1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Односи на вториот состанок

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од spanskaserija, 19 септември 2010.

  1. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Оф леле чим си знаеле дека си е женкар не ми е јасно зошто толку си избрзала, има многу случаеви сега одма секс од прва што завршуваат и со брак, но сепак со некој кој што е доволно зрел, ама вака не не неее, и штом тој на првиот разговор за следен состанок ти кажува што да облечеш верувај дека за жал ова ке ти биде само секс врска. Јас мислам дека втора шанса за прв впечаток овде нема.
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    Не си му оставила погрешен впечаток,во принцип повеќето машки гледаат да ја легнат девојката а не да се припотресува дали ќе имаат врска ;) .Оти ти не помислиш нешто лошо на пример,или по дифолт мора девојката да е таа што не чини во секоја приказна.Не знам што толку се оправдувате на мажи кои само едно нешто имаат во главата,а тоа е сексот.Пеперутке,одлетај од дечкото,оти голема е веројатноста тој само секс да сака со тебе,а ако ти одговара да бидеш само за секс со него,ок твој избор.
    A ако е третата варијанта да е обострана желбата за врска,разговарајте на тема и ќе знаеш на што си.
    Со среќа :)
     
  3. Strumfeta17

    Strumfeta17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    132
    А, што очекуваше ти, да те земе за жена? Па нормално дека си му само за забава.
    Тоа што си имала секс на прв состанок е оправдано пошто била позната личност, пошто ако не паднел секс на првиот, втор состанок немало ни да има.
     
  4. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.953
    Допаѓања:
    20.834
    Прво што помислив,си го легнала нашиот Даниел Кајмаковски.Ама штом имате повторна средба закажана значи не е тој,бидејќи тој се спрема за големото финале :rofl:
    Ако постои нешто повеќе од обична страст,можеби има шанса тоа да прерасне во врска,ама верувам дека не е така и во твојот случај.Тој некој познат,а се знае колку се познати фаците кај нас,па сака да искористи колку може,а ти возбудена па си дозволила да имате сека на прв состанок.Не судам за тоа дали требало или не,сте го направиле она што сте сакале и двајцата,ама мислам дека од типот не можеш да очекуваш ништо повеќе.Од напишаното гледам дека тој е заинтересиран ама за секс,штом веднаш фантазира за следниот пат,со подвезици,машни,ушиња и сл.Ако сакаш врска,или си имала некои др очекувања прекини го контактот,
     
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Мислам дека не игра некоја улога дали ќе имате секс на втор или на десетти состанок.
    Сепак, треба да се држиме до некои свои сопствени зададени правила, а не да се држиме до оние ,,напишаните,, кои ги кажал некој само,
    Битно е според мене на прв состанок да не се деси тоа , зошто не го познаваш човекот со кој би спиела,
    Е сега кога веќе би постоела огромна хемија помеѓу двајца се случува да на втората средба не може некој да се воздржи, другиот не може да го одбие, и тоа е тоа.....
    Непоправливо
     
  6. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Броевите се за статистика,а емоциите сигнализираат кога ќе се случи интимно поврзување.
    Ако доволно се почитуваме себе си и имаме изградено став,и другиот ќе знае како да се однесува.Не секогаш шармот треба да не понесе,па потоа да оставиме негативен впечаток и да зажалиме.
     
  7. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162
    Кај нас,на балканов 99% од машките јас сум сигурна дека доколку им се даде на прв,втор трет состанок(дур не си во врска со нив сериозна) нема да те сметаат за озбилно.Сега и реално да правиме муабет ако се подразмисли малку го разбирам нивното размислување.Ќе си речат којзнае колку партнери сексуални имала пред мене,чим толку лесно ми се дала. Не дека им го оправдувам мислењето,но сепак ги разбирам до некаде..Не верувам дека некој би сакал да ожени некоја што имала многу партнери.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ај да не им се нафрламе одма на Балканскиве мажи, туку да ја свртиме топката од другата страна: ако ви „побара“ (леле колку го мразам терминов |( ) на прв, втор состанок, сериозно ќе го сфатите? Сигурно нема да си речете Да, тој сака да го помине остатокот од животот со мене, ама толку го палам што едвај чека да се кутнеме в постела. Ама нема врска де тоа, ние пак ќе си го поминеме остатокот од животот заедно и ќе се истуриме од секс имање, ама толку ни се сака што остатокот од животот не ни е доволен, па мора и на првиот состанок да имаме секс.
    Не велам дека треба да се чека два месеци, ама да дозволите да ве понесат страстите уште на прв состанок.... мене лично да ми се случи тоа, прво сопствените намери со дечкото ќе ги преиспитам. Може па и јас не го гледам за сериозно?
     
    На baby-star, Martichka21, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  9. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    Ова што сега ќе го кажам, го имам слушнато од машко кој се муваше неколку вечери со моја познаничка, а тоа е "Што можам да очекувам од женско што уште првата вечер ги шире нозете и ми дава"?
    Колку и да звуче грубо, така е. Едноставно ќе си помисле, штом со мене го праве веднаш ова, којзнае и со колку други го има сторено истото. Веднаш се стекнува претстава за лесна девојка, што може и да не е таа тоа. Па зарем и ние што сме женски, ќе имаме по друго мислење за машко кој уште првата вечер или втората сеедно, алудира на секс?
    Е сега од друга перспектива, сексот со личност кој не ја знаеме, или недоволно ја знаеме си има и свои ризици. Колку и да ни се чинат некои заболувања далеку од нас, тие сепак се меѓу нас. Дури знам случаи каде машко заразено со ХИВ намерно заведуваше девојки, кои се палеа на неговите пари, на неговиот мерцедес и несвесно си го упропастија животот.
    Нема да дозволам некој моментален прилив на страст да ми биде пресуда за мојата иднина, без разлика дали ќе се работи за сексуално-преносливо заболување или пак за лоша репутација.
    Стојам на тоа дека сексот е најдобар со личност во која имаш доверба и која ја сакаш, а тоа сигурно нема да се постигне уште на вториот состанок.
     
    На Luna91 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    A дотичните машки кои го пикаат или сакаат да го пикаат од прва вечер а :^) ?За нив се е оправдано,гревче и сиротиња,не им се погодила чесна девојка овај вистинската |(
    Наравоучение:немој уште од прв пат нозе ширење,машките се поштени ;) :P
    Лично такво нешто не сум ни помислила,ако сака и Фернандо Торес да ми дојде лично имам разум :!:
     
  11. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    И обратно.

    Доколку машкото ти понуди секс од првиот, вториот состанок одма ќе добиеш лош впечаток за него.
     
    На GirlLove, eloves и hermosa им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.195
    Допаѓања:
    10.833
    Пол:
    Женски
    Реалноста е поинаква за машко и женско на темава.
    Иако не сметам дека е правилно, сум прифатила дека во нашата средина, негово е да ти побара а нејзино е да го одбие. Едноставно така функционираме. Не зборам за машко што упорно ќе те проба непристојно да те допре или отворено ќе изрази желба за секс на некој од првите состаноци. Ако толку напиња, секоја девојка ќе го етикетира како сељак и ќе го откачи.
    Ама кога со некој се запознаваш првпат, мислам дека машкиот инстинкт е да проба што подалеку да стаса со тебе, и твое е да го застанеш. Да речеме имате прв бакнеж на првиот состанок, сигурно на вториот ќе проба и да си фати нешто човекот. И ако тука не го прекинеш, ете така доаѓа до односи на втор состанок. Сосема разбирам физичка желба, не дека ако сме жени дека не ни се сака. Ама за нешто сериозно ти треба партнер, а не задоволувач на желби. Ќе имате секс, полни сте со серотонин и најсреќни сте на свет, се затрескувате во личноста и после не можете правилно да расудувате дали тој е правилниот човек за вас. На ова треба да се мисли, а не дали тој ќе мисли дека девојката е лесна.
    Имам пишувано некаде на темава, јас со мојот дечко првпат имав односи на 2 месеца врска и ми беше прв. Заедно сме скоро 6ипол години. Ама пред било што да се деси на љубовен план, дури и пред првиот бакнеж, се запознавме убаво, се гледавме често и правевме муабет на секоја тема. Кога конечно бев со него, не ми беше гајле кој состанок е зошто го познавав човекот.
    Пак ќе кажам, ако само физичка желба е во прашање, правете што сакате. Ама ако мислите дека може да биде нешто повеќе со него, само подобро може да биде ако се запознаете пред да скокнете во кревет.
     
    На baby-star, eloves, lovemme и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со ова.
     
    На Hipica и natemila им се допаѓа ова.
  14. Srckence22

    Srckence22 Нов член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    6
    А, како ќе утврдиш уште на самиот почеток дали ке се роди емоција помегу вас или не?
    Спиди вели, ако мислите дека може да биде нешто помегу вас. Кога би знаеле што он мисли би било многу лесно нели?
    Според мене треба да се има принцип, или не ти е грижа дали сте имале секс на прв или 10 состанок или ке си поставиш критериум кој период е доволен за да подобро го запознаеш партнерот, трето нема.
    Ако ти е битен впечатокот сигурно треба да чекаш, а и потоа да не ги откриваш сите свои адути, ако не ти е битно тоа скокни му од прва и покажи што знаеш.
     
  15. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Зависи од ситуацијата, зависи од личноста, зависи и од моето моментно расположение. Ќе и се препуштам на ситуацијата. Ако ми се сака, ќе имам и на вториот состанок и нема да ме интересира што ќе помисли типот зашто нели, моите потреби се на прво место во таква ситуација. Не ти треба многу време за да сфатиш дали некој е за врска или не е, барем на мене не ми треба. Е сега, ако сум многу загреана за некој, ако сметам дека можеме да имаме нешто повеќе, ќе си се држам до некои принципи. Тогаш полека ќе се движи се.
     
  16. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    8.303
    Пол:
    Женски
    По нашиот менталитет испаѓа машкиве нит се замараат со врска за љубов да не се ни спомнува ,тоа речиси не постои :^) .Кај и да е ,ќе сведат се на секс а девојките ќе мора да се помират со тоа !
     
  17. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.442
    Пол:
    Женски
    Баш така, се поретко и поретко има вистинска љубов.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Enamena

    Enamena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2013
    Пораки:
    165
    Допаѓања:
    107
    Јас лично не би имала односи на вториот состанок, но има мн луѓе што имале секс на првиот состанок и на крај завршиле со брак , деца, фамилии. Така да нит оправдувам нити осудувам секој си го креира животот по сопствена воља.
     
  19. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Епаа не е дека си лесна ете си се занела и биднало во тој момент ти било убави и не си размислила за ова, сепак памет за друг пат. Инаку не мора да значи дека тој ќе мисли лошо за тебе, има девојче кое е со мене во клас за пав пат излегла со еден да спие за пари ни го знае, ни познава и тој се вљубил во неа и ете заедно се 6 месеци.Така да немора да значи дека ќе те откачи или слично иако има и такви случаеви оти ние Македонија сме малку уназад со некои работи .. додека мислам дека во некои држави е сосема нормално да спиеш со некој на втор трет состанок, и нормално не те осудуваат и озборуваат одма.
     
    На Watermelonsugar му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Valentina.Vaki

    Valentina.Vaki Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Бог да чува,зошто сите да патиме од тие стереотипи дека само машкото ќе ужива?!
    Што ако сака жената да си помине убаво и не и е битно дали е тоа прв или втор состанок?
    Кога машкото е спремен да го откопча патентот без разлика дали утре некој ќе рече за него дека е курвариште ( извинете на израз) тогаш што да не и оваа ги рашири нозете ако и се присака,нели рамноправно да гледаме на работите...... 8)
     
    На GirlLove, eloves, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.