Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Објаснување за неговото однесување

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од wildheart, 25 март 2013.

  1. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Па да, коа ќе видиш, тоа има најмногу смисла, али пак нешто не ми штима :D Како и да е, јас нема ништо да направам, така да на ова и ќе остане работава.. на ништо :^) Фала многу на одвоеното време :$
     
  2. MalenaA123

    MalenaA123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Драги феминки,
    Моето не знам дали е проблем и каков проблем е, но не можам да ги поднесувам неговите другари една година и два месеци сме во врска и многу го сакам и тој мене, но секогаш неговите другари се пред мене, кога сме заедно друштво собрани не ми обрнува внимание не знам како да го сватам ова и дали треба да превземам нешто па затоа ве прашувам за совет. Најголем проблем ми е што ниту еден од неговите другари не се однесува така кон партнерката. И имаме уште едно мало проблемче во врскат тоа е неговата желба да гледа други девојки било на фб или во диско или било каде и да сме тој тоа го прави многу забележително иако знае дека то страшно многу ме нервира, едноставно не сакам, се чувствувам помалку привлечна и дури и помислувам дека кога имаме секс замислува некоја од неговите "идеални девојки" со "идеално" тело. Ве молам за одговор ве сакам поздрав :$
     
  3. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    mene mi izgleda deka ima videno nekolku "gluposti" od prethodni devojki pa zatoa gi stava drugarite na prvo mesto (nekoj zenski mozat da ti go napraat lom zivotot ako im veruvas premnogu), za toa deka gleda drugi zenski site maski celo vreme gledame zenski (hormoni)...mislam deka problemot e sto namerno go potencira toa(potencira deka gleda drugi) spored mene toa go pravi za da dokaze deka e masko/fraer (ili deka ne mu e gajle sto mislat drugite)/deka ima sirok izbor


    na kraj... sekoja tema moze da se analizira ili diskutira AMA odgovorot od toa analiziranje sekogas ke bide zamaten od vozrasta,polot i prethodnoto iskustvo na onoj koj go ponuduva odgovorot

    samo edno nesto e sigurno deka zivotot e cuden i nikogas nemozes da znaes se
    [mod-kirilica:30wvp1j6][/mod-kirilica:30wvp1j6]
     
  4. KittyCat84

    KittyCat84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Па јас не сум многу искусна да ти делам совети но сепак ке ти кажам....тие типчиња не се за девојка како тебе мислам да те изневерува и згора на се да те тепа да се уживљава на тебе како на животно (без навреди) па кое машко би дигнал рака на женско?Јас да би била на твое место би го откачила и би застанала на нозе и би му покажала дека неговите солзи не се вредни за мојата гордост.Само да ти кажам за сегашните одлуки подоцна ке се каеш но нема враќање назад....ние сите те предупредуваме да се откачиш од него но сепак тоа е твоја одлука.
    Со среќа,
    :* :* ;)
     
  5. MalenaA123

    MalenaA123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Ти благодарам ccca, но сепак колку што сум разбрала до сега од предходните девојки бил напуштан за истото, за недоволно обрнување на внимание и потоа се Каел. Што се однесува до возраста мислам дека на 29 години е доволно зрел да знае како да си одржи здрава врска. А дека сака да си ја покаже машкоста и тоа колку многу е фраер во право си, само би сакала да има начин да му покажам дека тоа не е убаво и дека ми смета...
     
  6. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    Ако неговото свакање вели дека е добро да си лош (reframe) тогаш тешко дека ке го загризиш со тоа што ке му показеш дека неговото однесување ти смета (ке го свати само како ego boost) ...доколку има голем избор со зенски тогаш негледам како мозеш нешто на направиш за да го смениш затоа што брзи промени најчесто настануваат при шок( за спори промени потребни се мегу 21 до 90 денови http://en.wikipedia.org/wiki/Classical_conditioning ), со други зборови ако нема друг избор за зенски направи го љубоморен или барај му две/три недели како пауза (секогаш мозе да ја дорасипе работата...ако сакаш да го правиш љубоморен пази после да не му се гади од тебе)

    ...зошто да се мачиш со менување нечиј карактер кога мозеш да најдеш некој кој веке така се однесува (играње умствени игри не е реален зивот и кога тогаш здосадуваат, а потрошеното време не се врака)
     
  7. MalenaA123

    MalenaA123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Во право си дека изгубеното време не се враќа, но сепак мислам дека би имале убав заеднички живот доколку тој се потруди малку повеќе околу тоа, како што јас сум се потрудила за работите кои му сметаат него... Како и да е, и да не испадне како што сакам, и кога би се скарале не е крај на свет
    А да знаеш дека ќе пробам со љубомората, без претерување, мислам дека би требало да има резултати, ама не сум многу искусна во правење некого љубоморен . Совет?
     
  8. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    истото обратно...ако он гледа по женски ти гледај по машки, можеш и да пробаш со награда/казна варирај колку внимание мy обракјаш според колку ти се допагја она што го прави(има/нема внимание...со тек на време делува како прогресивно кондиционирање).

    ...ако ова однесување го свати како "курвинско" можно е подоцна да му се гади од тебе, затоа во никој случај не гледај по некој од неговите другари и пази се од оговарања .
    Исто така можно е една промена да повлече друга (да престане да гледа по женски и да развие друга навика што нема да ти се допагја)

    П.С. ако случајно не успее/заврши врската или се осекја како да е загрозена неговата положба во врската, пази да не те затрудни...некој машки имаат тенденција да го направат тоа како последен обид за контрола (или при паника)
     
  9. MalenaA123

    MalenaA123 Активен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    Фала за советите полека полека пробав со пбрнувањето на внимание. Не му обрнувам еднакво како до сега, го одбивам за излегување, слабо се слушаме во текот на денот и гледам дека има мали подобрувања... Само не знам колку ќе издржам. Ccca се надевам дека нема да дојди до забременување или до раскинување... Ќе ти пишам поздрав
     
  10. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    за секој случај кажи му директно уште еднаш како се осекаш во врска со начинот на кој се однесува со тебе...се надевам дека ке успее
     
  11. sweet.girls

    sweet.girls Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Здраво феминки ! нова сум на форумов претходно ги читав сите ваши мислења и проблеми, пофалби, видов дека давате корисни совети па решив и јас да ви пишам за мојот проблем :)

    Значи одам со дечкото 2 години и 1 месец. Пред да се запознам со него јас имав друг ама на дечкоми не му казав дека имам друг после 5 месеци разбра дека го имам изневерено многу проблеми имав...Сега немат доверба во мене, тој одит и со други сега тој почна да ме изнееверуват, не ме пустат ни на работа да одам не знам што да направам..Мисли дека одам со друг тој не е моја вера му се колнам на се но не ми верува и крева рака на мене што да направам ве молам помогнетеми неможам да го оставам го сакам премногу за него животот би го дала...!! :'(
     
  12. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    576
    Крева рака на тебе, го сакаш, па уште и животот би го дала за него?! :o
    Просто сум шокирана.. види вака. Како прво никој нема право да ти го ограничува правото на слобода, а уште помалку и физички да те малтретира. Тоа не е љубов. Ке ти кажам нешто што и претходно го кажале феминки на некој со таков проблем како тебе. Бегај! И не се врти назад. Па после колку сака нека оди со други. Знам дека е лесно да се каже,ама тешко да се направи.. али пробај оддалечи се од него што е можно побрзо. Штом врската (ако воопшто наликува на врска вашево :x )ви заминала во тој правец, касно е да се среди се. Типот очигледно не те сака. Ке си најдеш некој што ке те цени мн повеке. Верувај. И ајде кажи ми зошто толку го сакаш? Што сакаш кај него, тупаницата во образ или сознанието дека можеби во моментов се плеска со друга( да ми извиниш на директноста)? :?: Преиспитај се себеси и ке видиш дека сепак имаш избор. И порака до сите жени и девојки: Не потклекнувајте пред никакво непочитување, а пак камоли физичко насилство. Ако вие самите не се почитувате, не очекувајте другите да имаат почитување за вас. Вие ги поставувате границите, а не некој си мочко кој се осмелува да крене рака на жена.

    Феминизам удара у главу. :D
     
    На KETI-keti му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Friday

    Friday Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Здраво девојки ова ми е вторпат да пишувам на форумов но овојпат ситуацијата е многу поразлична од предходната. Вака, во врска сме 4,5год. и кога ке отидам кај него на гости кога седиме со неговите во дневна постојано на се што ке кажам ми одвраќа како да ме омаловажува пред нив. Еве на пример кога неговите ќе ме помолат со нешто тој им одвраќа: Не ја молете неа таа не јаде/пие такби работи! Му имам кажано дека тоа ми смета а според него само се шалел со мене ако не ми одговара да сум го оставела а не само да му држам предавања и да плачам пред него за неговото однесување. Атој кога ке дојде кај нас моите никогаш не ми ни дозволиле да кажам нешто лошо за него премногу го почитуваат.
    2. Друга работа, на наши 23год не можам да го натерам да излеземе во град кога и да излеземе ми се мршти дека не е срекен овде бидејки студираше во Скопје се навикнал на тој живот овде сите биле прости немамо каде да се излегува и сл.
    Ве молам кажете ми што да правам :(
     
    На KETI-keti му/ѝ се допаѓа ова.
  14. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    :?: мислам дека ти треба да ставиш крај на ваквите случувања ;) бидејки од ова што го прочитав тој навистина има лош однос кон тебе :o и не смее така да се однесува. кога веќе му имас кажано еднаш дека ова ти пречи и тој пак продолжува со итата работа тогаш прави му и ти така него за да осети како е а потоа седни го и сериозно разговарај кажи му дека немаш намера да трпис такви шеги кои те ставаат тебе во лоса позиција и ако не се проемни нешто дека ке бидеш приморана да направоиш друг чекор. а за тоа за излагањата во град извини вака срцка ама оцигледно тој е прост а не другите луѓе штом тој така се однесува и прави глупави шеги кои те иритираат тебе :@ затоа најдобро за тоа со излагањата прашајго дали излегува во град заради другите луѓе или заради тебе. бидејки ако има љубов мегу вас кај и да сте ке ви биде убаво :x друго незнам што да кажам се надевам некако ти помогнав ;) па пиши да кажеш што се сличи :*
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Па таму ако се сите прости нека покажи некој манир од неговото понашање и култура од Скопје,тој според ова што го кажуваш по прост ни самиот незнае колку е и може да биде,ти ако имаш живци ова снобовско лигло понашање проследено со вреѓање да го трпиш само напред ама јас на твое место би му кажала малку да си ја подзатни муацката и посебно пред неговите да те почитува оти не тој тебе туку ти него комотно можиш клоците во газот да му ги маниш...
     
    На KETI-keti му/ѝ се допаѓа ова.
  16. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13
    каква е таа љубов абе жити се???????? :o ти него си го изневерила тој тебе исто, така дига рака на тебе нема доверба............. :x тоа не е љубов ова овде кај вас најверојатно е само навика ништо друго :( и те молам :fubar: размисли сега неможете да излезете на крај а што понатаму :o ак сега дига рака на тебе тоа не верувам дека ќе се промени.. најискрен другарски одговор од мене би бил да си идете и да си почнете нови животи и двајцата очигледно ова не функционира позз и секое добро и не заборавај дека ти си девојка која како и секоја друга заслужува срека а не секојденвна тортура без оглед дали е ментална или физичка :*
     
  17. sweet.girls

    sweet.girls Активен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Фала ви многу...Кога имам однос со него сите проблеми исчезнуваат.. Заради то неможам да го остам :'(
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    ^ Еми исчезнуваат зашто тогаш не размислуваш со горната глава кај што ти се проблемите, туку со долната.

    Мене ми е малце сумливо ова. На 14 години се фатиле, пред тоа изневерувала а у, сега тој крева рака на неа, и на нејзини 16 години сака да работи, ама дечко и‘ не ја остава... :?:
     
    На KETI-keti му/ѝ се допаѓа ова.
  19. KETI-keti

    KETI-keti Активен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    13

    |( и мене ми е чудно... оваа врска е се само не она што треба :?: најдобро секој по свој пат и памет у глава :fubar: :fubar:
     
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.060
    Пол:
    Женски
    Mислам дека тоа што те затвора дома му е алиби да те изневерува,те обвинува тебе намерно инаку ако бил повреден од твоето неверство ќе ти раскинел нели,но така му одговара тој е подол и тоа веќе е нарушување на твојот личен живот и лични права,знам тешко ти е но единствено можам да те советувам да се оттргнеш од него штом така се поставил ,не миси дека одиш со друг туку така ти вели за да те изневерува и не само тоа да те малтретира психички ,не дозволувај такво нешто колку и да го сакаш биди си важна на себеси за да те ценат и другите :!: .