И мене ме интересира ова, носам наочари 7-8 години и диоптерот полека но сигурно ми се зголемува. Сега стигната сум до -1,50 на едното и -1,25 на другото (и нз колку цилиндер на двете различно). Знам дека не е голема диоптријата, во споредба со некои други, ама сепак сакам нормално да си гледам, ми фали убавиот вид! Не сум се распашала за операции до сега, ама многу ме инрересира и мене дали вреди и дали ќе има подобрување ако направам.
Во последно време имам приметено дека диоптерот постојано ми се зголемува а носам наочари и тоа нонстоп и плус тоа не сум во пубертет кога најмногу расте , а сега мислам дека веке на оваа возраст(21г.) колку толку треба да ми се стабилизира.. Носев порано 1 год погрешни наочари( со цилиндар, а уствари покасно ми открија дека сум немала) и сега носам други, но диоптерот ми се зголемува. И сега дали тоа константно зголемување ми е како резултат на погрешните наочари што ги носев порано или на нешто друго не знам. Што мислите вие, дали е ова нормално што вака ми се зголемува ??? Ако не е, што тогаш може да биде причина за ова? Ве молам за одговор.
Еј здраво девојки, ме интересира дали некој од вас има носено леќи, и дали се многу скапи? Кратковида сум, па сакам да пробам со носење леќи
Имаме цела тема за тоа. Погледни си тука Контактни леќи или очила? Лично сум немала искуство со Систина, ама неколку пријателки ми имаат препорачано да не одам таму, поготово не за проблеми со окото, диоптерот и сл. Моја препорака е да се распрашаш за добар приватен доктор. Ако те интересира можам да ти препорачам каде што одам јас, веќе 5 години.
Женски, дали некој од вас има проблем со очен притисок? Пред неколку дена почна страшно да ме боли десната слепоочница, како да ми се затега крвниот сад и осеќам пулсирање. Носам очила, десното око ми е во минус 1, ама имам и проблеми со десното уво, воспаление кое ми предизвика нарушување на рамнотежата пред 8 месеци, па сега и тоа ме боли, осеќам ко некој да ми бутнал отпушок од цигара во увото. Дали се работи за очен притисок, или сигурно е нешто со увото поврзано? Благодарам
Јас немам проблем со видот, но имам еден друг проблем со очите. Постојано ми се црвени, ме печат и ми солзат. на микробиологија направив и проверка да не случајно имам бактерии, и еднаш покажа да, примав терапија-бакетријата(стафилокока)ја излечив, но црвенилото, печењето и солзењето, особено наутро по будање си останаа. Пак отидов да проверам присуство на бактерии и немаше ништо. За диоптер не сум, сум проверила и сега се чудам што да правам, како да најдам начин . кај да се упатам да барам лек за мојов проблем. многу ми е непријатно, кога очите многу силно ме печат(а тоа се случува често) и кога разговарам со некого, да не можам да го гледам во очи додека разговарам, бидејќи чувствувам силно печење и очите ми се изразено црвени, како после плачење. Не знам што да правам, дајте некој совет. Еве и сега додека пишувам , очите ужасно ме печат. Дали некој од вас имал сличен проблем и успеал да го реши? Пишете
Здраво на сите.Имам едно прашање од едното око секогаш гледам црни линии како ми поминуват дали некој имал такво искуство?
Jas imam mrzlivo oko , bev kaj mnogu doktori i site mi go kazaa istoto...okoto ne mi prifaka diopter a sepak ne gledam so nego ... i me nervira toa sto cesto me boli glavata pozadi toa oko i duri mora da piam jaki apcinja za da mio pomine .. [mod-kirilica:q8ggjniv][/mod-kirilica:q8ggjniv]
здраво. вака има многу голем диоптер -3 на едното и последен пат ми беше -4,5 на другото ама сега треба пак да одам осеќам дека ми е зголемен диоптерот. Па сакам да прашам (инаку сум 15 години) поради што се зголемува диоптерот? Може ли да се подобри диоптерот и како? Инаку очила носам од 11 години и почнав од -1,5 и -1 диоптер и од тогаш само за спиење и капење ги симнувам. Мајка ми ме кара бидејќи на компјутер седам по околу 2-3 саати дневно а ако не сум на компјутер читам книга или гледам телевизија, па дали тоа има врска со зголемувањето на диоптерот? или како беше она жолта дамка нешто по биологија учевме мислам имаше нешто со кратко видост и далековидост
Епа вака... Пред некој ден бев во Систина (а отпосле разбрав дека за истите пари во Визија прават и ехо преглед за цилиндерот што мене ми треба). Инаку бев решена за контактни леќи,но ми рекоја дека нема да ми поможат бидејќи имам повисок цилиндер од диоптер.Сега се мислам дали да направам преглед и во Визија за да видам и друго мислење.Инаку носам наочари скоро 1 и пол година(но не редовно бидејќи мислам дека се зголемува дипотерот со наочари што не мислам дека е случај со контактните леќи).И исто се сомневам колку ми се погодени овие наочари што ги носам моментално бидејќи често имам главоболки.Дали е од тоа можеби што не ги носам редовно? И да, ми рекоја дека треба да направам ехо преглед за цилиндарот,но мислам дека е тоа повеќе за ако се решам за операција со ласер.Но сепак некако не ми е сигурна таа операција, а е прилично скапа.Инаку незнам сеа за контактни леќи дали би ми поможиле да го намалам цилиндерот или ќе влијаат спротивно,бидејќи на сестра ми и поможија да го намали цилиндерот и да го задржи диоптерот(да прекини да и расти).Ако некој знај нешто повеќе за ова би го замолила да ме посоветува или имал сличен или ист проблем.Фала.
Зимата бев на преглед во европската очна клиника ми пронајдоа ептен многу болести на очите дека сум имала искривено око,многу јак диоптер 3ипол ми беше намален на 2 ипол сега пак на 3 ипол сакав да се правам ласерска операција за остранување на диоптер не можело бидејки сум имала голем диоптер и ми кажа дека неможам да носам леќи бидејки ми излегувала црнката бог знае како и јас не ги разбирам многу ги мразам овие цвиќерите гадни од 1 одд ги носам цел живот требало да ги носам Сакам да прашам дали точно кажуват на европската или само пари да зимат сеуште не ми се верува колку болести ми најадоа а овде ништо ми немат кажено
Сакам да прашам дали некој знае дали фондот за здравство рефундира средства одкако ќе се направи некоја интервенција во странство ?Ако случајно некој знае однапред благодарам..
Колку што јас знам леќите помагаат при спречување на зголемување на дипотерот, а и баш таа ласерска опарација мислам е наменета за намалуваше или целосно отсранување на диоптерот. Мое мислење е само то, можеби е грешно,но мислам дека најпаметно би било да посетиш и некоја друга клиника да видиш што ќе ти речат (во некоја попозната нормално). А и диоптер од 3 не е некој голем затоа што познавам луѓе со диоптер до -6 или -7/-8 што не сметам дека твојот диоптер е многу голем и мене лани ми најдоја дипотер од 3 со 3,50, па не ги носев редовно можи не гледам сјајно,ама сепак можам и без нив ама се во зависност од тоа дали е + или - . Значи овие примери што ти ги кажав вистина постојат ама се луѓе со кратковидност односно дипотер со -.
Јас имам некој вид на алергија на очите. Не знаат точно каква но алергија е. Досега од ниедни капки ми нема поминато, секое лето повторно ми се појавува. Сега едни нови капки ми препишаа ама сеуште ги немам купено. Сепак немам многу надеж. Дали на некоја од вас и се има случена вакво нешто..? Дали се лечи и како..?
Ладна облога а најубаво е кесица од сварен чај од камилица. Нормално оладена и тоа 2 ком. или крукчиња од краставица држи ги како облога. Не ти поминува затоа што немаш испитано на што си алергична, си има алерго тестови. Ај пробај со сируп Летизен по 1 лаж. навечер пиј. Алергија знаеш како се лечи-со подигнат имунитет при што организмот станува имун на тоа кон што е алергичен. А ти солзат очите, те чешаат, што капки ти препишале???