ме се деси една најбизарна работа на сите времиња. ми се свиѓаше типов и на него му се свиѓав се беше ок излеговме еднаш ништо не се деси (не се смувавме едноставно немаше прилика за тоа), и сеа чекав да ме викна пак да искочиме за на крај да дознаам од други дека не му се свиѓало како се шминкам!!! и заради тоа не сакал да излеземе пак и сеа што да правам стварно ми се свиќа типов а и пред тоа имав некои лоши искуства со машки ај ве молам за совет не сакам се да заврши вака. и sry со отварам нова тема само за ова, ама не знаев кај да го ставам ова
заради шминка !!! Заради шминка арен е тој или ....ццц...машки мозок не знаат веке што да измислат... Ако ти се навистина свиѓа типов па птобај да го придобиеш некако со муабет така може ке сфати дека не е битен надворешниот изглед...можеби ке се освести што пропушта
заради шминка !!! Ноу хард филингс,ама ако си зацрнета во очите како панда,не дај боже па уште и устата...ако забегуваш со готик стил...е тоа е,премногу е за нечиј вкус.
заради шминка !!! металка сум (значи мнооогу црн креон,црна сенка и.т.н.) може заради тоа... аиии уште неможам да се соземам, не ми се десило вакво нешто до сеа. Машки ме терале така да се шминкам ...
заради шминка !!! ааууууу да....немој со такви шминки наредниот пат стави си нешто нежно....па кое машко ќе сака девојка со такви шминки јас што сум женско би избегала..не ме сваќај погрешно...сама поправи се во шминкањето,стави си нежна шминка и ќе бидеш по привлечна.....сигурно ќе запали...повеќето машки префериираат понежни шминки....позз и се најдобро.......
следниот пат ако треба и без шминка ќе идам, ако има следен пат. И сеа женски што да правам да му пишам порака или што знам ?
А можеш и целосно да ја избегнеш шминката најпаметно и да не се замараш дали си убаво нашминка или не си...Мислам сеа ептен за во град ќе се нашминкаш ама нема потреба од секојдневно Најверојатно сака нежно девојче што ќе се осеќа заштитнички према него а со таквата шминка се одбегнува се што е женствено..без навреда
Баш затоа те прашав и очекував таков одговор. И јас ти велам да ја смениш шминката, немора на розево да смениш, ама можеш само креонче слаба линија долу, маскара и некаков сјај.(прозирниот е добар) Можеби и темен кармин користиш, и да бидам искрена и мене не ми се допаѓа таа шминка. Пробај и ќе видиш веднаш ќе забележиш позитивни промени
Јас рака на срце не ни ве разбирам...во ред,стил на музика и сето тоа...ама да се афектира врз начинот на облекување...кхм...што е многу,многу е. Познавам луѓе кои и на 30 години се со тој стил.Сфаќам период,па ајде...ама цел живот у период да си,не иде. Вие си знаете,ама во секој случај рамките на вкусот и нормалното треба да се почитуваат. Не му пишувај порака.Кога ќе се видите,нека ја забележи промената,па види како ќе реагира,сега што ќе му пишеш?Еј веќе не сум црна во очите?! Мој совет,искрен...изгледај нормално или биди металка со вкус.Не само за овој дечко,туку за се во животот ќе ти биде подобро така.
секое машко сака нежни девојки и тоа е нормално.не значи дека скроз треба да го смени стилот,остани си ти металка,ама можеш да си металка и со понежна шминка
Сега не му се свиѓа шминка, утре можеби боја на коса или стил на облекување и ти се ќе смениш? ако ти секогаш се шминкаш така и ти е убаво на тебе мислам дека не вреди никој тип да го менуваш тоа, а ако сакаш да смениш заради тебе тоа е веќе нешто друго.
дефинитивно не сакам да се сменам, како може цел живот да правим едно и сеа наеднаш да се сменам... некако не ми иде. Ако треба ќе излезам неколку пати без шминка ( ако ме познае некој така ). па со биде нека биде
Ја советот го дадов за воопшто не само за дечкото да се смени туку за себе Воопшто не ми женствен тој начин на шминкање ама сепак секој си знае за себе
Немој да користиш премногу јака шминка, од убаво лице го претвараш во сликарско платно. Шминката треба да биде дискретна и да ги истакне твоите специфични и убави црти. А, тоа тешко се постигнува со црнила. (црн креон,црна сенка)
Принцезо не те знам, не можам да замислам точно каква шминка ставаш, и не сакам да ме сфатиш погрешно, ама тој што те сака ќе те сака токму заради тоа дека си таква каква што си. Многу не сум за тоа да му се подлегнува премногу на дечкото - што тој сака па така ќе правиме. Некој погоре мислам спомна, денес ќе ја смениш шминката а утре што? И јас порано бев иста таква, оној ме сакал со фатена коса, па ајде јас си ја упропастив косата ради него носејќи ја во реп нооон стоп. После па тој после него па му се свиѓав со пуштена коса, па ајде ја пуштав, ја пустев со фризури итн итн....епа више си праам по свое. Битно е да сме чисти, средени, и да сме тие што сме, а секоја сме единствена на свој начин...ај чао сега ако му се прилагодуваме на секое машко према неговите желби Со други зборови, се разбира ако не ти е прееемногу екстравагантна и нападна шминката, остани си таа што си, ти можеш малце да одземеш сепак ако сакаш ама биди си своја, верувам таква дека си најубава
оф.. може многу му дошло на типот некако црно..ако ставаш и црна сенка и креон и.. Spoiler може е навикнат на природни девојчици без шминка .. Али види.. у никој случај не се мењај само ради него.. НИКАКО!! (гледам си пишала ,,ако треба ќе одам и без шминка )Тоа си е твој стил и крај.. гледај само да биде малку подискретно , да не биде многу црнила и немаш гајле..
решив не се менувам за никого, ако му се свиќам ок ако не ни прв ни последен (иако многу ми се свиѓа)
Без да ми се лутите нешто да си кажам...луѓето кои најмногу се жалат од животот (љубов,работа,пријатели,семејство) е заради тоа што не сакаат промени. Не е работата да се прилагодувате на сечии желби и точно е тоа дека треба да ве сакаат онакви какви што се,НО ако гледате дека нешто не оди,факт е дека е до вас.Ако вие функционирате некако,не значи дека е најисправниот начин и дека некој по секоја цена треба да те прифати и да те сака таков.Некаде кажав,само мајчинската љубов е безусловна,а останатата треба да се заслужи. Не се однесува ова до пинцес,се однесува до оние клише изјави,зошто да се смениш заради некого.Се непотребни коментари кои тераат на непотребно високо его и често отсуствува критичност и објективност. Во секој случај,метал стилот и не е така лесен да се прифати...не го обвинувам дечкото,уште па ако не е металец...