1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Не се ни познаваме, а ми кажа: „Те сакам“

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GordanaL, 27 мај 2012.

  1. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    Се запознав со едно момче преку интернет. Се најдовме и на фб и станавме пријатели, почнавме да пишуваме и видовме дека на многу теми имаме идентични мислења. Ми рече дека сака да ме слушне, тука можеби избрзав и му дадов мој број. Се познаваме само неколку денови. Ми се јави и разговорот добро ни одеше, разговаравме и се смеевме. Можев да забележам дека како мене така и него разговорот ни прија. Си пишавме и неколку пораки, многу е внимателен. Меѓутоа, ние не се познаваме во живо. Инаку, само да напоменам тој е од друг град. Се договараме да се видиме, но тоа се уште се нема случено. Разговаравме и вчера како и претходните денови, се одеше како што треба да биде, но на крај се случи оваа чудна, може само за мене ситуација, ми кажа „те сакам„. Јас бев збунета и не му вратив ништо на тоа. Мислам дека е премногу брзо. Јас чувствувам нешто, но не до толку. Не знам како да ја дефинирам ситуацијава. Се плашам. Не знам што може да е работава. Не знам дали да прекинам секаква комуникација со него или пак да истражувам за да дознаам повеќе информации. Не знам ни дали е можно некој за толку кратко време да чувствува такво нешто. Се плашам, уште еднаш ќе го потенцирам ова, не знам дали има шанси целава оваа работа да има некаква заднина. Дали некоја од вас се нашла во ваква ситуација? Како сте постапиле? Ми треба совет! Секој совет ќе ми биде добредојден!
     
  2. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не се ни познаваме, а ми кажа „те сакам„

    Па симпатии можно е да има, во смисла ви годеле разговорите и сте пронашле многу работи кои ви се заеднички. Но дефинитивно чувства според мене е чудно да има без никаков физички контакт. Затоа што сепак е најбитно како ќе се почувствувате кога ќе бидете еден покрај друг, очи во очи а не преку телефон или Фејсбук.
    Дури и да сте имале контакт би било рано за толку краток период да ти изрази такво нешто. Поради што рекол така не знам. Можеби почувствувал некои симпатии како што кажав. Можеш отворено да го прашаш или да разговарате на таа тема. А за понатаму па ако ти се допаѓа и ако мислиш дека нешто би можело да произлезе од тоа запознај се со него. Мислам дека нема од што да се плашиш, повеќе работи би се разјасниле кога би се виделе во живо ;).
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hehehe

    hehehe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    57
    Не се ни познаваме, а ми кажа „те сакам„

    Многу се пронајдов во напишаното! Бев еднаш во многу слична ситуација само што во мојов случај пишевме околу 3 месеци (што не е многу повеќе ама е доволно да запознаеш некого) и јас од пусти страв престанав да контактирам со дечкото!
    Јас да сум на твое место не би му верувала. А би те советувала да се распрашаш повеќе за дечкото па ако е се ок може и на кафе да идете па ке видиш како што! :)
    Позз и пиши што си направила :*
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleBadGirl666

    LittleBadGirl666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    11
    Не се ни познаваме, а ми кажа „те сакам„

    Вака Горде мило ми е што си ја надминала кризата од предходната 4 годишна врска ! Добро е што си имаш некоја занимација со другарчето од фб. Само по сите твои пишување ми остави впечаток како не многу искусна девојка за твои години...Мислам искрено самиот наслов на твојата тема е незрел! Какво е тоа сакање преку фејсбук, интернет,компјутер,фотошоп,телефон и било каква технологија...Се немате видено и вие се сакате :o мислииим хелооу ..љубав преко жице или?? Велиш И ЈАС ЧУВСТВУВАМ НЕШТО а што тоа? Значи преку едно обично допишување и малку повеќе исто размислување и согласување тоа е љубов...И не не е можно за толку кратко време некој да чувствува нешто! Мисламм аман од таа некоја необјаснива доверба ... кон машко :devil:
    Ова секако е само мое лично мислење, бидејќи нели секаков совет ти е добредојден :*
     
  5. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    728
    Допаѓања:
    1.822
    Не се ни познаваме, а ми кажа „те сакам„

    Прво кога го видов насловов помислив дека се работи за "не се познаваме доволно" ама сега гледам всушност воопшто не се ни познавате. Јас би ти рекла бегај подалеку од вакви виртуелни допишувања и контакти бидејќи има секакви луѓе кои би направиле и лажен профил за да дојдат до некое наивно девојче, а средбата во живо е всушност далеку од замислата и сликата која ти ја создава во глава. Но доколку сепак се одлучиш на чекор да се видиш со него, обавезно со себе понеси брат/братучед/другар, било која машка личност, во никој случај немој да бидеш сама или со другарка бидејќи не знаеш кој се може да се најде пред тебе.

    А во врска со тоа што ти го рекол "те сакам", верувај дека не го мисли истото. Го кажува со цел да те придобие повеќе и да те заслепи. Не е можно да не се знаете а да те засака.
    Твое е што ќе направиш, само со памет :)
     
  6. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    Не се ни познаваме, а ми кажа „те сакам„


    Еве мое мислиње:
    Како прво како може да ти каже дека те сака,а не се ни познавате?? Да ти кажам тоа не е љубов,изгледа дечкото си сака кратка авантура :?: ?!
    А и незнам како можеш да кажеш дека чуствуваш нешто спрема него,кога не го знаеш??
    Не викам дека ова неможе да порасне во љубов,ама кога ти кажал дека те сака те излажал!!
    Можеби дечкото сака сака да се запознаете да те засака,ама не верувам многу во ова!!
    Верувај ми дека Тој што лесно ти кажал дека те сака,сигурно не те сака и не потпаѓај толку лесно!!
    Јас да сум на твое место би прекинала со него,бидејки не ми мириса на добро!!
    Што и да правиш само памет во глава и размислувај за себе!! :) Ти посакувам се најдобро! :) :*
     
  7. GordanaL

    GordanaL Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2010
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    43
    Не се ни познаваме, а ми кажа „те сакам„

    Да, фала за советот во секој случај. Меѓутоа тоа што јас го чувствувам не е љубов. Чувствувам потпора и почит.
    Заради тоа и ми беше страв, да не има некоја заднина целава ситуација. Тој преку телефонските разговори изгледа нормално, но јас не го познавам доволно и да знам што се крие зад вистинската личност. Фала за советот!
     
  8. AlwaysSmile

    AlwaysSmile Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    МНОГУ ПАТИ! Сигурно е дека овие зборови не се искрени затоа што не се познавате, а за се сакате треба да се познавате....Можеби тој сака подобро да те запознае и да ги развие своите чувства кон тебе, не мислам дека се крие некоја заднина во оваа.... Но, сепак не избрзувај! Разгледај му го убаво фб профилот (можеби е лажен) па некој си поигрува. Јас на твое место искрено не би го дала бројот. Но, што е тука е.Ако чувствуваш нешто и разговорот ви оди, па сретнете се! :)
     
  9. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Со таа изјава, типот можеби сакал да се осигура дека кога ќе идете на кафе, нема да остане само на кафе. Или е ептен женкар па ги користи тие зборови толку бездушно само за да легне, или е ептен затуцан па ги користи тие зборови за да си фати женска. Како и да е, не му е искрено тоа.
    Сепак ако ти се допаѓа излези со него, само со памет, видиш, со слаткоречиво момче на повидок треба да се внимава.
     
  10. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Па ова не е ништо чудно! Во денешно време зборовите "Те сакам" се доста силувани зборови!
    Јас би те советувала да не му веруваш. Можеби му се допаѓаш па малце го преувеличил тоа и ти го кажал како сакање. Више кога ти се допаѓа и тебе ислезете но обавезно имај некој со тебе, немој никако сама затоа што незнаеш кој може да излезе пред тебе и гледај да се договорите да се сретнете на место коа не е тооолку темно и запустено туку негде кај што има народ, раздвиженост! ;)
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  11. m.maci

    m.maci Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    16
    Не верувај во зборот "те сакам"
    бидејќи лесно се изговара,
    а тешко се исполнува !!! :hai: :hai: :hai:
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Од мене типот има ОГРОМЕН минус! Кажува те сакам на девојка која не ја видел. Ова мене ми е многу недораснато. Во ред е да ти каже дека му се допаѓаш и дека сака да те запознае но те сакам НЕ НЕ и НЕ!
    Ако имаш желба да го запознаеш излези со него но немој веднаш да преминуваш на нешто повеќе бидеќи виртуелен и реален свет не е исто.
    И да, доволно си возрасна за да знаеш каде треба да се движите... ;)
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Уште се креираат теми каде што можам слатко да се изнасмејам :makeup:
     
  14. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Те сакам=сакам секс
     
    На anichka94 и mime87 им се допаѓа ова.
  15. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Има многу луѓе што не знаат прецизно да ја дефинираат (не)важноста на една виртуелна комуникација или врска, и затоа избрзуваат, и најчесто грешат. Некои дури и ја едначат со вистинска, физичка врска, што е и најлошо.
    Јас мислам па да си отворена со него, и да му кажеш дека не очекуваш да се развијат чувства „преку монитори.“ Продолжи ја комуникацијата, но намалете го темпото на „запознавање“ и набљудувај како тој ќе се постави. :)
     
    На GordanaL му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Фино си направивте муабет на тема од месец мај :wasntme:
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Ph0enix

    Ph0enix Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    325
    Благодариме на забелешката, слободно придонеси и ти ако имаш нешто во поглед на темата. :wasntme:
     
  18. igormmm

    igormmm Активен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    доста стара е темава али ако се пронајде некој др.. да прочита мое мислење:според мене не е убаво да се одалечиш од таа личност..сепак има скајп или нешто сл со кое можеш да го видиш преку камера... па доколку ти се допаѓа таков каков што е таму би можело и кафе нешто сл.има убави момци кои би ти пишале.. а секако не би сакале после долг разговор да се откажеш баш кога може да испадне нешто повеќе. :)