Епа убави совети ти поделија па ајде и јас да не бидам покуса . Значи уште на почеток да ти кажам ептен ме изнервира додека ти го читав проблемот, зошто толку си го комплицираш животот не ми е јасно, па нели многу убава врска сте имале, зошто си го оставила не можам да сватам. И некој погоре спомна што си надробила тоа ќе си јадеш . Јас на твое место би ја објаснила целата ситуација на бифшиот, дека овој ти се заканува со самоубиство и се ама точно се да му кажеш што било и како било. Сепак ако сте оделе 2 години па и ти опростил што си го изневерувала мислам дека би требало да те свати во каква ситуација си и дека ќе те подржи. Ако му кажеш дека искрено се каеш и тоа уште повеќе ќе те поддржи. Овој Ф. откачи го уште веднаш. Исто така ти кажаа дека куче што лае не каса. Разбирам дека тебе сепак ти е страв па и со него еден отворен муабет можеш да си направиш. Доволно те советуваа девојките, се е опфатено ќе испадне јас само копи паст озгора .
фала ви девојки искрено кога го оставив постов очекував коментари од типот: ти дали си нормална девојко, си играш и слично...ама фала ви што така добро ме советувавте и ме охрабривте да го направам тој чекор.неможам да кажам дека стравот ми го снема, ама ми влеавте повеќе сигурност во мене...за што ќе се случува понатака, ќе ве известам
Јас велам да се тргнеш и од двајцата. Прво од Ф. а ако бившиот се` уште те сака ќе те чека. Олади ја малку главата среди се ти сама. А моментот кога ке сватиш дека си ги средила емоциите од настанатите проблеми тогаш јави му се на бившиот момак. Оти вака влегувајќи од една во друга врска само повеќе ќе се затвориш, ќе бидеш со бившиот, а ќе те прогонува Ф. бидејќи како и да е сепак делите ист клас. Плус дај си повеќе време за себе да размислиш што понатаму. Поздравче.
Се согласувам со девојките дека треба веднаш да му раскинеш на Ф. Ама одма! Под итна постапка. Не е потребно ни објаснување, ни разговори, ништо...! А за да му се смириш на бившиот, јас мислам дека не треба, бидејќи не го заслужуваш (да бидеме реални). И искрено, не верувам дека ти ќе останеш мирна ако се смирите (можеби на почеток ќе бидеш верна, но понатаму не верувам) покрај неговата преголема трпеливост. Не сакам да се навредиш, но имам такво мислење, бидејќи добив впечаток дека не си човек со цврст карактер, штом си дозволила работите да отидат предалеку и да имаш интимности со „најдобриот другар“ додека имаш прекрасна врска. На крај краева, ако бившиот ја знае целата вистина, и и покрај тоа сака да е со тебе, тогаш не се двоуми, смири се, бидејќи може да немаш повеќе таква шанса.
Се согласувам со мислењето дека куче што лае не каса,моја блиска особа беше во слична ситуација и се мачеше себе си долго време поради тие глупости од типот ќе се самоубијам.Мој совет е дека треба да раскинеш со господинот Ф,но и искрено да разговараш со твоите родители за тој проблем,јас верувам дека ќе застанат зад тебе и ќе ти помогнат да се соочиш со овој проблем во кој искрено самата си се пикнала.И се надевам ќе бидеш искрена со бившиот и дека ќе му ја кажеш целата вистина,ако сакаш да почнеш од ново не дозволувај некои работи од минатото да ти го уништат тоа. Ти посакувам многу среќа
никој не може да ти го одземе она кое го сакаш,никој не мозе да ти го контролира твојот живот освен самата,немој да дозболуваш да те газат!!!! ПРАВИ ОНАКА КАКО шТО ТИ КАЗУВА СРЦЕТО
Гони го Ф под итно, и ако имаш сеуште шанса кај дечко ти смирете се... Ама ова детево Ф ако слушаш совет од постари и поискусни девојки ке го откачиш. Нема да се самоубие, немај гајле.
Хаха добра фора искористил момакот - ако ме оставиш,ќе се самоубијам На твое место да сум,би му се изнасмеала во фаца!!!!!!!!! Очигледно Ф е дефиниција за суперлатив од кремче! Девојко,да не се повторувам..и јас како другиве феминки би ти рекла,соземи се дур имаш време. Врати се кај бифшиот,но биди искрена со него. Очигледно е дека тој те почитува,те сака,се грижи за тебе - па не си играј.Еден ден ќе ти е криво,најмногу за неискреноста. Незнам,и да не постоел бившиот твој..не смееш да трпиш притисок,крај краева не си ни прва ни последна која ќе му раскине на Ф. И не се замарај за во школо,понашај се како ништо да не било.
Ne mi e jasno zaso si go napravila toa sa F ako si go sakala i si imala najubava vrska so bivsiot.. Ama aj, site pravime nekoi greski u zivotot, ama ne znaci deka ne zasluzuvame 2ra sansa. Ko prvo ODMA raskini so F, i onaka procitav sea za nekoj mesec zavrsuvas, so se zamaras, istrpi malce. Ko vtoro objasni mu ja celata situacija na drugiot kako i so bilo ama bez lazenje, i priznaj mu gi site raboti za vrskata da vi prodolzi ko so treba, zaso so lazenje i neiskrenost samo ke se vlosi ponataka i so nego. Stavi se na negovo mesto i vidi ti kako bi ti bilo istovo tebe da ti se deselo, zatoa se so vreme rascisti i posle mirna sovest, a ne ovaka sekoj den nova komplikacija. F batali go, neka ne te zagrizuva toa so zbori zaso nema sansi toa da go napravi, toa e samo da ostanes so nego. A ti ako mu pokazuvas slabost ke go iskoristuva toa i ke pravi nego kao mu odgovara. Pisi polse so si napravila. [mod-kirilica1jowtz9][/mod-kirilica1jowtz9]
со Ф. наредниот викенд ќе искочиме на само така да имам на ум се што си зацртав во главчето да му изнакажам и да раскинеме...а со бившиот...се двоумам искрено што да правам пошто кога едно стакло веќе ќе пукне колку и да се лепи пак не е исто, ама ако не пробам нема да знам ни како ќе биде...несакам да го пропуштам бидејки знам дека нема да најдам човек ко него амааа ми е страв дека колку и да пробуваме нема да успее и само повеќе ќе се разочарам...што и да се деси едно е факт..јас сум крива...
Пред да го кажам моето мислење што ПОНАТАМУ,имам пар нејаснотии кои можеби не би требало да ме засегаат, ама просто ми бодат очи. Настанов кога се одвивал, пред 100 години???...Оти имаш 18 год, а интимното дружење со Мистер Ф, кој мора да признаам ме потсеќа на една напаст од форумџика само она имаше прикаска за господин К, добро нејсе,започнало непосредно по твоето поаѓање во средно, значи совршенава врска со бившиов твој сте ја имале фактички во 6-то одд а? Малку ми се измешани работиве, ама како и да е, ти си знаеш нели Туку, да не забегувам еве го моето мислење, си паднала на финтите на Ф, сте биле интимни, си признала пред дечко ти се и си му раскинала.Да не те бендисал сексот или што и да сте правеле со Ф и да не ти годело неговот внимание не ќе да си му кажала на дечко ти, ќе си ја свиткала опашката, ќе му се вратиш на дечко ти со хејлото над глава и никому ништо, ама очигледно од шо си сакал да ја прекинеш врската пошто си се занела по Ф, си го направила тој чекор. Е сега две убави работи, нема! Сфати дека не се сите цивилизирани како дечко ти, дека некои многу гледаат Џејмс Бонд филмови и живеат во некој недефиниран свет, реално немој да се залажуваш дека Ф е луд по тебе, он е само неарен у мозокот и гарантирам дека во секоја врска ќе се понаша така, таков му е наравот. Прави што ќе правиш, твое си е, ама овој Ф едноставно Фак-офни го од твојот живот, под итно!