1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не знам што сакам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од JennyHigh, 11 септември 2015.

  1. JennyHigh

    JennyHigh Нов член

    Се зачлени на:
    11 септември 2015
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво феминки,
    Се зачленив во форумов бидејки сум во мака :(:( Сум во озбилна врска веке 7 години. Супер ни оди се сложуваме заедно сме секој ден планираме веридба ноо јас во последно време сум многуу несигурна;( Многу сум загрижена бидејки во последно време помалку сакам да излегувам со него не ми е толку интересно како што ми беше а тој се однесува со мене како уште од првиот ден. Од една страна сум несигурна дали го сакам или избледи таа голема љубов што ја имав за него и можда би било добро да раскинам аа па од друга страна се мислам што би правела јас без него ;( како би живеела без него кога се што сум планирала во мојот живот за мојата иднина е со него, Многу сум збунета навистина не знам што да правам сите ми викаат дека блазе тебе колку се сакате многу добар пар сте многу се сложувате но никој не знае што мака имам јас :smoke::smoke: Кога ке го видам некогаш не можам да престанам да го гушкам и прегрнувам но некогаш не сакам ни да го видам.:u::u::u: Ве молам за совет главата ми е толку измешана Господеее
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. bombona23

    bombona23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2014
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    1.817
    Не очекувај дека после 7 години ќе биде како што е било на почетокот. Тоа е таа монотонија која се јавува кај долгите врски. Јас би ти препорачала да отидеш сама неколку дена на одмор, да си ја разбистриш главата, и да размислиш дали си заљубена во него или го сакаш како брат. Ако е тоа второто разговарај со него, затоа што допрва да се враќаат искри и пеперутки, нема шанси...
    А ако навистина го сакаш и планираш веќе иднина со него, помири се дека ова ти е само период, и не дозволувај заради ваков период да си расипеш што си градела со години....
     
    На JustFun, theowndemon, mal.ecka и 2 други им се допаѓа ова.
  3. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    398
    Пол:
    Машки
    Можно е да си high како што ти гласи никот па затоа не знаеш што сакаш! Ако ти здосадило во 7 годишна врска нормално е тоа, но само период е, тоа значи дека ти треба нешто ново дали нова дестинација, нова поза, да направите нешто што не сте го направиле за овие 7 години. Едноставно мора во твоите вени да се вбризга доволна количина адреналин и за наредните 5 години немаш гајле си тераш со врската најнормално. :D

    Мој предлог до сите девојки и женчиња што имаат монотонија во врската/бракот. Отидете со дечкото/мажот на подалечно патување, пожелно во странство. Тогаш ќе сфатите колку си значите и си требате еден на друг и ќе се вратите full со рестартирана врска/брак. Нормално е кога имаш нешто и го гледаш 7 години да ти здосади.

    Многу врски/бракови се такви само сите си ќутат и се прават наудрени, никој не збори отворено за тоа. Не мора секој да знае за тоа, а најмалку комшиите. :D
     
    На Umbrella22, Ekstaza, MilaP и 3 други им се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Mонотонијата си го прави своето.
    Членот над мене убаво ти одговори. Отидете некаде да одмор или ако немате услови за толку барем на еден викенд некаде, поминете некое време сами, види што и како ќе се чуствуваш после тоа. Ако мислиш дека љубова избледела, тоа што сте во долга врска не е причина за да останете понатаму.

    Или пак како што кажа Бонбона отиди сама некаде на гости кај некои роднини и размисли што сакаш, дали е ова период или љубовта завршила. Се на се немој да избрзуваш и да донесуваш одлуки онака набрзина за после да не се каеш. Јас сепак мислам дека ти е период, дека ти здосадило па затоа се чустуваш вака. :)
     
    На MilaP и vitamina им се допаѓа ова.
  5. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Сигурна сум дека доколку сега му раскинеш после тоа многу ќе ти недостасува и ќе се каеш за тоа. Немој да брзаш, понекогаш монотонијата е нормална работа кај долгите врски. Разговарај со него, променете нешто, излегувајте на други места, правете интересни работи како сега да ја започнувате вашата врска. Сигурно постојат многу начини да разбиете монотонија и повторно да се почувствувате заљубени, крајот на врската дефинитивно не е решение на тоа ако веќе го сакаш. А според тоа што си го напишала мислам дека го сакаш. 7 години не се малку, не вреди да го уништиш тоа за ништо. Одмори се, разбистриси ги твоите мисли и немој да направиш грешка за која подоцна можеби ќе жалиш..
     
    На vitamina и Neodlucna им се допаѓа ова.
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    5.388
    Ako pricinata ti e monotonija i samo toa napravi nesto sto do sega go nemate napraveno. Napravi si samotestiranje na list hartija. Zosto vredi da sum so nego i zosto ne. Dokolku nemozes da navedes bar 10 raboti koj te pravat srekna so nego a poveke imas negativnosti togas navistina treba da razmislis dali vredi da se prodolzi vrskata i pretoci vo brak. Ako taa osoba veke me ka sakas ke pocnes da gi gledas i prodlabocuvas negovite mani se poveke i poveke i vo brak se ke ti smeta ke bides nezadovolna. A od iskustvo brakot nosi golem predizvik, obvrska i mnogu pomalku vreme za vas koga ke dojde dete. Dali si spremna za cekor napred ili nazad odlukata e tvoja a nase e da te sovetivame.
     
    На Ekstaza, Wahnsinn и vitamina им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    218.744
    Пол:
    Женски
    Треба длабоко да си размислиш во што се состои твојот проблем, измешани чуства, монотонија и навика воочува секој во долга врска.

    Навидум ако ја размислуваш иднината со него и ако те боли фактот што замислуваш што би правела без него значи љубов.
    И навиката еден кон друг и долгите години поминати заедно си го прават своето.

    Можеби ти е толку монототно и досадно во последно време бидејки работите и врската ви се сведуваат на една та иста работа.
    Можеби е време да внесете малку живост и нови работи во врската, баш затоа и така фунционира животот, врска - веридба - брак - деца, едно та исто секојдневно не е воопшто убаво и издржливо.
    Со ова не ти сугерирам да брзаш за брак, но поентата ми е да ти објаснам дека животот функционира така.

    Затоа седни со човекот и направете длабок муабет за се, искажи се, можеби ќе најдете заедничко решение за проблемот, и ти велиш дека го сакаш дека не ти е сеедно, тогаш пробај да разговараш отворено и да не се затвораш во себе, бидејки само со искреност и разговор можеш да си помогнеш, ете можеби ќе се договорите да направите и нешто поразлично од секојдневието, одете некаде бидете сами, разговарајте смејте се вклучете некоја заедничка нова активност и тогаш ќе видиш дали човекот е тој со кој сакаш брак и фамилија, освежете ја врската, помогне те си.

    На моменти кажуваш дека го мразиш, најверојатно доаѓаат такви чуства ради монотонијата ради тоа што секојдневно ја поминувате истата работа, немате ништо ново се ти е клише, се ти е досадно.

    Ти самата знаеш дали вреди да се бориш за твојата долгогодишна врска и за човекот кој го љубиш, затоа помогни си да го пребродиш овој период заедно со него, искажи му се, вака молчеејки и потиснувајки се во себе ништо не правиш.
     
    На YoungandBeautiful, Jordanovska-K, karak и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.117
    Допаѓања:
    13.386
    Пол:
    Женски
    И јас бев како тебе. Најдов причина да се скараме и му се скарав иако он несакаше. Знаев дека ако сфатам дека го сакам дека лесно ќе го вратам.
    Но не се случи тоа. Подобро ми беше без него. Се чуствував ослободена, среќна само малку ми беше чудно, бидејќи бев навикната и ништо друго. Тоа што го чуствував дека ми фали дел од мене беше навика а не нешто друго. За брзо време се запознав со друг дечко кој ми стана многу мил и беше тотална спротивност на тоа што јас бев навикната. По 3 месеци се земавме и ете 4 години во брак сме и секој ден се сакаме уште повеќе!:inlove::inlove::inlove::inlove::inlove:
     
    На Petar80, Bojana.20, TheSecret и 8 други им се допаѓа ова.
  9. pinkvs

    pinkvs Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
    Odi negde odalecise barem nedela dena od nego pa kje vidis 7 godini ne se malku zatoa ne brzajse mng.Ponekogas nie samite si gi pravime problemite so nasata glava a koga kje se predomislime, kje se kaeme togas e vekje kasno!7 godisna vrska ne se ostava tuku taka,godini se vo prasanje dovlono se znaete eden so drug..i kako so vikas deka super vi odi.Mozit vi treba nekoja promena pa zatoa se custvuvas izmesana :)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    otkako se znaes so neokoj dolgo vreme normalno e da si odat peperutkite, so malce sreka parot ke ima drug fundaent kako pricina zosto da opstane vrskata ziva..i so malce poveke sreka zenata nema da ima nekoe psiholosko zaboluvanje slicno na granicno[BPD] ili histrionic[HPD] poremetuvanje na karakterot[zeni so napustaat vrska redovno zosto im gi snemuva 'peperutkite' so site sto gi znaat 1nedela, ili probuvaat da go frendzonuvaat deckoto bez razlika kolku seks imale prethodno]

    najverovatno ti treba nekoja vozbuda vo vrskata moze da probate odenje na odmor/avantura zaedno ili nekoja seks igracka

    neveruvam deka imas nekoj od psiholoskite problemi so gi navedov
    so ogled deka 7 godini ti trae vrskata
    poveke potseka na nekoj strav
     
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.955
    Допаѓања:
    158.746
    Пол:
    Женски
    Епа душо, самата кажа шо е работата :D Заедно сте седум години, секој ден. Нормално е да сакаш малце време за себе, да ти е здосадено. То не значи дека не го сакаш или дека помалку го сакаш туку дека ти треба малце време за тебе. Барем према мене мислам дека нема смисла да раскинуваш или било шо со него. Ако ти е толку тешко па дури и разговарајте, излегувај со другарките почесто да се издуваш малце и сл. :D
    Причина за раскинување, барем јас не гледам. Кога тогаш, и во брак да бевте ќе настани ваква монотонија и со мала промена се надминва.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    Mislam deka samata jasno kaza deka ste vo priiiilicno dolga vrska deka se vi ide super sto duri e i nerealno tolku dolgo tolku zaedno tolku se da vi e super neli?!Spored mene mislam deka ova vo sto se naogas e sasvim normalno... mislam deka posle tolku vreme zaedno pa skoro i sekoj den i sto samata kaza za planovi deka imas so nego veridba idnina.. i se ostalo...mislam deka konecno minuvas u faza koja mozebi odamna si trebala da ja projdes... normalno e po dolga vrska malku kriza vo vrsata.. pa i sekoj den mnogu e pa i 7 godini mnogu e...no i da go ostavis ne mislam de a e resenie.. si gradela tolku dolgo vreme eden isti zid za naedsnaska mala zbunka mala kriza i odma da go ispustis vo raka.. seti se deka momentot koga ke go pustis e mobetot koga najmnogu ke svatis kolku ti trebal... i seti se deka momentot koga ke go izgubis i ke naletas na nov nema da bides ist nema da bide ona sto si bila ti so segasniov ,nema da ima tolku ljubov tolku razbiranje.. zamisli ja ispustis bajkata sto ednas ti se pruza vo zivot i naletuvas na debil za koj ne si svesna za brzo se zimas i stvaras familija i naspatuva horor so maltretiranje tek togas ke se setis so si ispustila od race... ZNACI OVA E SOSEMA NORMALNO I RAZBIRLIVO NOOOOOO NE GO GUBI ONA STO BOG /UNIVERZUMOOT/SEEDNO KOJ TI GO DAVA KAKO SANSA DA IMAS MIRNA UBAVA SPOKOJNA VRSKA DA SOZDADETE ZDRAVA FAMILIJA I HARMONIJA... znaci toa ne go isputaj mala kriza e sosema normalno i ne radi samo tie 7 godini i sekojdnevno gledanje tuku zatoa sto sakas promena malku sakas luge zivot sakas i ti svoe vreme sakas i ti svoja sloboda malku da iskusis da izlezes od toj zaljuben svet kade sto kaj ides ti tamu i on i obratno ..i zatoa sto e dobar te saka te pocituva ne svakjam zasto sme takvi koga e loso placeme kukame koa e premnogu dobro za da bide relano uzivame i posle monotono ni stanuva abe sama si ja barame beljata so stap... razmisli ubavo mojot sovet e da go ramzislis ova sto go napisav i ako se pronaogas i ako e vaka kako sto pisuvam smetam deka treba da sednes
    i da mu objasnis kako si sto si kako se vcuvstvuvas,sto predizvikuva spored tebe toa cuvstvo koja promena ja sakas i sto bi mozelo da bide resenie da toa kaj tebe (taa kriza ) projde i povtorno se vratite na ona mesto kaj sto ste.. ako ti teeba zurka ako ti treba vreme za sebe ako ti teba malku privremena pauza za da vidis sto e najdbor ..ne ti e duso on nisto kriv za da mu sudis na nego i kaznuvas pocni si od sebe vidi gi site fakti razmisli... zbori so nego AKO TE SAKA KE TE RAZBERE SVATI I KE NAPRAI SE ZA DA TI GO DADE TOJ PROSTOR DA IZDEJSTUVVAS ZA DA VIDIS STO E NAJDBOR ZA DA PAK SI SE VRATITE NA STARO ZAEDNO KAKO NEKOGAS SO MNOGU LJUBOV ..
    IZGLEDA SI GI ISTROSILA SITE LJUBOVNI STRELI KON NEGO I SEGA OSEKJAS PREZASITENOST.. NORMALNO ZNAM KAKO E.. OD ISKUSTVO I ZBORAM..
    TI POSAKUVAM DA BIDES PODOBRO I DA GO SREDIS OVA :*
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.561
    Овде е кажано се.
    Посебно те мачи делот што иде веридба, а луѓето тешко прифакаат промени. Долго сте во врска, па за тоа те плаши. Да сте биле пократко во врска и да сте правеле брзо веридба ке имало повеке еуфорија, но така е во долгите врски. Го сакаш, те сака, само малку повеке возбуда ( мала промена) и ке видиш дека си срекна девојка.
     
    На Petar80 и vitamina им се допаѓа ова.
  14. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.836
    Пол:
    Женски

    Затоа не е убаво цел живот да си со некого. Седум години се премногу... не си почувствувала некогаш желба да излезеш на кафе со некој друг, или да бакнеш некој друг. Нормално ќе речеш не тој е љубовта на твојот живот. По ова напишаното тебе ти е смачено да си во врска со него и здодеани ти се сите негови маани и глупости што ги прави. Сигурно сакаш некој подобар зошто сите заслужуваме некој подобар, но се плашиш да не не го најдеш тој подобриот, па затоа ти е страв да се вериш за овај( можеби и прва љубов ти е ). Сега е предоцна да му се скараш зошто нема да го уништиш само неговиот живот туку и животите на членовите од кај него и од кај тебе. Сите ќе бидат запрепастени и зарочарани. Направи ти да биде интересно. Ти покани го некаде на средба, однесувај се различно и тој поинаку ќе се однесува :)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    Јас ќе бидам кратка и ќе ти кажам само НЕМОЈ да си го уништитш животот пред време заради мало двоумење. Можеби ова ти се појавило во вистинско време за да размислиш, но размисли сама.
    7 години не се малку и ако не можеш да си го замислиш животот без него, според мене тука нема двоумење ;)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.088
    Пол:
    Женски
    Јас ќе ти кажам не ги слушај другите, размисли сама и одлучи.
     
    На Petar80 и Bojana.20 им се допаѓа ова.
  17. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.539
    Допаѓања:
    8.371
    Пол:
    Женски
    Сепак доколку после 7 години се двоумиш дали сакаш да бидеш со него или не во иднина, треба да седнеш и убаво да си размислиш за животот во брак со него. Секогаш на почетокот на врска или брак е се розево ама тоа е само еуфорија па како си поминува времето ќе сватиш многу работи. Бракот да се заснова врз љубов ама постојат и многу други работи кои се многу важни за да опстане бракот. Како на пример мене многу ми беше важно станбеното прашање, со неговите ќе живеете или? Сепак повеќе генерации под ист покрив не е исто, плус кога ќе добиете дете уште толку ќе сакате да се осамостоите. Важни се исто така и неговите родители т.е нивниот однос, досега можеби биле супер со тебе, но друго е откако ќе се земете и ќе живееш со нив, на пошетокот се сите цвеќиња за мирисање ама со тек на времето секој си го покажува вистинското лице. Јас заради такви нервози за година дена додека живеев со неговите 2 операции направив. И не само ова постојат еден куп ситници во бракот кои се поважни од љубовта. Сепак не викам дека љубовта не е важна, напротив важна е, но како поминуваат годините многу други работи стануваат поважни за успешен брак, како на пример финансиите и сл. Така да @JennyHigh мислам дека треба добро да размислиш и за овие други работи не само за тоа дали го сакаш или не и дали ќе можеш без него или со него. На крај краева може ќе запознаеш некој друг кој навистина ќе направи да не се двоумиш дали да се омажиш со него или не! Како викаат подобро са се спречи отколку да се лечи. Мислам подобро е сега да си решиш на време а не после децата да ти трпат.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Осамената09

    Осамената09 Активен член

    Се зачлени на:
    17 септември 2015
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека треба сама да заклучиш дали сакаш да го минеш својот живот со него.Мислењата на другите ставиги на страна.Ти препорачувам да отидеш на некое мирно место каде што ќе можеш убаво да размислиш за што точно сакаш,и што и да заклучиш ти советувам да разговараш за тоа со твојот партнер затоа што без комуникација вистинска врска не постои :P
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.485
    Допаѓања:
    78.334
    Пол:
    Женски
    Ако добро ви оди не треба да го расипуваш тоа. Ете станало монотоно, направете нешто што досега не сте го направиле, искусете нешто ново. Промена добро ќе ви дојде. Ако човекот е добар не испуштај го, ретки се таквите.
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.539
    Допаѓања:
    8.371
    Пол:
    Женски
    што бидна?