1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објаснување за неговото однесување

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од wildheart, 25 март 2013.

  1. wildheart

    wildheart Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    здраво феминки ! нова сум на форумов претходно ги читав сите ваши мислења и проблеми, пофалби, видов дека давате корисни совети па решив и јас да ви пишам за мојот проблем :)
    значи одам или одев(незнам ни јас) со дечкото година и 7 месеци. се почна ко на шала, познавајќи го него како женкар не ни планирав а не ни очекував нешто сериозно со него. кога почнавме да се гледаме тој веќе беше со друга а јас незнаев, дознав кога го видов со неа. не се загрижив многу бидејќи како што кажав не ни очекував нешто поинаку од него. истата вечер ме побара со изговор дека има нешто да разговара со мене, а јас ладна му кажав дека веќе си одам накај дома па ако сака да разговара да дојди веднаш и му го спуштив телефонот. кога дојде ми кажа дека заминал со неа бидејќи сакал да и кажи дека е крај, и дека е со мене. ми кажа дека имал сериозни намери со мене, сакал да се смири а мене ме гледал совршена за врска и уште кога ме видел прв пат знаел дека мора да ме задржи. бев мала и наивна бидејќи пред него не сум имала врска па незнаев како да се поставам. му поверував на приказната. понатаму се беше во ред, ме почитуваше, ми удоволуваше, бев првата што ја држел за рака пред сите а тоа ми го кажуваја многу луѓе и на шала ме прашуваа што магија сум му направила за така да се смени.теравме така можеби 2 месеци а потоа се скаравме. заминав на екскурзија и се мував со друг а тој дозна за тоа. кога се вратив ми кажаа дека зборувал секако за мене а јас му се јавив и го прашав зошто? ми рече дека тој сакал да ме побара кога сум се вратила но му кажале дека сум била со друг таму и во тој момент му потонале сите бродови. бил лут зашто сум била првата што така му направила и му била повредена гордоста..по кратко време се смиривме...освен тоа што на секоја кавга и секогаш кога ќе му спомнев некоја друга ми го вадеше низ нос тоа дека сум го изневерила. ( а не дека тој ме немаше, туку јас немав разбрано за тоа ) една вечер бевме излезени со негово друштво и тој ми кажа дека морал да ме испрати кај 12, затоа што требало со другар да одат негде, имале работа. прашав што работа но не добив одговор. лута си тргнав да си одам, тој тргна по мене, но се качив в такси и си заминав дома. не го побарав а ни тој мене. после тоа бевме скарани неполн месец без никаков контакт. за тоа време додека бевме скарани тој цело време и пишуваше на моја прва братучеда, поголема од нас, и ја прашуваше што правам, со кого се движам и сл. неколку денови пред нг ми пиша и мене, ме праша што правам, како ми оди, дали имам некој, што мислам за нас и такви работи...почнавме да се слушаме редовно и вечерта за нг се смиривме. потоа се беше во ред, немавме кавги, но еден проблем кој што го занемарував од почетокот почна интензивно. неговата љубомора. почна да ми забранува одредени алишта, и неосетно ми го смени друштвото. ме стави во друштво со негова прва братучеда. некое време се беше во ред се додека јас не забележав сомнителни работи на неговиот профил, како станување пријател со некој што не ги познавам и сл. во очи ми падна едно девојче со кое си маваа лике. мирно го прашав која е каде учи и ми кажа дека учела во друго школо, и дека била другарка со негова школска со која заедно седеле. му поверував и на тоа, бидејќи пред него не бев љубоморен човек по природа. дечкото ме носеше во раце, секаде одевме заедно, поминувавме многу време заедно, се беше најнормално и јас спиев со него.( и сега после се, не мислам дека било грешка.) потоа почна да ми бара пасворд од фб, да ми проверува телефони и такви работи. имаше пристап до мојата приватност 24/7. еднаш посакав и јас да дознаам што се случува со него, па на смеа му го зедов телефонот и најдов непријатни разговори со истата девојка што ми кажа дека била другарка на негова школска, дознав дека учела во неговото училиште и дека била далеку од другарка. тие си се допаѓале еден на друг и цело школо знаело за тоа. потоа видов разговори и со други, многу други....почнавме да се караме...ставав крај а следниот ден потклекнував на неговите солзи и зборови... тоа се случуваше редовно.. ме научи дека немам цврст став во врска со него и дека немам сила да ставам крај и дека сум слаба на неговите солзи. нашата врска продолжи и натаму. летото бевме скарани неколку дена и се чинеше дека тоа беше крај. го виделе сите со новата типка ( "drugarka na skolskata") но кога ме виде тој мене во кафич расположена и весела почна да ми пишува пораки да си одам дома, дека не ме личело така, ми се закануваше дека ако не сум престанела да играм ќе дојдел тука и ќе ме натепал бла бла... јас не му враќав на пораките и си продолжував да си играм. дојде тука ме истргна настрана, се расправавме и ме удри. јас си заминав. вечерта ми се јавуваше ми викаше дека му било жал дека ме удрил, дека шетал со друга и плачеше... па потоа му текна како сум играла и како сум била расположена без него и ми рече не ми е криво за ништо, пак да се врати, пак ќе те удрам. потоа немавме никаков контакт, тој замина охрид со неговите, таму имаат викендица а по една недела заминав и јас со моите другарки. кога стасавме дојде веднаш таму и веќе вториот ден се смиривме. цело време бевме заедно, преубаво ни беше се кога при крајот на одморот не најдов смс со истата типка, која исто така била во охрид тоа време, и дознав дека одел каде што била таа сместена. бесна, му го фрлив телефонот и му го искршив. ме молеше премногу, ми клекна на колена, липаше како мало дете и ми кажа дека никогаш повеќе нема да се повтори. истата приказна. и вечерта ја поминавме заедно излезени. по два дена требаше да си одам бидејќи ќе одев на одмор со моите. додека бев таму секое слободно време го користевме на скајп, си пишувавме, се слушавме, не излегуваше никаде навечер и седеше со мене на нет. кога се вратив се беше во ред,. имавме кавги но ситни и тие ситни кавги ме правеа многу љубоморна па станав неподнослива личност, се ми сметаше, сакав во секое време да знам каде е со кого и сл. по некое време најдов пак разговори со други, каде што му кажува дека не е среќен со мене, дека не ме сака, дека со мене е само да не зборувале другите, и такви работи. кога го читав тоа раце и нозе ми се тресеа ми стана толку гаден и одвратен што го плукав во лице. како и секогаш плачеше како мало дете, молеше колеше, и не му простив за тоа. по кратко пак стапивме во контакт..и пак по старо. си забранувавме многу работи, а сме мали, и мислам дека се гушевме во врската а никој од нас неможеше да кажи крај и да се држи до тоа. да не заборавам дека во неколку наврати кога беше нервозен а некогаш и пијан, ме тепаше. заминав на зимовање, го молев да се уклучи на скајп, на фб а тој измислуваше изговори дека има работа, дека не можи со мене да седи цело време, дека татко му работи нешто на комп и сл. потоа видов слики кај негов другар дека биле во друг град на забава. бев многу бесна. кога се вратив веднаш ме побара и се смиривме. бев појдена кај него дома и додека тој беше во вц му го зедов телефонот и видов пораки со една друга типка, каде што си звонат во 4 наутро, си посакуваат лека ноќ и сл. а сето тоа се случувало додека јас бев на зимување. пак успеа да ме купи со неговите солзи, не ме пушташе да си одам, ми се закануваше дека ќе се убиел, дека не можел без мене, се понашаше како луд, ми викаше дека ако ме видел некогаш со друго машко ќе ме отепал и мене а и тој самиот ќе се отепал..ствари кој што ми беа смешни и му се смеев во лице а длабоко во мене знаев дека после се што имам од него видено дека е способен и да ги оствари неговите закани. се смиривме но нашата врска е катастрофа, се караме за секоја ситница, зошто си порачала макијато а зошто не нескафе, кажувам прост пример, затоа што се караме за многу банални работи. два дена сме скарани еден смирени, ми смета се кај него, му смета се кај мене а сепак никој не кажува дефинитивно крај, секогаш викаме да одмориме малку, пауза но веќе следниот ден ми се јавува...некни разговаравме и ми рече дека несакал сега врска сакал со другарите да си излегува да се забавува, ме сакал премногу, несакал да ме изгуби ама сакал пауза... му реков добро пауза нека биди...потоа почна да ми кажува дека јас сум го правела човек, дека ако сум заминала со друг тој самиот си бил крив за тоа...бла бла...и јас му реков дека нема смисла ова да ми го кажува сега.. да пробаме малку разделени..ме замоли да ми се јавувал кога ќе сум му недостигала му реков добро. другата вечер јас спиев кај негова братучеда а живеат во иста куќа, различен кат. вечерта ја поминавме заедно, се гушкавме, а другиот ден тој ми се јави како воопсто да не сме биле скарани. овој пат му реков не, да бидиме на пауза некое време, ми рече добро ако така сакаш... по некој саат ми се јави пак да ме праша што сум правела..денеска ми се јави зборувавме кратко, што правиш како си...иако го познавам, не знам што чувствува во врска со мене, колку му значам, затоа што сака пауза, а веќе во следниот момент ми плачи и вика дека неможе без мене... не знам дали вреди да се борам за врскава и дали имаме иднина...
     
  2. phoenix1

    phoenix1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    8
    Искрено, не дека имам искуство и сл., но читајќи го ова, те замислив како една слаба личност која многу лесно потклекнува и се покорува на туѓи влијанија. Ало, млада си и не треба да продолжиш да се уништуваш поради него. Продолжи го животот без него бидејќи, додека го читав ова сфатив дека ти би немала никаква иднина без него. Зависиш од него. Се надевам дека грешам и несакам да бидам погрешно сфатена, не сакам да "продавам" глупави совети, сепак твој е животот, ти треба сама да си одлучиш.
     
    На smile-smile и wildheart им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Јас мислам дека типот е шизофреничар.
     
    На K-pozitiv, whit3.cat91, martinuska и 5 други им се допаѓа ова.
  4. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Иднина? Со ваков ненормален? Во ваква врска?

    Свести се и трчај што подалеку.
     
    На martinuska, senza.parole, Divinebutterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Девојко, освести се и бегај што подалеку од вакви типови, ќе ти го уништат животот додека да трепнеш!
     
    На wildheart му/ѝ се допаѓа ова.
  6. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.485
    Допаѓања:
    8.278
    Пол:
    Женски
    типот патосот го брише со тебе алоо.немаш ли гордост :^) ?која иднина бре,кои бакрачи?типот се ебава со секоја втора пред твои очи,ама ако,тоа е од што те сака,па затоа и те тепа :x .
    ако ти е убаво така,продолжете си,ти си знаеш најубаво!има луѓе како тебе што сакаат да бидат газени.
     
    На senza.parole, Divinebutterfly, H.VAGA и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Ќе дојде ден кога ќе се каеш што си дозволила да ти прави една будала која нема ни грам почит спрема тебе, а камоли љубов.
     
    На MorbGoth.666, senza.parole, popi и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Бегај подалеку од таков,едноставно типов не те заслужува.
    Има уште многу машки на овој свет тој не е једини.
    Вистинскиот нема никогаш нема да те повреди и нема никогаш да крене рака на тебе - проверено

    :) :) :)
     
    На wildheart и H.VAGA им се допаѓа ова.
  9. wildheart

    wildheart Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ви благодарам на советите, ова ми го кажува секој втор, вклучувајќи ја и неговата прва братучеда...јас досега или незнаев или несакав да го сватам ова..при очи се правев слепа, не слушав, не гледав, му прогледував ни прсти...размислував многу и решив дека со него со добро не бидува, па затоа друга песна ќе пееме отсега :) сепак фала што одвоивте време за рефератов :**
     
  10. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.341
    Допаѓања:
    8.111
    Пол:
    Женски
    Биди паметна и остави го, каков контакт, какви глупости, а не па мирење. Немој само тоа друга песна да ти значи дека сега ти ке му враќаш нешто, едноставно тргни се од него со се, додека е време, од ова неможе ништо добро да излезе ке се вртиш во круг од кој уништена можеш само ти да излезеш, а не сакам да спомнувам и фатални последици. Ти посакувам се најубаво
     
    На Hopeful и hermosa им се допаѓа ова.
  11. Masnickaaa

    Masnickaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    897
    Пол:
    Женски
    Објаснувањето за неговото однесување е дека тој не знае што сака, ни од себе, ни од тебе, ни од вашава „врска“. Тргни се настрана, прекини ги сите контакти, не потклекнувај на неговите „солзи“. Ако дечкото те сакал, немало ни да те лаже, ни да те изневерува, ни да те навредува... Знам дека ти е тешко, но тој никогаш не те сакал, а нема ни да те сака, туку ти си му сигурна, знае дека може секогаш да те има, затоа и постојано те бара.
    Имаш само 16 години, верувај дека си млада толку да се замараш за врски. Дружи се повеќе со другарките, запознај нови луѓе, биди малку сама, без дечко, „мувач“, расчисти си ги мислите и преболи го, не те заслужува! :!:
     
  12. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Ти со овој никогаш незнаеш на што си.
    Сега си млада, имаш само 16 години и ти смета, не па кога ќе си повозрасна, кога ќе сакаш стабилност во секоја смисла... Од дечково такви работи не очекувај.
    Дијагноза: :lol: Незнае што сака!
    Не верувам дека наскоро ќе дознае. Те тепа бе! :fubar:

    За да сфатиш поубаво, за да си извлечиш заклучок прочитај си го твоето мислење.
     
  13. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    А дали ти за момент еднаш застана и си рече, чекај бе овој крена рака на мене? Сериозно?
    Кога веќе се осудил да те удри, не само што не те сака туку и те мрази.
    Не може да осеќаш љубов спрема некој а во исто време да сакаш да го повредиш физички.

    Подобро да раскинете отколку да те малтретира уште на 16 години.
    Млада си многу за да се замараш со вакви работи и ментално оболени личности.

    Поздрав и навистина се надевам дека ќе ја донесиш вистинската одлука. :)
     
    На H.VAGA му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Hopeful

    Hopeful Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2010
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    1.467
    Според мене овој дечково е лигуш!
    Не знам колку години има тој, но според твоите 16 години сигурно е тука некаде.
    Мое мислење е дека тој се уште не е созреан и не е спремен за сериозна врска.
    Според твојот пост, нему му се лудува, сака да биде „фраер“ и да излегува со секоја девојка што ќе му фати око, не му се седи „врзан“ само со една девојка.

    Тој тебе те тестирал како ќе реагираш ти на се’ што би ти приредил - пораки/разговори со други девојки, изневерувања, лажење, па дури и тепање, па видел дека и покрај се’ ти остануваш со него (добро, прво ќе се потскарате, па пак му се враќаш) и одлучил дека за пак да те придобие (и да си го задоволи своето его) ќе ти се расплаче и готово - ти ќе му простиш. По некое време - пак истото.
    Тој те користи. Ти си му сигурна, се осигурал дека нема да му се скараш, па тој прави што ќе му текне. На крајот ќе те смотка и пак ќе те направи будала (извини на изразов).

    Запрашај се себе си дали ти имаш воопшто некаква гордост и достоинство и каде се тие во случајов, штом дозволуваш некој таков да се однесува вака со тебе. Дали ти повеќе се цениш себе си или некој како него?
    Најдобронамерно ти велам немој да дозволиш да си игра со тебе и да те гази, очигледно е дека тоа го прави.
    Со ваков, нема иднина.
     
  15. Tejaswini

    Tejaswini Активен член

    Се зачлени на:
    30 март 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    wildheart тој глупак не те заслужува.Најдобро е да прекинеш секаков контатк со него.Ако навистина те сакал и ценел немаше вака да ти прави и да крене рака на тебе.Јас сум сигурна дека ќе запознаеш некој кој ќе те сака и цени во животот.Поздрав
     
  16. psychic

    psychic Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2012
    Пораки:
    2.360
    Допаѓања:
    1.252
    Пол:
    Женски
    алоо млада си 16 имаш (не е нешто паметно некоја од 14 да збора ама ајде) и гордоста каде е? типов очигледно не е нормален...без навреда после твојот текст останав :o или со смајли што се крсти. Реши се од него побрзо :D
    како му дозволуваш да те тепа??? јас да ме допри за рака машко не давам :lol: не да ме тепа
     
  17. wildheart

    wildheart Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    ставив крај со овој, уште тогаш кога пишав, го мавнав на игнор тотално, многу поинаку се поставив и се исплатеше. сега не сум со него во врска, но сепак се игра како што јас свирам :) :) :) :)
     
  18. lady12

    lady12 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Здраво девојки, имам еден проблем. Во врска сум скоро две години, но пред пред 3-4 месеци раскинавме, разделени бевме не полн месец...но се се смени, ништо не е како порано, тој се однесува со мене по ладно, не дека не ме сака тоа сум сигурна дека не е, но бидејки врската ни е на далечина, кога ке се видиме се е океј ама преку телефон се е различно...речиси не ни разговараме на телефон само оноа кај си? шо правиш? како си?...тоа е се...почекав да видам дане ќе се средат работите но и после 4 месеци ништо скоро не е сменето..разговарав со него но тој ми кажа дека тоа е резултат на нашето раскинување и дека така и ке остане долго време...ама јас неможам да издржам после секој разговор со него на телефон да плачам и да се нервирам, но неможам да го сопрам тоа....незнам дали е нај разумно да останам со него или да раскинам...сепак кога сме заедно во живо се е најдобро, само преку телефон е како друга личност...помагајтее ! :))
     
  19. Angel4eeee

    Angel4eeee Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2013
    Пораки:
    529
    Допаѓања:
    336
    Пол:
    Женски
    Епа вака.Се гледате ли често ?? Колку години има тој?? :^)
    Сигурно си има нешто позабележително од тебе
    (звучам грубо можеби но извини не сакам да биде така,само сакам да ти кажам...)
    знаеш како друга девојка,со тебе се понаша ок а преку телефон одваи чека да те откачи.Може би има работа па е премногу зафатен. Незз што да ти кажам,прво ти кажи ми колку години има и дали работи а ја потоа ке го продолжам моето мислење кое можеби ке ти одговара а може би не :?: :?: :?:
     
  20. lady12

    lady12 Активен член

    Се зачлени на:
    16 април 2013
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    0
    Паа јас имам 18 он има 20, на факултет е...не работи...:)