Boutique дефинитивно. од Рефан во последно време се лоши копиите. Сите удираат на некоја машка нота. А во бутик има и многу поголем избор
што ќе препорачате од таму? имам пробано неколку еднашка, неколку тест мириси во Boutique и искрено ништо не бендисав
Хмм најубав ми е Prada paradox, и доста комплименти имам добиено. YLS black opium Lancome ама овде скоро сите ноти се со ружа, треба ептен да ти се свиѓаат па да знаеш. Diamond musk 437 Scandal JPG (ако вака се пишува, ме мрзи да гуглам сега) Одамна го имав Kenzo flower ама оригиналот, сега видов дека имаат копија, ако сакаш цветни парфеми види го него. Alien Mugler
Здраво девојки. Би сакала да ве прашам дали имате искуство со НЕоригинални парфеми од некаде? Секако не би очекувала да траат којзнае колку, но да мирисаат приближно на оригиналот и да не мутираат после некој саат. Не сум ги користела ни економик, рефан, белина, ништо па затоа прашувам за искуства. Убав ден
Зависи како ќе ти се погоди. Прв таков што го купив е од Парфеми Eкономик и не ми се погоди кога е во прашање оригинал со копија, а многу фален беше. Не беше ниту приближно до оригиналот, ама беше доста траен. Во темата имам повеќе опишано. После тоа не купував такви ама еднаш ги видов Relax парфеми и не се ни сеќавам како ми текна да го купам само знам дека цело лето го носев. И за нив имам повеќе во темата напишано. Од првите имам само еден користен и не можам баш да оценам зошто еден не е мерило, може само го промашив зошто немаат тестери и ризик ми е пак да купам (колку и да не се скапи, џабе е ако не ми се погодат). За разлика од овие кои исто немаат тестери (ама мирисаат преку капачињата) и сите ми се погодија.
До сега само на Santini ми се покажале како потрајни (имаат некоја помаслена нота), на Relax по некое време останува мирис на алкохол. Повторното нанесување од нив кај Santini е уште појак и подобар мирисот, кај Relax се изменува некако и не е ист мирисот за разлика од првото ставање. 220 ден. е 25 мл. Santini 150 ден. е 30 мл. Relax