1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не можам да го сфатам...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од normalnaa, 5 јануари 2011.

  1. normalnaa

    normalnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Дечки здраво на сите. Нова сум на сајтов и колку што можам да заприметам не сум ни првата ни последната што ке го речам ова , ама стварно не можам да го разберам посилниот пол :envy:

    Има слични теми , ама морав да си се олеснам и да го повторам на некој начин истото...
    Не знам вас што ве нервира многу кај машките, али мене ме ваѓа од такт кога на почеток од врска ти викаат едно, после тоа испаѓа друго и на крај е сосема нешто трето :|

    Сега кај и да е треба да излезам со "дечко ми" , и си знам пред време што ќе биде. Ќе сака да раскинеме и наоѓа само некои причини за да биде тој во право итн.
    Знам дека ме сака, и јас него го сакам, меѓутоа тој не знае дека врска се гради со доверба, почит и разбирање.Едноставно дечкото не е стабилен не знае можеби и самиот што сака.

    Дај пишите нешто како да реагирам кога ке ми спомне за да ја прекинеме врската.Ако почнам да се лигавам ќе му оставам впечаток дека нешто ми значи-но не сакам да се понижувам. Ако го прифатам ладнокрвно тоа-одма ке ми рече СЕ ГЛЕДА КОЛКУ МНОГУ ТИ ЗНАЧАМ , и не знам што да правам.
    Со нормален муабет не бива-ке раскинеме тогаш дефинитивно, а јас не сакам тоа да се деси.
    Можеби и премногу се затрескав во него а во врска сме нецел месец, но онака убаво ми е и сакам тоа да траееееееееееееее

    барам СОС од вас :)
     
  2. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.927
    не можам да ги сватам машкиве

    Мислам дека навлеков некој синдром -све вакво ми смрди на тролче, ама ај во име на тоа дека МОЖЕБИ грешам... Кажи му - Не ме сакаш? Не те сакам ни јас. Па нека ти се сврти паричката малце. АКо го занимаш НА БИЛО КАКВО НИВО ќе се обиде да ја смири топката, ако не, не ти треба.
    Ако и тоа не успее, врзи го за столче и ќутек. Се разбира, ова важи само во случај ако не си длабоко пореметено момче или девојче со сериозен проблем со акни и диоптер , уште посериозен со интелегенција и емотивно и психичко здравје, и не се обидуваш да се забавуваш на ваков беден патетичен начин. :)
    Имај убав ден драг/а.
    И среќни празници.
     
  3. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    не можам да ги сватам машкиве

    Ако стварно те сака тогаш зошто сака да ја прекинете врската? И како тоа не знае дека врска се гради со доверба почит и разбирање???? И зошто да му се лигавиш? Ако ја почне таа тема само отворено разговарајте и ако тогаш раскинете чао пријатно, не е ни прв ни последен, но пак ќе се повторам ако вистински те сака како што велиш ти тогаш нема да раскинете!
     
  4. normalnaa

    normalnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    не можам да ги сватам машкиве



    Очигледно ни јас ни тој можеби не знаеме што е љубов...ј*г
     
  5. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Колку е стар дечково? ни кажуваш дека те сака, но сепак сака да раскинете и дека не знае како се гради врска.....дечково ми звучи како не изживеан и сака да проживее....а тоа дека не знае што сака е една од поголемите причини....јас на пример до лани не бев спремен за посериозна врска....колку врски имам зафркнато заради таа причина и јас самиот се маам по глава сега :) Нема ништо што би можела да напраиш....малку време сте заедно, може ова ќе звучи малце и лошо, но најверојатно му има здосадено... :( барем кај мене таков беше случајот....Неможеш ништо да напраиш....искрено, речи му само ок, штом така сакаш, чао....и отиди си....главата горе и толку !!!!!!!!!
     
  6. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    О да ! Колку е само трол!
    Колку е само истата наша анонимнаа личност.
    Дефинитивно не си попаметна од нас овде. Не си го троши времето, нема да го привлечеш нашето внимание, и дај изрежирај некој филм, кога веќе си ја имаш дарбата!
    ајт!
     
  7. normalnaa

    normalnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0

    23 години има. Па ни јас самата не можам да сватам дали сум му здосадила или не.Ако е така зашто ми купува подароци, вчера ружа ми прака, преска кредит ми пушта и некои слицни гестови.
    тој знае дека јас не пагам на вавки работи , ама не можам да го сватам стварно. Мене би ми било само жал дека сум го изгубила како човек, а не како дечко
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.592
    Тролче или не, вистина или илузија, јас ќе ти кажам неколку работи, па ти сфати ги како сакаш...

    1. Ти имаш 18 години. Не си мала, ама не си ниту нешто престарена. Ретки се врските кои од средно опстоиле и резултирале со нешто посериозно. Имаш факултет пред себе, едно добри 5-6 ако не и повеќе години живот и лудување. Не се напнувај дека сакаш да траееееееееееееееее, не се врзувај, многу е веројатно дека неколку години после ова на истово ќе се смееш за т.н. проблем, а дупло повеќе ќе се каеш за изгубеното време и живци за некој ваков.

    2. Тој има 23 години. За машко, тоа во паметот му доаѓа ко твои 18 (секоја чест на ретки исклучоци). Него бре девојче му се шета, му се лудува , му се е*е се' што ќе застане на патот. Ако другар му легнал 2, овој сака да легне 4. Зошто? За да се покаже, за да се исцепа, зашто му се може, зашто му е време, зашто му се сака, зашто нема жена, зашто нема сериозни планови, илјада зашто постојат.

    Сега, не те знаеме тебе, можеби си цвет, убава, згодна, фина и мила душа и можеби вистински чувствува нешто кон тебе, па дури и Љубов.
    Но, :!:
    посилно е чувството на тие години за лудување, журка и СЛОБОДА.
    Ставено на кантар сето тоа на една и ти и сериозна, моногамна врска на друга страна, ти нема да натежниш.

    Затоа, одмори си го мозокот, раскрсти си со време, за да не плачеш.
    Ако ти се сака сериозна врска на овие години која ќе траеееееееееееееееее, најди си сериозен дечко. Ги има помали од 23, едноставно сакаат да се скрасат, сакаат девојка, сакаат таков живот.
    Твојов избраник засега не сака.
    Милион рози, мечиња, срциња, чоколатки и ваучери од 100 ден. нека не те предомислуваат.
    Тоа според мене е алиби за кога ќе киксне со некоја друга, да си речеш = ама он е така добар спрема мене и да го оправдаш со овие ситни гестови.

    Поздрав и се' најубаво.
     
    На 2012 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    не можам да го сватам шо сака од мене ???
    го сакав и ме сакаше веке не и сега во школо иде се буте тамо дека не му е местото иде кај мене едноставно ме нервирааа а што сака нз се му е на шала па ајде кажете некој совет да го откачам !!!
     
  10. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Едноставно откачи го.....АЈ НЕ МЕ ЗАМАРАЈ !!!! И готово !!! барем да откачиш некој лесно е :)
     
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Ех девојки

    кога ке си го вратам филмот наназад, и јас како девојката со типчето од 23 години, бев во врска долго време , ама типчето беше со лесен памет, да пие, да лудува раскинувавме, плачевме, абе циркузи, на типчево памет не му идеше, само јас бев будала што толку време останав со него, тој си остана ист, ама како бозем се сменил, и уште му текнува на мене, па почесто ми звони, ама јас се правам на будала , и секако дека си продолзив со својот зивот. Ако останев со него имав само 2 опции или бутел или Бардовци трето немаше.

    Сега свакам дека не вреди да се нервираш и да се трескаш од земја заради некој си што не те заслузува, на крајот на краиштата, постојот и други бе, па не е само тој, кој припага во моето болно минато ;( , уф кај ми текна сега ова :?:
     
  12. gami

    gami Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    628
    Допаѓања:
    125
    Прво премногу се затреска а во врска сте не цел месец????????/ |( .
    Второ Знаеш дека те сака и го сакаш, а сега ќе излезете и ќе наоѓа причини за да раскинете????????? :^)

    Трето Не може да си затрескана премногу за не целиот месец, и нема да бара причини да ти раскине ако те сака!!! Значи грешка си во твоите мислења, најверојатно.
     
  13. nina-nina

    nina-nina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    17
    Девојко за врска се потребни двајца,а со сила убавина не бидува.Така да ако сака да ти раскине нека ти раскине...а ако те сака нема да сака да раскинете.Не треба да се лигавиш,ниту па ладнокрвно тоа да го прифаќаш....едноставно биди тоа што си и овозможиму на дечкоти да чекори по патот кој што он си го одбира,можеби така ќе знае што сака :o
     
  14. normalnaa

    normalnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Фала ви на сите за мислењата, но очигледно ете ме сакал, па и јас во грешка бев што мислев дека ќе ми раскине....состанокот се одвиваше во нај нормален ред :)
     
  15. normalnaa

    normalnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0

    во право си мило за ова шо го кажа, ама не тагувај и ти за нешто што било и поминало...убаво си рече постојат и други машки
     
  16. normalnaa

    normalnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0


    убаво напишано, но и една добра фраза кажана НЕ ТЕ ЗНАЕМЕ ДОВОЛНО,А И НЕГО НЕ ГО ЗНАЕТЕ , затоа сувишно беше тоа околу сака да е*е да шета и слично....му се има веќе с*урчено нему од такви работи :D се работи за нешто друго а тоа е можеби дека и јас не му покажувам голема заинтересираност па затоа и така се воспоставил

    како и да е , вчера разговаравме, ги решивме недоразбирањата , па и врската да ни трае уште една недела, барем ке знам дека траела како што треба :)

    бај-да-веј (хаха) се работи за ваучери од 500 ден. , не од 100 :lol: :lol:

    поздрав и до тебе
     
  17. babe

    babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2010
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    4
    Здраво девојки ... Гледам дека навистина ние девојките неможеме во никој случај да ги сфатиме машките, да сфатиме што навистина тие сакаат, дали се толку многу комплицирани, или едно мислат а друго прават, навистина се нејасни ... Значи ако навистина сакаш некоја, бори се до крај за неа, но ако има причина за раскинување тогаш кажи го навистина мислењето и причината, извади си ја маската, и толку, крај нека е. Сакам да ве прашам, како би протолкувале некои знаци од ваш сакан, со кој сте раскинале пред некое време а сеуште го сакате, а гледате дека и тој сеуште чувствува нешто спрема вас, а со вашата врска е завршено, а сега тој ви дава знаци, прави некои работи за да дојде пак во контакт со вас ... Како би го сфатиле тоа, дали тој сака да ви даде на знаење дека сака пак да бидете заедно или пак тие знаци што ви ги дава не му претставуваат ништо, дали би го сфатиле само како лажна надеж или пак ќе ја разгори онаа искра меѓу вас која сеуште не изгаснала ...

    Малце повеќе се запишав али нема веза :D Сакам само ваше мислење :)
     
  18. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Па вака значи јас не би го сфатила сериозно затоа што штом еднаш веќе ќе прекинеш врска после и да се смириш веќе ништо не може да биде исто, чашата еднаш кога ќе се скрши после кплку и да ја лепиш не може да изгледа исто.
     
  19. od-samrak-do-zori

    od-samrak-do-zori Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    58
    pa iskreno i jas imav takov slucaj kade se navrativ na starata vrska ama zavrsi isto kako sto zavrsi i prethodniot pat. Taka da ti si znaes.pozdrav
    [mod-kirilica:1cwxw3bf][/mod-kirilica:1cwxw3bf]
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Врска како врска додека трае треба човек да мисли како да ја зачува онаква како е, ако некој ти значи и сакаш да бидеш со него не верувам дека било која од нас овде така лесно би се откажала од истиот за потоа да упатува разни знаци и сл. Кога еднаш ќе се стави крај потоа сите обиди за повторен почеток се само губење време и непотребно трошење енергија и живци. Многу ретко но и многу тешко веќе еднаш завршените врски повторно успеваат...