Јас имам 24 години а тој 26. Не е дека не мислам на безбедноста ама тој не изгледа за таков значи се слушавме скоро секој ден ама сега го нема веќе не ми ни пишува како што ми пишуваше… сега и да ми пише планирам да не му враќам… на толку време пишување лошо е да го снема некого само така без да ти каже било што…
Не е нормално ниту логично да одиш на неколку дена со човек што ни еднаш не си го видела во живо. Тоа што ти велиш дека не е таков или ти делува фин на телефон не значи апсолутно ништо. Нема дефиниција за ’не е таков’. На интернет и по телефон можат да звучат најмирни, најкултурни и најбезопасни а во живо да се сосема други. Збориме за основна безбедност кај што прво се гледате неколку пати на јавни места, кафе, прошетка да видиш како се однесува, каква е енергијата, дали е сериозен стабилен човек. Јас не би му доверила безбедност на човек кој ми вика ќе дојде два пати а не доаѓа плус испарува. Се ова ми е ризично и многу незрело и донекаде сфатливо за твои години пошто си се навикнала да му даваш време и значење на ликот но мислам треба да престанеш сега за сега да видиш дали ќе промени нешто кога ќе почнеш да го игнорираш. Ако почне да те прашува што се случува зошто го игнорираш и дојде дај шанса ако воопшто не се замара не ти ни треба ќе знаеш дека било само губење време.
Од каде некој на фемина ќе знае што му е проблемот? Ако сака орален секс, тогаш нека го пружи истиот ако и ти сакаш. Иначе е чисто празнење од негова страна. Не знам како стигна до таму да не добиваш ништо за возврат, ама некој и да ми се допаѓа, макар бред пит нека биде, ако релацијата не е двострана, за мене е пиши пропало. И да ми се допаѓа некој, ако е себичен торко, ќе ми се 'оддопадне'. Чао пријатно. Извини што не ти кажувам попријатни реченици, ама никој не му е во глава ( и во пенис) и овде не знаеме на форум зошто не сака однос со тебе, и зошто се однесува како гмизаво лигле. You can do better.