Јас мислам дека се треба да ти е јасно или си има друга или не може да постигне со учење.Ама каква врска има тоа ... Сепак кога ке дигне телефон времето треба да го посвети на тебе а не да се понаша така ладно. И покрај тоа што сте раскинале па пак сте се фатиле не треба да се понаша така. Ако мислел вака да прави што му требало ова пак?? Само знам дека ти маки ке си имаш со него,можам да ти кажам дека секогаш вака ке ти прави и постојано ке ти лупа во нос. На пр. Ова ти го направив затоа што ти направи така. И ти ке премолчиш ли?? Не ти вреди да си со него и не губи време најди си подобар некој што ке те цени и почитува и бескрајно ке те сака,а не некој што постојано ке ти мава ладни. Мислам дека ти помогнав
Го потенцирам болдот, ако се слушате секојдневно за што друго и би разговарале ако не вообичаените прашања и одговорите на нив?! И најголемиот број машки не се нешто посебно мераклии да окапуваат на телефон, ама затоа пак девојките кај нас тешка драма прават од ова големо ништо и премногу често. Не знам за тебе, ама голем број девојки со кои сум се разминала низ град или во јавен превоз, дури и ги отпочнуваат разговорите на телефон со нескриено дрско и полно ,,доверба,, - ,,каде си?,, , па потоа се чудат на должината и ,,квалитетот,, на разговорот. Наместо да плачеш после секој разговор, бидејќи не се одвивал по твоја замисла (а впрочем и ти си тука нели присутна, па не си веројатно толку немоќна да го промениш целосно текот), ако навистина е ок со тебе кога сте заедно, мислам дека нема потреба да драмиш за разговорите по телефон. Единствено треба да си размислиш дали имаш некаква вина за прекинот, која нему му е потешко да ја преџвака, ако нема такво нешто, не биди напорна околу разговориве, сконцентрирај се времето поминато заедно (па и тоа по телефон) да е поопуштено, не прави компликации каде што барем јас не гледам дека ги има.
Да се е океј во живо...само заборавив да напоменам дека претходно пред да раскинеме бевме 24/7 на телефон и сеа чудно ми е како се се смени наеднаш...а причините за раскинувањето беа непотребни караници шо ни преминаа и во болест, цело време пререкување оти вака? оти нака? од двете страни ...и сеа демек помалку слушањето значело колку помалку толку поарно за да не се расправаме за глупости...тоа и му го кажал на другар кој ми го пренесе без да знае тој дека сето овоа го правел од шо ме сакал и дека така е најдобро за да не се расправаме...други причини нема барем мислам дека нема (со оглед на тоа дека сме далеку мислам на изневеруење ама сега за сега немам ништо такво слушнато ) ...незнам таков тип сум шо сакам вниманието да ми биде посветено најмногу колку шо може а сега е сведено на минимум...знам дека и ми е тешко заради поранешното негово прекрасно однесување, па сега неможам да преминам преку ова негово понашање...
Во тој случај разумно е неговото однесување, ако разговорите биле долги, а завршувале со караници, подобро да се скратат во име на мирот, сигурно не си била среќна за посветеното ,,внимание,, на првиот начин. И јас имам врска на далечина, ама не се оптеретувам воопшто со факторот изневерување, не ти препорачувам ни тебе, демек ако ти е дечкото од исто маало нема шанси да изневери?! Изневерувачите не делуваат поради локациски (не)погодности, туку тоа си е карактерна особина дури и способност. Ти си знаеш најдобро каква ви е врската и какви карактери сте си двајцата, јас те советувам само тоа да не се напнувате по телефон со непотребни сомнежи, кои само кон кавга можат да водат, туку да бидете посмирени и расположени што ете се слушате да споделите некаква блискост (и не, квалитетот на разговорот, не се мери со штоперица во облик на изминато времетраење на разговорот)... така да, наместо да ,,преминуваш,, преку неговото однесување, преземи нешто во врска со подобрување и на сопственото, абе треба да си среќна кога ќе се чуеш со дечко кој го сакаш, не да бараш начин да се испокараш, за да имаш за што да плачеш потоа...
Добро фала на мислењето многу...ваљда ке се навикнам на овоа...единствено шо сакам е да го слушнам кога сакам, и за тој па макар и краток разговор да се почувствувам како сакана...Ви благодарам уште еднаш
Врските на далечина се тешки и морам да бидам искрена ретко успешни зборувам од искуство бидејќи јас бев во таква врска 2 години,сите ја знаеме поговорката KOGA EDNAS NESTO KE SE SKRSI POTOA KOLKU SAKAS LEPI GO NEMA DA BIDE ISTO,некој ќе рече ако се сака све се може да ама не во врски од 2 3 или 5 години на далечина,јас кога ќе сакав да се видам со него да поразговарам кафе да пијам не беше возможно секогаш нормално кога ќе ми беше тешко и сакав да гушнам некој да побарам совет не бил до мене ни јас до него секогаш телефонот си е телефон не е то то има моменти кои не се заменуваат ни со тел.ни со скајп ни со фб,да не се лажиме и еднаш на некој ќе му пукни филмот кога тој толку време се понаша ладно со тебе мора да има некаква причина сега кога сте смирени тој треба да е уште поблизок со тебе и да се потруди оваа вашето да успее и да има за учење тоа не е никаков изговор дека треба да се понашаш ладо спрема некој да не се залажваме со глупости,мојата врска заврши не славно бидејќи ми кажаа дека ме имал изневерено,дали било за една вечер за 2 или 20 тоа не ме интересираше веднаш му раскинав и раскрстив со таа врска сега со дечкоми сме најдобри другари се гледаме секој ден одиме 2 ипол години и можам да разговарам и да го видам кога ќе посакам да пијам кафе кога ќе сакам да одиме на вечера на сите празници да сме заедно буквало све така да не се грижи ако ова не успее сигурно нешто подобро те чека,доколку те изневерува мила верувај дека ти последна ќе дознајш а зошто?бидејќи некој нема муда да ти каже и јас последна дознав за бившиот тие работи едноставно така одат,несакам да те обесхрабрувам но јас на твое место би расчистила на што сум или бидва вашата врска или не...
Бреееееј која дијагноза и тоа од прва ја извади изгледа а ? Зашто мора да е у прашање секад 3та личност ? Зашто не погледнете малку подалеку од носот дека ете можеби и баш секој ден нема што многу муабет да се прави освен да се кажат оние кежуал работи ... Видиш кога се заедно све тече ко што треба. И тотално ги поддржувам мислењата на Теодора и да не се замара со др раб туку енергијата да ја насочи кон создавање на помирен однос у таа врска. Зашто ете ситуацијата е таа сега за сега да се надалечина ако и двајцата стварно сакаат ке се потрудат да си ја задржат. Детево од една стр ми изгледа дека тоа и го прави само девојчево малку да олабави...
Ако сте биле скарани тоа не значи дека си должна да се чувствуваш тешко и запоставено, напротив треба да е среќен што сепак сте ги пребродиле караниците и се да тече нормално. Ако му е муабетот дека не сака да зборува подолго само за да не се карате објасни му дека поради тоа се чувствуваш лошо, а секој дечко што ја сака својата девојка не сака таа да се чувствува лошо без потреба. Увери го дека ти повеке нема да се караш и покрај долгите разговори, дека се ке биде како порано и навистина избегнувај караници за ситници, сето тоа е стварање на непосакувани ситуации во врска. Врска на далечина и онака сама по себе е тешко поднослива па уште и караници за глупости. Ако продолжи неговото однесување тогаш подобро е да ставиш крај и онака не губиш многу од врска на далечина, а плус и покрај било каква љубов не си осудена да трпиш нечие лошо однесување по телефон кога телефонот ви е главно средство за да се слушате и размените муабети кога веке нес е гледате.
Абе сето е ок, знам дека и јас не треба да напнувам и се трудам тоа да не изгледа така, ама мајка му стара па нели дечкото треба да ти е најблизок, нели кога ми е најтешко треба нему да му кажам, нели како секоја девојка сакам да споделам со дечко ми, не му барам јас извештај шо правел, како правел и зошто...тоа ни најмалку...и проблем е со он на овоа гледа како јас да сакам да му вршам контрола и да ми дава извештај за се...се обидов многу пати и еднаш го убедив дека сакам само убаво да се однесува...и на тоа се задржа да не ми зборува намуртено на телефон...а со разговорите со се премногу кратки кратки се...едноставно некогаш ја имам онаа потреба да го слушнам и неговото мислење во моментот а не да чекам да го видам па за да му кажам...а во живо за се правиме муабет, за се ми помага, ме сака едноставно и го покажува тоа...ама па и крај не е најправилно мислам јас...и шо кога ке се скараме после 2 години за неговото не разговарање на телефон..само јас и тие шо имале врска на далечина знаат како е да задржиш врска 2 години и да раскинеш па и пак да се смириш и љубовта да е тука...незнам...се ми е испомешано ни сама незнам шо ке правам..само знам дека премногу го сакам, а претходниот пат 1 месец кога бевме скарани неможев да се помирам со фактот дека раскинавме и постојано плачев, не јадев, се нервирав...
Значи него не го интересира подолго да разгова со тебе и да дознае како се чуствуваш,а да не правиме муабет за проблем кажување или заедничко решавање кога знај дека неможите да се гледате секој ден треба повеќе време да ти посвети со разговор а не обратно ова не го оправдувам воопшто,како што кажав сега кога се смиривте треба повеќе да се труди околку врската.Ако немаш таква блискост со него па тогаш на што се основала вашата врска 2 години не ми е јасно. И мислам дека од тебе е многу детски размислувањето за раскинувањето секоја разделба е тешка во ред сите имаме доживеано разделба ама не поради фактот што ќе ни било тешко треба да форсираме некоја врска и да неможеме да се помириме со фактот дека таа завршила па боже мој не е крај на светот,сепак твој живот но јас не го оправдувам фактот што некој и покрај далечината се понаша и ладо на телефон и плус не е заинтересиран за разговор за совет иа за помош на партнерката...
незнаев каде да го напишам ова и се решив за тука..вака сега имам дечко одиме 2 години,од пред година ипол планираме да се венчаме,но секогаш кога тој треба да зборува дома секогаш нешто му излева. се вика да почекаме до другиот месец,ајде јас чекав чекав и си дочекав. не е можно секогаш нешто да му излева на него. а и отидовме лани да закажиме за да се венчаме,тој вика ке закажиме и ке се венчаме , и што направивме закажавме и пак ништо. незнам на што да мислам повеќе,дали сака толку како што ми вика или само бара изговор за да не се земиме. пошто му имам речено ако не сакаш подобро кажи отколкку да ме оставаш да чекам,и вика не е така не зборувај така. и ми имаше еднаш речено НАЈДИ СИ РАБОТА(во неговиот град) И КЕ СЕ ЗЕМИМЕ. сеа тоа излева како да се зимаме од што мораме. добро ајде јас си најдов работа ама пак ништо,после тоа он ми вика да си најдам јас работа и ке се земиме,и он си н најде работа и му викам ЕВЕ СИ НАЈДЕ РАБОТА ... и он ми вика чекај да поодам некое време да видам како ќе биде ... како се нервирам шо ќе гледа И Пооди година више и пак ништо. оваа година ми викаше ај да поминат празниците и постите у јануари и после нив ке се земиме,еве април дојде и пак ништо. има уште многу за пишење јас се ќе напишам ама ај да не ве оптеретувам многу со читање. ии што мислите вие . сака , не сака?
^ Ако стварно имаш 18 години како што ти пишува на профилот, не ти е уште рано за да мислиш на мажење? Најверојатно и дечкото е во дваесетите па не му се брза, и јас го сфаќам. Уживајте во врската, немора да значи ако се сакате па ајде што побрзо да се земите. Не ми е јасно како на 18 можеш да имаш толкава желба за да станеш невеста а бременост не е во прашање.
Маж што се грижи за тебе, ќе те гушка после сексот, ќе разговара со тебе, ќе ви биде пријатно. Ако се понаша ладно или одвај чека да си одиш или да си оди, нешто јако не штима. И секако вистински маж и се јавува на девојка после сексот. Ако го снема, тоа е тешка кукавица.
^^ Така е, маж кој се грижи за тебе, те сака, почитува нема да биде со тебе само заради секс. Нема да чека да си ги задоволи своите потреби и да си оди. Ќе те гали, мази , пази без разлика дали сте имале секс или не.
Вака, искрено мрза ми е да читам што пишале сите ( СО СЕТА ПОЧИТ ).Сакам да кажам одете си.Мислам, со цел памет мислам дека сте двата несалам, со разлика шо ти патиш од комплекс желна за внимание,а тој...него му е вродено.Не мислам дека те навредив.Исто сакам да посочам на тоа дека на нештото треба да се гледа позитивно, на пример вие би биле идеален боксерски пар. Не ми е целта да те понижам и навредам.Целта ми е да увидиш колку глупаво звучи и изгледа целата ситуација од страна.Затоа што таквото мислење е битно.Можеби и одлучувачко. Бегај од него ако имаш памет, а ако имаш снага седи и крепи...шо да речам. А мислам дека си попаментна од што изгледа, само тој потенцијал не иди до израз од тупаниците што си ги примила по глава. P.s ова се однесува на девојчето кое ја отвори темата, колку да нема забуни
А јас пак мислев дека мојот проблем е сериозен... Значи во споредба со ова што го напиша, извини девојко, несакам да звучам како да се тешам со твојот љубовен проблем, но искрено мене не ми е јасно дали си ти нормална? Ајде тој, сфативме дека не е ама ти бре, до каде со тој ум? Уште дозволи физички напад? Не дочитав до крај ама се надевам дека сте раскинале, во спротивно прими го моето сочувство за твојот тежок и напатен живот. Спојлер Виша сила нек ме чува од вакви чудаци каков што е твојот дечко.
Ми треба ваше мислење за моево проблемче. Имав долга, трауматична и психопатска врска и излегов од неа како од ментална институција- наводно нормална, ама со трајни последици. Помина скоро година, јас пробувам да си го средам животот, излегувам, се гледам со луѓе, од време на време ме маваат депресии, ама ништо страшно. Проблемот е што кој и да ми се засвиѓа, губам интерес за него после 2-3 мувања. Не можам да ги гледам, досадни ми се, а па како за инает, нели, јас на нив се поинтересна поради тоа што сум незаинтересирана. Епа сега ми се врати. Се запознав со еден дечко, исто така не ми остави некој впечаток, но откако се упознавме подобро, почна да ми се свиѓа. Мислев дека и со него работата е осудена на пропаст, дека после 2-3 гледања нема да ми биде интересен. Ама не ме замараше како остананите, не ми изјавуваше чуства после неколку гледања, ниту ме тераше да почнеме врска и слично. Се гледавме често, муабетот одличен и за разлика од другите што имаа рок на траење 3 мувања, со него 3-4 недели скоро секој ден се гледавме и се поинтересно ни беше. Работата е тоа што не дефиниравме дали сме у врска, не се слушавме како дечко и девојка, туку само пред да излеземе да се договориме што како.. и една вечер сакаше да имаме односи. Меѓутоа не можев, зашто не знаев на што сум со него, многу ми беше рано и едноставно не сакав да избрзувам. Го имавме целото време на светот, или барем така мислев. И он на тој мој муабет изреагира сосема ок, демек во право сум, рано е.. И наредните 2-3 дена ми изгледаше како ништо да не се сменило, се видовме пак, ок беше со мене, расположен, забавен... И едноставно исчезна. Одма заклучив дека сакал само да спие со мене и од како не успеал, веќе не го интересирам, ама од друга страна другар ми, кој е другар и со него ми кажа дека пред мене имал некоја со која се глеале за секс, али ја откачил зашто сакал нешто посериозно со мене. И дека сум му одговарала у секој поглед и дека многу сум му се засвиѓала и физички и како личност. Исто така и другар ми не знае што му е. Го прашал како ни оди, а овој му рекол само дека не сме се виделе 5-6 дена и ја сменил темата. Зашто не му се јавам јас? Зашто во петокот ми беше роденден и знаеше дека ми е, а не ми пиша ни една порака на фејсбук, а не па на мобилен, а пред тоа ми се јавуваше секој ден. Една недела помина без глас и трага. Ако некој што не го мрзеше да го чита ова има некакво мислење или претпоставка што к*р му е на типов, нека напише Сите опции и можности ги свртев у глава и ни една верзија на тоа што се деси не ми има логика и не го оправдува неговово однесување. Односно неоднесување. Благодарам
Искрно, без оглед на тоа што ти го кажал другар ти, јас сепак мислам дека сакал да има секс со тебе, не успеал и сега чао. Така ми личи работава. Можеби не му кажал него брат не ја легнав не ме интересира веќе, ама мене се натака ми тера паметов. Друго нема, да му е нешто проблеми ова она, порака можел како и да е да ти пише, освен нешто ако не си го навредила или незнам нешто што ти би можела да направиш, јас друго објаснување не гледам.