1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Никој не ме сфаќа сериозно

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Barbie-mwa, 4 март 2011.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Проблемот е во тоа што мене никој не ме сваќа сериозно! Сите ме гледаат како за секс, за забава или пак за дружење. Никој не ме гледа како некоја со која би можел да биде понатаму во врска. Дури и они со девојќи, па и оженетите се загледуваат по мене, а јас не се осеќам ич убаво. Незнам што го предизвикало тоа. Сакам да се променам, да изгледам некако посериозно но пак истото! :worried: Имам другарка која никој не ја сваќа така, иако е иста како мене исто се облекуваме и многу сме идентични, нејзе сите ја гледаат како девојка за врска. До сега не сум имала дечно, но сум излегувала со момчиња. Сакам да се забавувам, но не сакам авантури за една вечер. Или некој озбилно или никој. Но глупо се осеќам и во ситуации како излезам на кафе со некој пар, и ајде дечко и почнува повеќе внимание да ми обраќа мене отколку на неа и настануваат сите кавги поради мене, па затоа и ги одбегнувам таквите кафиња. Не сакам сите да ме гледаат така, знам дека на некои не би им пречело, но мене ми пречи по малку. :doh: :emo:
     
  2. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Никој не ма сваќа сериозно

    Обично така ги гледаат девојките за кои сите знаат дека имале повеќе партнери или пак дека не сакаат да имаат дечко и секоја вечер се муваат со различен. Јас не те познавам, ама по тоа што го кажуваш, навистина нема потреба така да те гледаат, можеби едноставно не наишол некој што е твој тип, за да можеш да си со него во врска.
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Никој не ма сваќа сериозно

    По мене момчињата се плашат од згодна и атрактивна девојка, самоуверена...Ова и машки ми го кажале...мене ми се случуваше многу ова и искрено ми сметаше едне перидо многу, ама после некако се навикнав и веќе не се замарав.Едноставно некои девојки зрачат со некаков сексипил како и да се облечени...и до гуша ако се закопчани, едноставно зрачат така.И машките прво што приметуваат е тоа и нормално приоѓаат само поради единствена цел...да ја добијам макар на една ноќ.Не си ти крива...колку и да си стабилна, примерна итн.Дури и арогантна...Јас си бев арогантна затоа што не сакав така да ме гледаат одбивав многу...И се чудев и прашував како тоа не се појави некој посериозен...со време почнаа и такви да приоѓаат верувај.Затоа опушти се и биди си своја. ;)
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Никој не ма сваќа сериозно

    Навистина, не знам и не гледам причина да те гледаат така...Но,сигурно си им оставила некаков таков впечаток со некое однесување,макар да можеби и погрешно те сватиле.Прво,докажи им и дај им до знаење дека не си таква девојка,едноставно значи игнорирај ги таквите типови,и не им оди по ќев..Пробај да бидеш посериозна личност, и не грижи се многу..еден ден ќе наиде вистинската личност ,која вистински ќе те цени... а засега уживај и баш ти е гајле за некои недораснати типчиња ;) ;) ;)
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  5. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.546
    Допаѓања:
    6.312
    Никој не ма сваќа сериозно

    Барби, ти ич да не се секираш. Можеби ова произлегло од некоја твоја постапка (која најверојатно погрешно ја сватиле..) но повеќе сум убедена дека тоа се само некои недораснати типчиња околу кои ти случајно си се нашла. Така да, no need to worry, некој ден и за тебе ќе дојде вистинскиот кој навистина ќе те сака и ќе му значиш и нема да гледа на тебе како на забава. ;)

    Не сакам многу да умувам, затоа што некои би рекле дека не сум адекватна да давам совети во оваа тема, но знам зашто ова во поголем дел од времето и се случува на другарка ми а понекогаш и на мене. Сите си мислат дека јас сите ги свиѓам/сакам и дека не сум за нешто сериозно, туку барам само забава. Ова знам, сум им оставила погрешен впечаток со некоја постапка или уште поедноставно, луѓе се и секогаш ќе зборуваат, што и да направиш. ;) Во овој период, другарка ми најнормално и се допаѓаат повеќе деца, зашто сме во тој период, тинејџери и можеби затоа такво мислење создале за неа. Не ја знам твојата возраст, но како и да е, еден ден ќе дојде и ти тој што го чекаш, се ова е минливо, можеби се движиш околу погрешни луѓе па си добила таков впечаток, дека сите гледаат на тебе на таков начин.
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Никој не ма сваќа сериозно

    Ви благодарам многу на сите. :*
    Инаку за 2 месеца полнам 17. :) Незнам што придонело до ова, најверојатно како што кажа julie77, се плашат девојката да не биде предобра за нив, или незнам што. :fubar: глупаци
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Никој не ма сваќа сериозно

    Barbie-mwa
    Можеби проблемот е во тебе?
    Можеби првиот впечаток кој го оставаш кај машкиот пол е сосема погрешен?
    Не е се' во стилот на облекување кој е сличен како со твојата другарка,има нешто повнатре наречено карактер.
    Тргни од себе, не те познавам, но со ова што си го пишала делуваш како девојка која се носи провокативно,што ги наведува на машките на тоа мислење за тебе.
    Или можеби (несвесно) флертуваш постојано.
    Едноставно ако ти е смачено од тоа, не можеш никого да промениш друг,освен себе.
    Тие кои чекаат авантури со девојки за една вечер ќе продолжат да го прават тоа, се додека го сакаат истото.
    Кога некој ќе ти пријде, направи муабет, па и да сака да те смува, тргни се и дај му до знаење дека не ти е дојдено до тоа, насмевни се и продолжи го разговорот(нормално ако момакот е сериозен, нема да избега во потрага по нова жртва,после еден неуспешен обид)

    А,тоа што дечкото на твојата другарка повеќе се загледува во тебе,отколку во неа, не е твој проблем, туку негов.
    Да не си ти,би можела да биде било-која.
     
  8. Mistery

    Mistery Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.626
    Донекаде Барби и јас имам слично размислување како Ашлинг....Може е во тебе...Може и не е нарочито начинот на кој што се облекуваш, мада мислам дека сепак се облекуваш провокативно од ова што го напиша (може и да не е така незнам)....Али и да не е тоа, има нешто што се вика body language!!! Може и тука да е проблемот кај тебе. Даваш таква вибрација на таква девојка. Најдобро би било мислам да почнеш прво од стилот на облекување, да се намали флертувањето (барем она свесното), па дури и да си ладна и дистанцирана на еден начин...Зашто ние ретко да пробаме нешто ако не добиеме некаков сигнал или некакво одобрување на некој начин...Значи сепак ти мора да праиш нешто за да предизвикуваш таква реакција....Преиспитај што би можело да е, мислам дека ќе откриеш каде е проблемот ;)
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Можеби им се допаѓаш онака, за другарка. :wasntme:
    А и можеби ептен опуштено разговараш со нив... и те сфаќаат онака неозбилно. А и ако ти е носот до небо, верувај дека ќе те сакаат за една вечер. Обично таквите девојки како за инат ги фаќаат како триумф за неколку дена.
    Размисли, можеби до тебе е. ;)
     
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Тешко е да кажеме каде е проблемот зашто не те познаваме.Но и не знам каква сериозна врска ти очекуваш на 16 години, па и ретко кое машко на твоја возраст или тука некаде сака воопшто сериозна врска.
    За да не погодуваме, мислам да замолиш некоја блиска другарка да те набљудува кога сте во машко друштво како се однесуваш и искрено да ти каже.Дали правиш нормален муабет или ко да им се нудиш, какви ти се движењата, ставот, се.Уште поубаво ако имаш близок другар, па да го замолиш, од машка гледна точка да ти каже.
    Досега како што сум забележала, несериозно се сфаќани девојки што се да не речам голи, што се постојано во машко друштво и се трудат на секој можен начин да го привлечат вниманието и да им се интересни, па дури по цена и за фудбал да зборат, што инаку не можат да го смислат.Е сега, дали си таква, не знам.
     
  11. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Навистина бидејќи никој не те познава лично,се‘ се сведува на погодувања и претпоставки.
    Еден голем предуслов мислам дека е твојата возраст,ретко кој мисли дека девојка на 16 год. размислува за сериозна врска.Ако тоа е она што го сакаш,бори се да го оствариш и не влегувај во краткотрајни авантури,јас почитувам кога некој има став и знае што сака,но ако мислиш дека ова го сакаш,а завршиш пак со некоја авантура,тоа не остава добар впечаток.
    Во врска со однесувањето,ако немаш намери со некого не се впуштај во непотребен флерт,колку тоа да му годи на твоето его и не го троши времето со некого без потреба,често девојките оставаат простор да ги доведуваат во комбинација со типови кои се мотаат околу нив.Значи строго-не сакаш ништо со некого-отстрани го фино и културно,но брзо!
    А во однос на облекувањето јас сметам дека повеќе провоцира целосното однесување,отколку само облеката сама по себе,но да напоменам секоја крајност-не чини,па сигурно ги знаеш основните модни правила на пристојноста што секоја девојка ги знае(со минич до јајници :D - што би рекла една моја другарка не оди деколте до дијафрагма).Немој да се навредиш,не го сфаќај ова лично ова повеќе на шега го напишав ;) ,да ја изнесам поентата.
     
  12. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Абе луѓе не се облекувам провокативно! Ниту пак флертувам со некој, си се понашам онака нормално другарски. А од кај јас да знам дали ќе биде нешто сериозно или само авантура :wasntme: Многу ретко флертувам, што би се рекло па јас не ни знам да флертувам. Сепак фала ви на советите, може е проблемот во мене.
     
  13. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Прв момак :"Маче многу си секси вечерва, имаш нешто во план да правиш после?"
    90% од девојките би изреагирале вака " :lol: :wasntme: "
    Втор момак: "Дали може да се запознаеме?"
    90% од девојките "НЕ,ФАЛА! НЕ ШИРАМ ПОЗНАНСТВА!"

    Имај на ум дека не секој што сака да се запознае со тебе сака сериозна врска или авантура.
    Боди ленгвиџ џабе теоретски да ти го кажиме, едноставно се препознава... начин на кој те гледа, покрети-едно друго, а и од погорната ситуација и двајцата можеби имаат исти намери, но имаат огромна разлика, која би требало да ја препознаеш.

    И не можеби е проблемот во тебе, туку сигурно е.
    Просто нема кој друг да е.
    На повеќето машки некоја девојка да ги земе во дискотека и да им даде еден добар blowjob, воопшто не им пречи или па некоја да им застане гола и тие да помислат "ах,оваа сака бемки да и избројам" (?) Не бе, веднаш ќе ја легнат ни пет ни шест.

    Биди она што си.
    И да е до стилот,ако тебе ти се допаѓа носи си го.
    Ми се чини не постои девојка која нема да наиде на таков дечко,а и реално да правиме муабет па и не се машките толку криви или мањаци кога ќе видат некоја 15 годишна на 12 цм штикли,со кратко мини, бујно деклоте и нападна шминка , го држи 25 годишен момак за рака.

    А,втора работа..
    колку досега што ти се пуштиле да те смуваат, си ги одбила?
    или да те ебат еве?
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Еве,јас ти се извинувам од мое име,ако те навредив,не ми беше тоа целта,пак ќе речам не те знам,она што го зборував беше онака како рамка повеќе,а секоја рамка не е за секоја слика.
    Што е твое ќе си дојде,твое е да го препознаеш ;) .