Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не му се допаѓало како се шминкам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од princessofthedark, 14 септември 2010.

  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    принцес, ти беше таа што си постира слика од себе за матура ако не се лажам, така? :^) :tmi:
    па имаш толку убаво лице, што нема потреба од такви нападни шминки и слично. доволна ти е само пудра и римела и ќе бидеш најпривлечна за него.
    е сега знам дека е тешко да се одвикнеш од секојдневната рутина, ама ќе се потрудиш. промените се дел од животот. никогаш не можеш да тераш само по едно сценарио, секогаш мора да се случи некоја промена, дали од физички или психички аспект.
    на тој начин човекот се запознава самиот себе. и ако толку многу го свиѓаш дечкото, немој заради тоа да го испуштиш. мада што и него не го оправдувам за тоа, но сепак секој си има свој вкус и стил, и потполно те разбирам. ама ти си убава девојка која мора да го истакне тоа.
     
  2. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    е ја не сакам промени ама уопште, не се жалам ( освен тука на фемина).
    а тоа е точно дека не секој прифаќа некаков стил, се мора да биде нормално( ако во нормално спаѓа тоа што го прават најголемиот дел од луѓето), ама со тек на време се свикнува човек. А стварно не гледам причина зашто некој не би ме прифатил ткава каква што сум(безразлика дали е машко или женско). Мислам и ние сме луѓе може со поинаков начин на размислување, ни па се плашиме да го изразиме тоа што го чуствуваме и сакаме. И исто Лилит точно е дека само мајчинската љубов е безусловна, ама сепак не би требало да има големо влијание ( за останатите), изгледот.
    а инаку ова беше првиот дечко со кој сум излегла а не слушал метал, затоа и претходно кажав дека машки ме терале така да се шминкам. Ова беше првиот и последниот тип со не слуша метал (само за во иднина да избегнам вакви ср*нја)
     
  3. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    не сум постирала јас слика од матура на профилов
     
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    принцес,точно е дека изгледот не треба многу да влијае во љубовта,но за да се заљубиш во некој,мора физички да те привлекува
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    е па сигурно била блек ејнџел... :^)
    абе нема врска , како и да е, секоја девојка треба си ја покаже убавината и шармот.
    другото веќе го напишав во мојот пост ;)
     
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.428
    Допаѓања:
    91.573
    Пол:
    Женски
    Јас би ти рекла да не се менуваш. Ако некој те сака, ќе те сака таква. Тоа е твој стил и неможеш да се менуваш ради некој, па не единствен. Што ќе биде ако некој друг посака друго да смениш, постојано ќе се менуваш?
     
  7. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    да во ред е тоа ама па можеше на пример лично да ми каже а не да дознавам преку други па да испаднам идиот. А да ми кажеше ќе се "жртвував" ќе излезев без шминка, а може и ќе облечев некоја боја што не е црна. Вака само на некој начин ме повреди затоа што има лошо мислење за мене. Добро може и ја претерувам со шминка понекогаш, ама што знам ме оваа случка ме натера да размислувам (може стварно нешто не е во ред со мене, или па со другите)
     
  8. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    е па отворено кажи му што си разбрала, и дека тоа ептен те натерало да се чувствуваш безвеза...
    и дека едноставно те навредило... и ќе видеш тој како и што ќе изреагира и ќе направи.
    другото веќе само по себе си иде, од тука па натаму.
     
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    е принцес,па не се знаете вие доволно,како ќе ти каже таква работа??ако тебе не ти се свиѓаа неговите патики,ќе му кажеше?дечкотое во право што не ти кажал,не треба да очекуваш.
    а јас би ти препорачала навистина да намалиш со црнила :D ,не заради него туку заради себе,ќе изгледаш далеку поубаво и пристојно
     
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    се изнаслушав критики за црнила и шминки мислам не само сеа цел живот од кога знам за себе.
    ама не можете да разберете како е. Тоа е начин на живот, дел од мене без таа шминка и таа облека не сум јас јас(ако разбирате што сакам да кажам). Исто како сеа некој на вас да ви каже дека на пр. не е пристојно што знам да носиш розево и да ја слушаш бритни или што знам кој. Не можам јас да се откажам од тоа што сум го градела со години, не иде. Типов очигледно не ме прифаќа такава каква што сум, не ми се десило тоа до сеа, првпат излегувам со некои што не е како мене и што знам како пораз некој ми дојде ова, ме навреди повреди и ме натера да размислаувам. Затоа како до сеа они на една страна ние на друга :)
     
  11. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    е па принцес ти си го кажа твоето, ние своето - те советувавме.
    твое е дали ќе не послушаш или не :)
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Па јас 90% од времето имам црна шминка на себе, црно моливче и сенка. Или црн туш.
    Па никој не ми нашол маана на шминкањето, а најмалку дечко ми. :^)
    Сега прашањето е - колку и како е нанесена? Ако е шлапната некој спомена како на црна панда, тогаш е проблем. Делува невкусно, дури вулгарно.
    Црната шминка може да биде убава, пристојна, допадлива, но зависи од многу фактори.
    Дали ти стои на очите и тенот? Како ти е усогласена со усните? Ако очите се јако нашминкани, усните се бледо неутрални и обратно. Не може - и црна сенка и темен кармин.

    Принцес некаде прочитав - да, сакам да излезам пак со него, ќе се појавам без шминка, некаде - не, не сакам да се менувам цел живот сум таква. Малце конфузно ми е сето тоа.
    Што сакаш повеќе, да си го задржиш имиџот или да си имаш дечко?
    Мислам, знам дека сега делува ова лудо, и се прашуваш зарем изборот се сведе на тоа, ама животот е низа избори - некогаш за ситници, а некогаш за поважни работи.
    И Кери Бредшо мораше да се откаже од цигарите за Ејдан :D Ама на крај си призна дека сепак го прави за самата себе. ;)
     
    На srcekrsacka, Marence.D, aNy-to и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    394
    Излези,прошетај без шминка па ќе видеш каков впечаток ќе оставеш.Навистина не те сваќам кога велиш неможам да се откажам од таков стил на шминкање.Треба прво да видиш дали шминката ти одговара како што спомна Трендафилка а потоа доагаат на ред другите работи.Ако имаш премногу нападна шминка можеби и во иднина ќе налеташ на сличен проблем.Па ако најдеш пристојна работа сигурно нема да одиш со таква нападна шминка каде што ќе ги плашиш останатите вработени.Што значи кога тогаш ќе се соочиш со тој проблем.А ако дечкото ти се навистина допаѓа,нема причина зошто да не се обидеш,па барем типот бил искрен и на време кажал што му смета и што не му се допаѓа.
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Абе, смрде му ноге, ал ја њега волим...тоа ми беше поентата претходно. Ако некој ве сака, ве сака безрезервно, па еве макар и ставиле цело виножито на очите или токму поради тоа :) Ако некој ви бара од почеток маани или причини зошто не е со вас, значи одговорот го знаете. А Принцес ти пробај да намалиш од интензитетот на шминката на пример еве, па види ефект. Секако на крај ќе си направиш онака ти како што сакаш и како што највеќе ти одговара ;)

    Не сакам да се правам некојаси силна феминистка и да се чукам во гради демек - девојки баталете примедби од страна на дечковци, останете си тврдоглаво на своето и ај создравје. Се со усул. Секако дека извесна доза на самокритичност и објективност му е и те како потребна на секој од нас, она кога знаеме да си признаеме или запрашаме дали нешто што правиме е потполно во ред и да пробаме да промениме некоја негативна страна.
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Глупости! Слушам рок, метал, панк и сите тие гранки од кога знам за себе и мора да се нашминкам со црно? Ете тоа е проблемот во повеќето од оние што слушаат потешка музика. Забегуваат премногу со стилот. И јас се имам носено да речам помалку металски или рокерски сеедно, ама во границите на нормалата! Што е тој претеризам со црнила на очите? ПА нормално дека нема да му се допаѓа, мене искрено ми се смешни тие таквите, ноу хард филингс. Слушај ти метал, ама немора тоа толку да ти влијае на стилот на облекување. Баш како што рече Лилит периоди се тоа, сфаќам, бубашваби да се има во главата, али да се претерува уште е тоа стварно не ми е јасно. Па кога веќе созреваш батали ги тие филмови од тинејџерските години.
    И да, по твоите мислења добив впечаток дека се шминкаш и облекуваш така само за да бидеш забележана од околината. Ама тоа е друга тема и не планирам да навлегувам и да отидеме оф топик.
     
    На Marence.D му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.935
    Допаѓања:
    26.205
    Јас мислам дека ако се смениш во начинот на шминкање и облекување, после ке имаш проблеми со друштвото кое ке ти збори зошто веке не си како нив и сл. Па размисли дали си спремна и да се оделиш од друштво за дечко..

    И плус тоа, он за да дојде со неа на кафе, сигурно ја видел претходно, и чим се согласил да излезе со неа, сигурно не му пречело толку тоа како била нашминкана. Баш би било почудно она да дојде ненашминкана на состанокот, а он ја знае како нашминкана :^)

    И на крај, се е прашање на вкус. И на мене не ми се допаѓа сенка ко шлапната на очи и јак кармин, уште повеке пудра, вештачки трепки, вештачки нокти и сл. па пак на никој не би му кажала * еј, девојко види се на што личиш* Ако на некого тој стил му се допаѓа, тогаш терај го.

    пс. не сме сите опен мајндед ко што се правиме.. Ама ај
     
    На violetblue му/ѝ се допаѓа ова.
  17. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    Princess ....биди она што си душо ! ке се менуваш поради некој друг ??? оди до огледалото погледни се ...и запрашај се самата себе .... " дали се допаѓам вака самата себеси " ? ако одговорот е да нема потреба да се менуваш поради некој друг, биди си она што си, ако некому се свиѓаш нека биде со тебе токму поради тоа каква што си а не како што би требало да бидеш. животот е еден па да го делиме на периоди или нз. што колку ти се допаѓа така да се носиш носи се, шминкај се....се е минливо. ако ти помине желбата за шминка нека биде тоа поради твоја сопствена желба а не туѓа.и јас се шминкам, секогаш сум се шминкала и ако некогаш фрлам креоните тоа ќе биде поради моја одлука, а не на некој друг зошто не сум му се допаѓала " така" поздрав :hai:
     
  18. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    значи како прво ја не се облакам така и не се шминкам така за да бидам забележана од околината или не знам од кого, правам јас како сакам, се шминкам јас како сакам, се облакам јас како сакам и не ме инересира кој што мисли за мене, едени случај беше со овој дечко, а може и ме погоди пошто сум у пмс па сум разнежнета. Второ не се замарам веќе со него ! ми е гајле и сеедно ми е(значи кога ја пишав темава бев под стрес и уште неможев да сватам што уствари се деси и немав разговарано со никого).
    вчера зборев со другарки и другари за ова ми се изнасмеа зашто уопште сум искочила со некој таков, морам да признаам и ја незнам што мислев тогаш. Претходно пишував коментари дека би искочила без шминка заради него па после дека нема тоа беше само моја конфузија уште бев у фаза на размислување, со никого не зборев за тоа. И да кажам уште нешто не се шминкам како панда или што ти ја знам што. Убаво се шминкам (така ми имаат кажано) и не планирам да сменам стил на шминкање. И фала на советите уште еднаш :)
     
  19. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Апсолутно е небитен дотичниот дечко во целава дискусија, овде девојкиве се обидуваат да ти кажат дека стилот на облекување (металски) е фаза, која проаѓа, а ти може заради тој стил да пропуштиш нешто добро што ти доаѓа. Не викам за овој дечко, утре ќе биде некој друг, ама ти со својот начин на облекување и шминкање и ги оттргнуваш од себе! Ствараш само еден круг на дечковци (металци) и само нив им дозволуваш да ти се приближат. Без лутење, никој не ти вика да се менуваш ти од корен. Факт е дека се уште се градиш како личност, меѓутоа времето си лета и ти растеш и созреваш, мој свет е да прифатиш критика и ако нешто не чини да почнеш да ги менуваш работите на подобро ;)
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Никој не бара од тебе да смениш стил на шминкање.. едноставно мора да прифатиш дека многу мали се веројатностите кога така се облекуваш или шминкаш да ти пријде дечко кој не е тој стил и не слуша таква музика. Затоа штом веќе немаш намера да се смениш ориентирај се само кон машките кои се тој стил, затоа што не верувам дека од другите ќе добиеш позитивен одговор.
    Повеќето машки ( ако не и секои ), бараат женственост, провокативност, а истовремено и нежност, милост кај девојките. Ќе ме извиниш, ама зад црни вреќи облека и еден тон црна шминка не можеш да оставиш таков впечаток кај никого. Ќе немате ништо заедничко... тој ќе сака да те одведе во ресторан на вечера, а ти облечена ко за пијанка во парк. Нема смисла...
    Ти колку сакаш имај добар карактер и биди паметна, и се нај... ама таква врска мислам дека не би фунционирала нормално.
     
    На thatsmysecret му/ѝ се допаѓа ова.