Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не му се допаѓало како се шминкам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од princessofthedark, 14 септември 2010.

  1. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Jas kako sto znam, maskite ne sakaat napadno nasminkani devojki. Ova ne go kazuvam radi reda, tuku imam slusnato mislenja i od drugari i od bratucedi i site sakaat po prirodni devojki, a ne so sto kila sminka na liceto. Mene licno crn kreon najveke mi se dopaga, najubavo gi istaknuva ocite. Jas ne obozavam mnogu sminka, na liceto stavam samo pudra i rimel preku den, a navecer i crn kreon na ocite, a senki ne stavam. I obavezno sekogas imam sjaj na ustata.
    Princes ti ne mora da se otkazes od tvojot stil, ama ne mora sminkata da ti bide tolku napadna. Namesto celite oci da ti bidat namackani so crna senka, mozes samo da stavis crn kreon. :makeup:

    ( izvinete za latinicata ) :$
     
  2. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    151
    не се работи за период, од кога знам за себе сум таква во такво опкружување сум пораснала, се дружам со такви луѓе. прв пат ми се случило поради тоа некое машко да ме откачи. Дента кога се деси тоа како лепрозна почнав да се осеќам, чудно ми стана заради тоа некој да се трга од мене. Можеби и во иднина би се случило тоа коа би пробала со некој друг тип на машки иако тоа е најмал проблем зашто после ова не би се ни обидела со некој други машки. некој спомна за работа, не сум размислувала за тоа, иако веќе имам 20 години и треба да почнам да размислувам и за тоа, не би сакала само поради тоа да бидам одбијана или општо некој да ме избегнува, но не сакам и да се сменам. хммм проблем :(
     
  3. Zamzara

    Zamzara Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    32
    Хмм..Луѓето кои што драстично го истакнуваат својот стил на музика преку облеката за мене до некаде се невкусни како појава кога ќе ги здогледам на улица...Не само за мене туку и за некои други сигурно.. Не е тоа само до македонскиот менталитет да речеме,тоа е секаде исто затоа што секаде постојат луѓе со различни вкусови,но во глобала на секој маж му се допаѓа повеќе женственоста,сексипилот....
    Едноставно во иднина ако веќе се одлучи за таков стил и живот тогаш си свесна дека и друштвото треба да си го одбираш според твојот стил...Не се мешаат оган и вода...
    А и како што самата кажа сето тоа го напиша во некоја афектна и конфузна состојба,така да сега се е во ред... Фурај си го својот стил,твој живот, твое право...
     
  4. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Не е поентата ти да се менуваш за тој да те сака. :?: Тогаш нема да те сака тебе ами тоа шо тој си мисли дека треба да бидеш.А, искрено и мене тој стил за девојче ми е некако неубав. Женственоста никаде ја нема. Машкиве се визуелни суштества,па и не е до детево само, мислам дека повекето би реагирале вака. Пробај да се шминкаш понежно,сепак сме демек понежниот пол дее, но заради тебе, а не за да те сака некој :)
     
  5. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    во никој случај немој да ја менваш шминката заради машко и јас имав такви проблеми со декото, ама му реков ако треба ќе се скараме и не ја менвам шминкатаи прифати позз
     
  6. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Мене ме интересира дали и дечкото е металец ??? Доколку не е баш ми е нормално што не му се допага тој стил на шминкање. Овде е во прашање два различни стила.
     
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Не би се сложила со некои што пишале дека е период ако некој се облекува во поинаков стил. Пример, мене не ми е период, знам што сакам во животов, што слушам и како се облекувам. Немојте да споредувате очајни девојчиња кои се ванаби металки со 100 кила црнили само без вкус ставено, мрсна коса итн. Цел живот слушам метал, рок, класична музика, се облекувам во готик стил, корсети, чипки, носам штикли, носам и црно, и бело, и црвено и зелено.... Значи се е со вкус и во границите на нормалата, али во тој стил.
    А ти девојче, остани си на тој стил, и ако стварно ставаш преееемногу шминка, намали, не е поентата да имаш 100 кила црнили за да покажеш што си. :)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  8. smile.for.life

    smile.for.life Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Таква како металка може да те сака само некој металец што е исто така забеган во паметот па има црно долго косиште и облечен како гробар и забегава со музиката.. ако дечково е нормален многу јасно дека ќе избега никој нејке девојка му да изгледа како од хорор филм :\ тешко ке ти биде да смениш стил многу јасно,ама ако неможеш да се промениш не очекувај дека ќе бидеш со некој нормален незабеган тип :) ништо лично маци истото важи за сите со твој стил :)
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Бре? Која си ти да рассудуваш за стилови и да кажуваш кој бил гробар и како се облекувал? Секој си има стил и си се држи до него. И не забегава по музиката. Не знамчи дека ако не е по твој вкус нешто и дека забегава. Ајт таму, слушај си ја Лејди Гага уууууууу е*ате |(
     
  10. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Ете така драга моја :* Знаејќи како изгледаш можам да кажам дека не се сите металки со мрсни коси, искинати издрпани и без осет црно шлапнато!
     
  11. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Ти нормална си? Се сметаш за нормална? Ако беше нормална ќе знаеше и до каде можаш да одиш со коментарот! Па дури и си напишала ,,ништо лично,, аххаах...како неее... грубо ги искоментира тие што имаат поинаков стил од тебе, а можеше истото да го направиш на понормален начин! Плус не ја ни познаваш девојката за да го споредиш нејзиниот изглед со хорор филм! И немој сега да коментираш нешто у стил ,,не зборев за неа туку за тие како неа,,
    За темата: Се шминкам нападно навечер кога излегувам (Не сум металка ама па си обожавам црна сенка и исцртени очи со црн молив), досега не сум добила ниту еден коментар дека сум лошо нашминкана...тоа е мој стил на шминкање! Би направила промена ако некој доволно ме убеди дека грешам во нешто, но и тој што ќе ми ,,посоли памет,, треба да ми биде доволно близок и да јас самата му верувам во неговиот коментар! Во твојот случај Принцезо,ти немаш никава близина со типот, дури не ти е ни дечко... тој искоментирал дека не му се допаѓа како се шминкаш но тоа не значи дека на ниту едно машко не му се допаѓа нашминкана девојка со црно! Ете мојот дечко сака кога сум нашминкана со црна сенка!
    Јас сум за промени во животот, но ако тие промени не направат посреќни и позадовлни од самите себе! Ако одбивноста која ја покажал типот кон тебе те натера да се подзамислиш и да го смениш стилот на шминкање, тогаш направи го тоа....но немој да излезеш без твојата омилена шминка само за да го воодушевиш него!
     
    На violetblue и Offspring им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Ве молам смирете ги страстите, без навреди и препукувања, зашто мислењата ќе бидат избришани ;)
     
  13. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    638
    Требаше два-три поста погоре да коментираш кога станува збор за навредите! типката ептен ме изнервира колку си допушти да искоментира нечиј стил! како и да е, ако се однесува на мене коментарот на к.и.м си извинувам и ќе се потрудам да не навредам никој со мојот начин на изразување! :*
     
  14. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Нека те нашминка подобро ако знае. :D
    Ај да беше за облека, поприфатливо ќе ми беше ама...шминка, шминка.
    И самата вели, тоа е таа, зошто да се менува поради каприците на некое детиште.
    Ако те сака, ќе те сака и со шминка, и без, и со црнила, и без црнила.
     
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Абе и мене не ми се допаѓа шлапнато црно без врска така колку да се има шлапнато. Металски стил ама како на Лакримоса, да ти е мерак да ја гледаш! Ме изнервира начинот на кој девојкана си зеде за право да коментира нечиј стил.
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    Леле коментаров е лудница. Еј Женска олади. Секој има право на свое мислење но ова твоето е навреда. Нареднен пат прво размисли па пиши. И на мене не ми се допага тој стил на облекување но се паг го почитувам сите сме различни. И на тие луге можеби твојот стил не и се допага али тоа е :)
     
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    ооо леле ... ајде баталете ја нека си зборува што сака кога си нема семки во главчето :rofl:

    и ако на тој не му се свиѓа како се шминкаш нека те нашминка тој да видиш како сака ... :rofl:
    се шалам ...

    не може така да ти суди ... меѓутоа ако стварно си како некое од девојките кои ставаат цело кило сенка црна зелена и слично за до продавница тогаш и ти испитај се ... а ако сметаш дека се шминкаш нормално тогаш разговарај со него и ако не те слуша тупни го еднаш по тиквето да се освести ... :angel:

    и да бидам искрена си пишав мислење ама не прочитав се од темава па простете ми ако забегав :)
     
  18. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    130
    Се' што е претерано не е убаво и не е вкусно. Ако шминката на лицето ти е како виножито не значи дека ќе бидеш постилски нашминкана отколку некоја која си преферира да се шминка со црно.

    Да имаш свој стил (без разлика кој) не значи дека треба да ги искористиш сите можни бои од спектарот на бои, ниту пак да претераш со црна боја и да изгледаш како да си ја ставила цела сенка на очите за едно излегување. Стилот подразбира вкус, до некаде умереност и нормално a personal touch. Немам ништо против готика стилот (нормално доколку тој/таа што го практикува разликува стил од претеризам), затоа што стилот на облекување, музика, шминкање е мал, но сепак составен дел од дефиницијата за личноста.

    Да потсетам дека еден од најчестите совети што е даван на форумов е токму тоа: Биди она што си! Има разлика од давање добронамерна критика и обид да се советува некој да го применува истиот стил како и советодавачот само затоа што тој/ таа се ограничени во поглед на другите стилови.

    На крај краева, подобро готика со стил отколку лампион по моделот на бугарските певаљки од Планете!
     
    На Lacrimosa и Offspring им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    пред неколку години и јас се шминкав ко тебе-црно моливче со црна сенка на очите но на усните ништо, и како што очите ми се светли и крупни изгледаше ноу комент :D
    ама тоа беше тогаш сега не е така-паметот ми леташе
    не е убаво премногу да се истакнати и очите и усните-изгледа вулгарно
    како што ти кажаа феминките погоре пробај нешто понежно
    а што имаме една млада жена во партија-наскоро мајка ке стане е
    розев кармин на усните а на очите розева сенка со црно-малку е понагласен карминот во смисол посилна нијанса и никој ништо не коментира ја прифатиле таква каква што е
     
  20. Srce01

    Srce01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2012
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    23
    Принцесс ... А да ставиш слика како примерр за начиноот на кој се шминкаш ... ;)