Косата многу ми се разлетува т.е кога сум дома убаво стое а излезам ли надор влакна насекаде, испрекршена... Е сега прашањето ми е како да ги скротам тие влакна што ми излегуваат на патецот? Косата како да не сум ја чешлала ми изгледа.
тоа обично се случува кога излегуваш на тазе миена коса.тогаш секое влекно си го зема својот правец.наелектизирана ти е.саамо намокри ги рацете со вода и помини ја.
Домашно приготвена маска е секогаш добро решение. Но доколку немаш време за да приготвуваш, ти препорачувам регенератор и маска за коса. Последен регенератор од кој сум многу задоволна и го купив само за промена е Се надевам дека и тебе ќе ти одговара. Користи спреј за коса. Оние од Schwarzkopf се добри, шишенцата изгледаат како на сликава подолу Ги има со различна намена. Разгледај си и одбери го оној кој најмногу би ти одговарал за косата. И не претерувај со нанесувањето бидејќи ќе добиеш ефект на мрсна коса. Едно прскање е сосема доволно.
Пробај некој шампон за сјај што би ти одговарал, доколку не ти помогне пробај со ГЛИС спрејовите ( како што имаат пишано на горниот пост) тие би требало да ти помогнат.
Луѓе многу е итно да ми кажете совети како да ја поправам косата затоа што некои делови од косава стаанаа како мастика! не се сушат деловиве и се кинат. Помош!!!!!!!!!!
леле леле леле што е работава? си ја изгорела со фарбање така? Епа сега земи од аптека или некој маркет бадемово масло за коса и стави на косата нека остој па потоа измиј се но со детски шампон. Или 2 јајца, со 2 лажички маслиново масло (место ова може и мајонез) и остави нека стои на косата околу еден час и потоа измиј ја. Малку може да ти мириса ама ќе ти помогне во обнова на влакното колку толку. Гледам не ти е кратка многу така да можеш и да ја потскратиш.
Јас косата не ја фарбам туку ја осветлувам со хидроген. И цела година немав никаков проблем но скоро купив преса Гама за фризерски салони која има 230 степени и нема опција да се намали топлината. Пресата е најдобра но хидрогенот иако го мијам со шампон тој останува и реагира со топлина па додека сум ја пеглала косата сигурно се уништила од топлината. Многу се разочарав зошто многу е тешко да се исушат тие делови и имам мака голема! ке купам ампули за коса исто и бадемово масло или ке ја направам маската со јајца, масло и се надевам дека ке се поправи
Проблем 1 Имам многу сплескана коса Како да дојдам до поголем волумен ? Проблем 2 На врвовите косата ми е поретка и многу е прекршена нагоре Како да се справам со тоа? Плиис хелп ме
http://www.viola.com.mk/index.php?optio ... Itemid=522 дали некој има пробано ова и дали може од кафеава да се добие, посветла накај руса?? (ако може некој побрзо да одговори фалаа)
Не знам дали ми е за тука прашањето, но не ја најдов соодветната тема (ако ја има). Сакам да ве прашам кога правите коњско опавче и ги имате оните бебешки влакна или пак некои влакна што штрчат, како ги измазнувате со косата? Значи не сакам да користам лак за коса ниту пак гел, што освен ова би ми препорачале и како вие ги скротувате тие влакна што мене мнооогу ми пречат.
Пробај со восок или пак малку силиконски капки, па дури и некое масло - ете на оние од Галафарм дури си пишува на кутивчето дека можат да се употребуваат и за стилизирање на косата. Нормално, ќе ставиш една-две капки, ќе протриеш низ прсти и ќе нанесеш, исто како да нанесуваш гел. Јас мислам дека восокот ќе ти го реши проблемот со бебешките и разлетаните влакна, но пробај и нешто од овие примери па ќе видиш од кое добиваш најдобар ефект.
Дали може со хидроген да се напраи омбре hair? ама како да се прелева, а не да се познава строга граница меѓу боите... и дали хидрогенот се вади со тоа средството за вадење фарба од космо (во случај да не успее)...?
Еве едно прашање.... Кажете ми фризер во Лептокарија?!?1 нејќам шишање- смоа миење и фенирање со тоа што косава ми е виткана па сакам да ми ја гужва... права НИКАКО....Ве молам и во инбокс пишете ми за да не правиме реклама.... Тенкјууу