Imav odnosi na 2 sostanok, se sluci mozebi si misli deka sum lesna devojka Sto da napravam Odnapred blagodaram
Help Е небива сега пишман аџија... Се случило веќе, не можеш да го вратиш времето. Незнам каков совет очекуваш од нас. Јас би ти рекла да не се замараш. Ти било убаво, сте уживале и двајцата... па и не си мала. Само дај му до знаење ако сакаш нешто сериозно со него, немој да почне тој да доаѓа само кога ќе му биде до секс.
Имавме односи на вториот состанок... сега? Ако тебе тоа не ти смета не се замарј кој што ќе рече и ќе мисли.
Имавме односи на вториот состанок... сега? И јас мислам така.Биднала работата,сега нема назад.Ако сакаш нешто сериозно со него(иако мислам дека тој не те гледа на тој начин после ова),потруди се да му дадеш до знаење дека тоа ти било грешка.Сепак се сомневам дека ќе излезе нешто добро од сево ова.Со среќа
Имавме односи на вториот состанок... сега? Јас лично не оправдувам ваков страт на врска но не си давам за право и да го осудувам истиот! знам неколку врски кој токму на овој начин започнале (уште првата вечер) и ете ги уште траат! Дали си лесна или не ќе му докажеш само ако после тој секс продолжите да градите врска! Има машки кои се конзервативни и кои не сакаат лесно добиени битки, но има и такви кои ја имаат прифатено денешната слобода кај девојките и не им е проблем да започнат врска со девојка која сексот го третира како еден од главните начини за подобро запознавање со партнерот!! Се надевам твојот спаѓа во втората група!
Имавме односи на вториот состанок... сега? Што ќе правиш, биднала работата. Нервирање и каење нема да помогнат пошто времето назад не можеш да го вратиш. Така да, не се замарај што како било, ако сакаш врска, разговарај со него, кажи му дека многу ти е непријатно, дека ова прв пат ти се случува, и дека си загрижена за неговото мислење за тебе. Така можеби ќе го отргнеш од помислата дека си лесна девојка, затоа што не мора да значи дека си, секому може да му се случи! А во иднина биди попаметна! Поздрав и известувај не
Имавме односи на вториот состанок... сега? Е добро де, големата работа... Ти се сакало тебе, му се сакало и на него и двајцата среќни и задоволни. Не гледам ништо страшно.
Имавме односи на вториот состанок... сега? Добро де што има тука толку старашно.. биднало .. колку и да се нервираш џабе ти е неможеш да го вратиш времето назад .. Разговарај со него и кажи му што мислиш во врска за тоа што ви се случило и ке свати дека не си лесна девојка. поздрав
Имавме односи на вториот состанок... сега? Да го вратиш времето не можеш . Ако ти било убаво не знам што лошо има . Што ти е гајле што мисли он , прави си го меракот ама да не се каеш после . Никој не те терал .
Имавме односи на вториот состанок... сега? Мислам и јас како гирл 12. Разговарај со него.Ама смирено и без драми. Оти кога машко ќе види драми фаќа магла за секунда. Кажи му како се чувствуваш и не верувам дека нема да те сфати. А и ќе знаеш на шо си со него. Неговата реакција ќе ти каже дали тој воопшто сака нешто сериозно или не. И немој толку да си ставаш на срце, и јас не сум за секс веднаш, ама сега биднало ајде.Памет за друг пат
Имавме односи на вториот состанок... сега? Читам и не можам да се изначитам глупости. Дечкото многу лесно може да те батали и после секс на вториот состанок, исто како и после 25-от состанок. Плус, тоа тврдење дека машките мислат дека таквите девојки се лесни, е само обична лага. Да, мислат, кои? Тие неизживеаните сељачиња кои си бараат невина за брак, тој што е невин самиот или легнал со само 1 во животот. Кој нормален, воспитан, културен, изживеан дечко ќе се осуди да каже - девојката е топ, супер е , ми се свиѓа, ама ми даде на втората вечер - мора да е курва?! Абе ајде мавнете се од ваквите сфаќања , на прв состанок ништо, на втор може бакнеж, на трет може за половина, на четврт за гз.... Ти било убаво, си сакала, сакал и тој, се случило. Не гледам нешто лошо, не си лесна, ако е паметен барем малку ќе гледа да те задржи, а не да му се правдаш на него. Па со самото правдање ти признаваш дека си згрешила. Од лично искуство и со милион разговори на оваа тема, тврдам и тоа аргументирано - дека машките немаат такво мислење какво што ние самите девојки сме си всадиле во глава. И толку, се изнервирав на темава, значи колку е глупава и како размислуваат некои девојки....
Имавме односи на вториот состанок... сега? Никој не вели дека девојчето е лесна со тоа шо легнала на второто видување. Ама ако се осеќа лошо за тоа јас не гледам па зошто не би правила муабет со дечкото за тоа Не да се извинува бог да чува, ама шо знам, јас барем секогаш кажувам ако нешто ми смета. Е сега секој е различен
Имавме односи на вториот состанок... сега? И јас не можам да ги сфатам неиживеаните машки значи толку ... Сељачини тешки... Кај нас во градот не можиш да седниш на кафе и на раат да го испиеш,се коментира која со кој идела ова она правела.И што?Мора да е невина за брак? Мора ти да и бидиш прв? Само заради ова не ми се живее во Македонија,заради ваквите застарени сфаќања и безвезни работи. Сте го истерале меракот и двајцата и ај пријатно.Можеби па ќе прерасне во озбилна врска,од каде знаеш? Само пази,ако дечкото е тежок,неиживеан глупак може да пушти муабет,знаеш какви гнаси се мажите понекогаш
Имавме односи на вториот состанок... сега? Ако пушти муабет - ДЕМАНТИРАЈ ГО! Доказ нема, за што се секираш?
сексот се случува помеѓу 2-ца кои го посакуваат тоа, ако сакал само тој а ти не или обратно немало да се случи, зато мислам нема за шо да се каеш имало некоја хемија се случило, искуство повеќе позз