1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Од мувач- до дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од hello-kitty.90, 15 октомври 2013.

  1. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.467
    Ви се случило ли дечкото со кој сте се мувале некое време да ви стане дечко? И дали верувате дека може да опстане таквата врска. јас со мојот сегашен дечко пред да се фатиме се мував 6 месеци, тој сакаше да се фатиме ама јас мислев не го сакам и така теравме 6 месеци, за да потоа на него му пукне филм и се скара со мене оти не можел веке така. Верувајте откако престанавме да зборуваме сватив колку ми значи и дека сакам да сум со него. за среќа после 1 месец започнавме врска и еве 6 години сме срекни и заедно. Не викаат џабе кога ке изгубиш нешто сваќаш колку ти значело
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.752
    ЗОШТО ДА НЕ? ПА СИТЕ ВРСКИ ТАКА ПОЧНУВААТ , ОД ПРВА ВЕЧЕР НЕМА ВРСКА ХАХАХА ОСВЕН ОВА МОЈАТА ВИДУВАЊЕ И ОДМА ВРСКА ХАХАХА
    ИНАКУ НАЈ ЧЕСТО ВРСКИТЕ ЗАПОЧНУВАТ СО МУВАЊЕ
     
  3. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477

    Драго ми е за вас,се надевам врската ќе премине и во нешто сериозно :D
    Денеска така функционираат работите.Најпрвин мување,па ако се компатибилни партнерите,се задоволуваат меѓусебно,преминуваат на врска.
    Инаку јас имам другарка кој при првото излегување со дечкото,веднаш ја праша за врска.Еве веќе 5 години се заедно.
     
  4. Barbie20

    Barbie20 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2012
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    10.722
    Пол:
    Женски
    Во денешно време сите врски започнуваат така.Неколку месеци мување, па демек после тоа врска.
    Макар што, и нема некоја разлика, освен тоа што излегувањето преминува во нешто посериозно.
    Ретки се двојките кои почнуваат со врска после 2-3 дена излегување.
    Но доколку мувањето трае година и повеќе, без притоа да прерасне во нешто посериозно, најверојатно еден од партнерите не сака врска, па џабе губење време.
     
  5. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.017
    Пол:
    Женски
    Мене тој израз "мување" ми е тешка глупост. Јас не го разбирам тоа "се муваме неколку месеци ама не сме во врска". Штом ти излегуваш со некој толку долго време, се бакнуваш, сигурно и допираш, разменуваш страсти, најнормално е барем некакви емоции да се појават. Всушност, тоа е врска, само не јавна доколку не излегувате заедно секаде како другите парови. Мислам дека повеќето што именуваат една врска со зборот "мување", се плашат од врски и врзување и така им е полесно да го наречат тоа. Јас првиот пат кога излегов со мојот дечко, бевме на вечера, ме врати до дома и на крајот се бакнавме. И така постепено си почна нашата врска, никој никого ништо не праша, во стилот: "Еј ова е само мување или сега фатени сме?"
    Или... "Сакаш да се фатиме?" Поглупаво од тоа ми нема, детска работа ми е. Штом сум тука, штом си тука, сакаме нешто еден од друг. Штом го посакуваме тоа и двајцата, да го пуштиме самото да добие свој облик со текот на времето. Ништо не се прави според план. Исто како и ти што не си планирала врска, а прешло во врска и тоа озбилна. Ете доказ.
     
    На Umbrella22, XstrongerX и Barbie20 им се допаѓа ова.
  6. hello-kitty.90

    hello-kitty.90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 октомври 2013
    Пораки:
    2.922
    Допаѓања:
    20.467
    Мување е според мене и како што беше во мојот случај излегување со друштво, бакнување и поминување заедно одредено време без да имате обврска да се видите пак. Значи без секс или слично. Може да одиш кај сакаш, без да постои обврска да се случи нешто повторно. може е глупаво малку ама некако не бев спремна за врска па нашиот однос на крај се сведе на тоа.За подоцна да сватам некои работи и да прерасне во вистинска врска. Проблемот беше во тоа што мислев дека сум вљубена во друг со кого неможев да бидам, ама не било така
     
  7. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    704
    Допаѓања:
    2.822
    почнав да се гледам со еден, со него ми е преубаво,неможам да кажам лош збор за него, се си споделуваме но никако не ми спомнува за врска. Еднаш така во муабет му спомнав,ама не така директно,туку само го прашав што планира и ми рече дека времето ќе покажело се,дека несакал да брза,и дека неможел да биде 100% сигурен но дека ќе бидело и тоа.. се прашувам уште колку ќе треба да чекам? :/ ми има кажано дека немал никоја друга,често се слушаме на телефон а и гледаме.. се запознав со неговите, а и он со моите.. незнам што е работава.. се гледаме веќе 2 месеца.
     
  8. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    822
    Добро е, во ред си е врската, што се напнуваш толку?Не го прашувај остај нека си тече врската како што ќе си тече, без напнувања, излегувајте, дружете се и со други луѓе, не си ги запоставувај другарките многу важен момент (барем 2 неделно гледај се со нив без него) слушајте се на телефон, биди забавна, некомплицирана кога сте сами, пофали го од време на време во стил (еј ама си добро облечен денес 8), а вака само ако продолжиш да го напнуваш може да го исплашиш. Не спомнувај ништо, ти се брза некаде?сакаш деца?маж?ако не остај нека си се одвива се по ред, само опуштено ;)
     
  9. kitty267

    kitty267 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    Се "мувам" со еден дечко 4 месеци и дечково се понаша ко да сме у врска, се гледаме така често да речам, искачаме у парови ама никад не ми спомнал за врска ниту таков муабет, а не па од мување да иаме нешо поише буквално ниеднаш не се ни обидел. Што да мислам јас, што да правам не знам ама така има моменти кога стварно сакам да знам на што сум и да знам дали да се опуштам поише или да го баталам пошто "врскава" ми е без везе. А да му почнам муабет нема шанси , да му дадам до знаење дека сакам нешто сум се обидела така некако спонтано и се ама џабе бре. Ке помислам дека е педер на крај :|
     
  10. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    А што сакаш да ти речи...Ќе се фатиш ли со менееее.....???
    Девојко имаш 19 години,а претпоставувам дека и тој е колку тебе,па нема потреба од такви прашања...Ете според мене ако не се криете негде по паркови...ако јавно се бакнувате,милувате тогаш веќе започнало тоа што го чекаш...Ако ти е убаво со дечкото тогаш уживкај си.. :*
     
  11. kitty267

    kitty267 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2013
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    51
    Фала богу не сме деца за така да ме праша и постар е од мене ама без врска ми е што никогаш не ми отвара таква тема и што не знам на што сум. Посебно што искачаме у парови сите се "дефинирани" у врска и коа ќе ме праша некој на што сум не знам што да кажам . Не дека ме интересира што мислат другите, напротив но едноставно ја си се прашувам себеси и не знам како да постапувам ради тоа. Пошто до сега не сум се врзала со некого на некој начин ко со него, див карактер сум, а не сакам да напраам некоја глупост затоа што не сме "дефинирани" и после да се каам за тоа. Добро, сфаќам и до мене можеби што и јас точно не знам што сакам. Можеби сум навикната се да завршувам со погрешни па сега кога дојде некој добар не ми е логично и ја правам од ништо нешто. Како и да е нека се тера вака уше некое време па што треба да биде ќе биде :)
     
  12. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Ако се гледате,слушате секој ден и си раскажувате како ви минува времето,ако не можете да се одделите,верувај веќе сте во врска.
    Не ти треба дефиниција,се осеќа кога на некој му значиш нешто и не може да си го замисли животот без тебе.
    Ако толку ти треба да знаеш,едноставно прашај го дали ти е дечко и готово.Што се замараш :D
    Јас претходниот јасно си го прашав:
    -Ти сега дечко си ми,хм? и он ми рече -Па, наравно! и така :D
     
  13. marija1907

    marija1907 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2013
    Пораки:
    875
    Допаѓања:
    2.857
    Пол:
    Женски
    и мојот прво ми беше мувач :D после еден месец ми предложи врска и јас му одговорив после една недела :D :*