Глупости живи...да се проверуваше дали некоја женска е лесна или не на таков начин, на мажите ќе им беше мнооогу олеснета работата. Се зависи од ситуацијата, и мм (тогаш дечко) не се изначека многу како шо има некои шо ги држат у неизвесност година дена, и шо...чудата големи, никогаш не помислил еј оваа лесна, напротив секад спомнува за тоа како едвај му успеало да излезам со него, демек ептен молење удрил (а нема ни врска, таков беше периодот, баш среде испити и тој па безусулен ) Абе може он бил лесен од кај знаеш...ама стварно, гледајте поинаку на работите, ако ви било убаво и на двајцата зашо секад женското е искористено, може ти него си го искористила. Жени, обожаваме да се самосожалуваме. Ако ти рече дека си лесна, речи му ти си уште полесен и готово. Само недозреани и неизживеани мажи се занимаваат со таа проблематика и ќе завршам со мисла од Саманта од Сексот и градот: „Шансите за некој да те откачи ќе бидат исти ако му дадеш на првиот и ако чекаш до десетиот состанок.“
не е дека си лесна,туку ти се погодил моментот, ти било убаво и што?? кој може сега да ти суди ?? НИКОЈ уживај не се замарај, некои луѓе неможат да си ги избројат па сега ти за еднаш ајдеее следниот пат ќе внимаваш повеќе, ова не се брои
Eee вака ми се крева коса значи .... Не си лесна ? ! Неее ич Не викам дека треба да ја ставиме на клада што му дала у остало нејзин живот , АМА со тоа па што па модерно време итн.. Вие би го сториле истото ? или вака е полесно не бе се е супер терај си ? Ете биднало јас ќе ја оправдав да барала добар провод , и задоволување на физички потреби , ама нели она си барала дечко ? ! Да е исто не е исто али кој како сака .... Крај краева не се рекло за џабе после *бење нема каење
Па не си требала да го направиш тоа на вториот состанок.. Тоа е мое мислење.. Меѓутоа сите ние правиме она што мислиме дека е најдобро за нас, така да ако ти сметаш дека тоа е ок, тогаш нема што ние да те осудуваме
ништо страшно не гледам.. и на мене истото ми се случи па доооооооооолго време идам со дечко ми така да не гледам ништо страшно и не ми се верува дека некои форумџики те осудуваат и кристикуваат не значи ич дека си лесна едноставно те понела страста а исто е толку битна како и љубовта . па и машкиве не се толку заостанати и мислам дека не гледаат дали девојката ке му даде од прв или десети.. ако веќе си имала односи порано или подоцна ке имавте. нормално не сака кога се шета со девојката секој да ја покажува со прст едино тоа!
А кога се „бара“ дечко (а како се бара дечко уствари, со фенерче одиш низ град и им ги гледаш забите на потенцијалните кандидати како на коњите или?) се има некоја скала по која треба да дејствуваме? Прв состанок му откриваш лево колено. Втор состанок си играш со косата. Петнаести состанок му даваш за гз да те фати, но реагираш непријатно за да не помисли дека си курвиче. Кога ќе пројде точно една година ќе му дадеш, затоа што „тоа е времето“. Ајде бе. Ако имала сексуална тензија, неверојатна хемија и го посакувала со цело тело, девојката само се препуштила на страстите. И не е ништо страшно, ниту погрешно. Кога сме веќе кај моралните вредности (што се омилена тема на разговор на просечната македонска девојка, нели), мене ми е исти курац ако некоја девојка истото го помислила, имала грешни/нечисти/палави мисли за дотичниот и ако мислите ги спровела на дело. А за лесна...Па ако имаш мањак килограми си лесна, има и синоним за тоа, пердуфче.
Зависи како ќе се поставиш уште од старт. Ако уште на првиот состанок ти лета мозочето и јасно му даваш до знаење што сакаш, тогаш јасен е заклучокот. Без патетики, бев пијана, тој сакаше а јас не , ме натера незнам како... бла бла бла. Си сакала и крај, а каков впечаток си оставила ќе видиш утре дали ќе ти се јави да одиш кај него дома или ќе те води на вечера
ништо шокантно а и тоа не е мерило за долга и добра врска со сегашниов дечко не на 1 не на 2 туку на 3 состанок имавме односи ајде ќе кажам дека претходно се знаевме скоро 2 месеци но не се ни мувавме па нашата врска си тече со претходниот магарац уствари дечко истото беше само не се сеќавам дали на вториот или трет состанок па одевме 2 години и да не набројвам така да за џабе се замарате тоа не е мерило ниту фактор за добра врска врска се гради понатаму ...
По мое лично мислење е пребрзо не знам .... Ако си барам само секс ... ок вака не би .... Муабетот ми беше еве како што викаш ти и сакало ете си го направила меракот , сеа нас не прашува лесна ли сум ? Како се осеќа , значи избрзала па сеа работава е ту што направив ? ! Ние треба да и кажеме дали е лесна , или лесна се почуствувала ? . Можеби и јас ете испаднало да ги погодам тие машки сме дикутирале на оваа тема и знам како размислуваат ... Што сепак не значи дека на сите им смета или не им смета . Да не заборавиме дека постои и можност , ете таа (хемија и физичка потреба ) да надвалдее а нели она го сака ? И ододеднаш од дечкото ни трага ни глас ! И кој е тука искористен ? Затоа го напоменав тоа ДЕЧКО . Таа планирала на долги патеки со него , не треба да се зема во предвид само розово сценарио.Доволен е 1 состанок за да се запознате ? Погоди кој ќе кука после
Значи прво и основно - ако не и последно, свестете се дека живееме во конзервативно општество. Нема везе 21 век, кај нас и модата доаѓа една сезона покасно, а замисли сфаќањата. И такви се најчесто мужињава, навидум живеат модерен живот, прцаат што најдат и после оговараат. Реалноста ни е таква, ете генерализирав ама во 10 мужи 5 ќе се најдат такви, што е страшно нели?! Како да објаснам, дали е лесна или тешка вагата ќе покаже. Не станува збор за тоа дали е лесна. Постојат слободоумни и нетолкуслободни девојки. Кај секој си е релативно. Кога ќе видиш - и се е така како што ти перцепираш и како што ти се чувствуваш. Ако се чувствуваш ‘лесно‘, тогаш на лесен начин ќе те добиваат и повеќето мужи. Јас не би легнала толку брзо ако си барам за сериозно. Ако толку сексот ми претставува потреба и задоволство, а не душевно исполнување ќе си ги исполнам влажните сништа Ама па тука следува прашање - а што ако после ти се присака за сериозно, што ако прирасне во нешто такво? Епа јебига. А тоа што ќе кажат другите, ќе те засега, средината ни е таква, неизбежно е. Но како што кажав, се‘ е онака како што ни изгледа, и најбитно е како се чувствуваме. Другите нека се пушат.
Се согласувам,сте сакале и двајцата та што ти е гајле ако сакаш да продолжиш со него за посериозно разговарајте ако не сакаш тогаш немој и за нареден пат контролирај се за да не се каеш.
исто и јас имав односи на вториот состанок само разликата е што мене ми беше прв... се беше супер ама се се случи многу брзо што јас не ни очекував.за мене невиноста беше нешто што сакав да го направам со момче што ќе го сакав и јас а и тој мене но ете се случи и тоа во поднапиена состојба. утредента пишувавме и ми кажа дека ке сме биле долго време заедно ни јас да одам со други ни он, но не сакал врска сепак сакал слободен да биде..незнам што да мислам.вели не бил со мене само за тоа му било убаво со мене но сепак ми е тешко.постојано ми звони и пиши но кога и да разговараме онака поозбилно ми го спомнува тоа дека не сакал врска.незз сто да мислам ве молам за совет сто да правам поздрав
^^ Прво ова не е 3 метри над небото како второ не верувам дека е Hache ни ти баби , биднало што биднало може малце си ... Ајт нема врска , ти кажал дечкото не ска врска а после сексот те бара . На што ти личи ова ? мене на фак бадис . Од време на време ќе се држуите а да те претстави ко своја женска јок .Што според мене није у реду . Најфино за тебе би било да прекинеш со него секаков контакт па и сескуален . И за друг пат да размислиш . Одбегнувај алкохол гледаш ти шкоди
А, бе, што толку ја преценувате невиноста ?? Мислам, голема работа, сте имале секс и готово. Животот продолжува. Па прв, па вака, па нака. Сфаќам дека ти е глупо заради самата постапка отпосле, као, не сакам врска, но тоа е. Немој да мислиш дека којзнае што си направила, или па дека којзнае што ќе се случело ако првиот бил љубовта на твојот живот. Уживај таму, не се замарај со глупости. Не се знае ништо во животот, можда ќе се венчате за три години. Не се преокупирај со работи што не можеш да ги промениш. Или расчисти скроз, биди си начисто, или уживај и не се замарај каде и што ќе ве однесе сето тоа. Едит - И добогу, не си ништо крива. Бог да чува бе, крива сум. За што си крива девојко ?? Ај таму расположи се... тееј.
Лесна е да дадеш на прв дејт не на втор оки се зезам малку.. Гледај на тоа што си го направила како грешка и внимавај да не ја повториш и друг пат...Сега тој дали ќе помисли дека си лесна или не само тој си знае... 21 век сме, си дала на втор состанок биг деал..Друг пат ќе си пазиш и нема проблеми за понатаму...
Девојки јас пред некој ден се запознав со еден дечко, ни беше прв состанок ( ако може да се каже , зошто јас него го знам, тој е позната личност, посебно мегу женскиот пол, а тој мене само од слики) . Се најдовме, се запознавме, си поминавме супер, и после се решивме да одиме кај него во стан на филмче и вино. Иако од дома воопшто не помислував на секс уште на прв состанок, сепак се случи. И тоа може да се каже дека јас започнав со првиот бакнеж во образ , па се си продолжи понатаму Искрено, сакав и тоа претерано сакав секс со него. Ама еве сега кога се договараме да се видиме пак, ми пишува дека сака да облечам подвезици, и некако ми падна глупаво. Ми изгледа како да сака само забава а не да се дружиме и запознаеме подобро, па ако дојде до секс да дојде спонтано како првиот пат. Ми се чини дека оставив погрешен впечаток со тоа што имавме секс уште одма, и сакам да му го сменам мислењето за мене, да му кажам дека покрај секс сакам и да се запознаеме подобро , ме сфаќате ?