На државата му требаат прости генерации кои не гледаат од прстот подалеку. Полесни за манипулација се. Да можат учениците ич не би ги пуштиле на училиште, шо ќе им е знаење, кој видел корист од тоа во време на пандемија. Тоа луѓе умираат, овие се запнале за образованието.
Добро е што ќе се одложи почетокот, парно немаше ни во декември ама сега е далеку поладно, со затворен прозор и со јакна не се седи, не па без парно и со проветрување
Ама нема да има ни онлајн настава. Ништо. 2 недели ќе ги прескокнат, ко да не постојат. Некој да ми кажи, зошто да нема барем онлајн настава?
За во овие две недели нема затоа што министерството сметало дека нема многу да се пропушти.... Барем во училиштето каде што работам така кажаа Демек ќе биде само 2недели
Знаете дека имам став да не се потценува вирусов, ама мислев дека ќе ги вратат на настава некаква, бар онлајн, на време. За учениците од помалите одделенија од основно, ајде некако иде, ама овие од поголемите одделенија и средношколоците не се прибрани дома од шетање. Требаше да дадат мерки за кафаните и кафичите. Ама таму ако чепнат одма ќе има узбуна. Ете сега имаат уште две недели да се журкаат по кафичи. Во школо бар маски ќе носеа. Многу лицемерие гледам наоколу - демек се пазиме од вирусот ама не се пазиме реално. На работни места се плашат сите, се пазат демек, со маски со дистанца и сл., а вон работно време сите во кафич се сретнуваат.
Повозрасните СЕ заштитени со вакцина, ама не сум слушнала дека вакцината претставува 100% заштита! Еве за пример колешка лани прележана, вакцинирана после тоа, пред месец дена повторно се заразува и завршува во болница со тешка клиничка слика. Така да нема правило, ама нормално кај нас во државава не се гледа глобалната слика, туку секој за себе и за свој интерес. Пак ќе кажам, на децата и наставниците местото им е во училиште, но при ваква епидемиолошка состојба треба навистина убаво сите да размислиме како тоа побрзо да го реализираме. Ама за тоа треба пред се НЕСОВЕСНИТЕ РОДИТЕЛИ да се подсоберат по дома, да олабават малце од зимувања, кафани, лумперајки и слично. Сите сме луѓе, на сите ни е преку глава и од рестрикиции и од пазење и од маски и од се, на соте ни фалат одмори, дружби со фамилија и пријатели, роднедени, имендени отн., ама реалноста е таа
Короната нема да исчезне после 10 дена. Или е можеби најдобро онлајн да продолжите? Само НЕСОВЕСНИТЕ РОДИТЕЛИ родители треба да се потсоберат? Па професорките од средното на керка ми заедно после часови се во кафиќ на кафе.Лично ги имам видено. А најстариот професор што им предава не носи маска на час додека керка ми е 8 часа со маска.
Па нели вакцините се за да не завршиш со тешка клиничка слика. А ако како што велиш не штитат 100%, ондак единствено решение е да се затвориме скрос дома, зашто тие возрасни и без децава одат на работа и ваму таму. Многу интересно како ги извртувате фактите како ви одговара. Еднаш вакцините се спас, еднаш се џабе.
Па нели де, ама ете не штитат. Не треба да се затвориме дома о ништо да не правиме, доволно е само да се воздржиме од некои задоволства, ама нели кога нема разбирачка нема
Се согласувам со Вас, а наставниците/професорите секако се луѓе ги има и вакви и такви. Има и кои не веруваат во вирусот, кои не се излезени од кафани и ред други работи, затоа е е многу нефер кога се ставаат сите во ист кош
Можеа овие "бескорисни" десет дена да ги искористат продуктивно со онлајн настава, ако не им е сè уште за пуштање на децата во училиште.
А онлајн наставата една продуктивна што е...ќе се уклучат колку да ги има онлајн и ајт во кревет. Како прваче ќе се вклучи онлајн на настава?!
Не велам дека онлајн наставата е продуктивна, а не па во споредба со настава со физичко присуство. А за оние што не се вклучуваат на часовите, тоа си е нивен проблем, самите си прават лошо, а и само 10 дена се во прашање, како да поминат нешто материјал да не им натрупаат после повеќе материјал кога ќе тргнат, па учениците уште под поголем стрес. За првооделенчиња верувам дека многу бргу ќе разберат како се функционира, три-четри пати да им покажеме во слободно време ќе сфатат.
У школо не мора на журка мора.. Клуб Мусандра у Скопје прошли викенд имаше џуниор журка од 1000 души скоро. ИЛЈАДА ИЛЈАДА На сениор забава некад нема толку. Ги пуштаат по журки накрцани, ја мислев ќе испоумрат..тоа е бифшо Муд кој го знае, знае колкав е просторот. Надвор машките по кратки, женските у суќњи и миничи на 0 степени да испонастинат ама у школо да не се иде а? Таман уше 2 недели ќе шетаат и после у школо ќе е ХАОС. Убаво рече Вајлд, и вака ни` се неписмени генерациите, не па уше дома да седат.Таман повеќе време за шетање и заразување.. Немам од саботата на кафе седнато и тоа у бош кафич бев отидена, од Нова Година неам забава видено а не ни мислам. знам луѓе што со температура (не знаеа дали е ковид или не) идеа по кафани викендот 8,9ти јануар, пошо кафана не смее да трпи Ама школо смее. Абе ја да сум, затвори кафичи, кафани, дискотеки, зборам да нема забави и собиранки. Ти се јаде и ти се пие, може.Сакаш да се журкаш, сам напрај си ја на своја совест. А децата, за уши од дома и у школо. Ама не сум, а на копуциве, убаво рече некој погоре, им одговара да иаме проста раја, да може да ги дупат у ребра И после нема работа епа нема
ГКШ донесе одлука наставата на факултетите да се одвива со физичко присуство и истото ќе биде доставено до владата. И основците нема да носат маски. Мислење?
За маските има посебна тема,еве ја: https://forum.femina.mk/threads/Носење-заштитни-маски-во-училиштата.33662/
Во однос на факултетите малку е непромислено од причина што се случува во сред семестар кога веќе голем дел од факултетите тераат онлајн настава и можеби би било добро од есен да си почне настава со физичко присуство секако ако до тогаш нема некои негативни промени. Сега само би предизвикало хаос за месец дена голем број студенти да најдат соодветно сместување. Плус некаде има доста голем број студенти а нема услови за дистанца и доволно простории.
Не верувам факултетите да почнат со физичко присуство овој семестар. Првенствено е неферски спрема студентите од другите градови. Не знам дали некој би се нафатил да им изнајми стан за месец-два само, а роковите во студентските домови се завршени. ФИНКИ и медицински се изјаснија дека ќе продолжат како што си терале досега, останува да видиме другиве факултети што ќе кажат. Во однос на проблемот со недоволно големи простории за држење дистанца, ФЕИТ на пример, пред некоја недела почна со физичко присуство, но почнаа само студентите од трета и четврта година и тоа по предмети каде што слушаат помалце од 60 студенти бидејќи условите така дозволуваат.