Сите ние што патиме од никаква коса Луѓе, ко мала односно до петто имав долга коса до гз плус рамна и со потполен сјај. Потоа некој ме излажа за пеглање викам де бе да пробам и секако ми ја правеше уште посвилена и по рамна е после си ја кхм кхм мамицата.. ми стана навика, опсесија и косата ми се оштети како никоја коса до сега..буквално влакната ми се двоеја и беа прерасцветани .. ми се кинеше влакното и уште што не..многу ми беше очајна.. потоа од преубава коса ја скратив до раменици.. и џабе ми се виткаше пак ми беше ко искината и пак си ја пеглав и сеа ми е никаква ама еве од нова година до сеа никако немам ставено пегла на коса само ја сушам нели со фен .. и почнав да користам едно нешто за коса од глис портокалово е ко распрскувач и мислам дека ми се подобрува... Е сеа пак се зафркнав затоа што коа се исушив видов као пак цвет на шишките и ги скратив до нос рамно ги изполацкав у брзањето и сеа никакви ми се Н И К А К В И .. односно сеа се ми е никакво.. и самодовербата на нула ми е падната незнам како кје се справувам јас..косава да ми ја видите кје си речете дека шампон не и ставам ... некој нешто да му помогнало па да сподели а? инаку нешто од што расте косата има?
Сите ние што патиме од никаква коса Пробај купи некои витамини за коса во аптека и пиј ги редовно затоа што ептен си ја изгорела и ти цвета. И користи од оние капките од авон портокалови од Арганово масло да не ти цвета повеќе и мислам дека тоа ќе помогне
и мене ми се случи истото имав прекрасна права долга и сјајна коса но имене ме убедија да ја пеглам и со тоа си ја уништив исто и јас ја скратив косата и ја фенирав само но повеќе не успеав да си ја вратам како што беше сега ја сушам со фен и ја пеглам за излегување и тоа ..инаку велат дека е добро во шампонот да ставиш б комплекс апчиња и да се миеш си него пробав јас лани и не беше лошо
Здраво девојки Наидов на една интересна статија на интернет, па би можело и ова да се проба Спојлер Позната новинарка од списанието Allure се изненадила кога од фризерката добила необичен совет против косопад: Нанеси само малку цимет на темето и убаво измасирај го скалпот само неколку минути. Оваа информација подоцна ја проверила и кај својот дерматолог кој и објаснил дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори за брз раст на косата како и ефикасен лек против косопад. Дерматологот Франческа Фуско изјавила за списанието дека нејзините пациенти биле мошне задоволни од овој совет. На сите кои сакаат да го пробаат циметот како лек против косопад им препорачува во маслиново масло да додадат лажица цимет за да се добие погуста смеса, и со препаратот да го масираат скалпот неколку минути, а потоа да остават лекот да отстои неколку часа. Остатокот од маската треба да се нанесе и по должината на косата за да се зајакне влакното и да не пука.
Феминки, и јас го имав истиот проблем и сега е многу подобрена ситуацијата (за среќа) Од сите шампони кои ги користев најголем ефект има оној од лук на Афродита (го има и на слика поназад во темата). Внатре ставив пантенол раствор од аптека (прашајте вработените во аптека знаат). Тоа мене многу ми помогна. Од фемина разбрав за шампонот и се преродив! Фала на сите што го спомнаа тука и кажаа мислење. Малку бев скептична за мирисот на шампонот ама стварно врска нема мирисот со лук, убаво си мириса. И така ви викам...
ја мислам за да престане да паѓа косата треба да се најде изворот на проблемот значи џабе шампони, пиење витамини и мачкања на коса тоа може превентивно да се прави иначе прво треба да се запре пагањето ,а за тоа треба да се види која е аномалијата во отганизмот што го иницира паѓањето значи ја што не правев мислам да косава ме полуди кога на крај видов да голем дел бил од тироидната жлезда е сеа патецот ми е добар и не ми се гледа разредено важно гледам на јастук помалку влакна па икога се мијам иако би можеле и помалку да бидат е сеа репчето мие тенко не знам како би ми се зголемил волуменот ја мијам со нивеа шампонот што е за волумен и дава ама немногу волумен е сеа можеби и др хормони се виновни за квалитетот на косата ама пак ке кажам ми се намали паѓањето а ништо посебно не и правам а пијам само б комлекс а порано и пиев и мерц и др апчиња за коса а косата ко луда паѓаше значи од внатре е жариштето
за опаѓање на косата, јас им голем проблем.. и братучетка ми ми рече да си го земам фитовал против опаѓање.. и дека може ќе има ефект дури кога ќе почнам со вториот шампон, но еве мене и од првиот шампон се гледа дека имам ефект.. не е скап од 300-350 му се движи цената, тоа зависи каде како.. и дури и уште еден ќе си земам
Пред извесно време барав совет за опаѓање на косата, решив да го пробам овој шампон. http://kozmetikaafrodita.rs/sw4i/th...Modified=1385463807000&contentType=image/jpeg Презадоволна сум. Опаѓањето е драстично намалено, само што малку повеќе ми ја мрси косата но добро е, пробајте го навистина за нецел месец има резултати.
Имав проблем со опаѓањето порано,пробав секакви шампони ,но ништо не помага.Па решив по природниот начин,можеби звучи смешно ,но навистина помага. Земете една чаша или канче и скршете едно јајце.Намокрете ја косата и ставете го јајцето на главата,потријте малку ..околу 2-3 мин и почекајте уште 3 мин. ,потоа измијте ја косата и ставете си шампон,регенератор..што и да користите. Вака правете секој 2 ден околу еден до два месеци,освен опаѓањето ја враќа и бојата на косата.Еве сега воопшто немам проблем со опаѓањето,а исто така после миењето не ви мириса косата воопшто . Не е воопшто гадно,ви го препорачувам навистина помага
И јас еднаш пробував до јајце и со намера да постигнам подобар ефект,добив само главоболка и недомиена коса.Наместо да го оставам јајцето на глава 5 мин,јас го оставив скоро 1 сат.Кога дојде време да ја измијам косата,јајцето се запекнала цел сат ја одмивав косата,а јајцето никако не можев да го исчистам.Ја миев 3-4 пати дента да се откачам од остатоците од јајцето,а што знам може и сум прошетала некаде во чаршија со таква коса,ако некаде не се измило убаво,зошто баш на секое влакно имав малку запекнато јајце. Затоа ако пробувате со ова во никој случај не оставајте подолго од 5 мин
Јас сум пробала со јајце, каков ефект ке има ако јајцето е само 5 мин. на коса Јајцето најмалку 30 мин треба да седи на коса, баш убаво се чисти со топла вода. Нема никаков проблем или остаток од јајцето на косата. Треба само темелно плкнење со вода. Јас немам никаков проблем, повеќе пати сум правела маска со јајце. Ефектот е убав и нема никаков проблем.
Незнам,мене ми е потребно само 5 мин....пак се добива истиот ефект дали е 5 или 30 мин. Но,сепак како што кажав ...незнам
И јас ја користам маската со јајце,ама претходно загревам 1л.кокосово,1л.чичково и 1л.рицинусово масло и матам.Па ставам по 1 ампула вит.Б1,Б6 и Б12.Ми стои така најмалку 1 час,некогаш и 2.Немам никаков проблем со миењето.Многу погуста и поздрава ми е косата од оваа маска.А,ја мијам со тврдиот шампон NEW од Lush.Многу сум задоволна.Бебшки влакна еден куп од третманот
Да,освен маската со јајце шо ја спомнав,користам и Vichy ампули,многу голем ефект имаат.Скапички се,ама се WOW,го спречуваат опаѓањето.Ја плакнам некогаш со пиво или чај од коприва.Пијам пивски квасец(обичен или Dr.Wolz).....
Може мене така ми се залепи јајцето,бидејки не додавав ништо на него,само разматено јајце.Такво беше моето искуство,немора да значи дека и кај вас ке е така,кој сака нека проба
јас никогаш не сум имала некое драстично опаѓање на косата, ама сепак кога ја чешлав забележував дека ми отануваат влакна на четката. го купив шампонот на афродита од лук што е и шишето ми е веќе скоро при крај, ама исто и редовно ставам кокосово и маслиново масло измешани,преспивам така и сабајлето се мијам, на два дена и стварно приметив разлика бидејки после миење на косата имав повеке влакна на чешелот, ама сега ептен малце 2-3 едвај
Да ве прашам од што би можело да ми опаѓа косата али само пд сраничните делови кај челото горе, знаете кај бебешките што се погоре?? Кога ќе ја врзам како да ми се покрива тој дел само со бебешките и многу ми смета, изгледа како да оќелавувам и не можам асално репче да носам
Периодов користам коприва и мислам дека стварно добро делува на косата, ја јакне и спречува опаѓање. Пробајте со тинктура од корен од коприва. Се става во ракија (на некои сајтови пишува дека може и алкохол оној од аптеки) корен од коприва да стои на топло место околу две недели, повремено се меша. Потоа се процедува и со тоа се мачка скалпот, се остава да стои некое време, па се мие косата.