Не знам што да правам со дечкото

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од vodnicka1, 10 јуни 2010.

  1. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    32
    Се забавувам со еден дечко веке 3 месеци. Дечкото е добар , мирен, со факултет но не работи. За разлика од него јас исто така образована ,ситуирана, со факултет , со кола и живеам во центар. Е сега знам дека одма ке ме нападнете да не ја гледам материјалната страна но некако се повеке почнува да ми пречи. Значи не сме деца и двајцата имаме 28 години . Е сега знам дека нема и најверојатно доага од сиромашна фамилија , но ете на почеток не гледав на тие работи но сега се повеке почнува да ми значи. А она што ја прели чашата е што , не знам можеби нив им е нормално тој ачин на однесување и понашање ама излагање на кеј и чекање родендени тамо некако не ми е воопшто пријатно. Лошото е друштвото негово така се однесува и тој исто така и сега јас испагам девојка која се занесува и која демек се прави сноб , и демек сум сакала на екслузивни места да одам, но не е така. Сакам како сите најнормално да си седнам на кафе у кафич на муабети слично ама да седам на кеј и да пијам вино од пластична чаша некако и не ми оди. И тука почна се да се случува. Не знам што да правам. Дали воопшто да се впуштам во оваа врска или да ја решам додека е сеуште свежа врската? Моментално му кажав дека сакам пауза а тој цело време притиска и прашува до кога паузата и зошто ми требала , јас му кажам дека не сакам да излегувам по такви места, но сепак не е тоа она што одлучува , сметам дека не би можел да ме следи воопшто во однос на финансии и слично и мислам дека тоа само му ствара фрустрации.
    Сакам да ми помогнете со некој совет или случка ваша или на некој со кој ке можам да донесам правилна одлука.
     
  2. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    59
    Душо кога веке си почнала да размислуваш на тема дали да останеш со него или не,па згора на тоа и ти пречи таквото негово детско однесување,не се мисли многу и бегај од таму!Потполно те разбирам како ти е,затоа што и јас се имам најдено во таква слична ситуација-едноставно не можам да преминам преку некои работи и знам дека заслужувам многу повеке!Ако навистина ти е дојдено до него,пробај на фин начин да му објасниш дека ти пречат некои работи кај него,а ако тој не сака да те ислуша и да проба да смени барем малку,нека си остане на кеј со пластичните чаши! Ми изгледаш како фина девојка и сигурно заслужуваш многу повеке отколку некој допрва што влегува во пубертет..да не се лажеме,кога беше времето кога се собиравме со друштво и пиевме на отворено? :D Барај си некој рамен на тебе..рамен во секоја смисла ;)
    поздрав
     
  3. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    32
    Одличен пост ти благодарам на разбирањето иако мислев дека веднаш ке ме нападнат да не ја гледам финансиската страна , ама да не се лажеме многу значи. Мислам дека ке постапам така бидејки еве веке две недели размислувам на оваа тема и ми пречи многу , јас се плашев да не згрешам со одлуката ама никогаш не можеш во живот да претпоставиш што ке ти се случи во иднина и како ке се развиваат работите. Али сега работите така стојат и мислам дека заслужувам подобро .
     
  4. Mila04

    Mila04 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    59
    Ма ич не се мисли! Замисли после некое време тој цело време да ти преговара за твојот вкус,местата за ислегување,начин на однесување...не си ти за тоа! Можеби тој е фин дечко,завршил факултет и се,ама зошто не се активира малку и да најде било каква работа? Батали и уживај! Има многу мушкарци околу! ;) :D :D
     
  5. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    489
    Допаѓања:
    253
    Пол:
    Женски
    леле стави крај сега најдобро ке е, и јас така преминував преку работи што лично не ги сакам ама велев ајде ке му помине ама ништо од тоа и сега кога и јас сакам да правам нешто мене што ми се допаѓа веднаш слушам приговори.. мој совет наоѓај друг. Или пак сама :) се е подобро од тоа некој да ти стои над глава и цело време да приговара
     
  6. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    32
    Во право сте а он ми даде ултиматум до 20 овој месец да се одлучам околу паузата или да продолжам или да прекинеме оти не можел више вака
     
  7. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.562
    Допаѓања:
    73.056
    Пол:
    Женски


    Нема зошто да те напаѓаме, сосема нормално размислуваш за своите години. Додека сме помлади, финансиите не ни се толку важни, ама после заземаат позначајно место во нашиот живот, пред се затоа што се осамостојуваме, и нема цел живот мама и тате да не издржуваат. Убаво ти рече Мила04, барај си некој рамен на себе, некој што те заслужува.
    Штом сметаш дека немате иднина вие двајца, нема зошто да се измачуваш себеси и да остануваш во врска со него. Ако нему му е јасно дека тие работи што ги кажа погоре во твојот пост и не направил ништо да го промени тоа, зошто ти да се менуваш заради него? Мислам дека си решена да ставиш крај на врската, и верувам дека нема да чекаш до 20. Имаш време да размислиш убаво што и како понатаму, ама ако мислиш дека ќе ти биде подобро без него, само напред! И немој да те кочи она - а што ако останам сама, ако не најдам никој, бла бла бла - од такви дилеми многумина заглавиле во непродуктивни врски. А сигурно нема да останеш сама - за секое грнче има капаче ;)
     
  8. vodnicka1

    vodnicka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2010
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    32
    Ви благодарам на сите кои искоментиравте на мојот пост ви благодарам уште еднаш ми значи навистина многу подршката сепак друго е кога ке размени човек мислење.
     
  9. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.936
    Сите погоре ти кажаа тоа што и јас би ти кажала...Што поскоро стави крај и продолжи си со својот начин на живот.Кога не иде не иде...Ќе си го најдеш она што го бараш и што ќе те исполни целосно. ;)
     
  10. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    492
    Ауу нели е престар за да биде во таков филм, седење на кеј...Извини вака ама многу ми се забегани луѓето што така се понашаат :) Ти секогаш за нив ќе бидеш изрод, а уствари ти си таа нормалната
    Мислам дека тоа не е до финансиите, туку до одредени ставови што ги имаат тие луѓе а што на мене воопшто не ми се допаѓаат.Потполно те подржувам да не чекаш да биде 20 ;)
    Поздрав
     
  11. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.460
    Ако силно го сакаш можеби нема да ти смета толку многу неговата слаба финансиска страна, ама штом си на почеток на врска и уште не си многу заљубена во него, тогаш подобро е сега да прекинеш, затоа што ако продолжиш ќе почнат уште повеќе да ти сметаат овие работи а тогаш ќе ти биде непријатно како да му раскинеш. Ако имаш богат дечко тоа не ти гарантира дека ќе ти биде убаво во врската, може само поубаво и посигурно да се осеќаш, а не значи дека ќе бидеш и повеќе среќна. Ама ова со збирањето на отворени места се правеше во 5то одд. а не сега :?: тоа за излегувањето и мене би ми сметало, тука те подржувам, не сме веќе деца :^)
     
  12. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Се сложувам со вери во потполност
     
  13. komiti

    komiti Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    0
    samata kaza deka ti smetaat nekoi raboti i samata treba da si resis mislam deka najdobro e na vreme da se spreci nego da se leci pokasno :P i ja ima slicen problem na tvojot i neznam kako da stavam krj na seto toa so nego sum veke 2 godini sum poskusvala nekolku pati da stavam kraj megutoa ne mi odi ;( samo sto ke mi pise poraka odma letam kaj nego ;( ednostavno znam deka go skam od se srce so seta moja dusa i telo za zal no ne sum sigurna deka i toj me ska na istiot nacin ? ;(
     
  14. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    :lol: А мислиш дека ако е богат се ќе оди како подмачкано?однесувањево извини ама тие не морално ич не ти личи на годините тоа да го размислуваш вие сте млади можете многу понатаму да успеете парите не се најбитни во животот вистина е дека тие се средство за живеење но не се најважната ствар во животот во еден момент тие можат да ти донесат се што сакаш и да те усреќат но тоа е кратко верувај а љубовта е она што останува подолго а ти кога веќе знаеш дека тој е класа пониско од тебе зошто воопшто го потценуваш човекот барај си некој на твое ниво така ќе бидеш сигурно посреќна и јас сум финансиски појака од дечкото па тоа не ми смета ни па јас правам таквни нешта за да се истакнам, моите се со факултет неговите не па никогаш јас на родендени или други собири не сум се почувствувала не убо мене мие битно што имам разбирање со дечкото се согласувам со veri преубаво ти кажала немој многу да очекуваш дека од тој богатиот ќе бидеш безгранично среќна а тоа со излегувањето можеш да го средиш да разговараш со него да му кажеш дека тие места не се ни за него ни за тебе одете на места каде што може и тој да се чувствува убаво немора да бидат толку луксузни ама тебе човекот не тие битен затоа не се трудиш да опстане врската па најдобро и како што ти кажале другите да го оставиш ама верувај дека нема да бидеш среќна ако на прво место ги ставаш парите а не љубовта совршенство нема така да ти си знаеш голема си па со среќа понатаму дај боже да ти биде се како што посакуваш
     
  15. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.280
    milicka19, колку и да сакаш да си со некого,ако ти си имаш еден начин на живот,зашто да мора во потполност да го менуваш заради другиот?девојката е навикната да излегува на убави места,на кафе,и сега одеднаш треба да седи на кеј и да слави роденден.јас скроз ја разбирам како се осеќа.и тоа нема врска со богатството.едноставно некогаш не се сложуваш,немате исти навики и кога разликите се големи не може да се издржи.
     
  16. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    117
    водничка 1 чим не можеш да се вклопиш во негово друштво бегај што побрзо од него како што и самата кажа не сте деца па тој така да се понаша ако останеш тоа и мн други работи уште повеќе ќе почнат да ти сметасат а ќе не знаеш како да му кажеш + ќе се вљубиш во него и ќе ти биде потешко да ставиш крај знаеш како велат старите ПОДОБРО ДА СЕ СПРЕЧИ ОД КОЛКУ ДА СЕ ЛЕЧИ
     
  17. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    I toj si ima eden nacin na zivot zosto pa on vo potpolnost da go menuva, sekogas treba da se najde nekoj balans i dvajcata se veke izgradeni licnosti so odredeni naviki i nacin na zivot koi sea doprva nemozat vo potpolnost da se menuvaat,mozat da se prilagoduvaat. Vodnicka1 nikogas nema da najdes nekoj koj vo potpolnost ke se poklopuva so tvoite sfakanja, veruvanja zatoa postoi balansot, ti treba da balansiras toj treba da balansira, se sto vazi za tebe treba da vazi i za nego. No cim ne ti odgovara togas podobro sega prekini ja vrskata i baraj nekoj slicen na tebe, sekogas ke ima nesto sto ke ti smeta sovrsenstvo ne postoi no zatoa postoi ljubov, razbiranje i pocit raboti koi nesovrsenoto go pravat sovrseno :D :D :D :D :D .
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.280
    точно,но во случајот не е тој што нешто особено му пречи,туку таа се нервира што така си го поминува времето.
    и точно е дека нема никогаш да се најде некој што потполно ќе ти одговара,ама она штом на неколку месеци идење веќе ова толку и смета,што ќе биде после?
     
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.562
    Допаѓања:
    73.056
    Пол:
    Женски

    Миличка19, морам да ти кажам дека не се сложувам со тебе. Ако имаш 19 години како што ти пишува на профилот, допрва ќе го промениш мислењето. Љубовта не трае вечно, верувај, и не е единственото нешто што ја одржува врската. И да знаеш дека има врска тоа кој е поситуиран, кој има, а кој нема факултет. На почетокот можеби и не е толку важно, ама подоцна ќе стане важно. Тој може било кога неа да и префрли што е финансиски појака од него, ете веќе се случило тоа, окарактеризирана е како сноб. Штом некои работи почнуваат да пречат уште на почетокот од врската, тоаш таа врска е веќе осудена на пропаст. Секако дека ако биде со богат човек не значи дека ќе и биде поубаво, ама со овој, колку и да го сака, не и е убаво. И не треба само девојката да се труди да опстане врската, и момчето треба да го прави истото. Не е должна само таа да се менува и да прави отстапки како што му одговара нему. И тој треба да го прави истото, само така функционира успешна врска. И колку што сфатив, неа не и пречи тоа што не е богат, туку и пречи што не презема ништо да си го среди животот и финансиски да се ситуира. А тоа не значи дека парите ги става на прво место. Не ми беше целта да те навредам, само да ти појаснам некои работи, немој да се лутиш. Имаш уште време, допрва ќе сфатиш како навистина стојат работите. Мило ми е што ти си задоволна од својата врска, и ти посакувам и понатаму да ти биде се супер и како што треба. ;)
     
  20. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    мене според начинот на кој таа изјави повеќе иди како парите да ја интересираат а не човекот точно е дека и тој треба да превземи нешто за да успее врската но човекот толку е моќен а и секогаш таа ќе биде над него тој во еден миг неможе да се збогати па и да се вработи и веднаш, па да бидат на исто ниво со неа, финансиски животот веднаш неможеш да го средиш со едно обично вработување факт е дека таа не е за него бидејќи има работи кои неа и сметаат како што кажала beautiful87 никој немора да го менува начинот на живот туку да се прилагоди спрема другиот да се најде некој баланс, заеднички јазик тоа ќе и смета и во брак неа премногу си се цени себеси, може со еден разговор да му укаже на тоа дека местата на кој излегуваат не се добри ни за него ни за неа сигурно човекот може да си дозволи да пија кафе во кафич и да излези во ноќни клубови и дискотеки а таа има 29 години а сеуште мисли кои места и се добри а кои лоши за излегување а за брак кога ќе мисли?Јас не сфаќам ништо како навреда ни пак се лутам и годините не се битни за да го искажам своето мислење јас не барам да го прифати баш моето туку си го кажав своето мислење во врска со нејзиниот проблем и би кажала последно дека таквата врска која ја почнала нема да успее и јас би ја советувала да прекине иако не се согласувам со дел од вашите мислења :D