Значи, имам дечко и заедно сме година и пол. Уште од самиот почеток он се постави прекрасно кон мене и со тек на време јас го засакав највеќе. Постојано бевме заедно, се гледавме по неколку пати во ден. И ден денес, можам да кажам дека сум премногу задоволна од врската и од нашиот однос. Има премногу доверба и искреност, никогаш немало неверство, лаги или некоја сериозна расправија. Он секогаш ме гледал како капка на дланка, па и да не кажувам дека ме почитува бескрајно многу. Но, сепак проблемот е у тоа што сега не поминуваме заедно толку време као на почетокот, ми верува многу пa не ме проверува за ништо, не ми повторува постојано дека ме сака највеќе зашо според него јас тоа треба да го знам кристално јасно. Можеби би требало да бидам среќна со ваква врска, но не е така. Всушност мене ми недостасува времето кога бевме постојано заедно, сакам понекогаш да се сомнева во нешто, сакам да ми се јавува по 20 пати во ден како порано, сакам да биди повозбудливо и поинтересно, а не знам што да направам за да го постигнам тоа. Знам само дека премногу ми значи и дека не сакам да избледи сето тоа што сме го стекнале. Ве молам за совети.
Би ве замолила за совет женска главо, те молам уживај во ова што ти се случува сега, кога ќе почне да се сомнева и кога ќе се случи тоа што го сакаш сега, ќе го бараш назад ова што го имаш сега. ВЕРУВАЈ дека врската ти е преубава, еден ден ќе го бараш тоа совршенство кога ќе го немаш, немој да го изгубиш. а за тоа повозбудливо сигурна сум дека ако смислиш нешто ќе биде и тоа. поздрав.
Слушај тука,некои плачаат за партнер како твојот,некои не осетиле љубов а ти овде зборуваш како ти недостигало времето со него.Епа на нас секогаш ке ни недостига,никој никогаш нема да има се.Секогаш ке му недостига нешто. Уживај бре,и не додавај масло за да добиеш проблем.
ц ц ц ц уживај во слободата која ти ја дава, верувај дека не сакаш дечко кој ќе те замара по цел ден. Јас секогаш сум се чудела како издржуваат тие двојки кои се на телефон 10 часа, 5 часа се заедно секој ден и останатите 9 часа спијат. Па ќе збудалам. Мојов да ми се јавува 20 пати во текот на денот? Па клоцата и марш. Уживај, не знам што е за тебе тоа не поминувате време заедно. Мора секој ден да се гледате? Напротив немора. Плус ако работи ако е повозрасен ќе си има и свој живот и ќе поминувате заедно време како двојка. Не е дечкото се во животот. Другарки, факултет, работа, љубов, семејство за се треба да има време, не сте Адам и Ева па светот да се врти за вас двајца само.
и овој муабет ти го направив зошто искрено јас при толку кавги во моментов, ми фали почетокот на врската кога беше како што ти е сега тебе
Всушност јас се плашам дека би се навикнал да не се гледаме често, па со тек на време би се навикнал и без мене.. Сакам да му требам, да ме бара, да ми кажува колку му значам, да излегуваме почесто сами, да биди интересно... А тој знај дека го сакам, знај дека ме има, дека нема шанси да погледнам во друг, со еден збор, ме зема здраво за готово. А тоа не го сакам. Не сакам да избледи.. :/ И уште заборавив да кажам дека и двајцата имаме по 18 години. Досега сме немале односи, само сме разговарале за на крај да ми каже дека тоа ќе се случи кога јас ќе бидам сигурна дека сакам, кога ќе мислам дека е време бидејќи сакал да му верувам кога го правам тоа и да ми биде убаво, а не да се чувствувам валкано и искористено. Редактирано од модератор: Не пишувајте две мислења едно по друго, користете го копчето редактирај.
два до три пати не е ретко, таман си е, ако те сака нема да се навикне без тебе. а тоа што имате 18 години е друга работа, од мали сте почнале сериозно да гледате на работите, уживај во слободата што си ја имаш, и еве ти понекогаш организирај средби за сами да се гледате, а ако мислиш дека постојано ќе ти изјавува љубов и слично, грешка си, барем јас мислам така. така е кај сите со тек на време, довербата е таа што ја прави врската.
Пецни го повремено со нешто ситно, направи некое ситно скандалче (ама стварно ситно) затоа што е дозата многу битна. Ако погрешиш ќе си ставиш трн во здрава нога па дури може и да си ја расипеш врската која ти е прилично успешна . Ми се чини дека сакаш врска со плима и осека а не да биде како мирно море и ако си таква личност ќе мора да дадеш и ти одредена иницијатива за да не се улежите премногу. Чим он не реагира ти ќе реагираш, биди инвентивна ама внимавај што правиш да не погрешиш па да направиш полошо. Ако си успешна а тој те сака има големи шанси да си ја вратите динамиката во врската . И тебе ќе ти кажам партнерот не смее да знае дека што и да биде си му секогаш и во секое време на располагање .
Многу пати сум се обидела, сум била инвентивна, но кога и да предложам нешто он не може или има работа, или му се спие, или веќе договорил нешто. Сака да се слушаме кога он сака, да се гледаме кога него му одговара.. И со исклучок на тоа се друго е супер, но ова.. многу ми смета.
Кога маж така се однесува најчесто сака да ти каже нешто меѓу редови, не му е се 100% ок чим така прави или пак стварно знае дека те има кога и да посака па не му ја мисли многу. Сепак ти треба да откриеш што го мачи, изгледа сам нема да ти каже. Седни го на отворен муабет и распрашај го во детал може ќе се отвори. Тоа за сексот е малку сомнително, види да не сака ама не знае како да ти каже .
И јас мислам дека треба нешто да сфатам, но никако не ми успева да откријам што е тоа, а знам дека ако го прашам нема да ми каже, па тогаш постои ли начин некако да откријам во што е проблемот ?
Јас мислам дека си сака и интимност со тебе,заедно сте долго време,се сакате и се е тоа убаво,ама не сте мали,сеуште немате односи како што прочитав,не дека тоа е најбитно,ама е многу битно,а вие сите други услови ги исполнувате освен тоа,мислам дека врска без се*с е ок само во тинејџерските денови.Тоа што он ти рекол дека ќе биде тоа кога ти ќе бидеш спремна не значи дека треба со години да чека.Ова најдобронамерно позз
Некогаш доколку се повторуваат истите работи постојано стануваат досадно. Ти кажа дека си иновативна но дека тој е оној кој ја кочи работата. Пробај нешто многу интересно што ќе ти текне. Ова е во ред, но не треба да се зема како единственото решение за да се разбие монотонијата во врската, бидејќи подоцна и ова ќе стане досадно да речеме или невозбудливо.
Да се согласувам не е едниствено решение секогаш ама во случајов е решение,кога се екако што треба,долга врска и се,а почнува да се губи интересот јас сепак мислам дека има врска ова,зошто не може долга врска,страст и сетоа тоа,а никаква интимна блискост.
Нема попатетично нешто од висење на телефон по триес пати на ден, еј јас кивнав двапати денес -леле замисли јас пред 5 мин. носот си секнев. ...Не знам колку години имаш, ама ова е за девојче нормално однесување. Додека за жена, жената самата си бара време и простор за себе зашто и` е неопходен и знае дека и` треба за personal growth. Не инсистирај така, нишо подобро нема да направиш. Кога на машко му треба да дише, му даваш да дише. И не се обидува да ти каже ништо, ако сакал да ти каже до сега сто пати ќе ти кажел. Кај нив бар нема меѓу редови. Маж реагира на дела, не на зборови. И уште една работа, се` е во тајмингот и дозирањето. Пушташ малку, но доволно. Не премногу. И имаш прекрасна врска, луѓе плачат и сонуваат за партнер вака. Не анализирај и размислувај премногу, опушти се тро. Не можам да разберам како сериозно се сфаќаат чланаци од типот Година и пол/две - кризи, внимавајте може да ве остави. Wtf, секој пар си има подеми и падови, нормално е. Ако се сакате, другото се решава. Луѓе се по сто години заедно, аман. Одма со негативни пристапи, не чини така. Како ќе се свестите колку се сакате ако малце не покенкате/се секирате.
Девојки ви благодарам многу за советите. Инаку од кога ја пишав темава досега многу работи сме сменети кон подобро, а знам дека недостасува интимност, но се договоривме тоа да биде кога јас ќе сметам дека е време, а јас не знам како да му дадам дознаење, бидејќи не сакам да бидам грешно сфатена, а за ова за изненадување досега имало преееемногу сите кое од кое поубаво биле само уште ова сега да се реши. и ви благодарам многу за советите
I jas go imam istiot problem ja sakam blizinata mi nedostiga zaspivanje na mob do niedno vreme,se plasam deka mu zdosaduvam a toj postojano mi go negira toa i mi dava postojano objasnuvanje deka ima premnogu obvrski ama jas pak zbesnuvam,porano znaese i od sostanok ad izleze da mi se javi a segaaaa ((
ееее многу би сакале да имаат ваква врска како твојата. Јас ке ти речам да не бараш проблем каде што нема бидејќи може данастани а тогаш мислам дека ке ти биде криво