Отворен брак воопшто не постои како некоја б категорија на брак. Тоа е измислена заедница брак со повремени дружби со втори,трети личности во бракот,бидејќи полигамен брак не е признат освен во муслимански држави. Од личности што истото го практикуваат со цел да ги надополнат недостатоците во бракот што го склучиле. И тоа нема врска со темава освен кога се случува изневерување на договорот (родила се љубав)како и најчесто завршуваат отворените бракови.(статистички)
Не би рекла браво ни на тие од отворените, ниту на тие од затворените. Едноставно е, неверството само по себе боли, ја губи целоснста доверба и почит, ја губи целата надеж во партнерот и љубовта.
Ако Вајлд тврди дека не ја боли, еве да ја земам за пример без да ја цитирам, и дека за неа не е неверство, и дека имаат доверба почит, надеж и љубов, зошто не би и верувале? Мислиш дека не лаже нас овде непознати на форум?
Накратко. Изневерување најчесто се мисли на изневерување на доверба. Зошто сме ( растени или не) моногамни, веруваме дека партнерот нема да еби настрана. Во моментот кога ќе еби настрана - изневерува доверба. Некогаш нема да ебни настрана ама ќе не прелажи за нешто и мме, боли. И е најгадно нешто шо можиш да напрајш на партнер. Да го изневериш, и сексуално и емоционално и секако. Така да не, не оправдувам никакво изневерување, впрочем само против то зборам. И сексуално, и емоционално. Секакво. Ако ти си океј со то партнерот да шврља настрана, нема зошто да се вика изневерување кога двете страни се океј со то и се веројатно среќни и им одговара. Исто ако некој реши да внеси возбуда и трета личност в кревет. Се е ствар на договор и се дур двете страни се согласни и не се повредени - не сфаќам како има проблем? Нивно си е. Ни мене, ни тебе, ни оној таму не тангира. Един проблем е тука со кој би шврљал партнерот - зафатен или не зафатен ебач. Отворен брак не значи дека секој ден ебиш некој нов. Можи еднаш годишно, можи никогаш. Бракот е отворен ама можи да не се "искористи" то. Ова многу често се користи и како аргумент за бисексуалност. Се замислуваат како секс суштества кои мора да се ебат, со огромно либидо. И ако сега е само со маж, тогаш не е би, стрејт е. Ист муабет со отворен брак. КаКо БрАкОт ОтВоРеН а Не ЕбИ? Џиииизс. И постојано викате "нОрМаЛнО", "пРаВиЛнО", "мОрАлНо". А вие зборате за нормалност како просек. Она шо е просек во општеството. Имајте само на ум, некогаш просек било насилство врз деца и партнер. Некогаш норма било жената да нема глас. Нормите се менуваат и за да не одам нахнадно со темата офтопик, пак ве канам на темата за нормалност да дефинираме шо е нормално. Кога ја отворив замисла ми беше постојано да се навраќам на неа кога се форсира идеја за нормалност на нешто. Како тука. Без да сме офтопик тука, шо е нормално, шо е нормален брак, кој партнерски однос е нормален? Ми значи ако продискутираме. Еве линк. Пак.
Каква врска има со темава бракот на Вајлд ? Што треба да потврди? Дека отворените паралелни врски не пречат во бракот? Тоа треба да биде докажано? Бракот е законски дефинирана моногамна заедница,ако немаш контрола на нагоните или не веруваш во моногамност не влегуваш во брак. Многу е едноставно.
Бракот не е по закон " моногамен" сексуално, туку институционално. Е моногамен у ствари во смисол дека бигамија во Македонија е забранета, а некаде па и не е, во Саудиска Арабија на пример. Да , се сложувам дека еден маж и жена се во брак, или двајца мажи или две жени во некои земји, но законот не ти забранува да изневеруваш. Нема да одиш во затвор, нема глоба да платиш и слично.. Не знам дали доволно јасно пишувам за да сфатиш кон што целам. Да вара може секој, од него зависи дали ке го искористи тоа право оти не е забрането како што велиш ти. Дури отворен брак баш ми изгледа ок ако е договор НА ДВАЈЦА, а не еднострано "отворен". Јас не напаѓам неотворени бракови. Не напаѓам ни отворени. Ти за вториве велиш дека се "ненормални" а дефиниција за ненормалност во тој смисол немам некаде сретнато. Ама не знам во секој случај премногу на темава, можеби некаде има таква дефиниција. Ама т'нко....
Ок свативме. Дека секој што изнесе мислење против отворени бракови е старомоден, традиционален и конзервативен, а патем сите што подржуваат "отворен" да го наречам брак, се ултрамодернизирани, без предрасуди, широкогледни, далеку понапредни од нас останатите, заглавени во 20 век, што ипак веруваме дека моралноста е и те како битна ствар. Тоа што секој си има свој поглед и различен избор во животот, не значи дека ова "новото" и "модерното" е поправилно од еден нормален брак. Ниту ме интерисира изборот на било кој поединец за отворен или затворен брак, но ме иритира наметнувањето на нечиј избор, како во случајот со отворен брак дека е правилно и нормално.
Абе вистина напнавте. ЦЕЛТА на мислењава е, да си го гледаме секој својот живот и бракот, а не на комшиите. Све дур не не допира нас, не е наш проблем. Членки и навлегуваат во приватноста со чудни прашања, ама не се предрасуди. Сакаме да сме како ГермаЊа, ама сме како Прибилци. Сеуште сакаме да знаеме што правела комшиката за ручек и ако се макарони, да ја осудиме на недомаќинлук. Членката воопшто не беше тема на разговор, ама членки што не сфаќаат дека секој има право да си прави што сака во својот живот, без да се објаснува на Ојле и Долје, направија страници дебата, без ПРеДрасУДИ нели.
Отворени бракови, прељуби, не се обележје на модерно време. Постоело векови наназад од среден век, во минатото тоа било сосема нормално, само што денес некако на огромна осуда наидува, етикетирање
Никој не рече за никој дека конзеративен и другите работи што ги наведе, всушност ти тука прва го спомнуваш. Болдираното е точно и суштината која сакам да ја извлечам. Но, ова не е натпревар чиј начин, стил или избор во животот е "поправилен" како што викаш овде. Ако е, тогаш јас сум на грешка место и се извинувам. А наметнување и осудување имаше не претек, но од друга страна. Искрено, ова докажување која е подомаќинка, попренајдобра жена, чиј брак е нормален не е мојот стил. Се надевам ќе го добиете признанието кое толку го барате.
Па институционално де, тоа и реков,дека бракот е моногамен како институција. Секаде освен во муслимански држави. Така е уредено друштвото. Каде реков дека е забрането? Јас реков оној кој не може да си ги заузда нагоните,има "заљублива природа и не верува во него(бракот како моногамна заедница) ,не ни треба да влегува во брак, зошто е лицемерно. Од една страна не верувам во својата моногамна природа,од друга ќе склучам брак ,ќе ги користам општествените придобивки од бракот. Поинаков брак на хартија,нема. Ниту во Западна Европа,САД, ниту тука. Каква ненормалност сега? Јас такво нешто не реков. Ниту ме интересира дали се среќни или не се среќни,се сакаат,не се сакаат односно тоа што сакаше да го поентираш со бракот на Вајлд. Што btw не е во ред да го користите нејзиниот брак за поента. И темава не е за брак со отворени паралелни врски во него,туку за брачни неверства. Оф Топик сте.
Зошто сте вие во брак? Уште подобро прашање: Зошто сте во брак сите вие, чии мажи ве изневеруваат? Немате проблем со отворените бракови, имате страв да не ве изневерува вам партнерот. Ве разбирам. Ако ви е за утеха...
Btw не, не ни е страв да не бидеме изневерени, лично за мене ќе зборувам, бидејќи сум одбрала партнер кому знам дека прво не би се изневерил себеси како човек, а потоа и мене, бидејќи има муда да не рипа на секоја од спротивниот пол. Мислам доколку ти си налетала на некој кој е лесноумен не значи дека по дифолт сите сакаат такви лесноумни жени. Едноставно е.
Се извинувам. Навистина ти не спомна збир ненормалност. Ти импутирав, а повеќе реагирав на тонот на некои други членки кога тебе те цитирав . Меа кулпа
Добро да си прашам вака ко неупатена?... Дури не бевте во брак-мрак Не се изебавте доволно со кој си сакавте,за после во бракот да ви е доволен само еден партнер??? Пошто според мене ова со отворен брак,бла бла бла и шврљање наваму натаму ми е неизживеана работа
Јас одев со дечко ми 5 години зошто? Затоа што брак не е играчка не е само за на хартија барем јас не го сметам така ако знам дека не можам цел живот да бидам посветена само на еден човек не ни стапувам во брак. Брак си е брак нема отворен затворен и какви уште и да искочат. За да користиш имотно право и ред други работи тоа може многу лесно да се отиде на адвокат и да се напише договор. Не го оправдувам неверството во ниеден случај затоа Брак значи да се посветиш на еден човек т.е. фамилијата и да не навлекуваат трети личности. Како што кажа Косми ако не си спремен нагоните да ги средиш не стапувај во брак. Секој со свое сваќање си е за бракот али лично јас не оправдувам лажење,изневерување. Во бракот ти е доволен човекот што го сакаш со сите негови маани и недостатоци, а не д аги надополнуваш неговите недостатоци со други луѓе. Поправи ме ако не е така. И не е битно дали е некоја позната личност со која сакаш да имаш секс или некој не славен човек изневерување си е изневерување
Ама не е неверство. Не знам на колку начини треба да ви каже човек... Дај прво научете кој збор-што значи, после ќе дебатираме. Ти не се изнаеба пред брак? Што мора и во брак да се ебеш?