Форумџика на годината 2020

Од совршена врска до каење...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од srcuff, 13 февруари 2011.

  1. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Имав дечко со кој идевме две ипол години.Имавме врска каква што човек може да посака, бевме прекрасна двојка која никогаш немаше некои посериозни проблеми...Бевме совршени...Арно ама, тргнав во средно, а таму нови луѓе, нови познанства, нови друштва.Си запознав и си створив мој круг на луѓе, меѓу кој најблизок ми беше другарот(Ф.) од клупа.Ми беше другар во права смисла на зборот.Излегувавме заедно јас, тој и дечко ми, ми делеше совети, се радуваше на мојата среќа со дечко ми и како поминуваше времето, станувавме се поблиски и поблиски.Различните смени во училиште со дечко ми допринесоа да малце се пооддалечиме, додека пак постојаното седење во клупа заедно со Ф., донесе да претерано се зближиме.Мислев дека се е тоа океј бидејќи и дечко ми немаше ништо против него, но приметив дека работиве излегоа од контрола кога Ф. почна да ми доаѓа дома и да седиме сами, да ме бакнува блиску до уста, да ме гушка постојано, да ми се јавува во 3 навечер, да ми пее песни...Во тие моменти искрено ми беше незгодно, бидејки размислував како би ми било мене во кожа на дечко ми и му го кажав тоа на Ф. , а тој ми рече дека ова е сосема нормално, бидејки ме чувствувал ко сестра.И продолживме така.Кога дечко ми отиде на патување, а јас и Ф. останавме сами, се случија многу интимни работи помеѓу нас.Не ми се веруваше дека тоа го направив.Премногу плачев бидејќи неможев тоа да го скријам од дечко ми, а и премногу бев бесна на себеси што го дозволив тоа. Бидејки неможев повеќе да кријам, недела по неговото враќање тука, му кажав само дека сме се смувале и замислете тој тоа ми го прости со надеж дека пак ќе бидеме заедно, но не и повторно блиски со Ф.Размислував многу и бидејки Ф. секој ден го гледав во училиште, и ми беше страв дека кога тогаш повторно ќе се случи тоа што ќе го повреди дечко ми, а дечко ми не ја знаеше целата ситуација, знаев дека ова не иде веќе вака и одлучив да ја оставиме врската малце да одмори.За тоа време јас и Ф. се мувавме.Ми понуди врска и се случи.Раскинав со дечко ми и се фатив со него.Идевме тајно ,но работите идеа се повеќе и повеќе ван контрола.Мене премногу ми недостигаше бившиот, премногу плачев по него, премногу сакав пак да сме заедно, додека пак Ф. ми забрануваше да идам кај другарки, да зборам со нив на телефон, да отидам некаде без него, да искочам со другарките на кафе без него, ми правеше проблем за секој мал детаљ, а тој пак имаше доста активности и можеше каде сака да отиде, со кого сака а и се дружеше со многу девојчиња на кои не бев рамнодушна.Искрено се каев поради што ја започнав врскава и решив да ставам крај.Кога му го кажав сето тоа само ми рече дека има намера да се самоубие.Тоа премногу ме извади од такт и немав ништо друго, туку да останам со него.Додека сето тоа се случуваше во мојата ПРОМАШЕНА ВРСКА со ''другар ми'', со бившиот си имав најнормална комуникација .Дури и почна да ми збори за да се видиме, за да се смириме.Толку премногу сакав да се смириме, а сепак неможев.Премногу чувствував потреба за него, но кога ќе ми текнеше дека сега сум со друг и дека сум приморана да сум со него, сето тоа паѓаше во вода.Навечер останував будна и плачев...си ја трескав главата од ѕид поради што пред мене имав се а сето тоа го фрлив во вода за сега да си имам само повеќе нервози. бев премногу разочарана.од тогаш па до сега ништо не е сменето...бившиот само чека да му кажам време и место за да се видиме и конечно да се смириме, додека пак Ф. само ми прави проблеми и проблеми и проблеми.Дури ни моите дома не го сакаат.Ве молам дајте ми совет.Доколку се смирам со бившиот, тој нема да ја дознае цела вистина а и Ф. може да е спремен на секаква глупост, а доколку останам со Ф. ќе бидам ко ван цивилизација бидејки со никого неможам да контактирам освен со него...ве молам кажете ми ШТО ПОНАТАКА?
     
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    Ве замолувам за помош...

    Дали ти сериозно мислиш дека тој ке се самоубие ? ...
    Нема шанси ... тие луѓе не се закануваат ке го направам .. туку едноставно го прават тоа .... а тој така те задржува за себеси. Што тив икаат твоите дома ?
    Јас мислам слободно да собереш сила и раскини му на овој и врати му се на бившиот.
    Не е мое да те осудувам јас или било кој тука ... тој веќе ти простил а ти сигурно имаш доволно памет за понатака.
    Се најубаво па извести не што и како ке биде.
    ;)
     
    На srcuff му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.089
    Допаѓања:
    453
    Ве замолувам за помош...

    Смири си се со бившиот без око да ти трепне...Тоа што Ф ти зборел дека ќе се самоубие доколку му раскинеш,стварно ми изгледа на глупост :)
     
  4. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    Ве замолувам за помош...

    Па девојче што си дробела сега ќе си сркаш.
    Мој совет откачи се од Ф., тоа е и повеќе од јасно, а после што ќе биде со бившиот е друга приказна. И другпат изброј до 10 пред да направиш нешто за после да не си ја лупаш главата од ѕид.
    Чим сеуште го сакаш бившиот искористи ја шансата додека сеуште сака да се смири со тебе и покрај сите глупости што си ги направила. Нема причина да бидеш во нездрава врска и со некој кој не го сакаш. А тоа што се заканува дека ќе се самоубие е уште поголем доказ колку е ненормален. Затоа бегај подалеку од него, раскиниму што е можно побрзо.
     
  5. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    771
    Ве замолувам за помош...

    прво одлучи сама што сакаш после барај совети :^)
     
  6. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Ве замолувам за помош...

    не мислам дека е сериозен, туку дека тоа го кажа за да ме задржи.Ама сепак ми е страв...
    А моите дома мислат дека сеуште ми е другар...но и како другар не го сакаат а камо ли ко дечко поради тоа што гледаат колку јас се нервирам за него...дека само ми прави проблеми за кои и нема потреба..многу пати сум сакала да и се доверам на мајка ми но ми е страв од нејзината реакција...
    а и премногу размислував и за тој чекор за раскинување со него но што после раскинувањето...јас и Ф. учиме заедно...седиме заедно...како ќе функционирам јас понатака во школо?
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.731
    Допаѓања:
    5.142
    Врати му се на бившиот. Сама знаеш дека тоа ќе те направи посреќна. А со Ф за почеток не седи заедно со него. Што врска е тоа тој толку да ти забранува? Што ќе биде понатаму? Врати му се со време на бившиот.
     
    На teddybear и srcuff им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.361
    леле зошто имаш потреба од толку мислење што понатака во школо кое го завршуваш за некој месец секако ... Едноставно ке се преместиш на друго столче... сигурно не си закована таму.
    ајде што понатака по 10 години? Ќе те тепа и ке трпиш ? ќе имате деца со сила и што ? Што понатака ...
    Нема страв ... собирај сила и среди си го животот. Не може никој друг да го направи тоа место тебе.
    Па и дома ги лажеш ...
    Имаш 18 години. Среди се по брза постапка. Сеуште имаш време.
    А типот на душа нема да го носиш верувај ми.
    Нека не те влечка за нос.
    А бившиот нема цел живот да те чека ;)
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  9. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.560
    Пол:
    Женски
    Самата си направила грешка. За тоа дека Ф ќе направи некоја глупост не верувам, па камоли да се самоубие. Бидејќи имаш шанса да се смириш со бившиот искористи ја, смирете се.
    Ако толку го сакаш бившиот, ако ви било убаво заедно зошто да не бидете повторно во врска, кога веќе имаш шанса. :)
     
  10. beautiful87

    beautiful87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    111
    Леле како ќе функционираш??? Па ако се разделите на цивилизиран начин ќе си останете другари со мала дистанца, а ако не ќе се преместиш да седиш на друга клупа и готово. Немаш муда да раскинеш врска во која само страдаш и не ти е убаво, а имаше муда да ги направиш сите тие работи. Епа неможам да сватам :x
     
  11. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    201
    Најискрен совет е да го откачиш господинот Ф. Куче што лае,не каса.Така да мислам дека тоа приказната со самоубиството е колку да те задржи.Можеш да го седнеш и да му објасниш фино дека со сила не бидува убавина и дека него од секогаш си го гледала и сакала како другар.Сте пробале врска,не иде.Тој испаднал дека е болно љубоморен чим се ти забранува.И биди искрена кажи му дека сеуште го сакаш твојот бифши.Ова ќе е доволно да го оттргнеш Ф. од себе.

    Откако ќе расчистиш со Ф. смири се со бившиот и не си дозволувај таква неозбилност и катастрофална грешка повторно.Верувај ретки се момците ко него и верувам дека си сватила добро што си имала и дека овој пат повеќе ќе го цениш и почитуваш. :!:

    Ти посакувам среќа и чекаме да ни пишеш како понатака ќе се одвива ова. :*
     
    На Victorya и srcuff им се допаѓа ова.
  12. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    ти благодарам премногу...ова ме охрабри бааги :D:D:D :*
     
    На LilMissBossy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.164
    Допаѓања:
    4.954
    сметам дека си направила грешка и тоа огромна што си раскинала со дечкоти зарадт дотичниот ф но ок не сме тука да ти судиме. размисли си добро што сакаш во животот на една страна имаш целосна слобода, љубов, разбирање и доверба а од друга страна недоверба, фолирање и нервози што ќе избереш??? јас сметам дека треба да му се вратиш на дечко ти ако навистина го сакаш или пак расчити со двајцата и посвети се малку на себе. немој да паѓаш на провокации од типот ке се убијам. па ок ако се убие нека се убие што ти е тебе гајле може не му се живее. зар под такви закани утре ќе живееш ??? мислам дека треба да пробаш што можеш да спасиш со дечко ти кој те сакал и си имала се.
     
    На beticka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    201
    Нема проблем затоа сме тука.Другото останува на тебе.Известувај не! :)
     
    На pin4e и srcuff им се допаѓа ова.
  15. pin4e

    pin4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 септември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    5
    златно одма да ти казам с согласувам,со сите куце сто лае не каса.Без никакво двоумењње подхитно да расцистис со ф подхитно,а домасниот притвор тој ф ти го дал,бидејки самиот на сбе не си верува а не пак во,девојце Што го изневерила дечкото.Верувај ке патиш ако уште еден месец проодлзис со тој ф,јас од премногу размислуванја сто не дозволив никој да ми се меса еве 4 гоини патам за некој и прифакам се и самата незнам зошто.....јас сум олга и сирока прикаска :( .па дај ти си млада мозис да продолзис и со трет види како е.немој да бидис со страв дека тој ке с е самоубие,тој ја искористува добрината и наивноста,дека ти си мози девојце со осет и дуса.
    Дај малку размисли не мора да земес пример одма од некој од овие совети,дај размисли види од сите совети состави си еден сама немој дај олабави се. :)
     
  16. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    фала ти премногу на советот, се надевам дека се ќе дојде на свое место :)
    иначе што се случило? зашто толку долго време да страдаш за некого? :(
     
  17. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Па уште прашува дали да раскине, и самата си кажа дека сакш да му раскинеш бидејќи ти носел само проблеми и проблеми.. Раскини и не му ја мисли. Толку ниско паднал со тоа што ти се заканил дека ако му раскинеш ќе се самоубие, ако толку сакал да биде со тебе ќе направел и ти да се чувствуваш среќна со него, а не да ти забранува све и свашта.. Бог да чува! Ми се гади кога ќе слушнам како дечковците ви забрануваат да излегувате од дома, да се гледате со другарки.. Претеризам!!!

    Е сега.. Дали да се смириш со бифшиот?
    Тоа е твоја одлука, но пред да се одлучиш за било што запрашај се дали си била фер спрема него и дали тој го заслужил тоа што ти си му го направила? Дали се може да се заборави додека да трепнеш и да продолжи тек-така?
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Го делам истото мислење како и останатите. Мислам дека треба прво да расчитиш со овој, а потоа врати му се на бифшиот. Нема што да го мислиш, пошто овој очигледно е болен, а и не го сакаш.
    Извести не што направи.
    Поздрав.
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.320
    Дечко ко бившиот, толку толерантен нема да најдеш верувај ми.А овој Ф бил чиста спротивност од него.Јасно е ко ден дека треба да го откачиш одма.Ќе бидам сурова, ама па на крајот на краиштата ако се самоубие(а нема), што си ти крива?Он си има психички проблеми, не може ти на 18години да трпиш се и свашта заради тоа.
    Е малку вон темата, мислам дека ти е грешка што со вакви проблеми, те овој, те оној се занимаваш на овие години.И разбирам дека такви ти се годините, ама многу си несериозна, смири се малку, можеби и не е лошо еден период да не си ни со едниот ни со другиот.
     
  20. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.458
    Допаѓања:
    2.962
    Најдобро ќе биде да му се вратиш на бифшиот но ако се двоумиш да знаеш дека ни тоа не е вистинската опција . И јас исто не верувам дека Ф. би можел да се самоубие, а и ти сигурно доволно го познаваш за да знаеш дали е спремен за такво нешто . Најдобро за тебе ќе биде да заминиш со некој сосема трет што нема врска ни со бифшиот нити со Ф . и око да не ти трепне..мисли малце и на тебе ;)