби нејќе да ги дели од татко им, со него валда делат финансии, куќа за живеење, едноставно сигурност добива зошто веќе се наредени работите во нивното семејство.
    И ова сега што го имате вие е моментална возбуда која можеби и фалела со години.
    Можеби ништо од ова што го набројав не е точно, јас само погодувам, ама дали ти сакаш да си во врска со личност со која не сте јавно во врска, само по коли или хотели, со криење, со срамење, евентуално децата ако дознаат да те гледаат како виновник бр. 1 што им се расипал бракот на мама и тато (не е битно дали е така или не, децата така ќе се осеќаат), сакаш таква врска?
     
    На hermosa и Milobebence им се допаѓа ова.
  2. Wh@tev3r

    Wh@tev3r Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2020
    Пораки:
    451
    Допаѓања:
    1.652
    Пол:
    Машки
    Предложи и 3ка со мажот? :fubar:
     
    На Traveler91, Angie1432 и honey.11 им се допаѓа ова.
  3. Smmalliiee

    Smmalliiee Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    8
    Здраво, би сакала да Ве замолам за мислење.
    Јас и дечкото пред три години бевме заедно но заради одредени расправии помеѓу моја "другарка" и негов другар, како и поради тоа што ме изневери прекинавме.
    Сега има друга девојка, но мене постојано ми пишува и ми кажува дека не ја сака и дека ќе и раскине а потоа кажува дека ја сака и дека нема намера да раскине.
    Постојано ми пишува како му е криво што постапил така претходно, дека се кае и дека сака повторно да е со мене но се трудам да не попуштам бидејќи длабоко во мене знам дека ме лаже, но некако чувствувам некоја слабост спрема него. Ме нервира и повредува кога ќе го видам со неа, а претходно мене ми пишува дека тоа е само глума и дека за брзо ќе и раскине.
    Јас не сакам да раскинат, туку само не сакам да се чувствувам слаба на него и да потпаднам на неговите лаги.
    Ве молам за совет.
    Фала ви. ❤
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.611
    Пол:
    Женски
    Не дозволувај да ти пишува. Блок.
     
    На WildMk, hermosa и Smmalliiee им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.389
    Пол:
    Женски
    Тебе те изневерил, сега новата девојка ја изневерува, што совет би дала ти на друг во твојава ситуација?
     
    Последна измена: 3 јули 2022
  6. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.793
    Допаѓања:
    40.691
    Пол:
    Женски
    Да го блокираш?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    Блок.
     
    На WildMk и Smmalliiee им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    [​IMG]
    Женска ти е забегана очигледно, туку што е проблемот со тебе што си со неа, тоа треба да се запрашаш.

    Што поскоро прекинеш секаква комуникација со ваков токсичен тип, толку побрзо подобро ќе ти биде.
     
    На Smmalliiee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. exxtra_man

    exxtra_man Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки


    Воопшто не се работи за притискање или да пробувам да ја опуштам, со месеци јас воопште не сум ја допрел затоа што уживавме во самото друштво, во погледите во цела наша енергија и нормално беше да следува и бакнеж, но ништо повеќе од тоа.
    Јас воопшто не сум бил опседнат со сексот и дека мора да се случи некое наредно гледање, но секако нормално е да се појави таа телесна потреба после 5-6 месеци, и плус ако се сакаме, нема поубаво од тоа.
    Грижата на совест е нормално чувство, но ако знаела дека е погрешно тогаш зошто уопште е со мене, зошто се бакнува, зошто вика дека и течам низ вени и дека е многу поврзана со мене баш ко да ме знае со години.
    Најмногу ме фрустрира што она сака да и кажувам дали замислувам како имаме секс, како изгледало тоа да и опишам во детаљи, па после како ја стрвам додека се бакнуваме но едвај чекала да си иде дома и ќе имала секс со мажот, а јас и кажувам - тука сум, опушти се не мисли ништо и препушти се на чувствата, а она на тоа - не смееш да помислиш ништо безобразно, имам маж, а ти иди најди си за таква работа некоја!

    Што да кажам на ова ? Тотално нејасно и фрустрирачки...ете ако можеш да го дешифрираш ова како женско, баш ме занима...


    Она тешко дека ќе се разведе, има спомнато само еднаш кога биле јако скарани и дури и ја удрил дека ќе поднесе барање за развод, но после тоа ништо...тоа дека е во брак пред роднини и пријатели држи вода, најмногу заради децата (тие се мали, имаат 5 и 2 години) и ми има кажувано дека немала среќа, таков и бил патот и ќе трпела зошто сепак и е маж ( од друга страна некогаш кажува како не се знае што носи иднината - уште позбунувачки, како две личности да има во неа - тотално ме збунува)

    Оваа врска/неврска едноставно се случи, не сум ја планирал ниту сум сакал вака да биде но ете бидна, иначе се гледаме само во кола, нема хотели нема соби затоа што еднаш спомнав соба за да можеме да се опуштиме да не седиме цело време во кола, и она збесна лом ме направи...навистина тотално сум збунет...
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.812
    Допаѓања:
    80.611
    Пол:
    Женски
    @exxtra_man Не си го комплицирај животот со оваа, толку. Штом воопшто бараш дешифрирање на некакво однесување, батали. Се изгубила, од некоја причина зацапала по ваков пат со тебе ама совеста не и' дозволува да го растури семејството и е ни ваму ни таму. Нема што да очекуваш, остави ја и ќе си најдеш некоја со која ќе имаш нормална врска.
     
  11. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Да не се лажеме, не се случува ништо така само од себе. Двајца возрасни сте кои свесно знаат што прават и се свесни за околностите кои постојат. Да имавте секс ај да разбереме дека сте се заљубиле, затрескале па сега не знаете што правите, иако и тоа е дискутабилно. Но и двајцата сте свесни дека нигде не води ова.

    Ќе ти го кажам истото што им го пишуваме на девојчиња овде кога машки си поигруваат со нив: имај почит спрема себеси, сам ако не се цениш никој друг нема.
    Ништо добро нема да излезе од ова што го правите. Единствено што можеш е да раскинеш со неа, па ако еден ден расчисти со "несреќниот брак", може би имале шанса но тоа не зависи од тебе. Одолговлекување само ќе ти ја продолжи агонијата и ќе ти ги зголеми фрустрациите.
    Дури и не знаеш дали е вистина сѐ од тоа што ти го кажала, односно јас мислам дека она некој фетиш исполнува со тебе.
     
  12. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Она нема да го остаи маж и пошто очигледно е со став и да ме утепа он ми е маж и јас морам да го трпам. (Ако и тоа не е измеслена приказна, не од тебе од неа) ти си и тука само за тоа што го нема во брак што очигледно е искажување на љубов и таа некоја интима да кажеме. Извини вака ама не си ништо повеќе. Наместо да пробуваш да ја "опуштиш" најди си друга што е слободна и почни некоја нормална врска пошто јас можам и да се кладам дека не те сака, го сака тоа што и го пружаш а го нема во брак
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Iamstorm

    Iamstorm Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2021
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    Искрено мене оваа не ми стои чиста во главата. Бара постојано валидација за себе и да го слуша она што би ѝ го наполнило егото. Не била курва и не сака секс, ама затоа без проблем и грижа на совест доаѓа со тебе и го изневерува мажот. Дали и е вистина она што го кажува е прашање... не знам колку години има женава ама со такви прости ставови маж ми е морам да го трпам и провокации сега ќе одам да имам секс со маж ми доволно кажува дека сака да те нервира и прави љубоморен за да види дека некој се нервира за неа. Дали си свесен дека дозволуваш оваа да те повредува и со тоа најмногу сам се повредуваш. Подобро остави ја и не си прави проблеми. Според тоа што го кажуваш како се однесува мене оваа не ми е арна
     
  14. Anie93

    Anie93 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2016
    Пораки:
    3.120
    Допаѓања:
    15.058
    Пол:
    Женски
    Типката не знае што сака, досадно и е и фали нешто можеби во бракот, си прави занимација и годи.... Јас така би ја шифрирача, ако после 5 6месеци интензивно дружење не се решила што сака, нема ни понатака да се реши
     
  15. Nezen cvet

    Nezen cvet Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2022
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Дечки помош и совет :) Со дечко ми сме во долга врска од 8 години, јас имам 32 он 35. Јас сакам да се земеме и да си имаме дечиња ама он некако цело време одолговлекува. навикнат е да му обрнувам внимание, да бидам внимателна и да ми биде се во животот во континуитет овие 8 години. Отворено му зборувам за брак он вика ќе се земеме и после наоѓа ситни изговори и се лути за ситници. Порано многу му љубомореше на еден колега кој беше со работни обврски нон стоп со мене и еднаш ми подари букет цвеќе за роденден. Тогаш беше многу позагрижен но, сега веќе година и нешто тој колега не работи со мене веќе и дечково мој си е залежан и смета дека сум му сигурна. Кога правиме планови за некаде нон стоп не е сигурен и се остава за последен момент така е и со нашиот овогодишен годишен одмор. А во меѓувреме сите желби и идеи на смејството негово ги исполнува и последно му всадиле идеја да се оди во странство а јас не сакам да одам. И двајцата сме високо образовани и сметам дека имаме средства за нормален живот ( две плати заеДно во висна од 1000 евра). Ве молам за совет
     
    На Irinkka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.697
    Допаѓања:
    9.394
    Пол:
    Женски
    Цени се сам себе совет остави ја ,ок грев ова е во ред па нека се разведе бре .Тоа е кочницата и кажи и прељуба е и чувство кон друг маж.Дај ми контакт од нејзе да ја пратам кај еден мој што само на секс мисли ,ќе му го дотера оваа умот.Тебе не те сака вистински иначе ќе спиеше со тебе,освести се
     
  17. Lejla123

    Lejla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Ми треба само мала помош околу разбистрување на бурата од мисли и грижи дали добро постапувам. Се водам од принципот, како е правилно а не само како ми е убаво. Како за 33 годишна имам преживеано живот кој некои не го одживеал ни во доцни 60-ти години. На кусо, од работничко семејство каде семејните вредности многу се ценеле. Родителите вложувале во образование и едукација на мене и сестра ми. Се школувавме, со највисоки титутили, истовремено до студентски денови почнавме да работиме и заработуваме. По книга воспитани, што не го сметам за предност. Дури мислам дека воспитувањето во тој калап понекогаш ме довело да донесам погрешени одлуки, но секако тоа биле мои одлуки не ги обвинувам родителите. Завршив успешно и средно и факултет и магистратура, се вработив, пристојна плата и позиција На ред беше брак и дете. Велам на ред зошто така е By the book не дека навистина лувствувам потреба за тоа. Врската ни беше младелашка, шетавме се дружевме но веќе години 28 треба дете да се има. Останав бремена и се венчавме. Не бев сигурна во одлуката, но ете дете беше на пат. Погрешен почеток кој наговестување брз крај. Се коцкаше, посегнуваше по олихвари и слично...да не ги набројувам пороците, но имав 3 ипол години трауматичен брак од "што треба да сум во брак" во кој немаше љубов. Не ми е тема бившиот сопруг, кој за среќа па замина надвор од државата за да ги отплати долговите по лихвари и тој период си дојдов малку на себе. Центарот ми беше моето синче. Фала му на Господ за тој благослов. Да треба пак да ги преживував истите трауми од брак би ги преживеала само да го имам ова синче. Бракот може и да претпоставите колку беше трауматизиран со човек со такви пороци, но смогнав сили после 3 години и негово враќање назад после Ковид кризата веднаш поднесов за развод. Сигурна бев дека син ми сакам да расте во спокојна околина отколку во нефункционално семејство. Не беше лесно да се носам со предрасудите на општеството и со физичките обврски сама, но успевам...секој ден по малку. И горда сумна себе што и финансиски сум стабилна за да овозможам пристоен живот за мене и мојот син. Рботам на раководна позиција и заради обемот на обврски, малку време имам за себе и социјални дружби. Нова њубов најдов на работа, Во колега. Сигурна сум дека е љубов, зошто ги препозна моите трауми и ги разбра. Не ме осудуваше не ме исмејуваше. Беше внимателен и нежен. Многу посветен. Но женет со 2 деца. Половина година го избегнував зошто знаев дека сум сеуште ранлива од претходниот брак и не бев сигурна дали сум спремна за нешто ново. Признавам очајно посакував некој кому ќе можам спокојно да му заспијам во раце и кој ќе ми ги разбере моите демони. Патев и од депресија и анексионозст. Пиев и антидепресиви на природна база. Не знам дали тој ја искористи мојата ранливост, но толку успеа на свој ненаметлив начин да ми влезе во животот, што помислата дека се заљубувам во женет човек и татко на две дечиња, покрај етикетата разведена и самохрана мајка, ќе добијам и етикета " лесна жена што растура бракови". Никогаш немав цел да го заведам или да го оттргнам од семејството или да му направам проблеми во бракот. Никогаш. Никогаш не му ѕвонев, не го барав после работа, не му пишував...погодете кој беше упорниот ? Ми призна дека ме сака. Дека живее во несреќен брак самоз аради децата и дека ќе ја остави. Ме сака таква каква што сум, со плус тежина со лузни по телото..да напоменам се имам оперирано од тумор на абдомен па имам и сериозен белег од кој сеуште се срамам. Ме прифати. Ми рече дека сумму убава со сите мои недостатоци, дека ме сака како личност, ми ги разбира траумите и дека може да изградиме свет само за нас. На работа станувавме се поблиски, не престанував да мислам на него. Го запонав и со син ми. Прекрасен е со него и тоа е 2 години по ред. Уште е оженет, не посегнал по бракоразводна постапка, но веќе 1 година е исселен од домот и живее под кирија ( а не во мојот стан) зошто сепак таму доаѓаат и децата. Јас со децата немам никаков контакт. Ми тврди дека сака да оди постепено дур ги привикне и да ги заштити од поголеми трауми при бракоразводна постапка. Во ранливи детски години од пубертет се, за кои сум сигурна дека треба особена внимателност. Го сакам. Многу. Како човек кој сеуште има и покажува грижа и внимание, паметен е вреден е и со домашните обврски. Јас сум често кај него и тој кај мене, ноќите ги минуваме заедно...она што ме ужаснува е дека се криеме на работа, се криеме од децата, се криеме во јавност да не не види некој...како да водиме двоен живот. Син ми го знае и го сака. Си заспиваат скоро секоја вечер читајќи си книги или раскажувајќи си. Но душата ме боли кога треба да си заминеме од кај него зошто децата ќе дојдат, или кога тој е искочен со нив па доаѓа доцна навечер. Во меѓувреме да напоменам дека сиот свој имот и го остаив на сопругата, јас дадов мислење дека ние ќе си понеме од 0 и се сами ќе си создадеме. не ни требаат наследени пари и имот, се ќе почнеме од 0 . и така функционираме 2 години. Имаме пристојни плати, живееме во два засебни стана плаќае сметки, жетаме за викенди...изложени сме на поголем трошок зошто сеуште не живееме заедно. Не живееме заедно (постојано) зошто децата ги привикнуваме на адаптација на простор и ситуаицја. Многу го сакам. И него и децата. Секојдневно ми споделува работи за нив, за неговите родители и јас уживам во тоа. Не можам да го дочекам тој наш заеднички живот кој веќе понав да го идеализирам, а се фрустрирам дека секојдневието ни се сведе на другарство отколку на њубовни партнери. Да истакнам дека сексуалниот живот е прекрасен. Бев и прилично сигурна дека емотивно е расчистен со сопругата, само треба да се среди процедурално. Она што ми тежи на душата е дека не бараме ништо не зимаме на никого ништо, се оставаме се даваме, сакам мир спокој и љубов.Но извесен период сопругата го бара за банални работи, тој и плаќа викенди и одмори за да оди она со децата, згора на се и ги носи до тие излетнички места. Ми пречи. Се чувствувам недоволно вредно зошто сеуште седи на 2 столици.Не ми споделува ништо од нивната комуникација која сигурно ја има заради децата па затоа и се сомневав во неговата целосна искреност. Се повеќе сум убедена дека му одговара ваквиот живот, една жена која што му ги расте децата и една жена девојка со која има секс секоја вечер, со која шета на викенди, која го подржува на работа и заедно сме многу успешни. Но не сум среќна. Вчера во 2 по полноќ си заминав од неговиот дом, дур тој спиеше, зошто не можам да го поднеам веќе ваквиот начин на скриен живот, или живот од втор ред. Не знам дали одлуката ми е исправна или сум под силно влијание на анксиозноста, свесна сум за сите етикети кои општеството веќе ми ги има залепено и ќе ги изголтам сите осудувачки коментари. Но знам дека сакав, силно сакав и немам никому наштетено ниту оштетено ниту повредено. Не можам да заведам и да присилам маж доколку и тој силно не го посакува тоа. И не беше за една ноќ или за некој период, туку трае 2 години. Но не можам сеуште да го голтанм моментот на скриена личност и личност од втор ред. Го оставив. Не се бунеше. Како да чекаме да го оставам за и него да му биде полесно. Да си останем сам во станот,Нема да и се врати на сопругата, но чувствувам како да му недостиг анеговиот младелашки начин на слободен живот, кога на времето живеел сам под кирија.
     
    На LieBeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Две години се огромен период за некој кој те “сака” да не преземе нешто за да бидете вистински заедно. Биди отворена, сакам тоа и тоа или крај. Текстот ти е конфузен, како да сакаш да се правдаш за ситуацијата во која се наоѓаш. Најважно, син ти заспива во негова прегратка, ама тој не те запознал со децата, зошто?
     
    На Lejla123 и minne992 им се допаѓа ова.
  19. Lejla123

    Lejla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски

    toa mi e psiholoski nedostig. Sum se fatila vo mnogu situacii vo koi postojano se pravdam, vo komunikacijata so nego, so roditelite, na rabota...kako celo vreme da se pravdam nekomu . Celosno si vo pravo. Sustinata e deka go sakam kako licnost, me ubedi deka i toj me saka mene. Kako da si barav celo vreme izgovor odnosno opravdanie za negovata pasivnost smetajki deka mu e tesko, deka treba vreme za se, edinstven cekor sto go prezemal e napustanje na domot i odenje pod kirija. Tocno e deka negovite deca gi nemam videno voopsto. Nitu tie me poznavaat. Iako znaat deka tatko mi ja ostavil majka im za nekoja druga zena i jas se uzasnuvam od ona sto kje sledi. Uste ne zapoznaeni, jas sum za niv vekje vesterka. Zatoa i se vodam po razumot, zatoa i go napustiv vo 2 po polnokj, a go sakam.
     
    На CameliaMiller и Peanut Butter им се допаѓа ова.
  20. Peanut Butter

    Peanut Butter Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    17.504
    Пол:
    Женски
    Не ти е психолошки недостиг правдањето, мора да го откриеш коренот зошто тоа го правиш. Ќе бидам директна. Прво ги обвинуваш родителите за тоа како те воспитале, се мажиш на 28 години што и не е некоја рана возраст, а звучиш како да си била натерана да влезеш во брак. Не, самата си одбрала партнер и треба да прифатиш дел од одговорноста. Муабетот ми е, треба да сфатиш дека не си жртва, туку дека твоите животни избори имаат вакви последици. Мој совет, дај си време, почни да работиш со психолог, ама не било кој, најди некој кој стварно си ја знае работата и најди го коренот на проблемот зашто твојот проблем не е ни сегашниот ни бившиот партнер, туку самата ти. Очигледно бираш луѓе кои те третираат како потчинета.
     
    На Milobebence му/ѝ се допаѓа ова.