1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не сакам да го молам нити да го загубам

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од SexyBlondy, 25 април 2011.

  1. SexyBlondy

    SexyBlondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ве молам да ме прочитате внимателно.

    На 16 години се заљубив во момче кое е од мене помало 1 година,но тоа не ни беше пречка да бидеме заедно.Се сакавме неколку месеци,бевме заедно додека не раскинав со него(а и бев девојка која не се замараше многу со тоа,и бргу преболував)Подоцна сфатив каков е , ми олесни на душата зошто тој период кога увидов каков е всушност не бев покрај него.
    Запознав друго момче на 19 години кое сепак не беше такво како што сакам но ги имаше моите симпатии но не бев со него заедно туку имав со него онака обичен контакт преку интернет зошто бев зафатена со моето училиште и не бев заинтересирана за него.Иако јас знаев дека ме сакаше сепак не му возвратив на тие чуства како што сакаше тој бидејки бев сигурна дека не бев за него.Но подоцна како и првиот случај дознав каков манипулатор е и го напуштив со изговор дека имам друго момче во својот живот и не сакам да ми прави проблеми зошто го биеше исто така и лош глас на личност која си ги малтретирал своите девојки на физички начин.Не ми се веруваше сепак.Го преболев и него лесно.Се додека не запознав едно момче кое ме заслепи но и ме промени во однесувањето.Имавме убав однос,убави разговори,сите приметуваа дека се случува нешто помегу нас.Бев пресрекна што имав личност покрај себе кој одговара на моите чуства и не ме одбиваше.Ми купуваше подароци,цвекиња,ме запозна со сите негови блиски личности,сестра брат и зет и родители па дури и тие од прво видување чуствуваа дека има нешто мегу нас.Се додека не се појави една глупача во неговиот односно измегу нас.Тој иако не и одговараше таа беше упорна.Јас разговарав со него на таа тема(тогаш уште не бевме официјално заедно)но тој ми кажа дека се ке се среди.И навистина,се среди за н екој период,бевме заедно додека не се појави пак таа,јас видов не видов почнацв да се откажувам полека од него.Но,по тоа јас се сменив од корен.Станав агресивна,да се однесувам лошо ко него иако ми простува постојано.Јас си терам како ми доага од душата.Зошто не сакав и не сакам сето тоа заради трета личност да заврши.Не сега кога имавме многу планови за нашата иднина.А во последно време се смени,чуствувам како да ме одбегнува,како да не му се зборува со мене,а знам дека има моментално тежок период,јас сакам да му помогнам но тој одбива.Не молев никој но него го молев за разговор последниве два дена...Не сакам да го загубам,навистина ми значи а неделава имавме договор да се видиме ама се прашувам воопшто дали да отидам на средбата,дали воопшто да му зборувам и како да се поставам кон него.Не сакам да го молам но не сакам ни да го загубам.
     
  2. Katiija

    Katiija Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    10
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    зошто да не отидеш на средбата, кога не сакаш да го изгубиш, разговарај со него искрено и убаво, смирено објасни му се, и дека сакаш да му помогнеш, и кажи му дека ти значи и не сакаш да го изгубиш.
     
  3. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    И јас лани бев заљубена до уши во еден дечко со кој мислев дека ќе останам засекогаш :fubar: :rofl:
    ама еве ме сега со друг дечко сум. Бев депресивна 1месец и толку, сега си се смеам.
    Како што и самата кажуваш имаш 16 години, и 20 да имаш не можеш да правиш планови за иднината.
    Плановите што ги правиш за утре можат да ти се расипат а нели пак за во иднина.
    На сила љубов не бидува, премногу се замараш.
    Уживај си во годините и не се врзувај уште сега ;)
     
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.602
    Пол:
    Женски
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    Јас мислам дека дечкото се заситил од твоето однесување кон него и на тој начин самата си го одбила, а не девојката што се замешала.И мене секој ден некој да ме чека со расправија, не би ми било пријатно да го видувам колку и да го сакам.Велиш се си правела по свој кеф, тоа понекогаш знае многу да иритира, а посебно машкиот пол, го газиш неговолто его, ти си шефицата и ? Сега од една страна сакаш да го имаш, а од друга не сакаш да си ја поднаведнеш главата, епа ќе мора да избереш.Не да го молиш,едноставно да покажеш љубов и разбирање кон него без ароганција,да ја препознае таа доблест кај тебе,зашто секој има граница до кај може да се оди, а тој на 19 размислува поинаку отколку ти на 16.
    Желбата за доминација се гледа и во твојот пост.Пред да го изнесеш конкретно проблемот, ти ни раскажа за два претходни случаи,кои немаат врска со третиот, најверојатно за да ни докажеш како лесно манипулираш со мажите и како ти си главната во врска,ама не заборавај дека некој можеби има поголема самопочит од тебе!
     
  5. SexyBlondy

    SexyBlondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    Не се изјаснив добро,се извинувам.

    Тие двата случаеви ги кажав за да ги споредам со третиов случај.Сега сум повозрасна,тогаш не се нервирав доколку некоја ми го превзедеше момчето или сме ја прекинувале врската зошто двајцата сме го сакале тоа или некоја сосема трета причина.Не ставав многу во мисли и не молев никого.Не се потчинував на некое момче.
    Одкога го запознав ова трето момче јас се променив потполно.Богами во тој период бев дожиевала сообракајна незгода со мој најдобар пријател кој загина а јас се спасив и се обвинував самата себеси.Тогаш се појави тој и ми подаде рака.Ја исполнуваше празнината.Не му барав ни љубов нити да ми биде партнер туку само трошка разбирање.Кога се изгледаше супер помегу нас таа се појави за да ги замрси нашите планови.Му велеше да ме напушти,да ја избере нејзе,а мене ми пречеше со тоа што тој не се замараше многу со тоа,а таа си продолжуваше мене да ми пречи,нему да му се јавува и да му пишува иако тој ја одбиваше.А доколку јас се случеше да имам контакт со некој негов познајник полудуваше,па ни Здраво не можев да кажам.Му ја понудив и својата љубов,и барав начин да му помогнам во неговите проблеми,имав разбирање,но додека е со мене јас не сакам вакво однесување сакам не сакам имам проблеми не ми се зборува...Има многу личности кои сакаат да ни го расипат она што го имаме,а тој е тој кој не разбира дека се случува нешто измегу нас.Му имав кажано еднаш дека сакам да разговараме на тема за неговиот бивш другар кој се обиде да ме излаже во врска со него тој го одбегнуваше тоа.Епа не можам и секогаш да седам со скрстени раце.
     
  6. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.370
    Допаѓања:
    5.315
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    можеш само отворено да разговараш за се што ти смета. И за другарот и за таа си некоја девојка. Правиолно да му го оцениш гледиштето за таквите работи и едноставно да ги разрешите недоразбирањата што се помеѓу вас. Едноставно ако љубовта е голема и правилна тоа значи дека ќе можете да го решите секој проблем и да донесете правилна одлука во вашите животи. Сепак не се откажувај лесно за она што го сакаш а искрениот разговор ги отвара сите врати :P
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    Мораш да го натераш да разговарате.
    Сепак доколку не и обрнува внимание мислам дека не треба да се нервираш.
    ЈАс едино не сфатив дали сте официјално и долго во врска или како ???
    Како и да е чим меѓу вас нешто тлее, или имате нешто расчистете еднаш за секогаш и нема што да успее некој друг да ви расипе.
    Доволно си возрасна, и мислам дека нема потреба од големи расправии. Само натерај го да зборувате зашто ќе си направите полошо на врската :)
     
  8. SexyBlondy

    SexyBlondy Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    И би разговарала со него,само не знам како да ја започнам темата за да не ја одбегнува.Истото му го кажува сестра му но тој како да не сака да разговара,а можеби и мисли дека нема потреба за тоа.Мене трета личност секогаш успева да ми расипа некоја работа а не сакам и овој пат.Спремна сум да се борам за се.Ама не сакам да остане тој повреден на крај.Досега траев но не можам да гледам како некој го лаже и го прави будала а тој не сфака.
    А со него имав врска и барем се уште мислам дека ја имам.Знаат за тоа сите,имавме период на мали прекинувања ама тоа е минато.
     
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    Мислам дека човекот е уморен од разговори на таа тема, затоа и избегава муабети и не сака. Можеби во моментов се што треба да направиш е да тактизираш, не да провоцираш дискусија, која и самата како што гледам си свесна дека ќе ве одведе по ѓаволите, бидејќи дефинитивно човекот е уморен од разговор за околината и третите личности помеѓу вас. Ако се уште имаш шанса да останеш со него, биди, направи го тоа и заборави ги третите личности. Биди паметната и остави ги третите личности да се удават самите себе си во приказните. И самата пред малку рече дека тој ја игнорирал онаа девојка, овој другар му е бивш другар... тогаш каде бил проблемот. Не можеш некому да му ставиш затка на устата да не збори и не можеш да го одј*беш. Не сите се такви луѓе, оставаат човекот сам да си разбере, очигледно дека тој, токму тоа и го прави. Си има веројатно по битни проблеми од тоа да се замара кој што рекол, впрочем и кој би се замарал со тоа , кој што рекол, па објаснувања од девојка му кој е против вас, теории на заговор и слични будалаштини. Вака, можеш само да го загубиш човекот. Се' што треба е да смислиш, фина, опуштена атмосфера, некаде на некое место, што ве поврзува, фина вечера или било што убаво да се опушти човекот и да се потрудиш, доколку видиш дека тој се однесува фино, дека се препушта на моментот ти самата да си го контролираш својот мозок, секој пат кога ќе ти забега кон тие теории на заговор и најважно да не зборуваш за нив. Направи да ви биде убаво, така можеш да го вратиш, ако со тоа не успееш, значи дека човекот веќе има загубено интерес, можеби е само привремено (да сака да се одмори малку да се прибере), а може и да е трајно. Секогаш, кога и да е во животот, без оглед дали со овој човек, или некој нареден сфати го ова, никого не можеш да држиш на конец и да лета како што ти сакаш и до каде што ти сакаш, не можеш да го убедуваш како сите се против вас, само ти губиш... и да постојат такви луѓе, не си ти таа што треба да го докаже, направи ти се што знаеш и умееш да тој види дека вреди да те има покрај себе, не му го труј мозокот со истите глупости со кои и другите, бидејќи така не стануваш ништо подобра од оние другите. И, знај, некогаш треба да го пуштиш човека слободно (остави го да размисли, да се прибере), само за да видиш дали е твој, ако не се врати, ако не успееш, едноставно не е повеќе твој.... и џабе ќе ти се сите напори, да пробуваш да го вратиш, бидејќи ќе трае недела, месец, неколку, потоа ќе се распадне... и само тебе ќе ти е тешко, бидејќи ќе се чувствуваш дека те изиграл, а не било така, едноставно не знаел како да те одбие.
     
  10. Iceberg

    Iceberg Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    48
    Не сакам да го молам нити да го загубам.

    Така се осеќаш заради твоите години.Ако навистина не сакаш да го изгубиш,заборави на гордоста и тврдолавоста,проголтај ги и бори се.ако не-никој нема да ти биде крив-од тебе зависи ;)