Вака девојки имам фарбано црна коса пред 2 месеца сакам да ми кажете дали со помош на осветлување ке ја добијам оваа нијасна бидејки ова е фарбано и шатирано а јас сакам баш ваква позз благодарам премногу
А дали знајш колку време треба да стој хидрогенот на косата... Малце ми е страв да не ми се оштети многу косата оти се фарбав со к'на а не со фарбаа и немам клавано хидроген на косатаа
Swift а јас имам темно кафеава и сакам да ја осветлам малце,дали ќе успеам само со хидроген?Не сакам скрос плава него нешто како светло кафеава да ми дојди.Ми велеа прво да ми ваделе прамени,па после да ме фарбале со посветла боја.А со оваа твојава идеја,нема ли да бидни работата? Што мислите и другите,ако знаете кажете ми
^Јас веќе неколку години си ја осветлувам косата со хидроген, не се оштетува И мене ми е темно кафеава природната а сега ми е доста осветлена и кога ќе ми потпорасне си го правам само коренот Иначе го мешам хидрогенот(млечен 12 или 9 зависи каков ќе најдам) со една жолчка, малце маслиново и малце чичково масло и го држам на коса околу 50 мин до 1 саат максимум. Ако ви е страв на почеток можете и пола саат само да го оставите Прочитав погоре сте ставале и чај од камилица, може да пробам и така не ми звучи лошо Ваква ми е одприлика природната Ваква ми е сега само без помаранџестите шишки
Па добро,фала Буба Маро,можи ќе пробам вака,само мојата е фарбана кафеава,затоа незнам дали ќе ми фати само со хидроген.Ако некој има пробано и на фарбана коса,нека пиши.Иначе не ми е страв,потемна после ако треба секако пак можи да се направи,за светла е мачно да погодиш.Иначе ова со маслата супер идеја е,секако нели во сите фарби сега и некои масла додаваат.
Најубаво ќе биде постепено да ја осветлуваш со фарба, со бланш ќе испаднеш портокалова и косата ќе ти се влече како мастика(од искуство ти кажувам). Ти препорачувам Keune фарби, многу се пигментирани и бојата долго трае. Поздрав
Кети а дека е на фарбана коса ќе фатат ли тие бои посветли? Мене предходно не ми фаќале многу...Појак хидроген да се стави?
Во сите поголеми маркети има едни препарати што ја одмиваат бојата. 100ина денари се, се нанесуваат како шампон исто. Не ја вадат целосно, ама малку по малку... И немој директно да ставиш светла фарба, ќе испаднеш морков боја. Постепено осветлувај со нијансите.
Е ај ќе побарам и таков шампон,иначе не,нема одма светло плава да шлакнам,јас сакам ваква да добијам mislenje1018957.html#p1018957 па ако осветлам со тоа како шампон и ставам посветла кафеава,после можам и темно руса Ај ќе пробам,фала за советите
Мајка ми имаше црна коса 5-6 години, а сега конечно и е светло кафена. Знам дека тоа за одмивање доста и помогна во осветлување, ама ич незнам како се викаше. Прашај си на лице место, 100% знаат продавачките таму
Ај help me....сакам да си ја осветлам косата, па кажете некоја фарба за да ми излезе оваа нијанса. Едно 3години само црно се фарбав,ама лани од март се немам фарбано, мојата природна боја е ептен темно кафеаво,ама за ова пролет-лето сакам да добијам некоја ваква боја:
Ама не ве разбрав чекајте читав се по темите заосветлување,и јас сум заинтересирана за ова.Ставате само хидроген врз цела коса со тоа маслата и жолчката да стои или како?И после тоа ставате фарба? Јас имам долга коса и е темно кафена а сакам светло смеѓа да ја направам.Ама не сакам на фризер со бланш и слично,не сакам да ја оштетам па да морам да ја потстрижам после.Ај кажете ја постапката ве молам.Тоа го правите врз цела коса?и не се оштетува?И дали одма после тоа се фарбате,не е некако многу малтретирање наеднаш хидроген и така па пак и во фарбата? Дали има некој искуство со деколорант?незнам што е попаметно.
Јас хидрогенот, жолчката и маслата ги ставам на цела коса и не се фарбам после тоа од хидрогенот осветлува косата. само не ми се верува дека од одма ќе ја добиеш нијансата што ја сакаш пошо викаш темно кафеава ти е косата, ќе треба неколку пати да ставиш, само немој одма едно по друго да не ти се оштети почекај барем барем недела две. А деколорант не сум користела
Вака девојки сакам да прашам од прилика колку пари е да појдам да ми ја осветлат косата сакам пепеласто плава да ја направам... Од прилика дожината ми е олкава ... Сама дојдов до некој степен плава али повејкето на кај портокалово маваше и се исфарбав темно црвена , па сеа чекам да падне и да одам на фризер.. Па од прилика колку пари е да ми кажите ?
Девојки да ве прашам дали знаете за средството соларис за осветлување на косата дали е убаво и дали ја гори или не ?
па зависи колку зимаат за фарбање сигурно ке те прашаат за бланширање мислам ако сакаш одма да имаш пепеласто плава обавезно ќе треба бланш мене ми ја бланшираа пола коса јас сакав од црна плава и си ја добив саканата боја и ми земаа 1300 и ме шишаа плус зошто имав оштетувања минимални а и онака требаше да ми ја шишнат фарбана или не па зависи кај кој фризер ке одиш јас бев кај професионалец ама за жал не живее таа тука повеќе инаку ќе ти ја препорачав