Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Откако имавме секс му се смени односот кон полошо

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Lana30, 1 февруари 2016.

  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Да те мафтал осум месеци за еден секс чисто сумњам. Ако му било до тоа меѓувреме може да нашол некое друго девојче со кое би си го направил ќејфот. Ама тука мислам дека се работи за нешто друго.

    Ваквото однесување може да се должи на неколку добро познати причини како на пример, лош сексуален однос, или на проблеми од семеен, професионален и здравствен карактер. Но, имај предвид дека не е се` црно бело, и несекогаш мора да има некаква позадина. Инаку, залудно би било ние сега тука да ти даваме совети да разговараш со него, кога очигледно вашите дијалози имаат контра ефект. Можеби едноставно, треба да направите пауза. Ако и после паузата не го подобри однесувањето, прекинете.
     
    Последна измена: 2 февруари 2016
    На LUCERKA и Lana30 им се допаѓа ова.
  2. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Не дека се работи баш за глумење од 8 месеци, но многумина кога ќе најдат некој во многу работи подобар од нив, на карактер и однесување еве да речеме, се потрудуваат да се променат и самите на подобро. Па се притопуваат со нивното однесување, стануваат навидум подобри копирајќи ги на некој начин, ама пусто дивјачко во себе не се искоренува така лесно. Тоа може да трае 8 месеци, година, две, со мали повремени испади кои партнерот ќе ги протолкува како нервоза, афект, проблем дома, на работа... А уствари вистинскиот во него си бара начини да излезе надвор. И еден ден комплет ќе го запознаеш и ќе се чудиш како се променил.
    Доколку прави да се чувствуваш така лошо, нема што да му ја мислиш.
     
    На Daydream, kjukli, ku4ence и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.173
    Допаѓања:
    5.097
    Пол:
    Женски
    Се мислев да коментирам или не сепак млада си (да не речам мала) и стратегија да го задржиш и да ти оди по ќеиот искрено не знам. не сум изгледа некој голем борец за момци, ако оди оди ако не, фала и чао. Според мене ако ова растојание меѓу вас се случило набрзо по имањето односи или веднаш ВООПШТО да не си го мачиш убавото главче со него, замини си па, тој нека мисли дека СО СЕКС ЌЕ ТЕ ДРЖИ. Ако се случило после некој месец и ако има некој друг проблем биди трпелива ќе се отвори и на тој начин ќе си ја продлабочите врската. Инаку имањето односи би требало блискоста да ја зголеми но, можеби не на тој начин на кој ти си очекувала. Со вистинскиот партнер и тоа како ја зацврстува врската ама сето тоа измикасно и со многу разговор и топлина инаку тешко. Ако се замараш затоа што ти бил прв, не е мала работа да не се лажеме ама не е па, и да бидеш по секоја цена во врска запоставена. Можеби лошо разбирам ама идејата дека ти си совршена за него посебно сега кога сте и интимни и дека тој има се' со тебе, е малку претерана, за некое време кога ќе ти олади ова лелеле прв ми беше и кога ќе го осознаеш животот малку повеќе можеби баш ти ќе бараш нешто друго и поинакво за партнер, многу се менуваат критериумите со тек на време. Олади малку со твоите емоции, зауздај ги и разумно постави се кон ова, еден сам врска да одржи не може, а ако бараш стратегија што знам ладно и не се карај, нему нападот секогаш ќе му биде најдобра одбрана кога нема што друго да каже, не му давај важност и не се замарај да го правиш среќен и ќе видиш, ако тој се буни има надеж ама ако не се буни, оди си или натерај го него да си оди. И не можам да не искоментирам, многу си мала за секс, барем 18 да имате, не е паметен овој сексуален тренд.
     
    На Lana30, SimonaTino и marijaz им се допаѓа ова.
  4. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Добро бе девојки и жени во кој век живеете. До кога со тоа ја легна, му даде... Сексот е взаемна активност за која треба да има желба и волја од двете страни и да се задоволени двете страни. Какви се тие муабети ја легна и сега не му е интересна? Зарем за вас врска претставува само секс? Баш ако ја легна и ако навистина ја сака, треба повеќе да се зближи со неа да ја цени. Да се труди да ја задоволи што е можно повеќе.

    Девојче каков ви е односот? Колку редовно имате однос? Од што се состои вашата врска? Наведи прмери на внимание и нежности кои претходно ги имало, а сега ги нема?

    Од друга страна ретки се врските кои започнале во средношколските денови останале. Најчесто тие што започнале врска во средно на факултет не го прошируваат многу кругот на пријатели и многу губат. Се мажат штом завршат факултет си ја кратат младоста. И мене во тинејџерските години ми било многу пати скршено срцето, сепак не е до тебе, со него е машките на тие години не се за сериозни врски дечишта се. Ама за десеттина години ќе бараат баш девојчиња како тебе.

    Мој совет е не ги сфаќај врските на тие години премногу сериозно. Знам дека чувствата се многу силни интензивни и има многу голема страст и многу боли, ама затоа пак за жал тогаш врските се најнесериозни. Уживај во секој момент. Елиминирај се што те прави несреќна и небитна, елиминирај ја и оваа врска ако е една од работите што те прават да се чуствуваш така. Во животот идат поголеми проблеми, поголеми и посериозни љубови. Ќе видиш за 3-4 години колку посериозни ќе станат момчињата кон тебе и во нивните намери и колку ќе сакаат да те чуваат и третираат како принцеза. Ти тогаш ќе бираш и ќе правиш тие да се чуствуваат како ти сега, ако сакаш. Затоа уживај во младоста, а тој секогаш ќе си има проблеми со посветеност и во љубовта.
     
    На anichka94, kjukli и Lana30 им се допаѓа ова.
  5. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.519
    Допаѓања:
    27.883
    Пол:
    Женски
    Осум месеци само за еден секс муабетов не држи вода ич ама ај...;)
    Девојче пробај и ти малку биди како него олади се во однесувањето :)
    Или седнете и сериозно разговарајте прашај го зошто е таков дали сака да бидете заедно сеуште,дали сака да раскинете седнете и разговарајте како двајца нормални луге. Ако сака да раскинете не му е до врска ...
    ама ако нејке сигурно има некој друг проблем :)
     
    На Lana30 и girl-miri им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ех машки мозок... Оди разбери го да те видам.
    До душа секакви луѓе и психи си постојат, не се само машките такви ама ајде да не навлегуваме во тие тешки теми. Пробај и ти да се понашаш малку поладно спрема него, пример не му с. јавувај, не му пишувај прва па види до кај ќе терате така.
     
    На softy1, girl-miri и Lana30 им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.392
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто и се нафрливте на девојката и ја ја осудувте.
    Не била за ништо проморана, едноставно се препуштила на емоциите и на љубовта, бидејки била среќна. Тоа е тоа нема филозофија.
    Од каде би можела да знае таа дека ова ќе ја снајде?
    Животот е непривидлив посекако нели.
    Важно е да извлече некаква поука од грешката и да продолжи со животот, и најпаметните некогаш ако не и секогаш прават грешки па макар биле и 30 и 20 години, непревидливоста е присутна насекаде во нашиот живот, ризикот исто така.
    Не треба да си паметен за да ти случи истото, пример, има луѓе ситуации кој што едноставно се неминовни, била среќна, љубела и се разочарала.. верувам дека секој на некој начин доживеал ваков пад и болка.
    Да така сувишно е да ја тупите и да зборувате дека таа е крива, не не е крива, таа само искрено се заљубила.
     
    На Jenniffer, ku4ence, LUCERKA и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Lana30

    Lana30 Нов член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Прво сакам да ви кажам на сите едно големо фала што споделивте мислења, ми помогнавте да си ја разбистрам главата до негде.
    Еве искрено не се сомневам дека ме сака, мене пречката ми е во неговиот однос и во тоа дека се осеќам многу небитно, запоставено, како фрлена. Секогаш сум сметала дека една жена заслужува повеќе почит откако ќе го направи тоа, а јас добив полош однос од претходно. Можеби сум мала и не сфаќам добро, поправете ме ако грешам.

    А тоа дека планира да ме остави и да се оддалечи од мене искрено не верувам, ми збори за иднината во која сум и јас присутна, ме планира значи и плус ниту еднаш ми нема побарано нешто со сила, значи јас не го направив тоа под притисок туку самоволно и сега ми е криво зошто е неговиот труд за мене сведен кон минимум.
    Зборев и го прашав значи не сака да раскинеме ама воедно и не ми посветува исто внимание како порано.
    Се си мислам дека сум му здосадена, никогаш не сум го правела љубоморен, ниту сум го лажела и плус сега кога ме има во секоја смисла си мисли дека може како он ќе сака така да биде. Некој погоре напиша дека ова се должи што не го исполнувам сексуално, па тоа се случи пред две недели не може да си има очекувања дека сум порно ѕвезда, знае дека ми е прв а и јас него сум му прва.
    Едноставно ќе пробам да се понашам поладно, да не му се притресувам толку како секогаш и да го потсетам дека може да се случи да ме изгуби затоа што он е многу сигурен дека јас се ќе преголтувам и ќе трпам и никогаш нема да го оставам па може и затоа си мисли дека може да си зема толку за право. Не знам како да си ја објаснам сама на себе ситуацијава, само знам дека моја грешка е тоа што секогаш бев многу добра и "послушна". Па додајте му го на сето тоа што ме има на секој начин..
    Што ќе биде понатаму и како ќе се одвиваат работите ќе пишам деновиве ☺
     
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.608
    Допаѓања:
    167.245
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека нема проблем сем оваа реченица. Немој да ме сфатиш грешно, ти си направи тоа што ти се помисли дека е природно и сосем нормално си постапила, ти се присакало, виде дека не те притиска и те почитува, помисли „тој е вистинскиот“ и то е најприродната и најнегрешната работа која си можела да ја направиш. ВО врска со болдот од твоето мислење, јас мислам дека да, жената треба секогаш да се почитува, а не само откако they'll pop the cherry. Ако неговиот одност се промени кон полошо, не ти обрнува многу внимание и сл, не го барај веднаш во тоа дека имавте секс, зошто и самата тврдиш дека тој не ти вршеше притисок, а ако не ти вршеше притисок тоа значи дека навистина ти дал слобода и време ти да одлучиш како што сакаш - накратко, ти верува, те сака и те почитува. Сега можеби има проблеми, можеби е уморен, можеби нешто го мачи, можеби е под стрес од училиште/ работа/ други обврски. Едно е кога си со некој во слободно време, а друго подолг период. Кога си со некој подолг период ги гледаш сите негови страни и мислам дека се е игра на прилагодување. На никој чувствата не му се исти кога се запознале, по еден месец, по една година, по десет години. Има варијации и различни чувства врз кои се прилагодуваме ама битните работи треба да останат како тоа да се сакате, да се почитувате и да се разбирате меѓусебе - во спротивно ќе се карате и тоа нели, не е среќна врска.
    Мое лично мислење е дека сексот не е причина за ова негово однесување или можеби тој се однесува баш исто или можеби малку помалку внимание ти обрнува ама ти го правиш да изгледа поголемо баш поради она што го подвлеков од твоето мислење.
    Пробај да бидиш релаксирана кон него, опушти го и се што правиш нека биди умерено, а не претерано.
    Ајде со среќа :l:
     
    На Lana30 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Ti ako ne me nasmees :D
     
    На DVAANGELA и PogbaPol им се допаѓа ова.
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @Lana30
    Грешката во причава лежи исклучиво во тебе и во жените како тебе, кои сметаат дека сексот им е главен адут, а вагината врвот на својата лична драгоценост и треба да ја предадат со фанфари.

    Извини шо се мешам во твоите психички интимни збиднувања, но која ти е таа врска од осум месеци, без да имаш секс? Не изимплицирав дека на 16 години треба да се правите ремпере (машки - женски небитно), ама кога сум со некој веќе во врска, што правам првите осум месеци, а да немам секс? Муабет си правам со типот цело време, филмови си глеам, шетам по ЗОО?
    Демек прв ти е, демек страв ти е. Ај ќе ти дадам месец до два (преку сила). Ама осум месеци?
    Јас да сум ти дечко, ќе те откачам под дифолт. Не ради тоа што „не ми даваш“, туку ради тоа што банализираш природна работа и сметаш дека тоа е врвот на твоите достигнувања и на оноа кое можеш да го понудиш.
    Нападни ме слободно дека правиот си го чекала, ама тој што ти е прв, последен нема сигурно да ти биде. Не е ова розово време, ќе имаш допрва врски и комбинации и љубови еден куп и корнење коса за небитни типови. И ќе се смееш после.
    Мажите се уствари многу едноставни суштества. Вие ги комплицирате. Одам со девојка, ја свиѓам - ме свиѓа, во врска сме и нормално дека ќе сакам и да имам секс со неа. Мажите не сакаат само секс, тоа го мислат жените кои што нема да понудат ништо друго освен.

    Да не ја дрвам. а веќе гледам почнав.
    Ако со некој си имала секс, не значи дека си му се предала целосно. Зошто не го мислите тоа бе за типовите со кои се шљапате по дискотеки за безвезе? Еј се смував вчера со еден, онака лабаво. Па бакнежот од сексот нели е поинтимен чин?
    Тоа што си го сменила односот и си почнала да се однесуваш сервилно, пошто нели „цела си му се предала“ тоа му го сменило односот кон тебе. И не е он сељак, реакција на секое човечко битие е тоа. Кога трчам по некој, бега, кога бегам од некој, тука е.
    Задржи си го своето јас и немој да мислиш дека ако си го предала своето тело, што е сосема тривијално, си ја предала и душата. Душата и телото не се едно исто.
     
    На Lana30, Jenniffer, ku4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  12. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Nema da se raspravam,samo ke ti kazam postov ti e greska,utnat 100% tolku pozz
     
    На mssuniquee и Umbrella22 им се допаѓа ова.
  13. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Извини, требаше да и кажам.
    „Леле, шо направи?! Како можеше?! Сега ќе те шутне одма, пошто си поминат материјал. Требаше да продужиш со „недавање“, па он нека си се перка со други у меџувремену, му се може машко е, ама ти чувај си се, пошто само така ќе те цени и почитува. Сега однесувај се што посервилно, лигави му се колку можеш повеќе за да сфати кој рај си му го приуштила.“

    Поздрав и до тебе.
     
    На ku4ence и Priroden им се допаѓа ова.
  14. butterfly*

    butterfly* Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.562
    Допаѓања:
    1.909
    Пол:
    Женски
    Nez kolku god si ama taa e samo 16god,a postov sto go procitav sig si nad 20god,ne ja sozaluvav nitu ja sovetuvav,ama tvoevo e ko da i kazuvas na devojka od 25god,sepak kazav ne sakam da se raspravam site kazavme mislenje pa ostanatoto e nejzino
     
    Последна измена: 3 февруари 2016
  15. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Добро немора до толку чување до брак или не знам што, ама па и на 16 г. е многу рано. Деца се.
    Како може не знам така да пишувате, оделе еден месец и ајде одма секс а буквално деца се. Така може да прават 20+ годишни луѓе, што се веќе горе долу зрели ама овие деца еве гледаш како реагираат. Не знам толку што брзаат за дечковци и девојки да имаат на таа возраст, па згора на се и секс. Деца сте и уживајте, ќе го барате тоа време ама не се враќа. Како сакате да сте заробени на 16 години не ми е јасно...
    Јас на 16 г. само си флертував, ме частеа ладни чаеви, нес кафе, какао, па ајде на фб малку глупирање лајкови мајкови, а буквално ни на крај памет не сум помислила на секс. Не дека моите биле строги или ми држеле некои предавања ама сама сум била свесна дека било премногу рано.

    За 2/3 години од крај 10тина годишна возраст ќе почнуваат со секс.
     
    На cresa-jagoda, kjukli и theowndemon им се допаѓа ова.
  16. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    Ако има 16 години, не значи дека треба да се однесува како лигла према некој, пошто биле заедно.

    Јас кога имав 16 немав секс, ама немав ни дечко. Не ме интересираше тоа уопште. Ама кога веќе се впуштам во нешто, небитно на која возраст, се впуштам со стил. Кога си се фатил за оро, изиграј го барем ко што треба.
     
    На 123.Maki-first му/ѝ се допаѓа ова.
  17. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.608
    Допаѓања:
    167.245
    Пол:
    Женски
    На ова се почувствував како повикана. Ти правиш дека една врска се базира само на секс и секс. Ма немој, злато си претерал. Јас имам 19 години, дечко 6 месеци and I am a fucking virgin. И да, зошто страв ми е. Зошто неможам да се опуштам. Ако дечко ми ме откачеше по дифолт мене, како шо ти велиш подолу, само немаше да се каам шо не ојдов со него (и пред да ме исплукаш и мене има тон причини зошто неможам да се опуштам, ама тоа не би го открила сега и тука).
    Не гледам на тоа како свет чин, побогу неќам да бидам ова шо сум ама страв ми е.
    Вистина и јас горе го кажав речиси истото ама малку подобро напишано од тебе. Таа навистина гледа дека сега треба повеќе внимание да има и веројатно тоа е зошто така е воспитана (и јас мислам недостиго на внимание е само во нејзината глава), а замисли, делиме исто мислење за нејзиниот проблем, ама со овој пост ме навреди мене.
     
    На cresa-jagoda и Nausicaa им се допаѓа ова.
  18. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Кога е во прашање прв секс? Богами ќе збори додека устата не и фати пена и ќе оди во кино и театар и ќе врти крукчиња низ маало и ќе пие милион кафиња и ќе шета низ парк и зоолошка се до оној момент додека самата не почувствува дека навистина е спремна за тој чин, и психички и физички! Оној кој те сака, ќе те чека!
     
    На Daydream, cresa-jagoda, Neznam1 и 11 други им се допаѓа ова.
  19. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    664
    Пол:
    Женски
    Очигледно дечкото не бил фин и пред да легнете само ти тоа си го согледала одпосле.
    Си ја постиганл целта и сега одпосле очекува да трчаш и да правиш се за него, башка и во тие години сте во кои се случуваат овие работи на секој втор.
    Нема некој тактики тука, се зависи од личноста. Пробај не му обрнувај толку внимание, може ќе се свести.
    Ако и тоа непомага, не си го губи времето и енергијата труејќи се повеќе ако врската не ти е повеќе задоволство ќе биде само тонење и уништување. Поздрав.
     
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.548
    Пол:
    Женски
    Љубовта се покажува со дела, а не само со зборови. Колку и да се мали тие дела сепак многу значат и многу кажуваат.