Дечко ти како во Лондон да завршил факултет, а не во мизерново Скопје. Овде што се фини и паметни веќе човек просто да незнае на која страна да избега. Зошто толку го величи Скопје не ми е јасно. Еве и јас живеам овде и што? Искрено да ти кажам не сум видела овде којзнае колку повеќе култура во однос со другите градови - исто е, не сум видела овде којзнае колку повеќе паметни и образовани луѓе отколку во другите градови - и за тоа е исто. Постојат само различни карактери и сфаќања, а не и ваква генерализација. Ама ај тоа е друга тема за дискутирање. Само ДЕЈСТВУВАЊЕ, ништо друго. Да, да почнеш да дејствуваш, инаку ништо. Ако по незнам кој пат разговараш и нема позитивен исход тогаш направи го тоа што он ти рекол да го направиш. Стани и замини си, се додека се молите и се додека ти плачеш, а он се смее нема да има резултат верувај ми. Еднаш направи он да плаче, а ти да се смееш. Речи, ти така ми кажа, ако не ми одговара да си заминам и еве тоа го правам. Ќе видиш како тогаш ќе се сменат работите, а се додека ти реков вака се молите ништо. Мораш да покажеш храброст и свое Јас инаку цел живот вака ќе ти прави.
Девојки благодарам за советите ете вчера кога се видовме беше подруг се однесуваше смирено изгледа сватил дека не е во право па доколку повторно почне да не се однесува како што треба ќе почнам да ги применувам вашите совети
Здраво на сите.....ми треба совет како да постапам со дечково......секогаш ми вели дека не е задоволен од мене дека нема љубов од мене дека се само за мене си гледам.....еве бевме излезени и кога се испраќавме ме баци во образ и ми рече размисли си што сакаш од мене до утре.....ми вели дека јас постојано си гледам само за мене и во се го понижувам.....не знам што да правам....
Хмм, можеби е навреден од некоја постапка која ти несвесно си ја направила, што знам. Можеби во некоја ситуација се чувствувал понижено. Од твоја страна, има ли причина да гледа така на работите?
Па не знам....вчера сестра ми ми зазвони од друг број...зошто sвонела од други броеви ми го скршила цел филм...денеска седам дома ми се јавува најбргу со можеш да дојдеш кај мене ....јас целата успана станувам се облекувам и пак ми се јавува ми вели со правиш му викам ништо се облекувам уште ли си кај ебачот......мене тоа мн ме навредува и ме нервира....Тоа ми се има случено вие два дена....од мојата гледна точка нема зошто да се понаша така како што знам ништо немам згрешено....и ми рече пошто вечерва е на работа да не му се јавувам....не знам воопшто зошто се случува оваа...
Ако мислиш дека не си направила нешто со што си ја раздрмала довербата која ја имате,тогаш кажи му да престане да се однесува со недоверба,бидејќи не правиш ништо лошо.
Јас секој ден му велам....некое време е ок ама после пак почнува....сакам да му напишам некоја порака помош може?
Спојлер Спојлер Зарем не мислиш дека е подобро да уживаш со мене,одколку секојдневно да бараш нешто во кое ќе се сомневаш.Зарем не мислиш дека доколку не би сакала,би била со тебе?До кога вака? Подобро ти е да изигруваш полицаец цело време,или подобро е да бидеш човек кој ќе ме сака без разлика на се.Ако не ми веруваш,тогаш не гледам причина да бидеш со мене.Ти си тој што треба да си ги среди мислите,и да дознае што сака со мене,а не јас.Ме кочиш цело време,ја оспоруваш секоја моја постапка,а зошто?!Со тоа што го правиш,ме одалечуваш само.Размисли дали вреди..јас повеќе не сакам да бидам дел од испрашувања кои немаат никаква основа. можеш нешто во овој стил,измени нешто,додади,секако по твој избор.
Pa dobro kolku vreme ste vo vrska za taka da se odnesuva,kaj ebacot eva???Mene taka da mi rece bogami ke shiznam.Te navreduva.Mislam deka treba da si pokruta a ne da go molis.
Скоро една година сме заедно на 23 август правиме една година.....не знам од секогаш бил таков.....некако мн ми е љубоморен за се...
Нема кредит....ќе видиме кога ќе си дојде од работа ако пише нешто од кај мајка му ако не утрe кога ќе му се јавам за да се видиме да разговараме ....
Девојки, амо може малку ПОМОШ?(АКО ВИ Е ДОСАДНО ДА ЈА ЧИТАТЕ ЦЕЛАТА STORY, одете на текстот од каде е означен со ** ) ЗОШТО НЕКОИ МАЖИ ЛОШО И ГРУБО ЗБОРУВААТ ЗА НЕКОИ ЖЕНИ И ОПШТО ЗА НЕКОЈА ГРУПА НА ЖЕНИ? Не дека сум толку “мутава“ за ова што ке ве прашам, ама досега у живот немам сретнато тип со овакво понашање, ова прв пут ми се дешава па да се исконсултирам. Со типов нешто како пријатели сме, ама има некој вид на духовно мување ништо повеке досега. Го знам 3 години. Кога го запознав ич не ми остави некој впечаток, бевме на патување и така тој ми се “втурна“ во збор и почна да ми прави интервју и нешто службено разговаравме. После патување типов ми пушта е-маил(јас со сиот ум му дадов визит карта ако му треба некоја услуга да има контакт; јас по дефаулт ако разговарам за работа одма визит карти делам всушност така и ја сфатив комуникацијата со него а бидејки работам приватно мислам дека тоа не е некој повод, нели?) Во е-маилот ме потсети које е и чисто ми се јавува за адреса да имам негова. Јас не му вратив.И не ни помислив на него. После една година пак на патување и пак тој. Сам се потруди да биде повеке во мое друштво, па едно 70% од времето фластер. После вракање 2-3 дена ми се јавува на тел и ме кани на кариоке шоу, таму и таму една од групата ке славела роденеден. Јас реков ако можам ке дојдам, од куртоазија, реновирав по дома и на крај памет не ми падна, ама и онака немав намера да се дружам со него. После 6-7 месеци, бев на едно место (социјален настан) сама, и типов оддалеку ме гледа и одма у акција, здраво, ова она, немав поима дека ке биде таму на крај памет. Ме праша дали сум со кола живее во мој правец, реков не, е јас сум со кола ми рече и ке те вратам; дење беше, не ми текна да излажам нешто а плус многу топло кој ке се мавам по автобуси, ај си викам нема да ме изеде, а во такси се возам а со него и ке заштедам 150 денари . Ме врака, и осекам дека ми се стеснува обрачот, ке види кај живеам, после ми текна, и му реков ај пошто ме довезе да те частам една боза, а и комшиите кај мене реновираат галама е па да поседам надвор уште малку. Прифати и за чудо кога седнавме да разговараме многу интересен ми се виде. Имавме многу заеднички теми, интереси, познавања за исти работи, работиме во слична бранша. Еј си реков , види,... ми се допадна комуникацијата рака на срце. Ама типов фрапантен бе, ни пет ни шест , за две недели ке одел за Маврово и ме кани таму. јас не сум навикната на такви работи, ни го знам ни ништо,... глупо ми беше да речам дури и не, бидејки ситуацијата беше no comment. Алоооо, со кој ум ме кани он мене за Маврово. Ме збуни, мислам дека поцрвенев, и со кисела насмевка реков е кога е 18 јули,... тој само се насмеа и почна друга тема. (ова се случи пред 1 година). Јас мислев дека се зафркаваше со тоа Маврово, ама после две недели ми се јавува и вели Гоца, во врска со Маврово што зборевме; аууууууууу, абе овој не е нормален си викам, му реков дека ми излегла работа за викенд и дека немам ни минутка време, што да му кажам? Ај да се јавеше во мегувреме за тие две недели , пак на кафе да отидевме, да се запознаеме подобро,... После пак неколку пати се видовме непредвидено, на еден социјален настан, и после тоа ме кани на пиво и тоа во една ај да речам кафана, која ич не ми се свигаше, не е место каде јас седнувам, и отворено му го кажав тоа,не требаше, требаше да преминам преку тоа ама ете,... сега мислам дека нему тоа не му беше важно, важно му било да разговара со мене. Ама јас сум поинаков тип, ако местото не ми погодено не сум опуштена . Е добро имаше можност да прошетаме околу 1 час наоколу (денски беше), ме испрати до кола на крај. После пак некој е-маил за некои настани. По 2 месеци имав една прослава и го поканив, бидејки сметав дека се вклопува со останатите гости и дека не е лошо да го збогати амбиентот со своето присуство. Дојде , се разбира, точно навреме. Вечерта беше ок, и добро се вклопи. На крај додека го пишувам се ова се прашувам што се мачам со него !? Поентата е тоа што во мегувреме само контакти по е-маил, социјални настани, а му испратам смс одма се јавува на телефон; пред едем несец се договоривме да одиме на еден настан , по негова иницијатива, тој да ме вози, прифатив , си реков ај да видам што ке биде, резервирано, или ке ставам крај или незнам ај,... а да, кога ке сме шетале некаде секогаш кога ке сретне пријатели не испушта прилика да ме претстави. И одиме таму, завршува настанот, после на коктел, срекава познати специјално ме запознава, домакинката ни направи чест седна со нас, моја познаничка. **И се си одеше добро, кога одеднаш на типот му текна почна да ми збори за една “негова пријателка“ како во некоја ситуација постапила несоодветно, како сакал да и помогне, ама не била ок, целата одлепена и како “ја спукале“. Е си реков или со мене нешто не е во ред, или на типов сите овци не му се на број! И други пати ја има споменувано(истата на роденден на кариоке што ме канеше да одам) ама сега ептен ја претера, според мене не беше ни место ни време, да збориме за неа. Ептен ја одлепи! Ме изнервира , може нема да ме сфатите, но битна е енергијата која се создаде во тој момент, констатирав дека намерно го кажа тоа , со цел, инетлигентен е тој, не е мутав , многу ме повреди. Јас реагирав, се зезнав, ама не се воздржав; да типов знае што прави, дефинитвно, во момент кога бев најопуштена, ме нападна! Неверојатно! Ок, се вракаме назад, јас се созедов во меѓувреме, и искористив две прилики “успат“ да му споменам еден негов другар, и уште нешто, го погледнав под око (тој возеше) и видов дека ја стегна вилицата и направи еден тик со устата. Ништо, ме врати, и се поздравивме како пријатели најнормално. Во тек на следната недела, прака е-маил, и ми вели дека книгата што му ја дадов нема време да ја прочита до викенд ама ако јас сакам може на кафе да се видиме. Го откачив , разбира се. После пак следна недела ја прочитал книгата, пак е-маил ( не се јавува по тел) ја прочитал и да се видиме да ми ја даде. Пак го откачив. После трета седмица пак е-маил ако не сме се виделе оваа недела, за викенд ке одел надвор од МК па тек после тоа. Ај попуштив, ок како сакаш, јави се му реков, ама ако немаш време остави ја таму и таму(на едно заедничко место кај познати) ке поминам да си ја земам, не е проблем. А не бива така, се јави утрето по тел, демек да договори точно време. Утрето јас одам во трговски, гледам наочари и таму да ја земам книгата и ај создравје; не типов сака да седнеме да части. Ај да не се правам, седиме правиме муабет, општи работи и типов пак тресна една работа што од такт ме извади; многу ги оговараше една гурпа женски, па една позната женска фаца во градов, и така; Феминки незнам за вас, ама јас не поднесувам кога некој збори лошо за жените/женските, па која и каква да е. Одвратно ми е такво зборување и секогаш се ставам во одбрана без оглед каква е жената Што му е гајле нему која каква е ? И пак му успеа да ме извади од такт. Абе намерно го прави ова! ВИЕ ШТО КЕ КАЖЕТЕ? Намерно ви објаснив некои работи надолго и нашироко за да добиете претстава за неговиот профил. Исто така се обиде да нафрли некои теми со кои сакаше да истакне некои социјални разлики межу лугето, мене ми се чини дека алудираше на мене,; јас лично не гледам такво нешто, ама незнам, секо јси има некои бубачки во глава, досега не споемнуваше социјални разлики сега одеднаШ! Овакво нешто прв пат у живот гледам! Мене до сега не ми се случило некој маж во мое друштво толку вулгарно да зборува за жените! После виде дека ме изнервира, па ај пак ке ме испрака до дома, јас реков сакам малку да се прошетам и не мора да ми прави друштво, и додедка се шетавме се обиде со некои опуштени теми да ме омекне. Неверојатно! Ме интересира што мислите зошто некои мажи така лошо зборуваат за жените?
Pa dobro nekoi luge se takvi kakvi shto se,megutoa ako nishto ne ti znachi kako pojava(vo smisla na dobro drushtvo,iden partner)ondak ne se ni trudi da go analizirash,nema poenta da se vadish od kolosek so nekoj shto tebe ne ti odgovara.Sve zavisi od toa vo kakva sredina e izrasnat,moze toa igra golema uloga na potchinetost na zenskiot rod ,a mozhe i krugot na prijateli mu e takov so ogranicheni stavovi [mod-kirilica:19o7cdek][/mod-kirilica:19o7cdek]
Девојки некој совет добро би ми дошол.пред 2год се мував со тип кој мн го свиѓав и он мене убаво ни беше 2 -3месеци но тој беше тежок за чуства ептен да не зборам па за емоции ( пуста девица во хороскоп) но се привикнуваше на лмене го глеав тоа.Но настана пресврт една лдругарка ме праша како ни е а јас и рек као у стил незнам мн е ладен незнам што сака (при тоа заборавив дека се познаваат тие двајца) уф се случи и тоа да таа "другарка" којзнае што кажала него го снема и знаев што е и ич не го барав.Со тек на време свати што направил почна да ме бара но јас игнорирав цели две год така и на крај излеговме на кафе ме гушкаше како со душа да чекал да ме види ме однесе до дома и седејки во кола се бакнавме с амиот посака да се видимѓ пак а поминаа веќе 5дена го нема незнам што да мислам не сакам да го барам свесен е тој дека ми значи но ете незнам...