Нели? Ехее што кркав јас ќутеќи од страв. Но, само строго и напред. Оналјн, види на UpWork, еве ја целата тема https://forum.femina.mk/threads/Работа-на-odesk-upwork.25551/ А за КАМ, не знам......
Дека се пријавив, ама не знам дали бараат некое време да бидеш во канцеларија на почеток. Ќе се пријавам пак, фала многу.
Инат ме фати тогаш. Ми рекоа дека ќе ме изберат мене само ќе ми се јават кога да почнам. И не се јавија, после два месеци пак пуштија оглас и пак идев само овој пат имаше и друго девојче и на нејзе истата приказна што ми ја кажаа првиот пат и ја кажаа нејзе. Пола работно време е 6000 денари, само ги тераат да работат постојано и да ги тераат купувачите да им купуваат постојано, така што за секој купен производ добиваш подарок. Ова го дознав отпосле.
Дали мислите дека е изводлива работата во call центри? И дали знаете колку отприлика плаќаат? Знам дека некои работат за околу 400 евра, но од нив слушнав само поплаки, дека ги преоптоварувале со повици/пораки/што и да е. Исто така, каде можам да се распрашам за слични работни позиции (од дома)? По огласи не наоѓам ништо Никако да добијам работа физички, на многу места ми бараа партиска книшка, па сакам да пробам од дома нешто.
Тоа дека работникот е мултитаскинг е секојдневие во секоја фирма денес . Јас не познавам фирма освен Индитекс каде продавачот е само продавач ( мада и таму си мултитаскинг +ти ја мерат секоја активност во секунди и продуктивност -едина предност е што не си чистач ). Чистењето го сфаќаат како одржување на хигиена во објектот . А што се однесува до останување прекувремено, тоа е наша грешка , на работникот. Така јас работев долго време во една компанија и секој ден имаше премногу активности и никогаш не престанува работата таму. И секој ден ми викаа " остани пола саат ,остани саат остани два саата ".... и јас останував ама коа ќе ти дојде памет и ќе кажеш ЧЕКАЈ -СТОП ти си платен на 7 саати (пример од 10-17 ) дошло 17 ч. ,чао пријатно. Кај што си застанал ќе продолжи колегата или утре ќе си довршиш. И успева тоа . Се додеќа им ќутев ме толчеа ,а малце си покажеш заби одма секој ќе те цени. Не ќутете , ќе си кажете до толку сум платен и пријатно. Немаме работнички синдикат во земјава лоја ќе ги штити работничките права и затоа е се вака безредие , ама и ние си ќутиме , треба малце погласни да сме и сложни. Пошто коа ќе се побуниш ти ,треба и колегата да те поддржи оти ако ти се буниш а тој ти се смее ( што е така во повеќето случаеви ) , шефот ќе каже ти си неработник . Ама општо е познато дека ние сме многу несложен народ * да му умре козата на комшијата *
Best way support, некому да не му е познато, услови за работа, работно време, плата и други услови, со оглед на тоа што се декларира како start-up основан во 2019 година.
И јас истото прашање го поставив пред 2 месеци и тогаш имаше оглас за работа Јас бев на проба, платата е 15 000 со 5/6 работи денови во неделата. Мислам дека причината што постојано имаат огласи за работа е што е премала платата а има премногу работа. Јас не продолжив од причина што не е како обичен кафич да можеш барем бакшиш да извадиш а платата е премала..